fbpx
Таг: странски служби

таг: странски служби

Груевски: Власта продолжува со политичките хајки и притисоците врз судиите

Поранешниот премиер, сегашен почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, по одложувањето на денешното рочиште за случајот „Траекоторија“ на кое задоцни, повторно обвини за политичка хајка врз ВМРО-ДПМНЕ и притисоци врз судството околу случаите на СЈО. Тој алудираше на двојни стандарди на судот во однос на судењата што се водат против поранешни и актуелни високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ наспроти случајот „Поткуп“...

СЈО отвори седум нови случаи: Странски служби, патни трошоци, набавка на опрема…

Специјалното јавно обвинителство денеска објави дека отвора седум нови истраги против 17 лица осомничени за злоупотреба на службената должност измами и други кривични дела. Првиот случај е со кодно име „Странски служби“, рече обвинителката Фатиме Фетаи. Во него се осомничении две лица за злоупотреба на службена положба и овластувања едниот е тогашен началник на одделот а оперативна техника на УБК, а...

СДСМ: Денеска е празникот на Груевски, но времето на лаги заврши

„Први април е празникот на Никола Груевски, затоа што тој е експертот за лажење. Груевски измисли странски служби и жолти комбиња со тактички опреми што снимале. Потоа целата домашна и меѓународна јавност дозна дека снимале домашните тајни служби и за тоа веќе се води истрага од Специјалното јавно обвинителство“, се вели во соопштението на СДСМ. Во него се додава дека...

Груевски ги лажел граѓаните дека постојат странски служби за да се спаси, велат од СДСМ

Никола Груевски е фатен во нелегално прислушување на граѓаните на Македонија, заедно со неговиот братучед Сашо Мијалков, се вели во реакцијата на СДСМ на прес-конференцијата на Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ. Во соопштението се додава дека „Груевски ги лажел граѓаните, измислил тактички опреми, клонирани станици, странски служби во обидот да се спаси себеси и братучедот.“ - Граѓаните знаат дека Груевски и соработиците...

Трајанов: Груевски нè убедуваше дека прислушувале странски служби и мрачни сили

Поранешниот премиер и актуелен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, лани, веднаш откако опозицијата почна да ги објавува прислушуваните разговори, односно т.н. „бомби“, ги убедувал коалициските партнери дека прислушувањето го вршеле странски служби, тврди лидерот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, кој денеска заедно со носителот на кандидатската листа на Коалицијата за промени и правда во четвртата изборна единица, Слободан Богоевски,...

Јанева: 12 часа тапкаме во место, УБК не ни дава пристап до податоците

Веќе 12 часа сме присутни во Управата за безбедност и контраразузнавање и сè уште тапкаме во место, немаме пристап до документите за кои добивме судска наредба, рече специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која денеска, во 1 часот по полноќ, даде изјава за медиумите пред Министерството за внатрешни работи. - Ние нема да си одиме сè додека не постапиме по судските наредби....

СЈО: УБК прави опструкции, не ни даваат специфичен документ

Продолжува работата во Управата за безбедност и контраразузнавање, информираат од Специјалното јавно обвинителство. Од СЈО на „Фејсбук“ напишаа дека и покрај првичната соработка, наишле на опструкција да прибават специфична информација и докази врз основа на судската одлука. „Се работи за специфична информација која е круцијална за нашето работење. Ние не се откажуваме додека не ја извршиме судската наредба. Јавни обвинители и истражители...

Јанева: Влеговме во УБК со судски налог за да видиме кој прислушувал

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, денеска со својот тим влезе во Управата за безбедност и контраразузнавање и најави дека оттаму нема да излезе сè додека не си ја заврши работата. - Влеговме во Управата за безбедност и контраразузнавање за конечно да се дознае кој прислушувал, дали УБК или странските служби - изјави денеска пред зградата на МВР специјалната јавна обвинителка,...

„Слобода наместо страв“: Герила-акција против масовното прислушување

Со герила-акција за подигнување на јавната свест против масовното прислушување, Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ се вклучи во акциите на меѓународното движење „Слобода наместо страв“ (Freedom not fear). Како дел од акцијата, комби со голема сателитска антена, кое ги симболизираше т.н. „странски служби“ и на кое пишуваше „Слобода наместо страв“, ги посети Специјалното јавно обвинителство, Македонската радио-телевизија, СДСМ и...

Каде исчезнаа странските служби на Груевски?

Откако на 31.01.2015 година, тогашниот премиер, а сега претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, најави дека врз државниот врв е направен обид за пуч и тоа преку странски служби, таквото сценарио, со конспирациски мотиви за уривање на државата однадвор со помош на „домашни“ предваници, го спомена само уште на 25.02.2015 година. Оттогаш, речиси година и половина подоцна, странските служби исчезнаа...

Денеска им е годишнина: Груевски ги врати во игра „странските служби и држави“

Денеска е точно една година откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и доскорешен премиер, Никола Груевски, во обраќање кон нацијата (на 31 јануари 2015 година) обзнани дека странска разузнавачка служба е вмешана во обидот за преврат во земјава. Сега, повторно тој, во говорот пред унијата на жени на партијата, по неколкумесечно затишје, ги извади од фиока и ги врати на сцена...

Започна судењето против Трамп – прв кривичен процес против американски претседател

Во Њујорк почна судењето на поранешниот американски претседател Доналд Трамп во кривичната постапка под обвинение дека се обидел да ја прикрие исплатата на пари на порно ѕвездата Сторми Даниелс. На...