fbpx
Таг: статистика

таг: статистика

Странски инвестиции од 122,6 милиони евра во првото полугодие од годинава

Поголем одлив отколку прилив на странски капитал имало во земјава во второто тримесечје од годинава, кога зеде замав кризата предизвикана од корона вирусот. Според најновите податоци на Народната банка, во текот на вториот квартал од 2020 година, вкупните странски директни инвестиции во земјата бележат нето-одливи од 9,3 милиони евра, како резултат на намалениот меѓукомпаниски долг за 78,6 милиони евра,...

Бројот на библиотеки во земјава со години ист, членството за три години опаднало за речиси 50.000

Во Македонија лани имало вкупно 175 библиотеки со вкупно 82.928 зачленети лица, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Бројот на библиотеки во земјава со години е ист, а единствено се менува видот на библиотеките низ периодот, и тоа од специјализирани во друг вид библиотеки и обратно. Во споредба со 2016 година, лани се намалил бројот на специјализирани библиотеки...

Летово регистрирани 43.928 прекршоци за неносење маска, полицијата најстрога била во јуни (инфографик)

Полициските службеници изминатово лето регистрирале 43.928 прекршоци за неносење маска низ градовите во земјава. Во текот на летниот период, односно месеците јуни, јули и август, најмногу прекршоци за неносење маска (20.026) се регистрирани во месец јуни, а речиси двојно помалку се констатирани во текот на јули (11.054), покажуваат податоците на МВР. Мерката за прекршоци беше донесена на 22 април годинава,...

Во јули индустриското производство помало за 9,5 отсто, бројот на вработени опаднал за 6,2 отсто

Корона кризата продолжува да го зема својот данок преку намалување на индустриското производство и бројот на вработени во индустријата во нашата земја. Од јануари до јули 2020 година, индустријата регистрирала опаѓање на бројот на вработени за 4,6 отсто во споредба со лани, а најголема причина за ова е падот на индустриското производство од 13,8 отсто во првите седум месеци...

Корона вирусот негативно влијае врз природниот прираст во земјава

Намалување на бројот на живородени деца, а зголемување на бројот на починати има во второто тримесечје од годинава, кога се разгоре кризата предизвикана од корона вирусот. Според новите податоци на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во второто тримесечје од 2020 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 6,5 отсто и изнесува...

Ковид-19 предизвика историски негативни резултати во транспортот на патници во земјава

Јавниот превоз во градовите, меѓуградскиот и меѓународен автобуски превоз и патничкиот железнички сообраќај во вториот квартал од годинава регистрираа убедливо најмал број на превезени патници што некогаш е забележан во едно тримесечје во историјата на нашата земја. Транспортните компании претрпеле милионски загуби на патници во периодот од април до јуни 2020 година, кога беа на сила и најстрогите мерки...

Авиосообраќајот профункционира во јули, но бројот на патници драстично е намален (инфографик)

Воздухопловниот превоз од двата македонски аеродрома беше воспоставен во јули за прв пат од почетокот на корона кризата во нашата земја, но малку граѓани го користеле авиосообраќајот за патувања изминатиот месец. Државниот завод за статистика во јули 2020 година регистрирал вкупно 63.448 патници од аеродромите во Скопје и Охрид, што е за над 228.000 патници помалку во споредба со...

Регистрирани се нови 78 случаи на ковид-19, починаа 4 лица, а оздравени се 40 пациенти

Во последните 24 часа се направени 860 тестирања, а регистрирани се 78 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-28, Куманово-5, Дебар-4, Прилеп-8, Тетово-4, Битола-1, Охрид-1, Кавадарци-2, Гостивар-8, Радовиш-1, Кочани-2, Пробиштип-1, Македонски Брод-1, Берово-4, Делчево-3, Кичево-3, Неготино-2, информираат од Министерството за здравство. Оттаму соопштуваат дека починати се четири лица, двајца пациенти од Гостивар на 71 и 82 години и 73 годишна пациентка...

Нови 137 случаи на ковид-19, почина едно лице, а оздравеа 58 пациенти

Во последните 24 часа се направени 1.414 тестирања, а регистрирани се 137 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-53, Куманово-19, Штип-8, Тетово-4, Струга-2, Велес-6, Битола-7, Гостивар-10, Гевгелија-2, Струмица-1, Крива Паланка-2, Пробиштип-2, Македонски Брод-3, Берово-2, Делчево-5, Свети Николе-6, Кичево-3, Неготино-2, информираат од Министерството за здравство. Оттаму посочуваат дека во болнички услови почина 63 годишен пациент од Дебар. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира...

Пораст на платите иако е криза

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јуни 2020 година, изнесува 26.867 денари, што е зголемување за 6,6 отсто во однос на истиот месец од минатата година, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика(ДЗС). Просечна плата е зголемена и во однос на мај, годинава кога изнесувала 26.390 денари иако македонската економија е на удар од кризата предизвикана од...

ИЈЗ: Зголемен бројот на тестирања и оздравени пациенти, опаѓа бројот на смртни случаи и ковид позитивни

Во периодот од 10 до 16 август направени се вкупно 11.605 тестирања на ковид-19, 2.062 или 17.8 проценти повеќе споредено со претходната недела. Од направените тестирања, регистрирани сe 902 нови позитивни случаи, а во наведениот период процентот на позитивни од тестирани изнесува 7.8 проценти, што покажува тренд на континуирано намалување во однос на претходните недели кога истиот се движи...

Нови 130 случаи на ковид-19, двајца пациенти починаа и 152 се оздравени

Во последните 24 часа направени се 1.742 тестирања, а регистрирани се 130 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-40, Куманово-6, Штип-13, Прилеп-5, Тетово-13, Струга-4, Битола-3, Охрид-6, Кавадарци-2, Гостивар-18, Струмица-1, Пробиштип-2, Берово-1, Виница-5, Делчево-4 и Кичево-7, информираат од Министерството за здравство. Оттаму додаваат дека во болнички услови починати се двајца пациенти, еден од Скопје (70г.) и еден пациент од Штип (75г.). Денеска Институтот...

Регистирани 87 нови случаи на ковид-19, пет починати и 51 излекуван пациент

Во последните 24 часа направени се 1.156 тестирања, а регистрирани се 87 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-34, Куманово-13, Тетово-8, Струга-1, Битола-1, Кавадарци-4, Гостивар-20, Струмица-2, Берово-1, Кичево-3, информираат од Министерство за здравство. Оттаму додаваат дека во болнички услови починаа пет пациенти, три пациенти од Скопје (49г., 74г. и 72г.), пациентка од Струга (53г.), и пациентка од Берово (57г.) Денеска Институтот за...

Нови 160 случаи на ковид-19, тројца пациенти починаа и 368 се оздравени

Во последните 24 часа направени се 2.172 тестирања, а регистрирани се 160 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-38, Куманово-19, Дебар-1, Штип-10, Прилеп-4, Тетово-20, Струга-9, Велес-3, Битола-1, Охрид-4, Кавадарци-4, Гостивар-13, Струмица-2, Кочани-4, Пробиштип-1, Демир Хисар-3, Македонски Брод-2, Пехчево-2, Берово-2, Валандово-1, Виница-2, Делчево-1, Свети Николе-5, Кичево-8, Неготино-1, информираат од Министерство за здравство. Оттаму додаваат дека во болнички услови починаа тројца...

Регистрирани нови 139 случаи на ковид-19, почина едно лице, а оздравеа 239 пациенти

Во последните 24 часа се направени 1627 тестирања, а регистрирани се 139 нови случаи на ковид-19 во и тоа: Скопје-30, Куманово-20, Дебар-2, Штип-15, Прилеп-1, Тетово-6, Струга-8, Битола-2, Охрид-3, Кавадарци-8, Гостивар-19, Гевгелија-1, Струмица-2, Кочани-5, Демир Хисар-2, Македонски Брод-3, Берово-1, Делчево-1, Свети Николе-6, Кичево-4, информираат од Министерството за здравство. Оттаму соопштија дека починат е еден пациент од Охрид на 66 годишна возраст...

Лани за првпат сме имале помалку од 20.000 живородени во земјава (инфографик)

Бројот на живородени во нашата земја лани изнесувал 19.845 деца и за првпат во изминативе 25 години падна под границата од 20.000 на годишно ниво, откриваат податоците од новата публикација за природното движење на населението на Државниот завод за статистика. Споредбата на податоците од периодот 1994-2019 година покажува драстично намалување на бројот на живородени и пораст на бројот на починати...

ЕСМ изработува три проекти за проширување на парното греење во Автокоманда и Железара

„Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ) потпиша три договори за изработка на проектна документација за изградба, реконструкција и проширување на топловодната мрежа во скопските населби Автокоманда и Железара. Изготвувањето на проектите треба да биде основа за проширување на дистрибутивната мрежа во системот за снабдување со топлинска енергија од когенеративната електрана „КОГЕЛ“ што се наоѓа во скопската железарница, а е во...

Превозот на патници со меѓународни возови и годинава ќе руши неславен рекорд (инфографик)

Неславен биланс на превезени патници во меѓународниот железнички сообраќај регистрирал Државниот завод за статистика. Во 2019 година биле превезени најмалку патници со воз кон странските дестинации во минатата деценија, а годинава за првпат во историјата е веројатно Македонија да нема ниту еден превезен патник со воз во меѓународниот железнички сообраќај поради затворените граници како резултат на пандемијата со ковид-19. Меѓународните...

Од година во година опаѓа бројот на ученици и студенти што се сместуваат во домови и интернати

Во последните седум години за 29 отсто опаднал бројот на ученици и студенти што се сместуваат во домови и интернати за време на школувањето. Домовите за ученици и студентските домови обезбедуваат сместување и исхрана, но бројот на оние што престојуваат во нив се намалува низ текот на годините. Па така, ако во учебната и академска 2012/2013 година нивниот вкупен...

Најмногу патуваме со автомобили, сè помалку користиме јавен превоз, автобуси и возови (инфографик)

Во изминативе три децении, навиките за патување на македонските граѓани значајно се промениле. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека автомобилот и такси превозот постанале главното средство за патување низ годините. Во 2018 година, 80,4 отсто од изминатите патнички километри во патниот превоз (9.452 милиони патнички километри) граѓаните ги поминале со своите автомобили или со такси. За разлика...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...