fbpx
Таг: ССНМ

таг: ССНМ

ССНМ очекува институционална акција за нападите врз Mетаморфозис

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници реагира на објавите на социјалните мрежи од последниот период во кои низ дезинформациска кампања со масовно споделување на клевети, навреди и говор на омраза, оркестрирано се напаѓа Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис. Во објавите се таргетираат сегашните и поранешните вработени кои преку нападите се изложени на сериозен ризик и закани по...

ССНМ: МПЦ-ОА да не создава паралелен судски систем за новинарите

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници ги толкува како непримерни, недостојни и опасни обидите на МПЦ-ОА да влијае на новинарските трудови и информирањето, и остро го осудува начинот на најбескрупулозна пресметка со главниот и одговорен уредник на порталот religija.mk, Марјан Николовски. ССНМ смета дека обвинувањата и „судската“ постапка во рамките на својата хиерархија во Светиот архијерејски синод во МПЦ-ОА...

Најголем број од новинарите и медиумските работници во земјава заработуваат потпросечни плати

Најголем број од новинарите и медиумските работници за својата работа примаат надомест под просечната плата во државата, покажа истражувањето кое е изработено од Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Институтот Ресис, а е поддржано од ЕУ, пишува Вистиномер.  Притоа, 55 отсто од новинарите земаат плата под просечната во државата, а 77 проценти од медиумските работници се под...

ЗНМ и ССНМ: Новинар и снимател на „Алсат“ спречени да ја вршат својата работа во Чашка

Новинарска екипа на телевизија Алсат утрово била спречена да ја врши својата работа за време на протест во Општина Чашка, реагираа Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници (ССНМ). Протестот пред општината бил против воведување паралелка на албански јазик во основното училиште „Тодор Јанев“ во Чашка. „Откако колегата Авни Тахири и снимателот Новица Апостолоски...

ЗНМ и ССНМ утре со протест поради срамната пресуда против новинарите на ИРЛ

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) утре (петок, 17 ноември), со почеток од 11 часот, ќе организираат протест пред Граѓанскиот суд во Скопје, за да реагираат против срамната пресуда против новинарите на ИРЛ, во чие писмено образложение е наведена поука дека Министерството за правда може на ИРЛ да ѝ изрече...

ССНМ: Судот не смее да кажува кој е новинар

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) смета дека образложението на пресудата на граѓанскиот суд во случајот Кочо Анѓушев и компанијата „Брако“ против Истражувачка репортерска лабораторија (ИРЛ) и новинарката Сашка Цветковска е скандалозно, неприфатливо и незамисливо за едно демократско општество. „Со оваа пресуда која беше објавена вчера не се навлегува во суштината на тужбата за наводната клевета кон поранешниот...

ЗНМ, ССНМ и СЕММ се залагаат за медиумски интегритет: коментар на вчерашната епизода од „Само Вистина“

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) реагираат на настаните што се случија вчера на директниот пренос на „Само Вистина“ на ТВ Канал 5, каде во улога на гостин беше Исмет Рамадани, поранешен пратеник и актуелен советник на претседателот на Владата и новинарот...

ЗНМ, ССНМ и СЕММ: Скандалозна пресуда на судијката Спировска Панева за новинарите на ИРЛ

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Советот за етика во медиумите (СЕММ) сметаат дека вчерашната судска пресуда против ИРЛ е поткопување на достоинството на новинарската професија, напад врз интегритетот на новинарите и на слободата на изразување во Македонија. На вчерашното судско рочиште во Основниот граѓански суд Скопје, судијата Јованка Спировска Панева...

ССНМ и ЗНМ го осудуваат однесувањето на Ковачевски и Битиќи кон новинар од Алфа

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) остро го осудуваат односот на премиерот Димитар Ковачевски и на вицепремиерот за економски прашања во македонската влада, Фатмир Битиќи кон новинарот од Алфа ТВ, Матеја Петровски. „Едно навидум едноставно прашање, кое треба да добие едноставен одговор, од страна на претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, беше...

ЗНМ и СЕММ со пријава за ширење на говор на омраза на Фејсбук-страната на Канал 5

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) по пристигнатите пријави од страна на новинари најавија дека денеска ќе поднесат пријава до Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР. Конкретно, станува збор за објава на веб страната Канал 5 од 17-ти септември, со наслов „Нервозен арачиновец убодел двајца жители на Аеродром...

ССНМ и ЗНМ ја осудуваат серијата откази во Клип Медиа Груп

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) со огорченост ја примија веста за тековната постапка на отпуштања во една од најголемите медиумски групации во Македонија, Клип медиа груп, особено што најголем дел од нив се спроведуваат без никаква основа, со непочитување на основните работнички права и со нарушување на повеќе членови...

ССНМ го поздравува почетокот на решавање на проблемот на вработените во МИА

Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници соопшти дека со одобрување ја дочекале Одлуката на Владата на РМ за утврдување на висината на бодот за пресметување на платите на вработените во АД МИА. Оваа одлука, вели ССНМ, била донесена од Управниот одбор на друштвото, но тие оценуваат дека ова е исполнување на само дел од барањата на вработените. „Со одлуката...

Протестот на вработените во МИА ставен во мирување, се чека Ковачевски да го исполни ветувањето

Вработените во Медиумската Информативна Агенција – МИА, организирани од репрезентативниот синдикат на Агенцијата СМИА и ССНМ очекуваат премиерот Димитар Ковачевски да го одржи ветувањетo кое го даде во интервјуто за МИА дека на наредна седница на Влада ќе го усвои предлогот за зголемување на платите на вработените во државната новинска агенција. До тогаш протестот се става во мирување, известува...

Вработените во МИА повторно на протест

Вработените во Медиумската информативна агенција (МИА) денеска повторно за време на паузата излегоа на протест за да го изразат незадоволството од непостапувањето по нивните барања, соопштија од Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници (ССНМ). Ова е седми предупредувачки протест поради тоа што нивните барања за зголемување на платите не се најдоа на дневен ред на владината седница одржана на...

Продолжуваат предупредувачките протести на вработените во МИА

И денеска за време на паузата, вработените во Медиумската информативна агенција (МИА) по петти пат излегоа на предупредувачки протест пред просториите на Агенцијата. Тие и денеска ги повторија барањата за зголемување на платите и порамнување на трошоците за живот, откако овие барања не се најдоа на дневен ред на владината седница што се одржа во вторникот. Вработените во МИА најавија дека...

Вработените во МИА на четврти предупредувачки протест за повисоки плати

Вработените во Медиумска информативна агенција (МИА) и денеска за време на паузата четврти пат излегоа на предупредувачки протест пред просториите на агенцијата и ги повторија барањата, меѓу кои и барањето за зголемување на платите за 30 проценти. Аргументацијата на вработените е дека просечната плата во МИА е далеку од просечната плата во државата, а таа во моментов изнесува 36.465...

Вработените во МИА со трет предупредувачки протест

Вработените во Медиумската информативна агенција (МИА) и денеска излегоа на предупредувачки протест за време на паузата, бидејќи Владата сè уште не одговори на нивното барање за зголемување на платите, информираат од Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ). „Вработените во МИА имаат серија барања од кои најитно е зголемување на платите за 30 проценти и порамнување со трошоците на...

Новинарите од МИА повторно на протест, ќе го радикализираат ако не им бидат покачении платите

По вчерашниот прв предупредувачки протест на вработените во Македонската информативна агенција (МИА), голем дел од вработените денеска повторно во времето од половина час на паузата, излегоа на предупредувачки протест пред просториите на агенцијата. „Вработените од МИА до Владата имаат адресирано неколку барања, а најургентно е тоа за зголемување на платите за 30 проценти, што е за 2,5 пати помалку од...

ССНМ и ЗНМ најостро го осудуваат попречувањето на работата на ТВ Телма од Судскиот совет

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) најостро го осудуваат некоректното однесување кон медиумите на државните службеници кои на најбескрупулозен начин ја прекинаа работата на ТВ екипата на Телма при нејзиното известување од важен настан, се вели во заедничкото соопштение. „Припадници на МВР по наводна наредба на одговорните во Министерството за правда...

ЗНМ и ССНМ: „Фероинвест“ да престане со етикетирање и притисоци врз новинарите од ИРЛ

Компанијата „Фероинвест” чиј сопственик е поранешниот вицепремиер за економија - Кочо Анѓушев, прави обид за јавна дискредитација на трудот на работата на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ), по најавата на нивната нова емисија за компанијата „Брако“ и модуларните болници, се вели во реакцијата на новинарските здруженија ЗНМ и ССНМ. Емисијата, како што велат, е поврзана и со трагедијата, односно пожарот во...

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...