92-годишен прилепчанец измамен за 17.000 евра


Прилеп, 6 јануари, 2018 - 12:00 (META) 

Ѓ.А. (92) во Полициската станица во Прилеп, пријавил дека вчера околу 13 часот на плоштад „Александар Македонски“ бил измамен од две непознати лица.

„Лицата го пресретнале и почнале раговор со него, по што му дале еден машки часовник, за кој му рекле дека вреди многу пари и дека некој им го продава. Ѓ.А. им рекол дека тој има евра и отишол во банка и подигнал 17.000 евра, кои им ги дал на двете лица. Тие му кажале да ги почека за да и ги покажат парите на некоја жена, која ги чека во возило и дека ќе се вратат за пет минути, по што заминале во непознат правец. По извесно време, откако лицата не се вратиле, Ѓ.А. сфатил дека е измамен, по што го пријавил настанот“, се вели во билтенот на МВР.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и за целосно расчистување на случајот.


Разбојник ограбил и до смрт претепал 91-годишен жител на Свети Николе


Свети Николе, 29 јули, 2016 - 15:48 (META) 

Вчера, во периодот меѓу 13 и 18.20 часот, непознат сторител претепал и ограбил 91-годишен жител на Свети Николе, во неговиот дом, информираат од МВР. Старецот, на кој му била укажана лекарска помош во светиниколската болница, ноќеска околу 2 часот им подлегнал на повредите.

Според полициските информации, разбојникот во станот на улицата Рахилка Гонева, влегол преку незаклучена врата и со тап предмет го нападнал 91-годишниот С.К., нанесувајчи му повреди по целото тело.

Откако го принудл да каже каде ги чува парите, разбојникот ги зел и ја напуштил куќата. Станува збор за сума од околу 30.000 денари.

Старецот, кој бил во бесознание, во болница бил однесен од неговиот син, од каде по укажната помош бил пуштен дома. Денеска, околу 2 часот, С.К. им подлегнал на повредите.

Полицијата презема марки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.


Непознати лица претепале, а потоа ограбиле гостиварец


Тетово, 8 март, 2016 - 15:00 (META) 

Педесет и едногодишен гостиварец вчера, околу 22 часот, на улицата Кеј Вардар во Гостивар, во близина на неговата куќа, бил претепан, а потоа ограбен.

Со видливи повреди на главата, легнат на улицата во бесознание, го пронашле двајца случајни минувачи кои повикале брза помош, која пацентот веднаш го однела во ургентното одделение во гостиварската болница.

Гостиварецот пријавил во полиција дека повредите му ги нанеле неколку непознати лица, кои запреле со непознато возило во близина на семејната куќа, насилно го внеле во возилото и повеќепати го удриле по главата и потелото, од што загубил свест. По неговото освестување, повредениот забележал дека непознатите лица од џебовите му одзеле денарски и девизни средства во вкупен износ од околу 120.000 денари.

По овластување и во координација со јавен обвинител, извршен е увид и се преземаат мерки и активности за расветлување на сите деталли поврзани со пријавеното и за откривање на сторителите.


Обвинителството почна истрага за убиството на старецот во село Маково


Битола, 22 февруари, 2016 - 14:37 (META) 

Основното јавно обвинителство Битола покренало истражна постапка против осомничениот за вчерашното убиство на 80-годишниот жител на мариовското село Маково, соопшти денеска јавното обвинителство.

Тој се товари дека по расправија со овчарски стап до смрт го претепал старецот.

„Осомничениот се товари дека пред селската продавница – кооперација во село Маково, општина Новаци, по вербална расправија, лишил од живот едно лице од истото село, така што со овчарски стап го удрил неколкупати во пределот на главата. Од ударот оштетениот добил повеќе повреди на главата, а по два-три часа починал во одделението за хирургија при Клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“ во Битола“, стои во соопштението на обвинителството.

Надлежниот обвинител до судија на претходна постапка на основниот суд во Битола поднел барање за определување мерка притвор за осомничениот.

Според неофицијални полициски информации, старецот бил претапан до смрт од осомничениот, по бизарна расправија, по неколку чаши ракија, откако тој ја пофалил работата на специјалната обвинителка, Катица Јанева, и се порадувал на кривичното гонење на поранешните министри на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески.


Го претепале до смрт оти ја фалел Катица Јанева, а ги кудел Јанкулоска и Јанакиески


Битола, 22 февруари, 2016 - 10:51 (META) 

Бизарна расправија, по неколку чаши ракија, била кобна за 80-годишниот старец од мариовското село Маково, кој бил до смрт претепан од 53-годишен поранешен осуденик откако ја пофалил работата на специјалната обвинителка, Катица Јанева, и се порадувал на кривичното гонење на поранешните министри на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески.

Токму тоа била причината поради која сега осомничениот му се нафрлил на старецот, неофицијално откриваат извори од полицијата.

Осумдесетгодишниот жител на мариовското село Маково вчера беше претепан до смрт и иако веднаш бил префрлен на одделот за анестезија, реанимација и за интензивно лекување, по кратко време им подлегнал на повредите.

Битолската полиција потврдува дека го привела осомничениот, по што се очекуваат детали за настанот.

Случајот бил пријавен вчера околу 13.30 часот, кога стрецот со тешки телесни повреди бил префрлен во битолската болница, каде и покрај настојувањето на лекарите, по кратко време починал.

– Пациентот е донесен со сериозни повреди во животна опасност, направена е интензивна реанимација, ставен е на машина за дишење, но само по половина час, поради типот на повредите, починал – изјави портпаролката на битолската клиничка болница, Јагода Стојановска.


Изгоре старец во велешката болница


Велес, 14 март, 2015 - 14:45 (META) 

Пациент се запали и изгоре во велешката болница. Според неофицијалните информации, старецот бил дементен, а наводно се запалил од цигара. Истрагата е во тек.