fbpx
Таг: стечајци

таг: стечајци

Со нови законски измени, уште 1.100 стечајци ќе добиваат месечен надомест од 9.242 денари

Според новиот Предлог-Закон за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата, кој беше денеска усвоен на Влада, се зголемува опфатот на дополнителни 1.100 стечајци. Тие ќе добијат можност за месечен надомест од 9.242 денари, односно 34 проценти од просечната месечна нето плата исплатена во претходната година. Со последната измена речиси 13.000 лица...

Исплатена парична помош од над 2,5 милиони евра на 16.012 стечајци и невработени

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) и Агенцијата за вработување информираат дека на 16.012 невработени лица корисници на паричен надоместок и стечајци исплатени се 156.649.277 денари (над 2,5 милиони евра) за месец мај. Исплатата е во согласност со Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност и Законот за материјално обезбедување на невработените лица, поради приватизацијата на...

Шекеринска: Законот во собраниска процедура е отскочна штица за сите проблеми во „Еурокомпозит“

Вицепремиерката Радмила Шекеринска вчера во Прилеп истакна дека Законот за исплата на заостанатите побарувања на вработените, што го усвои Владата, а што е сега во собраниска процедура, ќе значи решение за децениските проблеми на вработените во прилепски „Еврокомпозит“. -Законот нема потреба од двотретинско мнозинство, така што не очекувам негативни изненадувања, очекувам силна поддршка од Собранието и силна поддршка кон решавање...

Се подготвува нов закон за обесштетување на стечајците

Со нов закон ќе се обесштетуваат стечајците кои не биле опфатени со досегашните закони. Министерството за труд и социјална политика денеска на Единствениот национален електорнски регистар на прописи објави известување за почеток на процесот за подготовка на Предлог на Закон за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата. „Со новиот закон се овозможува материјално...

Заев: Владата ќе бара законски можности да ги проследи барањата на стечајците на „Охис“

Премиерот Зоран Заев денеска прими делегација на Иницијативниот одбор на поранешни вработени во АД „Охис“ Скопје во стечај. Нивните очекувања главно се однесуваат за исплата на побарувања од стечајната постапка за 24 неисплатени плати и за затворање на придонесите од плата за периодот од јуни 2012 година до октомври 2013 година, како и во списокот за обесштетувања од стечајната маса...

Нова група на стечајци од Штип пред добивање на стечаен надоместок

Нови 180 стечајци од Штип може да побараат стечаен надоместок од државата, според усвоените измени на Законот за стечајци. Толкав е бројат на работници без решен статус кои ги исполнија законските услови. Тоа се граѓани кои останале без работа со затворањето или приватизација на некогашните државни фирми. Во оваа бројка влегуваат и неколку десетина граѓани, кои до сега беа...

Владата го испраќа во Собрание законот за обештетување на уште 1.600 стечајци

Предлог-законот за обештетување уште 1.600 стечајци од фирми во доминантна сопственост на државата бил усвоен на вчерашната 82. седница на Владата и е испратен во Собранието. На вчерашната седница владиниот кабинет исто така донел одлука да го реши проблемот со одлагањето на ѓубрето и го задолжила ЕЛЕМ да обезбеди еден од ископите кај ТЕЦ Осломеј за складирање на ѓубрето. Со...

Бошњаковски: Сите вработени во „Еурокомпозит“ в понеделник ќе добијат плата

Доцна синоќа владата постигна договор со вработените од Еурокомпозит, при што е договорено во понеделник линеарно на сите вработени да им се исплати платата, информира денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски. - Вработените презедоа обврска да ја завршат работата, а постигнат е и договор да се смени менаџерскиот тим. Вработените на „Еурокомпозит“, кои вчера протестираа пред владата и во Прилеп -...

Царовска: Нема зголемување на старосната граница за пензионирање

Нема да има зголемување на старосната граница за пензионирање, а пензиите се стабилни и безбедни, рече денеска министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, која на прес-конференција во Владата информираше за сработеното во изминатите 11 месеци. - Работиме на стабилизација на системот за пензии, затоа што знаеме дека за 10 години ВМРО-ДПМНЕ за трипати го зголеми долгот на пензискиот...

Собранието го донесе законот за стечајни работници

Пратениците во Собранието едногласно го донесоа законот за стечајни работници во рамките на 12. седница. Со овој закон, се овозможува околу 3.000 лица да добиваат месечен надомест од по 8.356 денари, односно 34 проценти од просечно исплатената месечна нето-плата минатата година. Годишно за таа намена од буџетот на Агенцијата за вработување ќе бидат обезбедени 300.816.000 денари. Невработените лица опфатени со законот...

Собранието ќе расправа за минимална плата и за укинување на радиодифузната такса

Собранието денеска во 11 часот ќе ја продолжи 12. седница, на која како точки на дневен ред се законот за минимална плата, законот за стечајците и укинување на радиодифузната такса. Освен тоа, на дневен ред ќе се најде и предлог за утврдување на бројот на потпретседатели на Собранието, ратификација на Спогодбата за соработка помеѓу Владата на Република Македонија и Советот на...

Шилегов: ВМРО-ДПМНЕ го блокира носењето на законите за минимална плата и за стечајци

Два дена пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Влатко Ѓорчев со јалови дискусии и со бесцелни меѓусебни репики, ја блокираат Комисијата за труд и социјална политика и постапката за донесување на предлог-законите за минимална плата и за стечајци, изјави денеска пратеникот на СДСМ, Петре Шилегов. - ВМРО-ДПМНЕ во суштина ја блокира можноста на вработените кои имаат најниски примања и на вработените во...

Законот за јазиците и огласот за наследникот на Зврлевски денеска во Собранието

Собраниската Комисија за европски прашања денеска треба да ја продолжи седницата на која се расправа за предлог-законот за употреба на јазиците, во прво читање. Со законот се предвидува во сите органи на државната власт во Република Македонија, централни институции, јавни претпријатија, агенции, дирекции, установи и организации, комисии, правни лица кои вршат јавни овластувања согласно закон и други институции, службен...

СДСМ: 3.000 стечајни работници ќе добиваат месечен надоместок од 7.596 денари

Отстранети се сите пречки и наскоро ќе биде донесен законот за материјално обезбедување на невработени лица поради приватизација на претпријатија со доминантна сопственост на државата, во јавноста познат како законот за стечајци, се вели во утринското соопштение на СДСМ. Во него се додава дека „со оваа мерка ќе се реши проблемот со статусот на стечајните работници и ќе се исправи...

Јовановиќ: Со ребалансот пративме порака, ќе кратиме на „чоколадо“ а ќе трошиме за „леб“

„Министерот за задолжување“, Драган Тевдовски за 70 дена успеа да стопи цели 126 милиони евра пари на граѓаните од девизните резерви, се вели во утринското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. До сега, откако ВМРО-ДПМНЕ се опозиција, најголем дел од утинските партиски соопштенија се однесуваат на обвинувања за задолжувањето на оваа влада. Иако министерот за финансии, Драган Тевдовски неколку пати кажа дека владата до...

Ременски: ВМРО-ДПМНЕ да не ги блокира законите за стечајците и за минималната плата

Крајно време е да се откажете од тесно-партиските интереси и од партиската пропаганда, и да  престанете да ги блокирате законските решенија кои што ќе им помогнат на две групи наши сограѓани, побара денеска пратеничката од СДСМ Фросина Ременски од нејзините колеги од ВМРО-ДПМНЕ. - Со вашите јалови дискусии во Собранието на Република Македонија за одбрана на криминалот и попречување на...

Владата договори дополнителна координација за законот за јазиците

На 18. седница синоќа, Владата на Република Македонија, покрај за шумските пожари и за проблемот со струшката депонија, расправала и за Законот за јазиците, за стечајните работници, како и за повеќе социјални закони, соопшти владината служба за информирање. Било дебатирано за усвојување на предлог-закон за употреба на јазиците и било договорено да се прави понатамошна координација, односно да се утврдат...

Царовска на нова рунда разговори со стечајците од Куманово

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, денеска одржала средба во Куманово со стечајните работници, на која се дискутирало за решенијата за нивниот статус. Тие би требало да станат дел од pредлог-законот за изменување и за дополнување на Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизација на претпријатијата со доминантна сопственост на државата, познат како Закон за стечајци. Како...

СДСМ: Парламентарното малцинство нема да ја киднапира иднината на граѓаните и на државата

Ниту едно блокирање на демократските процеси, ниту едно беспотребно меѓусебно реплицирање од страна на парламентарното малцинство нема да ги спречи промените и да ја киднапира иднината на државата за која гласаа мнозинството граѓани, реагира денеска СДСМ на однесувањето на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и од коалицијата во Собранието на Република Македонија. СДСМ порачува дека ако Груевски и неговите соработници не ја...

Стечајците протестираа и бараа системско решавање на нивниот проблем

Стечајците денеска протестираа пред зградата на Сојузот на синдикатите (ССМ), каде што побараа оставка од претседателот, Живко Митревски. Според нив, тој ниту еднаш не предложил мерки до Владата со кои ќе се обесштетат. Тие револтот го искажаа и пред Собранието, кое го сметаат за виновно за сегашнаta состојба бидејќи пратениците не донеле закон со кој ќе се реши нивната сосотојба. Стечајците најавуваат помасовни протетси во наредниот...

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...