fbpx
Таг: стан

таг: стан

Скопјанец пронајден мртов во својот стан

Педесет и деветгодишен скопјанец вчераутро бил пронајден мртов во својот стан на улицата Наум Чакаров, во населбата Ѓорче Петров. Според полицијата, безживотното тело на Илија Ц. вчера, околу 10 часот, го пронашла неговата сосетка М.Т. (46), која имала клуч од неговиот стан. Смртта била констатирана од лекар на итната медицинска помош. Увид на местото извршила екипа на Секторот за внатрешни работи...

Станот на Џими Хендрикс ќе стане музеј

Станот на третиот кат од зградата што се наоѓа до куќата на композиторот Георг Фридрих Хендл во 1968 година стана дом на Џими Хендрикс, а тоа беше времето на објавувањето на неговиот албум „Електрик лејдиленд“ (Electric Ladyland). Станот досега се користеше како работен простор на организацијата „Хендл хаус траст“, во чија сопственост се наоѓаат двата станбени објекта, а неодмана во...

Куферче со пари украдено од стан на скопјанец

Непознат сторител викендов провалил во стан на 68-годишен скопјанец и украл куферче, во кое имало поголема сума пари и лични документи. Како што информираат од полицијата, кражбата се случила во периодот меѓу петокот и неделата, во стан на улицата Кумровец. Крадецот со погоден алат и со употреба на физичка сила, провалил во станот и го одзел куферчето во кое, според...

Од стан во Скопје украдени 300.000 денари

Во периодот од 14 до 16 септември годинава, во Скопје, на булеварот Кочо Рацин, непознат сторител со употреба на погоден алат извршил тешка кражба во стан, сопственост на О.С. (55), од каде одзел разновиден златен и сребрен накит, по што го напуштил местото на настанот, стекнувајќи противправна имотна корист од околу 300.000 денари. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Ограбен стан во скопски Капиштец

Непознат сторител провалил во стан на 41-годишен скопјанец, во населбата Капиштец, од каде украл девизи, денари и златен накит, во вкупна вредност од 470.000 денари, односно околу 7.600 евра. Кражбата, според полициските информации, се случила во периодот меѓу 26 јули и 9 август. Крадецот во станот влегол со употреба на физичка сила и однел 100.000 денари, 700 евра, 200 австралиски...

Од стан во Дебар-маало украден накит вреден 6.000 евра

Непознат сторител деновиве провалил во дом на 46-годишен скопјанец и украл плен чија вредност била проценета на околу 360.000 денари, односно околу 6.000 евра. Според полициските информации, кражбата се случила во периодот меѓу петокот, минатата недела и вторникот неделава, во стан на улицата Орце Николов, во Дебар-маало, во центарот на Скопје. Крадецот од станот однел златен накит, вреден околу 6.000 евра. Полицијата...

Од стан на тетовец украдени златен накит и пари

Разновиден накит, денари и девизи, вчера биле украдени од станот на 55-годишен тетовец, информира полицијата. Вредноста на украдениот плен била проценета на околу 480.000 денари или околу 7.800 евра. Според полицијата, од станот бил украден разновиден златен накит, 2.400 евра, 42.000 денари и 1.000 долари. Полицијата засега нема осомничено лице за тешката кражба.

Скопјанец пријавил кражба на накит вреден 5,5 милиони денари

Скопојанец вчера пријавил дека непознат сторител провалил во неговиот стан на улицата Јуриј Гагарин, во населбата Козле, и украл разновиден златен накит, информираат од полицијата. Според пријавата на скопјанецот В.В. (65), вкупната вредност на накитот што го однел крадецот била околу 5,5 милиони денари. Од полицијата велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Украден златен накит од стан во Скопје

Непознат сторител викендов провалил во стан, сопственост на скопјанецот Е.Г. (34), и украл златен накит, чија вредност била проценета на 100.000 денари. Според полицијата, кражбата се случила во засега неутврдено време, меѓу петокот и понеделеникот, а сторителот во станот влегол со насилно отворање на прозорецот. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Крадец однел плен вреден 5.000 евра од стан во Скопје

Непознат сторител, во петокот минатата недела, провалил во стан во населбата Скопје Север и однел плен чија вредноста била проценета на околу 300.000 денари, односно околу 5.000 евра. Според полицијата, од станот, сопственост на Д.Д. (45), крадецот однел 4.000 евра, златен накит, рачен часовник, фотоапарат и два клуча од автомобил. Полициски екипи извршиле увид на местото и преземаат мерки за откривање...

Деветгодишно девојче загина во пожар во Чаир

Деветгодишно девојче го загубило животот во пожар што вчеравечер избувнал во стан на улицата Емин Дураку, во скопската населба Чаир, информира полицијата. Во пожарот, кој од засега непознати причини избувнал околу 23.30 часот, повредени биле уште четири лица, кои биле пренесени во Градската хируршка клиника „Свети Наум Охридски“. Екипи на скопската противпожарна бригада успеале да го локализираат пожарот, а тим на...

Државните станови во Битола подобро се продаваат од приватните

Становите што ги гради Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор во Битола се продаваат како алва, за разлика од становите што ги градат приватните инвеститори. Лани за само една година АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор во Битола продало 150 стана откако цената за еден квадратен метар ја спушти на 600 евра, а...

Од стан во Куманово, украден плен вреден 12.500 евра

Непознат сторител вчера претпладне провалил во стан во Куманово и украл пари, златен накит и рачни часовници. Вкупната вредност на пленот била проценета на околу 765.000 денари, или околу 12.500 евра, информира полицијата. Кражбата се случила во периодот од 10.30 до 12 часот, во станот на Н.Т. на улицата Страшко Арсов. Крадецот во станот влегол откако со калауз ја отворил влезната врата. Претурал...

Ограбен стан во населбата Капиштец

Непознат сторител ноќеска провалил во стан во скопската населба Капиштец, во кој привремено живеел државјанин на Турција, и украл 300 евра, златен накит, рачни часовници и парфеми, сè со вкупна вредност од околу 330.000 денари, соопшти полицијата. Како што информираат оттаму, крадецот во станот влегол преку балконот од мезанинот, а потоа се прекачил на балконот од дневната соба на станот и...

Изгоре балкон од стан во населбата Кисела Вода

Во пожар, кој избувнал попладнево, изгорел балкон од стан на паттиот кат од зграда во скопската населба Кисела Вода, во близина на супермаркетот на „Тинекс“. Како што информираат од скопската противпожарна бригада, во пожарот, кој е изгаснат, нема повредени граѓани, а опожарен бил само балконот, додека внатрешноста на станот, сопственост на повозрасна жена, не била оштетена од огнот.

Од понеделник, канцеларија „Купи куќа, купи стан“ во Министерството за финансии

В понеделник почнува со работа канцеларијата „Купи куќа, купи стан“. Канцеларијата се наоѓа во Министерството за финансии и ќе биде отворена за заинтересираните за проектот секој ден од 10 до 15 часот. Граѓаните таму ќе можат да се информираат за сите погодности што ги нуди „Купи куќа, купи стан“, како неповратни средства до 14.000 евра и ниски каматни стапки, но ќе можат да...

Жител на Житоша осомничен за измама

Крушевската полиција поднела кривична пријава против Р.О. (30) од селото Житоша, кој е осомничен дека измамил соселанец, ветувајќи дека за одредена сума ќе му среди за виза и за стан во Швајцарија, информираат од полицијата. Како што објаснуваат оттаму, осомничениот на својот соселанец му ветувал виза за постојан престој и стан во Швајцарија, осум години, односно од јули 2006 година до...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...