fbpx
Таг: средства

таг: средства

Тевдовски: Со буџетот за 2018 се фокусиравме на ефикасно трошење на парите

Министерството за финансии се фокусираше на ефикасност во трошењето на средствата во буџетот за 2018 година, рече министерот за финансии, Драган Тевдовски на министерската конференција во Париз на тема „Доброто деловно јавно управување-сервис за граѓаните и бизнисите“, организарана од Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД). Тој додаде дека важно е да има инвестиции и трошење, но уште поважно е за што парите...

Потребна е поголема искористеност на ИПА-средствата за поврзување на регионот

Наша обврска е што повеќе да ги искористиме средствата предвидени за инфраструктурно и за енергетско поврзување на земјите од Западен Балкан, рече вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, на координативниот министерски состанок на Националниот ивестициски комитет (НИК). Како национален координатор за ИПА-фондовите, тој даде насоки за условите за успешно функционирање и за користење на средствата од фондовите ИПА2, особено регионалните фондови...

Комуналната инфраструктура ќе се зголемува од 18 на 40 проценти

Mинистерството за транспорт и врски почна со реализација на проектот за подобрување на водоводната и канализационата мрежа во општините во Македонија, информираат од таму. За подигнување на квалитетот на комуналаната инфраструктура, министерството за транспорт и врски распиша осум јавни повици за изгрaдба или реконструкција на водоводните мрежи во повеќе места меѓу кои и во Гостивар, Ресен и во Виница. Од таму...

Министерство за финансии: Ќе се почитуваат законите за исплата на платите во јавниот сектор

Министерството за финансии реагира на пишувањата во дел од медиумите, во кои се вели дека нема пари за исплата на минимална плата, и истакнува дека во однос на исплатата на платите во јавниот сектор ќе ги почитува законите и прописите. „Во однос на минималната плата, исплатите се вршат во согласност со законските решенија и со доставените барања од буџетските корисници.Кај...

Николовски: Искористувањето на средствата од ИПАРД е највисок приоритет на Владата

Проектот што требаше да придонесе за успешно искористување на финансиските средства од ИПАРД-програмата и за поефикасна реализација на програмата ИПАРД 2, заврши денеска. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, информираше дека целта на овој проект во вредност од 1,5 милион евра била да ѝ се даде поддршка на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и во руралниот развој во спроведување...

Централен регистар потврди дека 22 милиони денари биле исплатени на „Бетон“

Централен регистар потврди дека добивката од 22 милиони денари во 2016 година, наместо во буџетот, претходното раководство ја исплатило на компанијата „Бетон“, информираат од таму. На тој начин, како што стои во соопштението „претходниот Управен одбор и раководството го прекршиле членот 26, став 3 од законот за Централен регистар, во кој стои дека, вишокот на средства од годишната нето-добивка треба да...

Горгиева: Новата Влада ќе гради, нема да краде и ќе враќа стари долгови

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Цуклев, на расправата за ребалансот на буџетот во Собранието кажа дека целта е да се задоволат две основни популистички ветувања од страна на СДСМ, а тоа се укинување на радиодифузната такса и обезбедување на средства за минимална плата. За задолжителната минимална плата од 12.000 денари тој рече дека ќе направи дискриминација помеѓу стопанските субјекти и вработените. Цуклев,...

За Димовски буџетот е неразвоен, за Тунтев – се кратело од тоа што не може да се реализира

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, на пленарната расправа за ребалансот на буџетот во Собранието, истакна дека со измените кои се направени ќе се забави развојот и економијата ќе стагнира. Тој додаде дека има кратење на капиталните инвестиции за 58 милиони евра, а зголемување на проекцијата за задолжување за 148 милиони евра. - Со ребалансот на буџетот предвидени се 23 милиони денари...

Перински: Oд 840 предложени амандмани, беа разгледани само 62 и ниту еден прифатен

СДС со ребалансот покажа дека е антиреформска и неодговорна власт, изјави на прес-конференција членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Златко Перински. Тој додаде дека за тоа најдобро говори фактот дека од 840 предложени амандмани во различни пратенички групи, беа разгледани само 62 амандмани и ниту еден не беше прифатен. - Владата на СДС својата негрижа и неодговорност ја покажаа со отфрлањето на амандманите...

Бектеши ги повика компаниите да се пријават за субвенции за халал-стандард

Само една компанија годинава аплицирала за искористување на средства од Министерство за економија за имплементација на халал-стандард во своето работење, информираше министерот за економија, Крешник Бектеши. Оттука, на церемонијата на доделување сертификати на компании што го имплементирале халал-стандардот, тој ги повика компаниите да ги искористат средствата за оваа намена. Бектеши истакна дека глобалниот халал-пазар се проценува на повеќе од 800 милијарди долари, додека само европскиот...

Николовски и Жбогар разговарале за субвенциите и за средствата од ИПАРД

Министерот за земјоделство, шумарство и за водостопанство, Љупчо Николовски, попладнево се сретнал со евроамбасадорот Самуел Жбогар, информираат оттаму. „Очекуваме соработката да биде продлабочена и во земјоделството каде што имаме многу проекти, за чија успешност ни е потребна соработка и поддршка од Министерството за земјоделство. Конкретно, за тековните проекти за консолидација на земјоделското земјиште и интегрираниот систем за административна контрола и идните...

Тевдовски: Буџетот е тенок, но има пари за плати и за пензии

На сметката на буџетот заклучно со 31 мај има 6,5 милиони евра, а на девизната сметка 209 милиони евра, пари од еврообврзницата, информираше денеска министерот за финансии, Драган Тевдовски. Тој додаде дека во буџетот има доволно пари за сервисирање на тековните трошоци и за исплата на плати и на пензии. Парите од еврообврзницата, пак, ќе се користат за враќање на...

Граѓаните поднеле 800 барања за субвенции за велосипеди до Град Скопје

Од објавувањето на јавниот повик до денеска, до Град Скопје се поднесени повеќе од 800 барања за субвенции за купување на велосипеди, информираат оттаму. Средствата што ќе ги надоместува Град Скопје се во износ од 50 проценти од цената на велосипедот, но не повеќе од 4.000 денари, нето-износ по лице. „Град Скопје, со цел да ги стимулира граѓаните за користење велосипеди,...

Уставен суд ја објави одлуката за земјоделските субвенции

Уставен суд на својата веб-страница ја објави одлуката за субвенциите на земјоделците, што ја донесе на седницата на 10 мај. Со ова, се овозможува субвенциите да бидат исплатени од Министерство за финансии, кое чекаше одлуката да биде објавена. „Со оспорената забрана за исплата на субвенциите се доведува во прашање остварувањето на легитимните очекувања на оваа категорија граѓани, кои веќе инвестирале...

Миноски: За исплата на субвенциите, чекаме да се објави одлуката на Уставен суд

Министерот за финансии, Кирил Миноски, денеска изјави дека буџетот е ликвиден, а за исплата на земјоделските субвенции ќе се чека да се објави одлуката на Уставниот суд на официјалната веб-страница или во „Службен весник“. - Треба да ја видиме одлуката и да видиме кога ќе биде објавена. Доколку не е спорна и ако не постои законска пречка, ќе може да...

СДСМ: Миноски да не помисли да ги задолжи граѓаните повеќе од доспеаните обврски

„Го предупредуваме Кирил Миноски, кој во моментов извршува техничка функција како министер за финансии и е во заминување, да не ги задолжува граѓаните на Македонија повеќе од потребниот износ за враќање на доспеаните долгови за оваа недела“, се вели во соопштението на СДСМ. Во него се додава дека обврските што стасуваат за наплата оваа недела изнесуваат 88 милиони евра и...

СДСМ: Новата влада ќе преиспита за што биле потрошени 34,7 милиони евра во јануари

Новата одговорна влада ќе ги преиспита сите нетранспарентни трошења на парите на граѓаните од буџетот, вклучувајќи ги трошењата на власта во заминување во јануари годинава, за време на нејзиното техничко функционирање, се вели во соопштението на СДСМ. Од партијата велат дека „според, извештајот за извршување на буџетот за јануари 2017 година, владата во заминување потрошила 34,7 милиони евра повеќе од...

Банките го намалија кредитирањето, а ја зголемија ликвидноста во јануари

Народна банка нотираше намалување на вкупните кредити во јануари како резултат на пониското ниво на кредити на претпријатијата, при умерен раст на кредитирањето на населението. - На годишна основа, според првичните податоци, кредитната активност во јануари расте со солидно темпо, што е блиску до проектираниот раст за првиот квартал на 2017 година, согласно со октомвриската проекција - велат од Народна...

На земјите од Западен Балкан, ЕУ ќе им додели 50 милиони евра за енергетски проекти

Педесет милиони евра за финансирање енергетски проекти ќе добијат земјите од Западен Балкан од Европската Унија преку Програмата за регионална енергетска ефикасност и Фондот за зелен раст. Договорите за финансиите ги потпишаа претставници од Европската банка за обнова и развој (ЕБРД), Европската инвестициона банка (ЕИБ) и банкарскиот концерн KfW, во рамките на Програмата за регионална енергетска ефикасност (РЕЕП) и Фондот...

СДСМ: 10.000 евра неповратни пари за младите со добра бизнис-идеја

Предвидуваме по 10.000 евра неповратни пари за млади луѓе со добра бизнис-идеја. Младите луѓе ќе добијат шанса во центрите за иновативни бизниси каде новоотворени компании ќе добијат бесплатен деловен простор, се вели со соопштението на СДСМ. Во него се додава дека ќе се овозможи отворање на фирма со само едно евро влог и ќе се обезбедат поволни кредити до 15.000 евра со само еден процент...

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да го остварат 2.147 гласачи. Сите гласачки места во казнено поправните установи се отворени утрово во 7...