fbpx
Таг: Стојанче Ангелов

таг: Стојанче Ангелов

Пожарот во тетовско Фалише сè уште е активен, 24 часа пожарникарите го гаснат магацинот полн со бои и лакови

Пожарот во тетовското село Фалише сè уште е активен. Иако со значително намален обем на местото сè уште има пламен и чад. Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информирааат дека тетовските пожарникари гаснеле непрекинато во текот на целата ноќ и продолжуваат со гаснење. „Се очекува целосно да биде изгаснат во наредните неколу часа“, велат од ЦУК. Екологистите предупредуваат на големи...

Одговорните во ЦУК проверија 14 мостови во државата, повеќето се опасни за преминување [галерија]

Во државата има мостови кои се во лоша состојба и претставуваат опасност за граѓаните, информира директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, на прес-конференцијата која ја одржа денеска. Вработени во Центарот извршиле инспекција на 14 мостови во државата и констатирале дека повеќето од нив се опасни по безбедноста на граѓаните.  „Ако има пукнатини на столбовите, ако има паднат...

Деведесет луѓе за две и пол години биле повредени во сообраќајни незгоди со тротинети

Единаесет луѓе, возачи на електрични тротинети или пешаци, само до мај годинава биле повредени, од кои двајца имале тешки телесни повреди. Претходната 2022 година, според евиденцијата на МВР имало 49 повредени во незгоди со електрични тротинети, од кои осум со тешки телесни повреди. Во 2021 година пак, повредени биле 30 лица, од кои осум имале тешки телесни повреди. Ова на...

Стојанче Ангелов: Со црната кампања ми прават услуга

„Со целата оваа црна кампања ми прават пропагандна услуга бидејќи тие што ги објавуваат и ги спроведуваат ваквите гнасотилаци, ни самите не веруваат во тоа што го пишуваат и зборуваат“, вели за „Мета“ генералот Стојанче Ангелов, за нападите кон него, кои синхронизирано доаѓаат преку графити на скопските фасади, написи во провладините медиуми, објави и фотомонтажи на социјалните мрежи. Ангелов веќе дваесетина...

Пред МРТВ се „пееше“ бушавата азбука на режимот

Стотина граѓани се собраа пред Македонската радио-телевизија (МРТВ) на протестот, кој почна во 12 часот, поради одбивањето на националниот сервис да ги емитува аудиоснимките од „бомбите“ што ги објавува лидерот на опозицијата, Зоран Заев. Пред присутните, покрај предводникот на протестите, Стојанче Ангелов се обратија и истакнати личности од општествениот и од културниот живот во државата. Доајенот на македонското спортско новинарство, Атанас...

Со натписи „Уа цензори“ почна протестот пред МРТВ

Стотина граѓани се собраа пред Македонската радио-телевизија (МРТВ) на протестот, кој почна во 12 часот,  поради одбивањето на националниот сервис да ги емитува аудиоснимките од „бомбите“ што ги објавува лидерот на опозицијата, Зоран Заев. Неколкумина од насобраните граѓани се движат заедно еден до друг, носејќи букви кои заедно сочинуваат парола која гласи: „Уа  цензори“. Листови хартија на кои е испишана истата...

Ангелов поднесе кривична пријава против Марко Зврлевски

Стојанче Ангелов денеска поднесе кривична пријава против јавниот обвинител Марко Зврлевски за злоупотреба на службената положба и овластување и за спречување пристап кон јавен информатички систем, бидејќи, како што рече Ангелов, преку соопштение барал од медиумите да не ги емитуваат и пренесуваат  снимките од „бомбите“ што ги обајвува лидерот на опозицијата, Зоран Заев, пренесува „Нова ТВ“. - Ние сме свесни...

Ангелов му поднесе кривична на Ратајкоски за селективно и пристрасно пласирање информации

Стојанче Ангелов денеска до надлежното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против главниот и одговорен уредник на првиот канал на Македонската радио-телевизија (МРТ), Диме Ратајкоски, за селективно и пристрасно пласирање информации преку јавниот сервис, пренесува „Нова ТВ“. Генералот Ангелов, кој изминатите десетина дена ги предводи протестите пред МРТ, на кои тој и граѓаните бараат јавниот сервис да ги емитува прес-конференциите на...

Стојанче Ангелов ќе поднесе кривична пријава против Диме Ратајковски

Денеска во 13 часот, Стојанче Ангелов до надлежното јавно обвинителство ќе поднесе кривична пријава против главниот и одговорен уредник на првиот канал на Македонската радио-телевизија (МРТ), Диме Ратајковски. Ангелов изминатите десетина дена ги предводи протестите пред зградата на МРТ, барајќи од раководството и од уредниците на информативните редакции да ги емитуваат прес-конференциите на опозицијата на кои се објавуваат снимки од...

Граѓаните со бакнежи и со прегратки, се обидоа да ја ослободат МРТВ

Неколку стотини граѓани денеска напладне се обидоа, заедно со генерал Стојанче Ангелов, на ненасилен начин да упаднат во МРТВ за да ја ослободат телевизијата од контролата на власта и да ги достават снимките од прислушуваните разговори. Полицискиот кордон ги спречи насобраните граѓани, придружувани од актерите Синоличка Трпкова, Сашо Тасевски и Софија Куновска да влезат во МРТВ. Насобраните жени, по повикот...

Стојанче Ангелов и вечерва протестираше пред МРТВ

Стојанче Ангелов и неговите приврзаници вечерва повторно се собраа пред Македонската радио-телевизија, јави телевизија „24 Вести“. Тој уште еднаш побара јавниот сервис да ги објави снимките што ги презентира опозицијата и порача дека нема да поднесе кривична пријава за уредникот на информативната програма на МТВ, Горан Петрески, бидејќи, како што рече, му паднало жал зашто бил уплашен. Ангелов најави дека протестот освен...

Стојанче Ангелов на МРТ ѝ ги достави снимките од прислушуваните разговори

Стојанче Ангелов, поранешен генерал на АРМ,  вечерва до Македонска радио-телевизија ги достави снимките што СДСМ вчера ги објави и побара да бидат емитувани во ударниот термин на информативниот сервис. Со десетици поддржувачи, тој со овој гест побара МРТ да се ослободи од политичкото влијание и да престане да ѝ служи на партијата на власт. Ангелов рече дека доколку не бидат емитувани вечерва, нема да ги...

Путин: Немаме намера да нападнеме земји членки на НАТО

Русија нема планови за напад на земјите членки на НАТО и нема да ги нападне Полска, балтичките земји или Чешка, но доколку Западот испорача ловци Ф-16 на Украина, тогаш...