fbpx
Таг: Стејт департмент

таг: Стејт департмент

Таравари од денеска е во петдневна работна посета на САД

Министерот за здравство, Арбен Таравари, заедно со делегација од кабинетот, од денеска е во петдневна работна посета на Соединетите Американски Држави, информираат од кабинетот на министерот. Работната посета ќе почне во Вашингтон, каде што министерот ќе се сретне со претставници на американскиот Конгрес, Стејт департментот, како и на Амбасадата на Македонија во САД. „За време на престојот во Вашингтон, министерот ќе има средба...

Стејт департмент: САД ќе соработуваат со новата влада за членство во НАТО и во ЕУ

Американскиот Стејт департмент денеска го честиташе формирањето нова влада на Македонија и порача дека САД остануваат партнери за исполнување на аспирациите кон НАТО и кон ЕУ. - Соединетите Американски Држави им честитаат на премиерот Зоран Заев и на мнозинството во Собранието на формирањето нова Влада на Македонија. Како пријател и партнер на Македонија, САД ќе соработуваат со новата Влада во...

Стејт департментот го поздрави доделувањето на мандатот за нова влада

Стејт департментот вечерва во соопштение го поздрави доделувањето на мандатот за нова влада на Македонија, порачувајќи дека се надева на соработка со владата во справувањето со многуте предизвици што стојат пред земјата. „Соединетите Американски Држави ја поздравуваат одлуката на македонскиот претседател Ѓорге Иванов да го додели мандатот за формирање влада на Зоран Заев. Оваа одлука претставува важен чекор напред за...

Тилерсон и Лавров утре во Вашингтон ќе разговараат за состојбите во Украина и во Сирија

Државниот секретар на САД, Рекс Тилерсон, утре во Вашингтон ќе се сретне со министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров. Како што соопшти денеска американскиот Стејт департмент, двајцата ќе разговараат за ситуацијата во Украина и во Сирија, како и за билатерални прашања помеѓу САД и Русија. Во врска со ситуацијата во Украина, Тилерсон и Лавров, стои во соопштението, ќе разговараат...

САД со предупредување до своите државјани што патуваат во Европа, поради тероризам

Стејт департментот на САД издаде предупредување до американските државјани што имаат намера да патуваат во Европа, укажувајќи на континуираната закана од терористички напади. „Додека локалните влади ги продолжуваат операциите за сузбивање на тероризмот, Стејт департемнтот сепак останува загрижен од можноста за идни терористички напади. Државјаните на САД секогаш треба да имаат на ум дека симпатизери на терористите или саморадикализирани екстремисти можат да...

Заев на средбата со Ји: Сите да ги поддржат демократските процеси за новата влада!

Изразена е поддршка за демократските процеси во Република Македонија, кои по веродостојните избори продолжија со избор на нов собраниски претседател од редовите на парламентарното мнозинство, а ќе резултираат со избор на нова влада во Македонија, вели СДСМ во соопштението со кое извести за денешната средба на претседателот на партијата, Зоран Заев, заменик-претседателката, Радмила Шекеринска, и генералниот секретар, Оливер Спасовски, со заменикот-помошникот државен...

Хојт Ји денеска со Иванов, Џафери, Груевски, Заев и со невладините

Заменик-помошникот на американскиот државен секретар за европски и евроазиски прашања на САД, Хојт Брајан Ји, кој од вчера престојува во Македонија, денеска, како што е предвидено, треба да се сретне со претседателот Ѓорге Иванов, новоизбраниот претседател на Собранието, Талат Џафери, и со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, Никола Груевски и Зоран Заев. Потоа Ји ќе разговара и со претставници...

Хојт Ји, сепак, од утре на средби со Иванов, но и со Џафери и со лидерите на партиите

Заменик-помошникот државен секретар за Европа и за Евроазија во Стејт департментот, Хојт Брајан Ји утре ќе пристигне во Скопје во дводневна посета при што ќе се сретне со претседателот Ѓорге Иванов, лидерите на политичките партии, и како што велат од амбасадата „претседателот на Собранието Талат Џафери“. „Хојт Брајан Ји, заменик помошник државен секретар за Европа и Евроазија, ќе ја посети...

Стејт департмент: Лидерите да сторат сè што можат за брзо формирање влада

„Соединетите Американски Држави ги поттикнуваат македонските лидери да сторат сè што можат за формирање на влада без понатамошно одложување, за државата да може да продолжи со реформите потребни да стане полноправна членка на евроатлантското семејство“, се вели во изјавата на Стејт департментот за политичката криза во Македонија, дадена за „Гласот на Америка на македонски“. Во неа се додава дека македонските...

Попоски на министерски состанок на коалицијата за борба против ИД во Вашингтон

Министерот за надворешни работи во заминување, Никола Попоски, денеска ќе учествува на министерскиот состанок на Глобалната коалиција за борба против Исламска држава во Вашингтон. Попоски на состанокот, кој ќе се одржи во Стејт департментот, учествува на покана на државниот секретар на САД, Рекс Тилерсон, соопштуваат од Министерството за надворешни работи. „Министерскиот состанок има цел да се поттикне интензивирање на меѓународните напори...

Судството, СЈО, НВО, МВР, бизнис-секторот билe мета на власта според Стејт департментот

Неуспехот од воспоставувањее на независен и непристрасен судски систем, мешањето на власта во судството, опструкциите на работата на Специјалното јавно обвинителство, притисокот и заплашувањето на невладиниот сектор, влијанието на владејачката коалиција во приватниот бизнис и загрозувањето на слободата на говорот во медиумите се дел од забелешките нотирани, во добар дел и детално, во најновниот извештај на американскиот Стејт департмент...

Стејт департмент: Во Македонија доминираат корупцијата и непочитувањето на правото

Најголемиот проблeм во врска со човековите права и практики, произлегува од широкоприсутната корупција и неуспехот на Владата во целост да го почитува владеењето на правото, вклучувајќи ги тука и континуираните напори за ограничување на слободата на медиумите, мешањето во судството и попречување на работата на Специјалното јавно обвинителство, како и селективната примена на правдата. Политичкото вмешување, неефикасноста, фаворизирањето на одредени...

САД за изјавите Рорабакер: Го поддржуваме територијалниот интегритет на Македонија

„Соединетите Американски Држави го признаваат и го поддржуваат суверенитетот и територијалниот интегритет на Република Македонија и оваа позиција не е променeта“. Ова го изјавил за „Гласот на Америка“ на албански јазик висок неименуван функционер на американскиот Стејт департмент, а во врска со изјавата на републиканскиот конгресмен Дана Рорабакер. Изјавата  е безмалку идентична со изјавата што минатата недела ја даде портпаролот...

МНР побара став од Стејт департментот за изјавата на конгресменот Рорабакер

Министерството за надворешни работи на Република Македонија преку македонската амбасада во Вашингтон, по дипломатски пат побарало став од американскиот Стејт департмент за изјавите на американскиот конгресмен Дана Рорабакер, изнесени во интервју за „Визион плус“ од Тирана. „Конгресменот e член на Комитетот за надворешни работи и претседател на Поткомитетот за европски работи. Неговите искажани ставови предизвикуваат голема вознемиреност околу Македонија и во...

Стејт департментот има полна доверба во амбасадата и во амбасадорот во Македонија

Американскиот Стејт департмент ја поддржува работата на амбасадорот Џес Бејли, се вели во одговорот на прашањето на „Гласот на Америка“ на македонски, по шпекулациите во некои медиуми дека Амбасадата во Скопје не зборува од името на администрацијата на САД. Портпаролот на Стејт Департментот, Марк Тонер, беше дециден дека нема промена во американската политика спрема Македонија. - Американската политика во Македонија...

САД го ставија на „црната листа“ синот на Бин Ладен, Хамза бин Ладен

Властите на САД денеска соопштија дека на својата „црна листа“ на „меѓународни терористи“ го ставиле синот на убиениот водач на Ал каеда, Осама бин Ладен, Хамза бин Ладен. Одлуката на американските власти автоматски повлекува финансиски и правни рестрикции против синот на Бин Ладен. Стејт департаментот, како што јавуваат светските агенции, навел дека одлуката е донесена бидејќи Ал каеда во август...

Русија: Убиството на амбасадорот е терористички напад

Убиството на рускиот амбасадор во Турција, Русија го окарактеризира како терористички напад. Портпаролката на Министерството за внатрешни работи, Марија Захарова, објави дека темата за нападот врз рускиот дипломат ќе биде поставена пред официјални лица во Советот за безбедност на Обединетите нации. Свое обраќање се очекува да има и рускиот претседател Владимир Путин. Турското министерство за внатрешни работи го зајакна обезбедувањето на руската...

Стејт департмент: Изборите во Македонија се важен прв чекор за излез од кризата

Американскиот Стејт департмент го поздрави одржувањето на изборите во Македонија како важен прв чекор за излегување од политичката криза и ја повика новата влада конструктивно да работи со опозицијата при спроведувањето на реформи кои се значајни за евроатланската интеграција. - Им честитаме на македонските граѓани што го искористија своето право на глас на парламентарните избори на 11 декември. Исто така, ги...

Амбасадата на САД без телефонски линии – пријавено возило позитивно на експлозив

Американската амбасада во Македонија синоќа преку социјалните мрежи соопшти дека телефонските линии ѝ се надвор од употреба и во итни случаи, граѓаните на САД во Македонија да го контактираат американскиот Стејт департмент. „Телефонските линии на амбасадата во моментот не се оперативни. Доколку ви е итно и имате потреба од помош, контактирајте го оперативниот центар на американскиот Стејт департмент на +1-202-647-1512“,...

САД ги прекинуваат сите разговори со Русија околу Сирија

Вашингтон ги суспендираше сите билатерални односи со Москва околу сириската криза, соопшти Стејт департментот. Американските власти пред неколку недели се заканија дека ќе го напуштат сирискиот мировен процес, откако пропаднаа последните разговори за примирјето во Сирија. По седумдневен прекин на огнот, примирјето во Сирија не беше обновено. САД ќе ги повлечат сите лица што требало да учествуваат во организирање на заеднички центар за...

Стар говор на Трамп не е доказ дека Обама стои зад ИСИС и нападите во Москва

Трамп навистина рекол дека Обама е основач на ИСИС, но тоа има метафорично значење, мислејќи, пред сè, на политиката која ја водел Обама и постапките кои ги преземал. Иако...