fbpx
Таг: ССМ

таг: ССМ

Сојузот на синдикати најави три протести, првиот ќе се одржи во вторник

Работниците и граѓаните повеќе немаат изговор да не учествуваат на протестите што ги организира Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), рече првиот човек на Сојузот, Слободан Трендафилов, на прес-конференција на која најави три протести во периодот што претстои. Синдикатот во вторник, на 2 април, ќе протестира против одлуката на Врховниот суд од ноември минатата година за одземање на зградата на...

Минималната плата ќе изнесува 22.567 денари

Минималната плата која досега изнесуваше 20.175 денари, отсега ќе изнесува 22.567 денари во нето износ, односно 33.352 денари во бруто износ, информираше денеска Министерството за труд и социјална политика (МТСП) по седницата на Економско социјалниот совет (ЕСС). Со новото усогласување, минималната плата за 2024 година бележи пораст од 3.613 денари во бруто износ, односно 2.392 денари во нето износ. Зголемувањето на...

Четиричлено семејство, ако купува производи на попуст и оди на одмор во Дојран, ќе преживее со 56.522 денари месечно

Семејство од двајца родитела и две деца кои се ученици живеат во сопствен стан од 60 квадрати во Скопје. Семејството ги купува само основните прехранбени производи и притоа прават споредби на производите, барајќи ги тие со пониски цени. Можат да си ги дозволат само основните производи за домаќинството. Кога купуваат облека, секогаш предност им даваат на производите кои имаат...

ССМ: Синдикалната кошничка за август изнесува 49.345 денари

Вредноста на Синдикалната кошничка за август 2023 година изнесува 49.345 денари, соопшти Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). Тоа значи дека толку пари му биле потребни на четиричлено домаќинство за да може нормално да функционира во текот на месецот. Како што наведува ССМ, иако се намалува инфлацијата од месец за месец и за јули изнесува 8,3 отсто, сепак минималната кошница...

Се стави потпис на Општиот колективен договор – ќе растат платите на администрацијата

Десет отсто повисока плата и регрес за годишен одмор или К-15 во висина од 10 илјади денари за над 130 илјади вработени во јавниот сектор. По повеќе од три години преговори Сојузот на Синдикати на Македонија (ССМ), како репрезентативен синдикат, и Владата вчера доцна попладнето ставија потпис на дологочекуваниот договор за нов Општ колективен договор за јавниот сектор. Зголемувањето на...

Синдикатите и Владата постигнаа договор – 10 отсто повисоки плати за вработените во јавниот сектор

Постигнат е договор помеѓу синдикалните организации и Владата на вчерашната средба во Министерството за финансии, кога двете страни го дефинираа моделот за раст на платите на вработените во јавната администрација. Вработените во јавниот сектор од септември ќе добиваат 10 отсто повисоки плати, но и регрес за годишен одмор. Зголемување ќе има за сите работници, но не и за функционерите кои...

Синдикатите предлагаат инфлацијата да биде основниот параметар за усогласување на платите

На економско-социјалниот совет денеска не е постигнат договор со Владата околу методологијата за усогласување на платите, информираа претставници на синдикалните организации. Советот на денешната седница ги продолжи разговорите за зголемување на платите во јавниот сектор, откако минатата недела беше договорено Владата да направи нови симулации за пресметка на платите согласно предлозите на синдикатите. Синдикалците предлагаат инфлацијата која минатата година изнесуваше...

ССМ: Минималната синдикална кошница во мај достигна речиси 50.000 денари

За едно четиричлено семејство во земјава во мај годинава му биле неопходни 49.025 денари за да ја задоволи минималната синдикална кошница, објави Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ). Од овие средства, 19.532 денари или 44,34 отсто биле потребни за исхрана и пијалаци; 13.392 односно 30,41 отсто за домување; 3.196 денари за хигиена; 3.720 за превоз; 2.315 за облека и обувки;...

ССМ: Катастрофални предлози за работниците се законските измени поврзани со коридорите 8 и 10

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) во реакција на предложените законски измени поврзани со изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10 -д денеска ги повика пратениците сериозно да размислат пред да го дадат својот глас за, како што наведуваат, катастрофалните предлози за измени на закони кои се поврзани со работничките права. „Пратениците од владејачкото мнозинство сакаат прекувремената работа да...

Контраспин: Пресуда за тепачка од 1993 година не може да е основa за оставка

Претседателот на ССМ, Дарко Димовски, со пресуда од 1993 година за кривично дело со кое била нанесена тешка телесна повреда не може да бара основа за разрешување на актуелниот в.д. директор на Ј.П. Водовод и канализација – Скопје, затоа што таа наводна пресуда и да постоела, одамна е избришана од казнената евиденција. Можеби има други синдикално оправдани причини да...

Првомајски протест на ССМ: Товарот на кризата да го понесат сите, а не само работниците

Линеарно зголемување на платите, нов статус за работниците преку колективни договори и повлекување на претставката поднесена пред Уставен суд за укинување на недела како неработен ден, се дел од барањата што Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) ги упати на денешниот протест. Под паролата „Сѐ да застане за работникот да опстане“ првомајскиот протест започна во 12:30 часот пред ССМ, од...

Постигнат договор за минималната плата од март да порасне на 18.000 денари

Владата постигна договор со работодавачите и синдикатите, а опозицијата потврди дека ќе го поддржи договореното. Од март минималната плата во земјава ќе изнесува 18.000 денари, при што владините проценки се дека 80.000 граѓани што работат за минималец ќе добијат покачување на платите. „Со дефинирањето на минималната плата на висина од 18.000 денари, сума која е воедно и двојно покачување од...

Работниците излегоа на протест, бараат итно да се донесе Законот за недела да биде неработен ден

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) попладнево излезе на протест пред Собранието и пред Стопанската комора на Северна Македонија (СКСМ) за да го изрази незадоволството од неизгласувањето на законското решение со кое недела треба да се прогласи за неработен ден, но и да потсетат дека бараат измена на Законот за минимална плата. На протестот беше истакнато дека работниците бараат и...

(Не)вработени млади: отпуштања среде пандемија, пониски плати и недоволна информираност за работничките права

Здравствено – економската криза предизвикана од пандемијата со ковид-19 има сериозни импликации, како на глобално, така и на национално ниво. Оваа криза не само што не ги одбегна младите лица, туку истите силно ги погоди, со што ги доведе на врвот на категориите на ранливи групи на лица. Стапката на младинска невработеност во државата изнесува 39,2 проценти, што е...

Владата, синдикатите и работодавачите порачуваат дека зачувувањето на работните места останува приоритет

Во пресрет на Меѓународниот ден на трудот (1 Мај), Економско социјалниот совет (ЕСС) одржа свечена седница. Заедничките пораки на претставниците на Владата, Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) и на Организацијата на работодавачите (ОРМ) се дека поддршката на работниците и зачувувањето на работните места останува во фокусот на нивните ангажмани, што се потврди во сите досегашни мерки и програми...

ССМ бара ковид-19 да биде професионално заболување и да се исплаќа 100 отсто од платата при заболување

фото: ССМ
На Светскиот ден за безбедност и здравје при работа, 28 април, Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) побара ковид-19 да се признае како професионално заболување за сите работници. На вработените, пак, кои отсуствуваат од работа поради заболување со ковид-19, да им бидат исплатени 100 проценти од законската основица на плата. „Последиците од пандемијата можат да бидат катастрофални. Апелираме на брзо...

Работниците ќе можат да пријaват кршење на нивните права преку новата мобилна апликација „ССМ – Мои работнички права“

ССМ Мои работнички права
Работниците чии работнички права во државата се прекршени, отсега истото ќе можат да го пријават и преку новата мобилна апликација што денес ја презентираа Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) и Државниот инспекторат за труд (ДИТ). Преку апликацијата „ССМ – Мои работнички права“ граѓаните ќе можат на брз и едноставен начин, преку своите мобилни телефони, да добиваат директни информации за...

Основните трошоци за живот во декември 2020 година изнесувале 33.697 денари

Потребите на едно домаќинство за храна, пијалаци, домување, хигиена, превоз, облека, обувки во декември 2020 година изнесувале 33.697 денари, покажуваат податоците на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) за вредноста на синдикалната минимална кошница. Најголем дел од средствата 14.078 денари или 41,78 отсто се трошеле за исхрана и пијалаци. Потребите за домување биле 10.817 денари или 32,10 проценти, за хигиена...

Порталб: Почна кампањата „Правата на младите работници“ за кревање на свеста за неправдите

Вчера започна кампањата „Да ги информираме младите за нивните права“ со панел-дискусија на платформата „zoom“ каде многу застапници на правата на младите во земјава зборуваа на темата за правата на младите работници. Говорници беа Вилдан Дрпљанин, Ивана Стојановска, Блажен Малески, Слободан Трендафилов и Ирена Ивановска, пишува „Порталб.мк“. Правникот Вилдан Дрпљaнин, вработен во Хелсиншкиот комитет за човекови права, посочи на една...

Жените во нашата држава се за 19 проценти помалку платени од мажите за иста работа

Надлежните институции, во соработка со приватниот сектор и синдикатите, да развијат ефикасен механизам кој ќе придонесе за изедначување на платите на мажите и жените, кои во овој момент за иста вредност во работата се за 23 проценти пониско платени на глобално и 19 проценти на национално ниво. Ова беше истакнато денеска од Сојузот на стопански комори, Здружението на бизнис жени...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...