fbpx
Таг: ставови

таг: ставови

„Жолт картон“ од Европската комисија

Во преден план на презентацијата на годинешниов пакет документи за проширувањето на Европската комисија беа токму новодојденците во тој пакет - Украина, Молдавија и Грузија. За нив продолжува забрзаната патека со предлози за почеток на преговорите, кои сепак се со одложено дејство и/или условени. Придодадена од Западниот Балкан е Босна и Херцеговина со можен условен предлог за почеток на преговорите....

Посетата на фон дер Лајен – реплика на пораките од Тирана

Станува веќе традиција пред објавувањето на годишниот пакет за проширувањето претседателката на Комисијата да го обиколи регионот на Западниот Балкан. Оваа година тоа се случува непосредно по одржувањето на Самитот на Берлинскиот процес во Тирана. Она што оваа есен како „крупен залак“ го носи во регионот највисоката претставничка на Европската комисија е новиот План за раст на Западниот Балкан. Барем...

Извештајот на дванаесетмината: како конкрено влијае на македонскиот случај

Најпрвин да раздвоиме – што е толкување на предлозите на Извештајот на француско-германската екпсертска група за реформи на Унијата, а што е проценка за тоа што е остварливо, кога предлозите ќе блезат во „политичкиот барабан“. Овде се задржуваме на анализа како конкретните предложени принципи на проширувањето содржани во Извештајот влијаат на Македонија. Принципите за исполнување услови за пристапување „Најпрвин темелите“, односно...

Далекусежни мисли, но без датум

Последниот (во овој мандат или воопшто) говор за состојбата во Унијата на претседателката Урсула вон дер Лајен беше очекуван со посебно внимание. Некои се обидуваа да одгатнат дали ќе се кандидира и за следниот мандат, но засега без успех. Првите оценки на аналитичарите се дека таа сепак играше „на сигурно“, што би можело да најавува нова кандидатура. Во говор кој...

Реформа на јавната администрација: што се крие зад „умерено подготвена“

И реформата на јавната администрација (РЈА) е за прв пат дел од преговорите. За оваа област acquis е оскудно, зашто во Унијата важи принципот на институционална автономија на државите членки. Сепак, растечката хармонизација на правото на ЕУ, кое го спроведуваат државите членки, има влијание врз нивните институционални и административни структури. Комисијата на почетокот го наведува „правото на граѓанинот на добро...

Демократските институции во долга консолидација

Во следните неколку статии, ќе дадеме преглед на наодите од Извештајот на скринингот за секоја област односно поглавје содржани во Кластерот Темели. Демократските институции се за прв пат дел од преговорите. На почетокот на самиот извештај се наведува дека не постои единствен модел, ниту дефиниција на демократијата, туку заеднички принципи. Делот во кој се презентира acquis е прилично општ –...

Извештај за владеење на правото во ЕУ 2023: 65% од минатогодишните препораки во реализација, 35% не почнале да се реализираат

Извештајот на ЕК за владеењето на правото во 2023 година го доживува своето четврто издание. Тој станува една од воспоставените практики во Унијата, иако е сѐ уште „во изградба“ и секоја година има некои новини. Сепак, ќе биде потребно повеќе време да се оцени неговата ефикасност како еден од инструментите за унапредување на владеењето на правото во ЕУ. Oбластите остануваат...

Повеќе заедничка одбрана за повеќе стратешка автономија на ЕУ

Европскиот совет (29-30 јуни 2023 година) очекувано започна со поддршката на Украина, изразена како во повторената воена и политичка поддршка, така и во сѐ појасните сигнали за натамошниот пат кон членство во ЕУ. Оттаму, веројатно не е изненадување што втората усогласена точка на овој Европски самит беше одбраната и безбедноста. Концептот на стратешка автономија на ЕУ, силно промовиран со минатогодишната Версајска...

Солун – 20 години подоцна

Солунската агенда беше најавувана како пресврт во политиката на ЕУ кон Западниот Балкан. Со документите што ја сочинуваат (Декларацијата од Солун на Самитот на шефови на држави ЕУ – Западен Балкан и Заклучоците на Советот на ЕУ со прилогот „Солунска агенда за Западниот Балкан – движење напред кон европска интеграција“), таа навистина најконкретно дотогаш ја отвори перспективата за членство...

Граѓанско општество: поттикнувач на реформи или државен непријател?

Деновиве повторно се актуелизира улогата на граѓанското општество во Македонија, по повикот од највисоко државно ниво до европските донатори да ги „секнат“ парите за невладини организации и медиуми кои „работеле против Европа“, односно „против европските интеграции на земјата“.  Ова барање се актуелизира по околу една година, кога се вжештува дискусијата околу уставните амандмани. Па да погледнеме што вели ЕУ за...

Нови собири – старо-нови пораки кон Балканот

Почетокот на јуни го одбележаа два собири релевантни за проширувањето – првиот беше Глобсек вo Словачка, а вториот - Самитот на Европската политичка заедница во Молдавија. Се осврнуваме на конференцијата Глобсек 2023 во Братислава, на која можеа да се слушнат интересни погледи за проширувањето, иако тоа не беше централна точка на интерес – главниот аспект беше безбедносниот. Од Братислава можат...

Под знамето на ЕУ

Да ги погледнеме најпрвин здодевните формалности: Деловникот на Собранието на Република Македонија воведе посебни одредби за закони со кои се врши усогласување со законодавството на ЕУ со измените од 2008 година. Суштествените одредби се однесуваа на тоа дека на пратениците со предлогот на законот требаше да им се дадат информации и да им биде образложено какво е усогласувањето. Попрецизно, содржината...

НАТО кон руските граници – спринт со пречки

Три години по долгоочекуваното пристапување на Македонија во НАТО, се планира ново проширување на трансатлантската одбранбена организација. Ова проширување не беше очекувано. Финска и Шведска аплицираа за членство во НАТО истовремено - во мај минатата година. Тоа секако беше последица на новата гео-политичка ситуација, настаната со агресијата на Русија врз Украина. И двете држави претходно имаа привилегирани односи со...

Наместо подарок: факти за рамноправноста

Во овој изборен период Европската унија даде силен акцент на половата рамноправност. Стратегијата на ЕУ за полова рамноправност за периодот 2019 -2025 година, иако е во континуитет со претходните активности на Унијата, ја подигна половата еднаквост на ново рамниште. И самиот факт што Европската комисија за прв пат доби жена претседателка, Урсула фон дер Лајен, ја подигна свесноста и...

ЕУ и Украина: Брз колосек без брзо членство

На 3 февруари 2023 година се одржа 24. Самит ЕУ – Украина, прв од руската агресија врз оваа земја. Непосредно пред самитот, украинскиот претседател и премиерот ги повторија очекувањата за брзо членство во Унијата – споменувајќи ја невозможната цел од 2 години. Секако, познати им се позициите на институциите на ЕУ, но и борбите на мислења меѓу земјите членки...

До каде е скринингот?

По едномесечна празнична пауза продолжува скринингот. Тоа е веројатно добар момент да се направи пресек до каде е овој процес. Овде презентираните податоци се засноваат на објавениот календар на веб страната на СЕП и досегашното следење на скринингот. Двата дела од скринингот – објаснувачкиот и билатералниот – се одвиваат напоредно. Досега е завршен објаснувачкиот скрининг за првите три кластери: 1....

Дали ЕУ ќе успее да спречи нова „Кембриџ Аналитика“?

На Советот за општи работи на Европската унија одржан на 13 декември министрите расправаа и за транспарентноста и политичкото рекламирање и го утврдија нивниот став пред преговорите за ова прашање со Европскиот парламент. Точката не предизвика многу внимание, веројатно затоа што не е ни почеток, а сѐ уште ни крај на работата. Повеќе е некаде во средина.  Пакетот за...

„Ударите по џебот“ од ЕУ за Полска и Унгарија – колку се ефективни?

Полска Во јуни оваа година, Полска побара од Европската комисија да ги одмрзне средствата  од Фондот за обнова и отпорност во висина од 34 милијарди евра. Комисијата не ѝ ги префрла овие средства на Полска поради утврдените прекршувања на Регулативата (од 2020 година) со која се воведе условеност на владеење на правото за фондовите на ЕУ. Полска е нето-примател од...

„5 до 12“ за енергетска транзиција на Балканот 

Многу работи на Балканот се случуваат во последен миг. Како заладува времето, така зачестуваат состаноците и ветувањата за зелена енергетска транзиција на Западниот Балкан. За само еден месец беше најавена итна помош на Европската комисија за надминување на енергетската криза, потоа објавена нова декларација за зелена транзиција во рамките на Берлинскиот процес, па одржан и регионален состанок во Белград. Она...

„Стратешката интимност“ на новата Европска политичка заедница

Европската политичка заедница (ЕПЗ) беше инаугурирана веќе шест месеци по нејзината најава од страна на иницијаторот – францускиот претседател Емануел Макрон. Токму тој ќе оцени дека со неа се постигнала „стратешка интимност“ на континентот. Видливо е дека примарното значење дадено на првата средба е гео-политичкото, главно на симболичко ниво на единство на континентот, кое ја зајакнува изолацијата на Русија, по...

Сојузот на синдикати најави три протести, првиот ќе се одржи во вторник

Работниците и граѓаните повеќе немаат изговор да не учествуваат на протестите што ги организира Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), рече првиот човек на Сојузот, Слободан Трендафилов, на прес-конференција...