fbpx
Таг: Стевчо Јакимовски

таг: Стевчо Јакимовски

Контраспин: ВМРО-ДПМНЕ нема причина за славење поради „црната листа“ за Јанева, таа беше и нивен предлог и нивен избор

ВМРО-ДПМНЕ нема никаква причина со спин да слави дека Американците ги ставиле Катица Јанева и Стевче Јакимовски на „црната листа“. Посебно за Јанева, која за подзаборавените, е избрана со заедничка одлука на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ, на предлог на ВМРО-ДПМНЕ. Ако веќе се радуваат за Јакимовски, пак, треба да имаат исти аршини и чесно да признаат дека кремот на...

Контраспин: Јакимовски како Трамп – жртва на длабоката држава и на Сорос!?

Стевче Јакимовски не е обвинет, ниту осуден за некое кривично дело за какво што го товарат САД со назначување на нивната „црна листа“. Тој, се разбира, може да си ја продолжи претседателската трка и градоначалничкиот мандат доколку не ги освои претседателските избори. Но, тоа со ништо нема да ги смени фактите од сегашноста или минатото, ниту пак, Јакимовски може...

Заврши собирањето потписи за претседател, останаа седум кандидати

На полноќ истече рокот за собирање потписи за кандидат за претседател, со што останаа седум кандидати од вкупно 15. Тие се Стево Пендаровски од СДСМ со обезбедени 22.412 потписи, Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ со обезбедени 28.086 граѓански потписи, Бујар Османи од ДУИ со 11.085 потписи, Максим Димитриевски од ЗНАМ со 11.605 потписи, Билјана Ванковска од Левица, која обезбеди...

Пендаровски, Силјановска-Давкова и Османи влегуваат во претседателската трка

Најголемите политички партии ги обзнанија кандидатите за претседателските избори на ден пред почетокот на рокот за собирање потписи. Актуелниот шеф на државата Стево Пендаровски ќе биде претседателски кандидат на СДСМ и на овие избори, јавија неколку медиуми повикувајќи се на извори од партијата. Ова е трет настап на Пендаровски на изборите за претседател на државата, а неговата кандидатура се очекува да...

Општина Карпош доби буџет, блокадата на ВМРО-ДПМНЕ не успеа

По вчерашните протести на вработените во локалните установи и бројните соопштенија и контра соопштенија, Советот на Општина Карпош денеска го усвои буџетот за 2024 година со гласовите на советничките групи на СДСМ, Левица, ГРОМ и двајцата независни советници Невена Георгиевска и Александар Илиески. Градоначалникот Стевчо Јакимовски по седницата изјави дека со изгласаниот буџет општината ќе може непречено да функционира. „Ова беше...

Мета факт: Општина Карпош финансиски помогна при изградба на ново прифатилиште за улични кучиња

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, во својата предизборна програма, во делот „Екологија“, вети дека ќе отвори професионален стационар за сместување бездомни кучиња. Советот на Општина Карпош минатиот месец донесе одлука за давање финансиска помош на стационарот за бездомни кучиња кој во моментов го гради и опремува здружението „Шепасти ентузијасти“. Со оглед на овие околности, може да се оцени дека...

ОЈО: Градоначалникот Стевчо Јакимовски добивал закани по живот, поднесена е пријава

Основното јавно обвинителство повело постапка против 60-годишен скопјанец, под сомнеж дека му се заканувал на градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски дека ќе го убие и ќе му го уништи животот. ОЈО Скопје го сомничи скопјанецот за кривичното дело - загрозување на сигурноста. На 4 октомври, според обвинителството, осомничениот со моторцикл дошол пред куќата на градоначалникот на Општина Карпош и неговото семејство и...

Во Карпош 3 кај салата „Партизан“ започна изградбата на затворен пливачки базен

Скопје ќе добие нов спортско-рекреативен комплекс во населбата Карпош 3 со најновата инвестиција на Агенцијата за млади и спорт. Денеска започна изградбата на затворен пливачки базен до спортската сала „Партизан“, која исто така во моментов се наоѓа во завршна фаза на реконструкција. „Со почетокот на изградбата на затворениот пливачки базен којшто го означуваме денеска и реконструкцијата на спортската сала „Партизан“...

Прекршочна постапка против градоначалникот на Карпош – не овозможил пристап за лицата со попреченост до канцеларијата на пратениците

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) ќе поднесе барање за покренување прекршочна постапка против градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, бидејќи не постапил по нивните препораки за спречување на дискриминацијата на лицата со попреченост во врска со пристапот до канцелариите за комуникација на граѓаните со подрачните пратеници, пишува Порталб.мк. Врз основа на истражувањето на Порталб.мк објавено на 24...

Стевчо Јакимовски и ВМРО-ДПМНЕ во нова серија меѓусебни обвинувања

Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски и претседател на партијата ГРОМ денеска одржа прес-конференција пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, на која побара од лидерот Христијан Мицкоски да објасни како го стекнал својот имот во изминативе години, осврнувајќи се на изградбата на малите хидроцентрали. „Мицкоски да одговори на колку години ја направи својата прва хидроцентрала. Дали тоа беше кога тој е советник...

Мета факт: Младите брачни парови не добија можност да изградат свој дом на Зајчев рид

Во Програмата за работа на градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, за периодот од 2021 до 2025 година, именувана како „Моќен сојуз, јас и вие“, има ветување дека за цена од максимум 350 евра за метар квадратен, младите брачни парови ќе може да изградат сопствен дом на локацијата Зајчев рид. Мета доби потврда дека до овој момент, младите брачни...

Нападнат советник на ВМРО-ДПМНЕ во Карпош, СДСМ и Стевчо Јакимовски вперуваат прст кон Мицкоски

По вчерашниот напад на советникот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Илиески од Совет на општина Карпош што го потврди и полицијата, градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски и СДСМ реагираат и бараат да се истражи евентуална поврзаност на нападот со раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Наталија Спировска, советничка од СДСМ во Советот на општина Карпош денеска го осуди физичкиот напад врз советникот Александар Илиески,...

Јакимовски вети бесплатна возачка за млади, Општина Карпош ќе субвенционира 50 отсто од трошоците за обука

Во продолжение ја пренесуваме проверката на „Вистиномер“ на исполнетост на изборно ветување на сегашниот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски:   Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски во својата предизборна кампања, меѓу другото, го даде и следното ветување: Обуката и полагањето за возачка дозвола претставува сериозно оптоварување на буџетот на секое семејство. За младите да положат за возачка дозвола се вклучуваат и...

Контраспин: Државата немаше да влезе во НАТО ако не ги исполнеше условите

Наспроти она што го спинува Јакимовски, дека „земјава и со сила ќе беше внесена во НАТО, и без да го смени името“, определбата за евроатлантски интеграции на која било држава е самостојна и независна одлука на секоја од нив. За што впрочем говорат фактите и бројките – 30 држави се членки на НАТО Алијансата, а има и држави од...

Стевчо Јакимовски ја раскина коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ во Карпош, ВМРО обвинува за бизнис интереси

Градоначалникот на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски денеска ја раскина коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ. На прес-конференција тој прозборе за несогласувањата што ги има со советниците од оваа политичка партија, но и со лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски. „По 9 месеци коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, морам да соопштам дека повеќе таа коалиција не може да опстои овде во Општина Карпош, затоа што јас...

Во Карпош се гаси струја по 1 часот на полноќ, општината штеди поради високите сметки

Граѓаните на скопската општина Карпош веќе десетина дена се жалат на темните улици и јавни површини во населбите поради исклучувањето на јавното осветлување. Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски денеска потврди дека спроведува мерки за штедење, поради високите сметки за електрична енергија. И покрај тоа што веќе улиците низ Карпош се во темница, Јакимовски вели дека како општина имаат на...

Обвинение за Стевчо Јакимовски и уште 10 лица за малверзации со легализации и приватизации

Обвинителен акт за 11 лица, меѓу кои предничи поранешниот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, поднел обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО-ГОКК) во Основен кривичен суд Скопје. Како што соопшти обвинителството, кое не именуваше за кој градоначалник станува збор, но сепак од изнесените факти се гледа дека е Јакимовски, тој и другите...

Укинат куќниот притвор на Стевчо Јакимовски

Кривичниот суд во Скопје ја укина мерката куќен притвор на поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски. „Заради интерес на повеќе медиуми околу мерката за обезбедување присуство за С.Ј. кој по предлог на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција од 19 март 2019 година се наоѓа во куќен притвор, ја информираме јавноста дека од надлежен јавен обвинител до...

Побаран притвор за Стевчо Јакимовски и уште двајца за бесправни легализации

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО-ГОКК) до судија на претходна постапка од Кривичен суд - Скопје побарало притвор за тројца од утрово приведените. Од соопштението од Обвинителството, сепак се дознава дека притвор е побаран и од поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, кој беше приведен. Тие се сомничат за Злоупотреба на службена положба и овластување,...

Уапсени Стевчо Јакимовски и уште седум лица

Поранешниот градоначалник на Општина Карпош и претседател на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, утрово е уапсен, заедно со уште седум други лица. Двајца од приведените се вработени во Општина Карпош, а меѓу останатите петмина има и бизнисмени, дознава „Мета“. Јакимовски и другите уапсени денеска треба да бидат изнесени пред судија на претходна постапка во Кривичен суд Скопје, потврдија од Јавното обвинителство. Повеќе...

Промоција на винил компилација „Поп култура“, во чест на Мирко Попов

Вечерва ќе се одржи промоција на винил компилацијата „Поп култура“ во едукативниот културен центар „Лабораториум“, во рамките на платформата „Силата ЕУ Младите“. Изданието содржи песни од млади современи македонски поп...