Цените на индустриските производи повисоки за 3,4 проценти на годишно ниво


Скопје, 14 октомври, 2016 - 14:32 (META) 

Продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се повисоки за 1,6 отсто на месечно ниво, а се пониски за 3,4 проценти на годишно ниво, објави Државниот завод за статистика.

Во август, во споредба со претходниот месец, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се повисоки во секторот рударство и вадење камен за 5,4 проценти, а во секторот преработувачка индустрија за 1,2 отсто.

Во август годинава, во споредба со истиот месец лани, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се пониски во секторот рударство и вадење камен за 5,2 проценти, а во секторот преработувачка индустрија за 3,2 проценти.


Се зголемува прометот во индустријата


Скопје, 16 март, 2016 - 14:57 (META) 

Прометот во индустријата во јануари 2016 година, во однос на истиот месец лани, е зголемен за 6,9 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во јануари 2016 година, во однос на јануари 2015 година, бележи опаѓање од 1,1 отсто, а прометот остварен на странски пазари бележи пораст од 8,6 отсто.

Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот рударство и вадење камен во јануари 2016 година, во однос на истиот период лани, бележи опаѓање од 25 отсто, а во секторот преработувачка индустрија бележи пораст од 8,4 отсто.

 


Цените на индустриските производи на странските пазари опаѓаат


Скопје, 15 октомври, 2015 - 16:12 (META) 

Продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се пониски за 2,3 проценти на месечно ниво, а за 3,5 проценти на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во август 2015 година, во споредба со јули годинава, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се пониски во секторот рударство и вадење камен за 2,6 проценти, а во секторот преработувачка индустрија за 2,3 проценти.


Македонски извозни компании претставени на 20 странски пазари


Скопје, 22 мај, 2015 - 14:23 (META) 

Македонски извозни компании го претставија своето производствено портфолио и капацитет пред повеќе од 20 земји, со поддршка на Агенцијата за странски инвестиции и промоција.

– Наша оцена е дека со ваквите средби ќе го зголемиме извозот на производи на сушено овошје (чипс од јаболка, чипс од праска и чипс од јагода). Се надеваме дека овие средби ќе продолжат и во иднина и ќе придонесат за наша афирмација и за зголемено присуство на странски пазари – изјави Филип Мировски, управител на компанијата „Нутри груп“ од Скопје.

Во рамките на овој проект се избираат компании од одделни сектори со потенцијал за присуство на странски пазари.

Крајна цел е зголемен извоз и пласман на домашните производи на странски пазари преку промоција на производното портфолио на домашните компании.

Заложбата на економските промотори е да се запознаат со производите и со капацитетите на домашните извозници и да помогнат во изнаоѓање странски купувачи и пристап до пазари во земјите што ги покриваат промоторите.

Во рамките на овој циклус беа претставени „Нутри груп“, „Кенди“, „Алкалоид“, „Ларс трејд“, „Ларс“, „Саитис“, „Коро“ и „Јаболчело“.