Сончево време, локално со краткотраен дожд


Скопје, 12 април, 2018 - 9:16 (META) 

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Во западните делови, попладне е можен краткотраен локален дожд.

Утринската температура ќе се движи од три до 12, а дневната температура од 20 до 27 Целзиусови степени. Во Скопје слично време, утринската температура ќе достигне до девет степени, а дневната температура до 26 Целзиусови степени.

Во наредните денови во поголем дел од земјава времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а услови за изолирана појава на краткотраен дожд ќе има во западните делови. Од недела ќе им поголемо наоблачување со услови за краткотраен локален дожд, особено во западните делови на земјава.


Облачно време со локален дожд и грмежи


Скопје, 13 март, 2018 - 9:17 (META) 

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност, во крајните западни и источни делови значително облачно со локален дожд и ретка појава на грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец.

Утринската температура ќе се движи од три до девет степени, а дневната температура од пет до 19 Целзиусови степени.

Во Скопје слично време, утринската температура ќе достигне до пет, а дневната температура до 16 Целзиусови степени.


Сончево време со умерена облачност и температура до 15 степени


Скопје, 9 март, 2018 - 9:18 (META) 

Времето денеска ќе биде променливо облачно, кон крајот на денот облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од западен и северозападен правец. Утринската температура ќе се движи од минус еден до шест, а дневната од 11 до 16 Целзиусови степени.

Во Скопје слично време утринската температура ќе се спушти до еден, а дневната ќе достигне до 15 Целзиусови степени.

До недела времето ќе биде стабилно и суво. За време на викендот времето ќе биде претежно сончево и значително потопло.


Облачно време со повремени врнежи од дожд


Скопје, 8 март, 2018 - 9:20 (META) 

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на планините врнежите ќе бидат од снег, особено во западните делови на земјава каде се очекува да наврнат над 15 литри на метар квадратен воден талог. Ќе дува умерен повремено и засилен ветер од северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од два до девет, а дневната од осум до 17 Целзиусови степени.

Во Скопје слично време утринската температура ќе се спушти до шест, а дневната ќе достигне до 15 Целзиусови степени.


Облачно време со повремен снег


Скопје, 27 февруари, 2018 - 9:21 (META) 

Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со повремен снег со слаб до умерен интензитет, особено во западните и крајните источни делови. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер, максималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3 Целзиусови степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремен снег претпладне како и во вечерните часови. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Температурата ќе достигне до еден Целзиусов степен.

Најстудено изутринава е во Маврово со минус 10 Целзиусови степени, а во Скопје се измерени минус осум Целзиусови степени. Негативни температури има во цела Македонија, како и снежна покривка.

Најмногу снег има во Маврово 90 сантиметри, во Крушево висината на снежната поктивка е 50 сантиметри, Тетово 28, Охрид 26, а 20 сантиметри во Скопје, Битола и Гевгелија.


Облачно време со температура до 5 степени


Скопје, 15 февруари, 2018 - 9:25 (META) 

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен снег со слаб интензитет особено претпладне во југозападните делови. Попладне облачноста ќе се намали, а ќе дува и умерен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до минус осум, а дневната од минус пет до седум Целзиусови степени.

Во Скопје слично време, утринската температура ќе се симне до минус три, а дневната ќе достигне до пет Целзиусови степени.


Стабилно и суво време, со пад на температурата


Скопје, 5 февруари, 2018 - 9:38 (META) 

Времето денска ќе биде стабилно и суво, со утринска температура од минус шест до три, а дневната од три до 13 Целзиусови степени.

Во Скопје, слично време со минимална температура од минус еден степен, а дневната ќе достигне 10 Целзиусови степени.

Од среда повторно ќе има врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет и ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец, а  нов влажен бран со пообилни врнежи се очекува во сабота.


Дождливо, но топло време со температура до 15 степени


Скопје, 3 февруари, 2018 - 10:06 (META) 

Времето денеска ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, кои ќе се интензивираат во вечерните и ноќните часови. Пообилни врнежите ќе бидат во западните делови, каде на места ќе наврнат над 35 литри на метар квадратен.

Врнежи од снег преку денот ќе има само на повисоките планини, а во текот на ноќта снежната граница ќе се спушти до околу 1.500 метри надморска височина. Ќе дува засилен, на моменти силен јужен ветер со брзина и над 90 километри на час. Температурата ќе достигне од 11 до 16 Целзиусови степени.

Во Скопје слично време, со температура до 15 Целзиусови степени. Најмногу дожд наврнало во Лазарополе, Маврвово и Дебар.


Претпладне сончево време, попладне со услови за дожд и ветер


Скопје, 2 февруари, 2018 - 9:31 (META) 

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен дожд. Врнежите ќе почнат од запад, а послаби врнежи ќе има на исток и во централните делови. Повремено ќе дува засилен ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од нула до седум, а дневната од шест до 16 Целзиусови степени. Во Скопје слично време со утринска температура до еден степен и дневна до 13 Целзиусови степени.


Сончево и невообичаено топло време со температура до 18 степени


Скопје, 30 јануари, 2018 - 9:19 (META) 

Времето денеска ќе биде сончево и топло за овој период од годината, ќе дува слаб до умерен северoзападен ветер. Температурата ќе се движи од девет до 18 Целзиусови степени.

Во Скопје слично време со температура до 13 Целзиусови степени.

Топлото време ќе се задржи до четврток кога облачноста ќе се зголеми, а услови за врнежи ќе има само во крајните западни подрачја.