fbpx
Таг: средоземно море

таг: средоземно море

Силен земјотрес ја погоди Грција, издадено е предупредување за цунами

Тревога за опасност од цунами е издадена утринава на брегот на Средоземно море по силниот земјотресот од 6,8 степени што го погоди јужниот дел на Грција, соопшти европскиот сеизмолошки центар. Нивото на морето се менува во близина на Грција и се формира цунами, се наведува во пораката испратена на „Твитер“. Испратено е предупредување луѓето да останат подалеку од плажите. Земјотресот кој...

Ердоган ги предупреди Грција и Кипар за барањето на гас во Средоземно Море

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган ги предупреди Грција, Кипар и меѓународните организации кои се во потрага по природен гас во Средоземното Море да не „ја преминат линијата“ и да не ги загрозат правата на Турција. Неговото предупредување е во период кога турски воени бродови продолжуваат со блокирање на достава на опрема за дупчење на Кипар кое го изведува италијанска...

Шпанската крајбрежна стража спасила 56 мигранти во Средоземно море

Шпанската крајбрежна стража соопшти дека спасила 56 мигранти од Африка од два чамци на Средоземно море. Еден чамец со 23 мигранти бил пресретнат кај Гибралтарскиот залив, додека друг чамец со 33 мигранти е лоциран источно од малиот остров Алборан, на пола пат помеѓу Африка и Шпанија. Меѓународната организација за миграција соопшти дека минатата година 22.800 мигранти дошле во Шпанија, што е...

УНХЦР бара помош од 421 милион долари за бегалците од Африка

Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) побара помош од 421,2 милиони долари (околу 365,3 милиони евра) за подобрување на заштитата на бегалците во Субсахарска и во Северна Африка, како и за напорите што Европа ги вложува во врска со барателите на азил, јавуваат агенциите. Од УНХЦР навеле дека е потребен план за помош на бегалците и на другите луѓе...

Ирската морнарица спасила 712 мигранти кај брегот на Либија

Ирската морнарица спасила 712 лица кај брегот на Либија, во рамките на меѓународна акција за спасување мигранти во Средоземното Море, соопштиле денеска одбранбените сили на Ирска, јавуваат светските агенции. Во спасувачката операција учествувале голем број бродови на околу 40 километри северозападно од главниот град на Либија, Триполи. „Можам да ви соопштам дека сите животи се спасени и дека нема жртви. Стануваше...

ИОМ: Повеќе од 43.000 мигранти пристигнале во Европа од почетокот на 2017 година

Повеќе од 43.000 мигранти и бегалци пристигнале во европските земји од почетокот на оваа година, откако успаеле да го преминат Средоземно Море, соопшти денеска Меѓународната организација за миграција (ИОМ), пренесуваат агенциите. Во извештајот се наведува дека во овој период исчезнале околу 1.000 луѓе за време на опасното патување преку Медитеранот во Европа. Инаку, бројот на мигранти што во изминатите четири месеци пристигнале на...

Во Средоземното Море исчезнале 146 мигранти, соопшти УНХЦР

Млади мигрант од Гамбија кој вчера бил спасен во близина на либискиот брег на Средоземно Море, изјавил дека исчезнале 145 мигранти од еден брод, соопшти денеска Високиот комесаријат за бегалци на ОН (УНХЦР). Шеснаесетгодишниот мигрант, кој бил спасен од екипаж на шпански воен брод кој патролирал, е префрлен на италијанскиот остров Лампедуза. Момчето им соопштило на претставниците на УНХЦР дека на...

Пронајдени пет тела на мигранти кај Либија, се стравува дека се удавиле 200 луѓе

Тела на пет настрадани мигранти се пронајдени во морето кај брегот на Либија, откако потонале чамците со кои пловеле. Се стравува дека повеќе од 200 лица загинале. „Проактива“, една од неколкуте групи кои дејствуваат на море, соопшти дека добила известување дека еден чамец тоне и оти уште едно чамче потонало со него. - Имајќи ја предвид големината на чамците, кои често...

Во Средоземно Море пронајдени тела на 74 мигранти

Либиската Црвена полумесечина соопшти дека тела на 74 мигранти испливале на брегот на Средоземно Море, кај градот Зави. Портпаролот на оваа хуманитарна организација, Мохамед ал Мисрати, рече дека телата испливале утринава и додаде дека не се познати околностите во кои луѓето настрадале. Мигрантските несреќи на медитеранската рута меѓу Либија и Италија се на рекордно високо ниво.

Годинава се удавиле 5.000 мигранти

Рекордни 5.000 мигранти се удавија во Средоземно Море оваа година, по двете бродски несреќи што се случија вчера и во кои настрадаа 100 лица, соопштија хуманитарните организации. Два преполни брода се превртеле помеѓу Италија и Ливија, соопштија Меѓународната организација за миграција и УНХЦР. - Со последните две несреќи, годинава настрадаа 5.000 лица – соопшти портпаролот на Меѓународната организација за миграција, Џоел Милман. Портпаролот...

Пронајдени траги од експлозив кај жртвите од несреќата на „Иџипт ер“

Тимот што ја истражува несреќата со падот на авионот на „Иџипт ер“, која се случи во мај годинава, денеска соопштил дека на телата на жртвите биле пронајдени траги од експлозив, јавуваат светските медиуми. Ваквите наоди ги зголемуваат сомневањата дека авионот веројатно бил намерно урнат. Од египетското министерство за цивилна воздухопловидба денеска соопштиле дека, според законите во Египет, истрагата за случајот ќе...

Уште еден руски авион падна во Средоземно Море

Министерство за одбрана на Русија соопшти дека руски ловец „су-33“ се урнал во Средоземно Море откако излетал од бродот носач. Руските медиуми јавуваат дека причина за падот на авионот е кинење на една од сајлите што служат за сопирање на авионот. Пилотот успешно се катапултирал пред паѓањето. За неполн месец ова е втор случај руски авион да падне од палубата на...

Албански воен брод ќе патролира во Средоземно Море

Албанскиот воен брод „Орикум“ ќе стане дел од мисијата на НАТО во Средоземно Море, насловена „Морски чувар“, која има цел да го спречи шверцот на мигранти од Турција кон Грција преку морски пат, соопшти албанската министерка за одбрана, Мими Кодели. - Зголемената несигурност во југоисточниот дел на Средоземно Море покажа дека е неопходно сите земји од Алијансата да ги здружат...

Во Средоземното Море се удавиле 340 мигранти

Околу 340 мигранти загинале или исчезнале во бродолом во Средоземното Море во претходните два и пол дена, соопшти Меѓународната организација за миграција (ИОМ). Портпаролот на ИОМ, Флавио ди Џиакомо, наведе дека тоа значи дека повеќе од 4.500 мигранти починале или исчезнале во текот на 2016 година. Тој додаде дека членовите на меѓународната организација „Лекари без граници“ во текот на ноќта спасиле...

Руски воен авион се урна во Средоземно Море

Руски воен авион „миг-28кр“ вчера попладне се урна во Средоземно Море за време на воена операција на рускиот носач на авиони „Адмирал Кузњецов“, пишува угледниот американски магазин за воена авијација „Комбат еркрафт“. Магазинот се повикува на сопствени доверливи извори и тврди дека авионот паднал во морето, во близина на носачот, враќајќи се од мисија над Сирија. Министерството за одбрана на Русија потврди...

Кај брегот на Либија се удавиле повеќе од 239 мигранти

Повеќе од 239 мигранти се удавија кај брегот на Либија по потопување на два брода, јавува „Би-би-си“. Досега во Средоземното Море од почетокот на бегалската криза загинаа 4.200 лица. Обединетите нации предупредуваат дека годинава ќе биде најсмртоносна од почетокот на мигрантската криза.

Годинава 3.740 бегалци и мигранти се удавиле во Средоземно Море

Најмалку 3.740 бегалци и мигранти настрадале во водите на Средоземно Море од почетокот на годинава, што е речиси исто како и во 2015 година, кога трипати повеќе лица се обидоа да го минат морето, соопшти УНХЦР. Портпаролот на УНХЦР, Вилијам Спиндлер, синоќа рече дека ова е особено висока стапка на смртност, ако се има предвид дека 327.800 лица годинава тргнале...

Италијанската морнарица спасила 500 мигранти во Средоземно Море

Италијанската морнарица денеска спасила речиси 500 мигранти недалеку од брегот на Либија, јавуваат светските агенции. Во спасувачката акција биле пронајдени и телата на шестмина мигранти кои испаднале од гумен чамец, кој почнал да се полни со вода. Два патролни брода и два хеликоптери на италијанската морнарица сè уште трагаат по преживеани и по жртви. Хеликоптерите кои учествувале во денешната спасувачка оепрација...

За 48 часа спасени 10.000 мигранти во Средоземно Море

Италијанската крајбрежна стража вчера спасила околу 3.000 мигранти во Средоземно Море, со што бројот на спасените лица во изминатите 48 часа достигна 10.000 лица. Мигрантите се спасени во повеќе од 30 операции, кои го извршија италијанската крајбрежна стража, Фронтекс и воено-поморската мисија на ЕУ во Медитеранот, Јунавфор Мед. – Речиси 7.000 луѓе за еден ден е навистина многу. Ако не е...

Од Средноземното Море спасени 534 мигранти

Италијанската крајбрежна стража соопшти дека вчера, во рамки на спасувачките акции во Средоземното Море извлекла пет тела, а спасени се 534 мигранти. Мигрантите се пронајдени во два гумени чамци и девет помали пловни објекти, наведе крајбрежната стража. Според последните податоците на Меѓународната организација за миграција годинава во Италија преку море стигнале 100.244 мигранти, од кои повеќето од Либија. Се проценува дека околу...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...