fbpx
Таг: странство

таг: странство

Османи, по Бон, стави во функција дополнителен пункт за пасоши и во Берн

Во продолжение на серијата посети на дипломатско-конзуларни претставништва на Република Северна Македонија со значително зголемен обем на конзуларна работа, денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи престојува во Амбасадата во Берн, Швајцарија. Во оваа Амбасада покрај другите конзуларни услуги за нашите државјани, преку базната станица се врши фотографирање и земање на биометриски податоци за издавање на патни исправи, а од...

Македонските државјани не смеат да војуваат за странска армија, бидејќи тоа е кривично дело

Оваа објава што се споделува на Фејсбук ја дезинформира јавноста дека и Македонци ќе може да војуваат во Русија. Тоа во нашата држава е кривично дело, исто како и борбата за која било странска армија и се казнува со затворска казна. Учеството во странска легија за македонските граѓани е  спротивно на член 322-а од Кривичниот законик кој забранува учество...

Македонски средношколци на пракса во Шпанија: Покажавме знаење

Седум ученици од средните училишта АСУЦ „Боро Петрушевски“ и СУГС „Владо Тасевски“ од Скопје реализираа едномесечна пракса во компании во Севилја, Шпанија, од каде се вратија со поголемо професионално и практично искуство. Посетата се реализираше во рамки на три годишен проект INTERVET Западен Балкан, кој ќе овозможи над 360 ученици од стручните средни училишта од земјите од Западен Балкан...

АЕТМ: Лани најмногу се тргувало онлајн со Обединетото Кралство, Унгарија и Ирска

Од вкупно 62,3 милиони евра кои лани биле потрошени од домашни платежни картички за онлајн пазарење во странство, 73,6 отсто од вредноста на трансакциите се реализирале во корист на 10 земји. А, најмногу онлајн плаќања се остварени кон Обединето Кралство, Унгарија и Ирска. „Тоа е очекувано ако се има предвид дека од овие земји потекнуваат Amazon UK, ASOS (Обединето Кралство),...

Пендаровски на средба со новоименуваните амбасадори на РСМ во странство

Пендаровски -амбасадори
Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими новоименуваните амбасадори на Република Северна Македонија, пред заминување во странските држави каде што ќе ги извршуваат своите дипломатски должности. Како што соопштија од претсдателскиот кабинет, на средбата присуствуваа: Сашко Тодоровски, амбасадор во Чешката Република, Горан Цеков, амбасадор во Јапонија, Светлана Гелева, амбасадорка и постојан претставник при Советот на Европа, Билјана Стефановска Сековска, амбасадорка во...

Младите не заминуваат од ќеиф: Да имаше квалитетно образование овде, не би одела во странство, вели Ќендреса за Порталб

Никој не би одбрал дда студира во странство ако образованието во татковината е квалитетно, вели студентката Ќендреса Бајрами во интервју за „Порталб.мк“, објаснувајќи ги причините поради кои решила да студира надвор од државата. Во моментов, според УНЕСКО, 5.704 студенти студираат на факултети надвор од Македонија, пишува „Порталб.мк“. Ќендреса Бајрами, веќе четири години живее и студира на еден од најпрестижните универзитети...

Над 5.000 студенти од земјава се во странство; Даути: Кај нас е потежок патот до успехот

„Во Северна Македонија студентите не се вреднуваат за нивното работење, туку спротивно, и затоа патот кон успехот уште повеќе им се отежнува“, вели студентката Фиснике Даути во интервју за Порталб.мк, и објаснува неколку причини поради кои одлучила да студира во странство и за плановите за враќање. Официјално, има 5.704 студенти од РСМ кои се наоѓаат низ светот, пишува Порталб.мк. Над...

Младите согласни дека недостасува енергијата на дружбите во живо преку Еразмус+ размените

Пандемијата ги затвори границите, а со тоа се одложија и патувањата на младите коишто со Еразмус+ размените имаа можност да патуваат во странство. Младинските организации беа принудени работата да ја извршуваат од дома, а голем дел од активностите, особено интернационалните ги одложија на неодреден временски период. Иако работните задачи добија нов облик, младите се согласни дека недостига блискоста на...

Српски медиуми Белорусија ја претворија во рај, вистината е далеку од тврдењата

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу лесно ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борба против дезинформациите во регионот, но и во светот. Српскиот сервис за...

Владата предлага задолжително ангажирање лектори во сите државни и јавни установи

Советот за македонски јазик, стручно тело при Владата на Република Северна Македонија, отпочнува јавна расправа за консултации за Предлог - законот за употребата на македонскиот јазик, соопштуваат од владината прес - служба. Во предложениот Закон, со промените се предвидува задолжително ангажирање или вработување на лектори по македонски јазик во сите државни и јавни установи и институции, како што се Владата,...

Медицинските струки се виза за работа во странство за младите од Источниот регион

На последниот ден од уписите на универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, се повтори сликата од уписите во средните училишта. Пополнети се речиси сите места на факултетите со медицинските струки. Според последните бројки до 15 часот се пријавиле 389 завршени ученици. - Се очекува и во вториот уписен рок да има голем интерес за Факултетот за медицински науки, од студенти од...

Лукаревска: Владата нема да менува ништо во плаќањето ДДВ

Новата Влада нема направено никаква законска измена во поглед на данокот на додадена вредност (ДДВ) за физички лица, а во постапувањето на Управата за јавни приходи (УЈП) не постои промена по ова прашање, појасни денеска директорката на УЈП, Сања Лукаревска. - Не сите физички лица се обврзници за цели на ДДВ. Напротив, станува збор за многу мал број на лица....

Ердоган: Ќе поднесам оставка ако опозицијата докаже дека имам сметки во странство

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, денеска во Истанбул изјави дека е подготвен да си поднесе оставка доколу опозициската Народно републиканска партија докаже дека тој има сметки во странство, јавуваат турските медиуми. - Ако можете да потврдите дека моите пари се во некои банки надвор од границата, јас ќе поднесам оставка од претседателската функција. Ако не можете да докажете, тогаш...

Полесен пристап до финансии и попис се дел од барањата на СКСЗМ до Владата

Поддршка за рамномерен регионален развој, инфраструктурно уредување на економската зона во Визбегово, неселективна примена на законите, полесен пристап до финансии, попис на населението, транспарентност и отчетност се клучните барања што претседателот на Стопанската комора на Северозападна Македонија (СКСЗМ), Неби Хоџа, во име на фирмите - членки, ги претстави денеска пред премиерот Зоран Заев и пред неговиот тим. Премиерот Заев нагласил...

НФАПВ предупредува да не се плаќа за вработување во странство

Националната федерација на агенции за вработување (НФАПВ) денеска упати предупредување да бидат внимателни сите што сакаат да дојдат до работно место во странство преку некоја агенција. Заинтересираните за работа не треба да плаќаат на агенциите, бидејќи агенцијата за постапката треба да им наплати на работодавците. Затоа кандидатите не треба да прифаќаат плаќање на какви било провизии и трошоци, пред...

Зијадин Села ќе го продолжи лекувањето во странство

Лидерот на Движењето за реформи во ДПА (ДР-ДПА), Зијадин Села, се очекува да отпатува надвор од земјава на дополнителни лекарски анализи, соопшти денеска секретарот на партијата, Арбен Таравари, на својот фејсбук-профил. Според Таравари, Села најверојатно ќе остане во странство одреден период, сè до неговото конечно закрепнување. Секретарот на партијата пишува дека состојбата на пратеникот Села е стабилна, но дека се потребни уште некои...

НБРМ ќе овозможи електронско банкарство со странство за потребите на државата

Народната банка реализира проект за електронско банкарство за извршување на платниот промет со странство за потребите на државата и на државните органи. Целта на проектот е зголемување на квалитетот и на ефикасноста на услугите, како и заштеда на време, човечки и материјални ресурси кај државните институции. - За промоција и за запознавање со предностите на електронското банкарство, во изминатиот период во...

Со сметка од 50 евра, во Грција имате право да побарате враќање на ДДВ

Грчките власти ја намалија границата за враќање данок на додадена вредност (ДДВ) на купени производи, бела техника и облека во Грција за странски државјани. Ако досега за да ви биде вратен ДДВ беше неопходно најмалата сума на една сметка да биде 120 евра, со одлука на генералниот секретаријат за јавни приходи, сега сумата е намалена на 50 евра. Отсега со секоја...

Во ДИК до денеска се пријавиле 8.258 граѓани од дијаспората за гласање на изборите

Преку веб-апликацијата на Државната комисија, до денеска, 7 ноември, до 14 часот, поднесени се вкупно 10.235 пријави од граѓани за гласање во странство. Од нив, 8.258 пријави се прифатени, 166 се одбиени, а другите се во обработка. ДИК соопшти дека најголем број пријави, повеќе од 1.000, досега се поднесени за гласање во Берн, Венеција и во Детроит. ДИК напоменува дека најголем дел...

Вкупно 11 граѓани од дијаспората до денеска се пријавиле за гласање на изборите

До денеска, заклучно до 14 часот, вкупно 11 македонски државјани што живеат во странство се пријавиле за гласање на изборите на 11 декември во дипломатско-конзуларните преставништва на земјава, преку апликацијата поставена на интернет-страницата на Државната изборна комисија (ДИК), соопштија денеска од Комисијата. Од пријавите, како што информираат од ДИК, 10 биле прифатени, а една пријава е во фаза на обработка. „Државната изборна...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...