!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Невработеноста во првиот квартал изнесува 22,9 проценти, објави ДЗС


Скопје, 10 јуни, 2017 - 10:32 (META) 

Во првото тримесечје од 2017 година, активното население во Македонија брои 952.644 лица од кои вработени се 734.043, а 218.601 лице се невработени, објави Државниот завод за статистика.

Стапката на активност во овој период е 56,7 проценти, стапката на вработеност е 43,7 проценти, додека стапката на невработеност е 22,9 проценти.

Стапката на невработеност во првиот квартал годинава, споредено со истиот период лани, е намалена за 1,6 отсто.


Стапката на инфлација во еврозоната е највисока во последните три години


Брисел, 4 јануари, 2017 - 14:07 (META) 

Официјалните бројки покажуваат дека инфлацијата во државите што припаѓаат на еврозоната, во декември се зголеми на највисоко ниво во последните три години, главно поради зголемување на трошоците за енергија.

Европската статистичка агенција (Евростат) соопшти дека годишната стапка на инфлација се зголемила на 1,1 процент во декември од 0,6 отсто во ноември.

Декемвриската стапка е највисока од септември 2013 година, кога инфлацијата исто така изнесувала 1,1 процент.

Бројката е во прилог на Европската централна банка, која настојува да ја намали инфлацијата под два проценти.


Стапката на невработеност во Канада се зголемила на 7 проценти


Торонто, 12 септември, 2016 - 10:23 (META) 

Во Канада во август се отворени 26.000 нови работни места, додека стапката на невработеност се зголемила за седум проценти, покажуваат податоците на канадската влада.

„Зголемувањето на невработеноста се случи бидејќи повеќе луѓе учествуваа на пазарот на трудот,“ се наведува во соопштението на канадската статистичка канцеларија, а пренесуваат светските агенции.

Зголемувањето на стапката на невработеност се случува во тешки времиња за канадската економија, чијшто развој забавува по големото намалување на производството на нафта, предизвикано по шумските пожари во покраината Алберта која е богата со нафта.


Невработеноста во Велика Британија под 5 проценти првпат од 2005 година


Лондон, 20 јули, 2016 - 12:49 (META) 

Стапката на невработеност во Велика Британија заклучно со мај oпадна на 4,9 проценти, што е најниско ниво од 2005 година, соопшти денеска британската канцеларија за статистика.

Како што наведува њујоршката агенција „Блумберг“, британскиот пазар на труд продолжил да покажува сигнали на закрепнување по одлуката Велика Британија да излезе од Европската Унија.

Кога станува збор за платите, порастот на основните примања неочекувано забавил на 2,2 отсто од 2,3 отсто, додека вкупната заработувачка се зголеми од 2 отсто на 2,3 отсто.


Годишната стапка на пораст на вкупните кредити во март изнесува 8,4 отсто


Скопје, 13 април, 2016 - 12:26 (META) 

Првичните податоци за кредитниот пазар за март 2016 година покажуваат понатамошен месечен пораст на кредитите, кој изнесува 0,9 отсто на месечна основа и е малку побрз во споредба со претходниот месец, соопштуваат од Народна банка

– Најголемиот дел од кредитите се насочени кон секторот население, а умерен пораст бележат и корпоративните кредити. Годишната стапка на пораст на вкупните кредити во март изнесува 8,4 отсто и е умерено над проекцијата за првиот квартал на 2016 година – се вели во соопштението на Народна банка.


Најниска стапка на невработеност во еврозоната


Брисел, 2 февруари, 2016 - 13:00 (META) 

Во еврозоната во декември минатата година имало 15,5 милиони невработени луѓе, односно најмалку во последните четири години, покажуваат податоците на европската служба за статистика Евростат.

Бројот на невработени е намален за 49.000, што е најмала бројка на невработени лица од октомври 2011 година, пренесува АП.

Стапката на невработеност на месечно ниво во декември е намалена на 10,4 проценти, така што е најниско ниво од септември 2011 година.

Меѓутоа, Евростат укажува на големи разлики во стапката на невработеност меѓу членките на еврозоната. Додека во Германија стапката на невработеност изнесува 4,5 проценти, во Грција и во Шпанија таа е повеќе од 20 проценти.