!На 1 февруари 2017 година, заврши промотивниот период на слободно користење на содржините на „Мета“. Во периодот што претстои го воведуваме новиот систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ со своето деструктивно однесување предизвика штета на економијата


Скопје, 18 април, 2017 - 15:31 (META) 

„Лицемерно е СДС да се прикажува како партија на економски експерти ако се земе предвид дека во време на владеење на оваа партија, земјата достигна историски највисоко ниво на невработеност и највисока стапка на невработеност во Европа“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на претседателот на комисијата за економија на СДСМ, Драган Тевдовски.

Од партијата велат дека СДСМ со своето „деструктивно однесување“ изминатиот период предизвикал доволно штета и на државата и на граѓаните и на економијата.

– Станува збор за невработеност од дури 38 отсто, која беше последица на криминалната приватизација што ја спроведе СДС и благодарение на која 200.000 семејства останаа без извор на егзистенција. Владата на ВМРО-ДПМНЕ, пак, отвори нови 170.000 работни места и ја намали невработеноста за 15 процентни поени – се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Во него се додава дека и во екот на политичката криза, странските инвеститори продолжиле да веруваат во економските политики на владата на ВМРО-ДПМНЕ и отворале нови капацитети или ги прошириле постојните.


Инвеститорите со хуманитарен настан ќе одбележат 10 години од основањето на Советот


Скопје, 23 мај, 2016 - 12:41 (META) 

Советот на странски инвеститори при Стопанска комора прославува 10 години од постоењето во Македонија, и по тој повод ќе организира хуманитарен настан во Градски парк, на 5 јуни.

Граѓаните ќе имаат можност да вкусат храна која е традиционална за земјите од каде што доаѓаат странските инвеститори.

– Македонците ќе можат да вкусат од автентичната храна на повеќе од 10 земји. Храната ќе се продава по симболична цена, а парите кои ќе се соберат ќе бидат дадени на народните кујни – изјави претседателот на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора, Штефан Петер.

Според него, бројот на членови на Советот постојано се зголемува.

– Странските инвеститори се интегрираа во македонското општество, а  помагаат и во интернационализација на локалната култура. Храната е најдобар начин преку која може да се запознае одредена култура, а токму затоа прехрабената индустрија е најголема во светот – додаде Петер.


Политичката нестабилност и борбата против корупцијата предизвици за инвеститорите


Скопје, 23 мај, 2016 - 12:15 (META) 

Недоследност на правната сигурност, политичка и општествена нестабилност, борба против корупцијата, процесот на интеграција на државата кон ЕУ, административни процедури се дел од предизвиците со кои се соочуваат странските инвеститори во државата.

Ова го покажува истражувањето на Советот на странски инвеститори при Стопанска комора на 118 членки за деловната клима во 2015 година.

– Според 68 проценти од инвеститорите, брзите и чести промени на регулативата има негативни ефекти врз нивното работење и ги отежнува планираните активности. Одложувањето на полтичката криза ќе има долгорочни последици врз стопанството, странските инвеститори ќе ги одложат своите планови за инвестирање – изјави претседателот на Советот на странски инвеститори, Штефан Петер.

Според Петер, и покрај политичката несигурност 68 проценти од странските инвеститори сметаат дека деловната клима во 2015 година е задоволителна. Генерално, 74 проценти од инвеститорите повторно би инвестирале ако имаат можност.

Странските инвеститори позитивно ја оценуваат високо-квалификуваната работна сила, трошоците за деловно работење, даночна политика, достапноста и квалитетот на добавувачите, стабилното деловно опкружување, геостратешко позиционирање и близината до ЕУ.

 


Советот на странски инвеститори ќе ги претстави проекциите за економија


Скопје, 9 декември, 2015 - 11:05 (META) 

Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија ќе ги презентира последните извештаи за економските резултати и проекции за развој на македонската економија од претставниците од странските институции во земјава.

Ќе зборуваат претседателот на Советот на странски инвеститори, Штефан Петер, претставникот на Меѓународниот монетарен фонд во Скопје, Патрик Житон, и претставникот од канцеларијата на Светската банка во Скопје, Бојан Шимбов.


Домашните компании се жалат на нелојална конкуренција од странците


Скопје, 8 мај, 2015 - 15:39 (META) 

Македонските бизнисмени повеќепати истакнале дека се во неправедна положба во однос на странските инвеститори.

Тие сметаат дека олеснувањата што државата им ги дава за секое вработено лице, би им помогнале и ним во процесот на работење.

– Ако ме ослободат од плаќање персонален данок, како што се ослободени странските инвеститори, ќе можам без проблем на вработените да им исплатам К15 или, пак, 13. плата. Или ако ме ослободат од плаќање превоз, ќе им исплатам хранарина на работниците. Ние не работиме според исти услови и стандарди со странските инвеститори. Со олеснувањата и со привилегиите што ги имаат, на домашните компании им се создава нелојална конкуренција. Проблем е што не можеме да најдеме и работници кои бегаат од кај нас и одат да работат за нив. Нема работници во Радовиш, Пробиштип, Штип – изјави за „Мета“ сопственикот на фабриката „Баргала“, Константин Барзов.

На Третата традиционална конференција на македонскиот пазар на хартии од вредност, генералниот директор на „Прилепска пиварница“, Сашко Самарџиоски, истакна дека не е сигурен каков е ефектот од странските инвестиции врз реалниот сектор.

– Точно е дека во моментов најголеми извозници се токму странските компании што работат во технолошко-индустриските зони, но тие, во исто време, се и најголеми увозници. Така, на нето-основа, нема некоја додадена вредност за македонската економија – смета Самарџиоски.

Компаниите што отвораат фабрики во слободните зони, покрај даночни и царински ослободувања, добиваат и државна помош од буџетот за секое работно место. Но, финансиска помош се дава и за обуки и за преквалификации на работниците.