fbpx
Таг: ССНМ

таг: ССНМ

Новинарските организации реагираа: Заканите кон новинарите се атак врз демократијата

Македонскиот институт за медиуми (МИМ), Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Институтот за комуникациски студии (ИКС) денеска категорично ги осудија упатените закани кон претседателот на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) Насер Селмани. Селмани вчера објави дека добил закани по живот од луѓе на ДУИ и дека МВР професионално...

Десетици медиуми добија опомени за тужби за прекршување на авторски права за фотографии

Голем број македонски медиуми и неколку приватни лица деновиве добиле писма со опомена од адвокатка којшто застапува неколкумина професионални фоторепортери од Македонија во постапка за неовластено користење нивни авторски фотографии. Иницијативата за заштита на правата на авторите е поддржана од Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), и нивниот адвокат Наталија Миленковска, како што ни изјави, испратила триесетина опомени...

Новинарските здруженија се против „владино законодавство“, бараат саморегулација

На македонското новинарство воопшто не му е потребен закон за медиуми, па постоечкиот треба да се укине, а не да се размислува за нова верзија, порача Тамара Чаусидис, претседателката на Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници на Македонија (ССНМ) на денешната дебата „Утврдување на потребата за можни измени во Законот за медиуми“, која ја организираа Министерството за информатичко...

ССНМ бара да се исплатат неисплатените плати на вработените во МПМ

Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници (ССНМ) го поддржува барањето на поранешните вработени во „Медија принт Македонија“ за исплаќање на неисплатените плати и хонорари, кои се уставно гарантирано право на секој работник. Поради сомневањата за криминално работење, ССНМ во јуни годинава, поднесе кривични пријави против сопственикот и директорот на компанијата, Срѓан Керим, и управителката Јана Станисављева, за злоупотреба на службената...

Заев: МРТ ќе биде независен медиум, со независен директор и со независни уредници

Со парите што ќе се издвојуваат од буџетот на државата за „Македонската радио-телевизија“ (МРТВ), ќе се обезбеди независност на националниот сервис, порача лидерот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, од вчерашниот партиски мининг во Тетово, во рамките на кампањата за локалните избори на 15 октомври. Ова Заев го истакна зборувајќи за укинувањето на радиодифузната такса, со која досега се обезбедуваа...

Новинарските здруженија бараат 30 милиони евра за МРТ од буџетот на државата

Здружението на новинарите на Македонија, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници и Советот за етика во медиумите на Македонија до Министерството за информатичко општество и администрација доставиле забелешки за нацрт-законот за изменување и за дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Новинарските организации сметаат дека еден процент од буџетот на државата треба да се одвои за финансирање...

ССНМ го поздрави бесплатниот пристап до документи од Карастарот и од Централниот регистар

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) ја поздрави одлуката на Владата за бесплатен пристап на истражувачките новинари до документите од Централен регистар и од Агенцијата за катастар на недвижностите, и истовремено побара власта да го измени Законот за пристап до информации од јавен карактер. „Сметаме дека со оваа одлука на истражувачките новинари ќе им се олесни пристапот до...

ССНМ: 45 проценти од македонските новинари примаат плата пониска од државниот просек

Речиси 45 проценти од македонските новинари примаат плата пониска од државниот просек, кој изнесува 22.808 денари. Ова го покажа новата анкета на Самостојниот синдикат на новинарите и на медиумските работници (ССНМ), спроведена во јули и во август годинава, користејќи го интернет-сервисот „Survey Monkey“. „ССНМ консултираше 127 медиумски работници, од кои околу 80 отсто работат како новинари, а другите се уредници, фоторепортери,...

ЗНМ бара повеќе пари за финансирање на МРТ, ССНМ – подобри услови за новинарите

На јавната консултација со новинарските и со медиумските организации посветена на реформите во медиумите, која ја организираше Министерството за информатичко општество и администрација, претседателот на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Насер Селмани, ја критикуваше одлуката на Владата во ребалансот на буџетот да обезбеди само 3,2 милиони евра за финансирање на „Македонската радио-телевизија“ во последните три месеци од 2017...

Новинарските здруженија ги изнесоа барањата за итни медиумски реформи

Група новинарски и медиумски организации до Владата поднесоа барање за спроведување системски медиумски реформи, во кое се нагласени приоритетните законски измени и мерки што треба да се спроведат. Од Владата е побарано да почне инклузивен и транспарентен процес на јавна расправа, како за приоритетните така и за другите проблеми чие решавање може да доведе до подобрување на слободата на...

ЗНМ и ССНМ му предложиле решенија за медиумски реформи на премиерот Заев

Претставници на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и на Самостојниот синдикат на новинари и на медиумски работници (ССНМ) денеска се сретнале со премиерот Зоран Заев, при што се разговарало за итните медиумски реформи. Заев изразил подготвеност за спроведување на сите реформи неопходни за да се обезбеди слобода на информирањето. Претседателката на ССНМ, Тамара Чаусидис, и претседателот на ЗНМ, Насер...

ССНМ: Политиката и менаџментот се виновни за згаснувањето на „Дневник“ и на МПМ

Згаснувањето на еден од првите независни весници во Македонија е уште еден клинец во ковчегот со кој цела деценија се погребува новинарството во земјава, стои во реакцијата на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) за затворањето на дневниот весник „Дневник“. Од синдикатот, потсетувајќи дека „Дневник“ престана да излегува само месец и половина откако истата судбина ја доживеаја „Вест“...

ССНМ: Македонија не смее да биде земја во која нема слобода на медиуми

„На Денот на слободата на медиумите, за жал, Македонија спаѓа во земјите во кои не постојат слободни медиуми. Тоа го покажува индексот на „Фридом хаус“ за 2017 година, според кој се мерат слободата на изразувањето и слободата на медиумите. И оваа година на скалата на „Репортери без граници“ Македонија е последна во регионот“, се вели во соопштението на Самостојниот...

ССНМ: Работните права во медиумите застапени на ниво на статистичка грешка

Синдикалните права и правата од работен однос во македонските медиуми се застапени на ниво на статистичка грешка од само 3,5 проценти, покажува надзорот на известувањето на медиумите спроведен од страна на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), спроведен во периодот од февруари до април 2017 година. Во временски периодот од трипати по една седмица или во текот на 21 ден...

Европскиот центар за медиумски слободи и ССНМ бараат гонење на насилниците

Самостојниот синдикат на новинарите и на медиумските работници (ССНМ) ја пофали храброста на новинарите кои вчера известуваа и го документираа насилството и побара органите на прогонот веднаш да излезат со обвинителни акти. Истовремено, упати силна осуда за беснеењето и за пасивноста на полицијата. „Политиката на етикетирање, говор на омраза, вербално насилство кон новинарите која синоќа кулминираше во Собранието со напад...

ССНМ: Правосудните и истражните органи да ги испитаат случувањата во МПМ

Шпекулациите за стечај на „Медиа принт Македонија“ (МПМ), проследени со конкурси за вработување на новинари во фирма со слично име во сопственост на еден од директорите на МПМ, се последниот чин од драматичното пропаѓање на оваа медимска куќа, која уште еднаш потврди дека нема чесни намери кон своите вработени, велат од Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ). Оттаму...

Штрајкот на новинарите во МПМ ќе се зголеми на осум часа

Штрајкувачките одбори на „Дневник“, „Утрински весник“ и на „Вест“ донесоа одлука за зголемување на времетраењето на штрајкот на 8 часа, почнувајќи од денеска, информира Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ). „Ова е од причини што и по усните ветувања од раководството дека се прават напори за да се исплати јануарската плата, платата не е исплатена и нема никаквов прецизен...

ССНМ ќе го поддржи Маршот за женски права поради дискриминација на новинарките

Самостојниот синдикат на новинарите на Македонија (ССНМ) ќе даде поддршка и ќе му се приклучи на Маршот за женски права, во организација на Платформата за родова еднаквост, кој ќе се одржи утре, во 12 часот, пред споменикот „Олимпија“ на плоштадот „Филип Втори“. Маршот е за еднакви права, еднаква плата, достоинствен третман и за должно почитување.- На 8 март 1977...

ССНМ бара да се казнат напаѓачите на новинарската екипа од „А1он“

ССНМ го осуди вечерашниот вандалски напад врз новинарската екипа на порталот „А1он“ за време на протестот „За заедничка Македонија“ и побара полицијата да ги пронајде напаѓачите. „Синдикатот бара полицијата во најкраток можен рок да ги пронајде напаѓачите и да го расчисти инцидентот, бидејќи ова не е првпат да се претепуваат новинари и она што најмногу загрижува е што најчесто напаѓачите...

Петти ден штрајк на новинарите во МПМ

Со симболично делење на јубилејниот петилјадити број на весникот „Вест“ од страна на штрајкувачкиот одбор на „Вест“, „Утрински весник“ и на „Дневник“, денеска се одбележа петтиот ден од штрајкот на новинарите и на медиумските работници во редакциите на „Медиа принт Македонија“. Од Самостојниот синдикат на новинари велат дека прекинот на работата заради неисполнетите барања за плата и за хонорари продолжува,...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...