fbpx
Таг: стабилност

таг: стабилност

СДСМ: ЕПП и Бундестагот јасно кажаа дека мора да се почитува парламентарното мнозинство

„И Резолуцијата на Европската народна партија (ЕПП), како и заклучоците на германскиот Бундестаг во кои се вели дека мора да се почитува парламентарното мнозинство и дека нови избори не се опција, се јасни пораки до Груевски и до Иванов да престанат со непресметливото однесување, кое ги загрозува државните и националните интереси на Македонија и интересите на граѓаните“, се вели...

ВМРО-ДПМНЕ: Тиранската платформа влезе во Собранието со намера да се реализира

„Собраниското мнозинство вчера и официјално ја внесе тиранската платформа во Собранието и ја најави намерата во целост да ја реализира. Целата македонска јавност имаше можност да слушне што предвидува тиранската платформа и тоа директно од собраниска говорница“, се вели во редовното утринско соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата велат дека „тиранската платформа што ја прифати СДСМ во себе содржи неуставни елементи, чие реализирање...

Шилегов: Иванов опасно си игра со безбедноста и со стабилноста на државата

Во време кога Македонија се соочува со една од најголемите политички и институционални кризи, „креаторот на кризата, Ѓорге Иванов, реши да замине од државата“, велат од СДСМ по повод посетата на Иванов на Азербејџан. Портпаролот на СДСМ и пратеник во Собранието, Петре Шилегов, денеска на прес-конференција изјави дека наместо да го послуша ставот на мнозинството граѓани и на меѓународната јавност...

Тајани: Во некои земји од Западен Балкан нарушени се демократијата и стабилноста

Претседателот на Европскиот парламент, Антонио Тајани, на почетокот на дводневниот самит на Европската Унија во Брисел, изјави дека во некои од земјите на Западен Балкан нарушени се демократијата и стабилноста. Тајани во својот говор на почетокот на заседанието на шефовите на држави и на влади на земјите членки на ЕУ рече дека „Европската Унија во минатото била светилник за многу...

Враќањето на политичката стабилност мора да биде највисок приоритет, порача Заниер

Надминување на политичката пат-позиција и враќањето на политичката стабилност мора да бидат највисок приоритет, се наведува во соопштението на Мисијата на ОБСЕ во Скопје по завршувањето на посетата на генералниот секретар на организацијата, Ламберто Заниер, и на средбите со државниот и со политичкиот врв на земјава. Заниер, стои во соопштението, изразил загриженост за последните случувања во земјава и ги повикал...

Величковски – Тимоние: Стабилноста на Македонија зависи од демократијата во земјата

Претседателот на Либералната партија, Ивон Величковски, денеска имал средба со амбасадорот на Франција во земјава, Кристијан Тимоние, на која Величковски го реафирмирал ставот на партијата дека „евро-атланскиот и европскиот пат на Македонија оди заедно со владеењето на правото, остварувањето на правата на човекот и на граѓанинот и со борбата со криминалот и со корупцијата“. - Денес не е доволно да...

Попоски: Европска стабилност ќе дојде преку наша соработка со соседството

Министерот за надворешни работи Никола Попоски, на 53. Минхенска безбедносна конференција, која се одржува викендов во Минхен, рече дека Европска стабилност нема да дојде чекајќи ја од други, туку преку наша соработка со соседството. -Постои процес на редефинирање на односите глобално. Криза околу ЕУ значи намален апетит за интегрирање на нови членови. На Балканот и во Македонија би биле наивни...

Хан за „Цајт“: Во Македонија треба да се постигне промена во еден еволуциски процес

Ако не извезуваме стабилност, ќе увезуваме нестабилност - тоа важи како за Балканот, така и за преостанатото соседство на ЕУ, оценува еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан во интервју за електронското издание на германскиот весник „Цајт“, а во кое зборува и за Македонија, пренесува „Дојче веле“. „Во наш интерес е во ПЈР Македонија да има стабилност и развој...

Столтенберг: Балканот останува приоритет на НАТО, Белград и Приштина да ги смират тензиите

Балканот беше и останува еден од критичните региони и приоритети на НАТО, порача генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска на прес-конференција во Приштина. Тој посочи и дека е важно да се спроведуваат договорите што досега се постигнати во дијалогот на Приштина и Белград и истовремено им порача на политичките водачи во Белград и Приштина да ги смират тензиите. - Стабилноста...

ДС: Логично е мандатот за составување нова влада да го добие СДСМ

По неуспешниот обид ВМРО-ДПМНЕ да обезбеди парламентарно мнозинство за избор на влада, сосема логично и легитимно е мандатот за состав на нова влада да го добие СДСМ, се вели во соопштението на Демократскиот сојуз. - И покрај укажувањата на експертите и уставните решенија, мандатот да го даде на партијата или партиите што имаат мнозинство во парламентот, Ѓорге Иванов го даде...

ССК: Стабилност во новата година за економски пораст

На крајот од оваа година, бизнис-секторот апелира за стабилност во 2017 година како услов за економски пораст, се вели во соопштението на Сојузот на стопански комори на Македонија. Во него се додава дека на предновогодишниот настан организиран од комората било истакнато дека важно е на крајот на секоја година да се даде признание за сработеното, но и да се извлече поука...

Вучиќ даде отчет за работењето по повод 100 дена од формирањето на српската Влада

По повод 100 дена од формирањето на Владата на Србија, српскиот премиер Александар Вучиќ, изјави дека оваа држава може да се пофали дека ги сочувала економската и политичката стабилност како и добрососедските односи, јавува дописничката на „Мета“ од Белград. „Србија е стабилна и е на добар пат економски да напредува,“ изјавил Вучиќ на прес-конференција на која присуствувале сите членови на...

Ахмети – Ромео: Сите да придонесеме за добар изборен процес

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, денеска се сретна со новоименуваниот италијански амбасадор во Македонија, Карло Ромео. Ахмети и амбасадорот Ромео разговарале за политичката ситуација во земјава и за изборите на 11 декември, но и за реформите, како и за интеграцијата на Македонија во НАТО и во ЕУ. Ахмети ги појаснил ставовите на ДУИ за иборите на 11 декември,...

Иванов – Николиќ: Во регионот има премногу историја, но не треба да живееме во минатото

Македонија и Србија од воспоставувањето на дипломатските односи успеаја да изградат искрени и пријателски односи и заеднички интерес на двете земји е да продолжат да ја унапредуваат соработката, изјави македонскиот претседател, Ѓорге Иванов, по средбата со својот домаќин, претседателот на Србија, Томислав Николиќ. Иванов рече дека „во регионот има премногу историја и многу историски настани и личности кои треба да...

Јолевски во САД се сретна со Хојт Брајан Ји

Министерот за одбрана, Зоран Јолевски, во рамките на работната посета на САД се сретна со заменик-помошникот на државниот секретар, Хојт Брајан Ји, соопштија од Министерството за одбрана. На средбата министерот Јолевски информирал за реформите во одбраната, за модернизација на АРМ, која е целосно во согласност со НАТО-стандардите, за учеството на припадниците на АРМ во мисиите на НАТО и во други мировни...

Народна банка: И покрај кризата, македонскиот финансиски систем е стабилен

Во услови на неповолни домашни случувања, македонскиот финансиски систем ја задржа својата стабилност. Ова бил заклучокот на денешната редовна средба во Народната банка меѓу високите претставници од институциите што се надлежни за регулирање и за надзор на одделните сегменти од финансискиот систем на Република Македонија, информираат од кабинетот на гувернерот на Народната банка, Димитар Богов. На средбата учестувале претставници на...

Могерини: На светот му е потребна силна Европа

Целисходноста, па дури и опстанокот на Европска Унија е под знак прашање како никогаш досега, а на европските граѓани и на светот им е потребна силна ЕУ, пишува високата претставничка за надворешна политика и за безбедност на ЕУ, Федерика Могерини, во авторски текст што го пренесува „Данас“. Таа додава дека изминатите неколку години Европа станала нестабилна и помалку безбедна, а кризите во рамките...

Озборн: Британија е фискално стабилна

Британскиот министер за финансии, Џорџ Озборн, денеска соопшти дека никој не треба да се сомнева во фискалната стабилност на Велика Британија. – Британската економија може да се соочи со тоа што ја очекува. Државата ќе го активира член 50 кога ќе биде подготвена за тоа. Само Британија може да го активира членот 50. Според мене, ние треба да го направиме...

СДСМ: Богов да не се крие зад банките

„Гувернерот Богов веднаш да престане да се крие зад банките. Безобразно е на банките да ја префрлува одговорноста за стабилноста на депозитите на граѓаните“, се вели во соопштението на СДСМ. Од партијата велат дека „ако граѓаните сакаат да дознаат што мислат банките за стабилноста на нивните депозити, ќе си прашаат во банка“. - Дали според Богов и НБРМ депозитите на граѓаните во...

Богов: Економијата е стабилна, нема опасност од девалвација на денарот

„Македонската економија е стабилна и нема опасност од девалвација на валутата. Деновиве Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) излезе со проекција за економскиот пораст во оваа година од 3,6 проценти, но беше искажана загриженост дека најновите политички случувања и политичка несигурност што владее во Македонија, може да го загрози овој потенцијален економски пораст“, оценил гувернерот Димитар Богов на учеството на пролетниот...

Изложба „Уметници и бегалци“ во Чифте Амам

Изложбата „Уметници и бегалци“ ќе се отвори во вторник (2 aприл) во Националната галерија Чифте Амам во скопската чаршија. Делата на изложбата се инспирирани од сведоштва кои биле директно раскажани...