fbpx
Таг: статистика

таг: статистика

За едно деноноќие евидентирани 148 нови ковид-случаи

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.261 тестови, а регистрирани се 148 нови случаи на ковид-19. Од вкупниот број на позитивни, регистрирани се 40 реинфекции, а има и 45 оздравени пациенти. „Во текот на изминатите 24 часа не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно Регистарот на умрени лица...

За една година регистрирани дополнителни 59.000 возила на македонските патишта [инфографик]

Бројот на граѓани и компании кои имаат сопствено возило за само една година се зголемил за загрижувачки 59.000. На крајот од 2021 година, во Македонија биле регистрирани 559.418 возила на патиштата, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС). Во периодот на ковид-19 пандемијата, постои засилено зголемување на стапката на моторизација на населението во земјава. Колку за споредба, во...

Огромни 85,8 отсто од отпадните индустриски води се испуштаат непрочистени во природата [инфографик]

Испуштените води од индустријата во земјава во огромно мнозинство се вливаат како непречистени во македонските реки, езера и акумулации. Овој алармантен податок го објави Државниот завод за статистика и за 2021 година. Од вкупно испуштените води од индустријата, само 14,2 отсто лани биле пречистени. Преостанатите 85,8 отсто од индустриските води биле испуштени како непречистени во природата, се наведува во...

Инфлацијата во мај во земјава се искачи на 11,9 отсто

Нови загрижувачки бројки за инфлацијата - индексот на трошоците на животот во мај годинава, во однос на мај 2021 година, бележи зголемување од 11,9 отсто, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 12,1 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС). За период од еден месец, индексот на трошоците на живот во мај годинава во однос на...

Во земјава има 6.037 доктори на науки и 18.897 неписмени лица

Во С. Македонија, 6.037 лица (0,4 отсто) се со докторат, 23.192 лица (1,5 отсто) немаат никакво образование, а пак, 62.129 лица (4,1 отсто) се со незавршено основно образование. Ова го покажува евиденцијата на Државниот завод за статистика, во согласност со Програмата за објавување и дисеминација на податоците од Пописот на населението, домаќинствата и становите во државата. „Според писменоста, регистрирани се...

Просечната нето-плата во март во земјава се искачи на 31.080 денари

Просечната нето-плата во земјава надмина 30.000 денари. Во март 2022 година, таа достигнала 31.080 деанри, што претставува зголемување од 10,1 отсто во споредба со исплатената нето-плата по вработен во март 2021 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС). „Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Финансиски дејности и...

Трошоците за живот за една година скокнале за 10,5 отсто, маслото со повисоки цени од 31,9 отсто

Двоцифрена инфлација „тропа на вратата“ во Македонија. Трошоците за живот во април 2021 година во споредба со истиот месец лани се зголемени за 10,5 отсто, додека цените на мало пораснале за 11,1 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС). Споредено со март 2022 година, трошоците за живот во април пораснале за 2,2 отсто, додека цените на мало за...

Селекцијата лани минорно зголемена, 82,7 отсто од отпадот како мешан завршува на депонија [инфографик]

Селекцијата на отпадот останува неразрешлив проблем за македонските домаќинства и компании. И во 2021 година, најголем дел од комуналниот отпад што сме го создале, без било какво одвојување и фрлање во посебни контејнери, како измешано ѓубре завршило на депониите низ земјава. Според податоците од Државниот завод за статистика, дури 522.914 тони од собраното ѓубре по контејнерите е измешан комунален...

Обемот на несобран отпад низ годините расте, општините ја кочат изградбата на регионалните депонии [инфографик]

Проблемот со управувањето на отпадот во Македонија продолжува да расте, а главната опасност е можноста за создавање на нови диви депонии низ општините. Податоците низ годините покажуваат дека количеството на создаден комунален отпад од граѓаните и компаниите се зголемува побрзо од обемот на отпад што можат да го соберат јавните комунални претпријатија низ општините. Според податоците на Државниот завод за...

Железницата исчезнува: Возовите со нов рекорд на најмалку превезени патници [инфографик]

Патничкиот железнички сообраќај во Македонија и во 2021 година продолжил да руши неславни историски бројки според бројот на превезени патници. Според податоците на Државниот завод за статистика, со возови лани патувале само 252.000 патници, што е помалку и од 2020 година и претставува убедливо најлош резултат во историјата на постоење на Македонските железници. Најеколошкото и најевтино средство за масовен превоз...

Во последното деноноќие регистрирани 198 нови случаи на ковид-19, девет лица починале

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа, од направени 1.996 тестови се регистрирани 198 нови случаи на ковид-19. Најголем дел од новорагистрираните случаи се во Скопје – 120, потоа во Битола - 15, Прилеп – 11, Охрид – 7, Куманово и Виница – по 6, Кавадарци – 5, Тетово, Велес, Штип и Кичево – по 4, Дебар...

Јавниот превоз во Скопје лани со само 30 милиони патници, ќе почекаме на 250-те нови автобуси [инфографик]

ЈСП-Скопје и приватните автобуски превозници во 2021 година превезле вкупно 29.797.130 патници. Бројот на патници е зголемен за повеќе од 2 милиони во однос на 2020 година, но сепак бројката лани е речиси двојно помала во споредба со користењето на јавниот превоз од граѓаните пред појавата на ковид-19 пандемијата. Колку за потсетување, во 2019 година градско-приградските линии во Скопје...

Герасимовски: Никогаш не сме имале толку висока смртност кај населението [инфографик]

Наталитетот е намален, а со помалку живородени деца населението старее. Старечкото население преовладува, па следствено на тоа и смртноста на ниво на државата расте. Сепак, во последните три години, бележиме високи бројки на починати лица, какви што сме немале никогаш досега. Овие заклучоци за Мета.мк ги потенцира Дончо Герасимовски, специјалист во областа на статистиката и поранешен директор на Државниот завод...

За првпат во историјата, во Европа електричните автомобили повеќе продавани од дизелашите

Во Европа во текот на декември 2021 година се продадени повеќе електрични автомобили во споредба со дизелашите, пишува Фајненшел Тајмс. Станува збор за историски резултат, којшто е силно поддржан од субвенции од владите и законските ограничувања за возилата што испуштаат штетни материи во воздухот. Повеќе од една петтина од продадените автомобили во 18 европски земји, вклучувајќи го и Обединетото Кралство,...

Климатски промени: Последните седум години најтопли во човековата историја

Глобалното затоплување продолжува и научните податоци за последните седум години покажуваат дека тие се најтоплите во човековата историја, пренесува Гардијан. Температурата на светско ниво во 2021 година била за 1,2 Целзиусови степени над прединдустриските нивоа. Ова значи дека климатските промени со несмалено темпо продолжуваат да создаваат екстремни временски услови на Земјината топка, предизвикани од емисиите на стакленички гасови. Европската климатска...

Цената на струјата ќе расте, само 14 отсто од домаќинствата имаат соларни колектори [инфографик]

Додека се редат мноштво анализи за процентот на поскапување на електричната енергија за домаќинствата и малите потрошувачи во земјава, статистичките податоци покажуваат дека мнозинството домаќинства немаат алтернативни извори за снабдување со струја, коишто би можеле да им ги намалат месечните сметки кон ЕВН Хоум. Државниот завод за статитистика деновиве излезе со податоци за тоа каква е ситуацијата со инсталираните сончеви...

Ковидот лани ја намали потрошувачката на дизел кај возилата, потребата од мерки против нечистиот воздух останува [инфографик]

Заедно со заладувањето на времето и порастот на деновите со загаден воздух во македонските градови, повторно се отвора прашањето за изворите на емисии на штетни гасови кои го создаваат овој проблем. И најновите податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека патниот сообраќај е најголем консумент на нафтените деривати во земјава, особено на дизелот, при што само за деценија...

Цените на мало во септември зголемени за 5,6 отсто, трошоците на живот со раст од 3,7 проценти

Индексот на трошоците на животот во септември 2021 година, во однос на септември 2020 година, бележи зголемување од 3,7 отсто, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 5,6 отсто, се наведува во најновиот извештај на Државниот завод за статистика. Зголемување на трошоците на животот и цените на мало се забележува и во споредба на септември во однос на...

Уште осум дена до крајот на пописот, од ДЗС се децидни дека никој нема пристап до личните податоци

Уште осум дена до крајот на пописот кој во земјава не е направен две децении. Од Државниот завод за статистика велеат дека попишувачите работат со максимален капацитет за никој да не биде изоставен и непопишан. Тие апелираат граѓаните да бидат трпеливи, но и да не примаат лажни попишувачи, односно да проверат дали се овластени од ДЗС. „Исто така, би сакале да...

ДЗС: До вчера до 20 часот на пописот се евидентирани 871.488 лица во земјава

Државниот завод за статистика информира дека до вчера (17.09.2021) до 20 часот, во државата се попишани 871.488 лица, 272.177 домаќинства и 368.595 станови. Надвор од државата, пак, преку интернет досега самостојно се евидентирале 193.236 иселеници. При посетата на Комисиите на пописни реони Дебар, Маврово-Ростуша и Струга Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, вчера посочи дека процесот на попишување...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...