fbpx
Таг: стакленички гасови

таг: стакленички гасови

Земјите на Г20 не успеаја да договорат конкретни акции за намалување на стакленичките гасови

Земјите на Г20 не успеаја да договорат конкретни акции за намалување на опасните емисии на јаглерод, објавувајќи само изјава во која се оценуваат сегашните мерки за справување со климатските промени како недоволни. По тридневни состаноци во јужниот индиски град Ченај, организаторите објавија документ кој покажува дека земјите, кои се одговрни за над 80 отсто од гасовите кои предизвикуваат глобално затоплување,...

Во САД ќе започне најголемиот светски проект за отстранување на јаглерод диоксид од атмосферата

„Проектот Бизон“ официјално со работа ќе започне следната година во државата Вајоминг во САД, а има за цел да го отстранува јаглеродниот диоксид од атмосферата. Овој проект кој го водат две климатски технолошки компании претставува најголем проект за зафаќање и складирање на јаглерод во светот и треба да им помогне на индустриите да ги исполнат своите нето-нула цели и...

Холандски град се подготвува да забрани реклами за месо од 2024 година

Градот Харлем во северозападна Холандија се подготвува да стави забрана на најголемиот дел од рекламите за месо од јавниот простор поради влијанието на оваа храна врз климата, пренесе Би-би-си. Градските власти ќе започнат со оваа мерка од 2024 година, а се верува дека Харлем ќе биде првиот град во светот кој ќе воведе ваква забрана. Предлогот беше инициран од еколошката политичка...

Земјите во развој ги обвинија богатите нации за „предавство“ во разговорите за климата во Бон

Богатите нации беа обвинети за „предавство“ на земјите во развој за време на разговорите за клима на конференцијата во Бон, Германија, јавува „Би-би-си“. Земјите во развој тврдат дека климатските промени што ги доживуваат се предизвикани од историски високите емисии на јаглерод диоксид кои потекнуваат од побогатите земји. Тие велат дека Европа и САД сега имаат одговорност да им платат за...

Анализа: Рекордно најтоплата година се очекува до 2026

Нова анализа покажува дека веројатноста за надминување на клучниот праг на глобалното затоплување е значително зголемено. Истажувачите од Метеоролошката канцеларија на Обединетото Кралство, која што претставува национална британска метеоролошка управа, велат дека шансите во следните пет години светот да се загрее за повеќе од 1,5 степени Целзиусови сега се „педесет-педесет“. Ваквиот пораст би бил привремен, но истражувачите се загрижени...

Амбициозни цели се зацртуваат на КОП26 во Глазгов, но остварувањето останува под прашалник

Глобалната Конференција за климатските промени на ОН (КОП 26) што се одржува во Глазгов, Обединетото Кралство, досега донесе заветувања на огромен број промени за ублажување или неутрализирање на климатските промени. Сепак, заветувањата на глобалниот настан на Обединетите Нации нема да бидат задолжителни, а различните групации на „зелените“ организации и групи велат дека и предлозите не се доволни за да...

Гугл и Јутјуб повеќе нема да дозволуваат рекламирање на содржини што ги негираат климатските промени

Гугл објави дека повеќе нема да се исплаќаат пари на креаторите на содржини што го промовираат негирањето на климатските промени и нема да поставуваат реклами на вакви содржини или реклами што го прават тоа. Промената ќе ги опфати издавачите, рекламерите и креаторите на содржини на Јутјуб и тие повеќе нема да може да печалат пари од содржини што „се спротивставуваат...

Уметничка акција во Скопје за климатските промени: Ние го правиме балансот [фото]

Kлиматските промени сè почесто ги чуствуваме на сопствената кожа, веќе не е прашање дали ќе се случат туку какво ќе биде нивното влијание и во колкава мера ќе ја погодат планетата Земја и каква ќе биде состојбата во Македонија, велат од Центарот за современи уметности Скопје по повод нивната уметничка акција што ја реализираа во Скопје за климатските промени. „Идејата...

Владата го усвои Ревидираниот национален придонес кон Договорот од Париз за клима

На вчерашната седница Владата го усвои Ревидираниот национален придонес кон Договорот од Париз за клима, предложен од Министерството за животна средина и просторно планирање. „Целта е да се заложиме до 2030 година да се постигне 51% намалување на емисиите на стакленички гасови во однос на емисиите од 1990 година“ соопшти министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини. Во поднесокот...

Метеоролозите од САД велат дека 2020 ќе биде најтоплата година досега

Иако блокадите на населението поради пандемијата Ковид-19 драстично ги намали количествата испуштени стакленички гасови, сепак ќе бидат потребни уште мерки за борба против глобалното затоплување, а 2020 по се изгледа ќе биде најтоплата година откако во континуитет се вршат метеоролошките мерења. Шансите за тоа се 50 до 75 отсто, а ако тоа се случи, ќе биде надминат рекордот на 2016...

Европската комисија го презентираше „Зелениот договор“

Европската комисија денеска го презентираше Европскиот зелен договор (European Green Deal) кој е патоказ за претворање на економијата на Европската Унија во одржлива преку претворање на климатските и еколошките предизвици во можности, низ сите сфера. „Тој е повторно потврдување на посветеноста на Европската комисија на справувањето со предизвиците поврзани со климата, кои се клучната задача на оваа генерација. Атмосферата се...

Калифорнија ќе забрани продажба на не-електрични возила во 2040 година

Секое ново возило што ќе се продава во Калифорнија од 2040 година ќе мора да биде електрично, односно воопшто да не испушта загадувачки гасови и честички, пропишува новиот предлог-закон што оваа седмица влезе во процедура во парламентот на сојузната американска држава. Предвидената забрана е поднесена од пратеникот Фил Тинг од Сан Франциско и е усогласена со целта на гувернерот на...

Светски ден на книгата: Расте поддршката од читателите за домашните автори

Светскиот ден на книгата, кој се слави секоја година на денешен ден, 23 април, претставува глобална прослава на пишаниот збор и цели да даде поддршка на писателите и на...