fbpx
Таг: средношколци

таг: средношколци

Средношколците можат да се возат бесплатно во ЈСП и за време на летниот распуст

Средношколците кои ги исполнуваат условите за користење на бесплатен јавен превоз и оваа година ќе имаат право бесплатно да се возат во автобусите за време на летниот распуст, информираше ЈСП Скопје. Како што велат од ова претпријатие, правото на бесплатен превоз за време на претстојниот распуст е согласно Програмата за активностите на Град Скопје од областа на средното образование во...

Денеска завршува учебната година за средношколците, основците ќе учат до среда

Денеска завршува учебната 2022/2023 година за сите ученици во средно образование, додека последниот училишен ден основците ќе го имаат во среда, на 14 јуни, откако ваква одлука во јануари донесе Министерството за образование и наука (МОН). Причината за одложениот крај на оваа учебна година за основците е тоа што зимскиот распуст беше продолжен и второто полугодие наместо на 18, започна...

Сојузот на средношколци со иницијатива до Уставниот суд за бесплатниот јавен превоз

Право на бесплатен и праведен јавен превоз за сите средношколци, побара денеска Сојузот на средношколци, поднесувајќи иницијатива до Уставниот суд за оценување на уставноста и законитоста на членот 41 а од Законот за средното образование. Лука Павиќевиќ, претседател на Сојузот на средношколци рече дека сегашните одредби се косат со членовите 9 и 44 од Уставот, со оглед на тоа што...

Средношолците дискутираа: Кога е во прашање насилството, сите сме на иста страна

Секој ученик да се охрабри и да разговара, затоа што со молчење психолошките проблеми и состојби нема да можеме да ги надминеме. Стручните соработници во училиштата да се доедуцираат, а во секој училишен предмет да се вградат механизми како да се развиваат добри морални вредности – да се помага и да се биде другар. Да не ги отфрламе различните...

Ученици од 11 технички училишта учеа за микропроцесорските системи и се натпреваруваа

Средношколци и професори од 11 технички училишта од Македонија, изминативе два дена учествуваа на специјализирана едукативна практична работилница „Развојни микропроцесорски системи“. Оваа работилница, по четврти пат, ја организираат ФЕИТ-ФАБЛАБ и компанијата Логинг Електроникс во рамки на нивниот партнерски проект „Технологија за тебе“. Продеканот за настава на ФЕИТ, Соња Геговска-Зајкова ги поздрави учесниците на работилницата, мотивирајќи ги да продолжат со образование на...

Сојуз на средношколци: Нашите предлози околу менталното здравје се прифатени и преточени во владините препораки

Сојузот на средношколци информираше дека нивните четири-предлог мерки за подобрување на состојбата со менталното здравје на средношколците се прифатени од страна на Министерството за образование и наука (МОН). Ова го констатирале по вчерашната прес-конференција на министерот за образование Јетон Шаќири, на која тој ги презентираше десетте препораки на Владата околу менталното здравје на учениците и меѓуврсничкото насилство во училиштата. „Имено,...

Средношколци добија капитал за да спроведат решенија за заштита на животната средина

Во рамките на програмата Апшифт (UPSHIFT), шест групи ученици од средните училишта добија по 120.000 денари за да ги остварат своите дигитални решенија за подобрување и заштита на водата, воздухот, почвата и енергетските ресурси во заедницата и справување со последиците од климатските промени, информираат од УНИЦЕФ. Младите иноватори беа избрани на тридневна работилница во рамките на програмата „Апшифт“ UPSHIFT), на...

Започнаа „Деновите на електротехника“ во Скопје – натпревар по физика за ученици од целата земја

Во средното училиште „Михајло Пупин“ во Скопје од денеска се одржува манифестацијата „Денови на електротехника“ со која целта е да се промовираат електротехничката струка и средното стручно образование. Ова скопско училиште во следниве неколку денови ќе биде домаќин на натпревар меѓу ученици од 22 средни училишта од целата држава кои ќе ги измерат своите знаења по предметот физика. Вкупно 66...

Средношколци од Скопје ќе ги претстават своите таленти на првото издание на „СРЕДНОЛЕНД“

Годинава за првпат ќе се одржи средношколскиот настан „СРЕДНОЛЕНД“ на кој талентираните ученици пред граѓаните на Скопје ќе се промовираат себеси, но и нивните училишта. Настанот, кој е во организација на Универзална сала, а е инициран од професори и ученици од неколку скопски средни училишта, ќе се одржи од 2 до 6 мај на неколку локации во главниот град –...

Средношколците бараат собраниските пратеници да им овозможат бесплатен јавен превоз

Сојузот на средношколци на Република Северна Македонија (ССРСМ) информираше дека на 13 март до Собранието доставил предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за средно образование во однос на потребата од праведен и бесплатен јавен превоз за сите средношколци. Сојузот потсетува на тогашното укажување дека ако во рок од 2 месеца, односно до 13 мај законот не биде донесен, средношколците...

Ангеловска-Бежоска награди средношколци од „Васил Антевски-Дрен“ за знаења на едукативен квиз организиран од Народната банка

Средношколките Ева Младенова, Кристина Митовска и Јована Петровска, ги освоија првите три места на едукативниот квиз што виртуелно се одржа во март годинава, за време на одбележувањето на „Глобалната недела на парите“, во организација на Народната банка. На едукативниот квиз учествуваа 26 ученици од III и IV година кои одговараа на прашања од доменот на работењето на Народната банка...

Средношколците да јадат помалку брза храна и повеќе да вежбаат, трендот на дебелина и неактивност расте

Родителите да се информираат подобро што јадат нивните деца-средношколци додека се на училиште, во училиштата да има автомати за храна која ќе биде нутритивно богата, а во наставната програма по физичко образование да се даде акцент на вежби кои ќе го намалат трендот на дебелина и на појава на деформитети кај младите. Ова се препораките и советите од експерти за...

Последна епизода на „Шорткат“ за оваа сезона: Селекција на отпад во Скопје и Тетово

Од почетокот на годинава, граѓаните на Скопје и Тетово имаат можност да селектираат отпад во нови вендинг машини што се поставени низ маркетите во овие градови. Лименки и пластични шишиња може да се селектираат во машините на „Пакомак“, а за возврат граѓаните добиваат зелени поени кои можат да ги искористат за пазарување во маркетите. Како функционира овој систем и кои...

Анкета на Мета: Средношколците на училиште најчесто јадат бурек, пециво или тост, а 30 отсто не се физички активни

Средношколците најчесто јадат бурек, хамбургер, тост или пециво додека се на училиште, а најчесто пијат кафе или вода. Ова го покажаа резултатите од анкетата што ја направи Мета.мк, со која целта беше да видиме какви се навиките во исхраната на средношколци од неколку училишта за средно образование, како и колку често спортуваат. Анкетниот прашалник го одговорија вкупно 672 ученици. Ги...

Македонски средношколци со часови чекале на српско-унгарска граница поради зголемен проток на сообраќај

Четири автобуси со ученици од гимназијата „Орце Николов“ во Скопје се задржале десетина часови на српско-унгарската граница поради зголемен проток на сообраќај. Како што информира Министерството за надворешни работи (МНР), тие преку Амбасадата во Будимпешта реагирале кај унгарските власти и учениците во осум часот утрово го поминале граничниот премин. Од Министерството велат дека „веднаш по добивање на информацијата за застојот“...

Први април: Наместо ранец, средношколци од Радовиш носеа учебници во буриња, кафез, микробранова печка

Учениците од средното училиште „Коста Сусинов“ во Радовиш, по повод Први април – денот на шегата, уште еднаш се приклучија на глобалниот тренд „Било што освен ранец“ (Anything But a Backpack). Во текот на вчерашниот ден, за средношколците важело правило во училиште книгите и училишниот прибор да ги донесат во што било освен во ранец. Па така, учениците на училиште...

Средношколците од ОДАС преку протест побараа кратење на материјалот за матура и се сретнаа со МОН

Кратење на материјалот за полагање на државна матура и увид во истиот, побараа од Организацијата за дијалог и афирмација на средношколците (ОДАС) на протестот што денеска го организираа пред зградата на Министерството за образование и наука (МОН). По протестот на кој присуствуваа десетици средношколци и неколку студенти, претставници на организацијата влегоа на средба во Министерството, каде исто така ги...

Матура да се полага на 3 јуни наместо на 27 мај, бара Средношколскиот сојуз

Полагањето на првиот екстерен испит да се одржи на 3 јуни наместо на 27 мај, бараат претставниците на Сојузот на средношколци. Оттаму сметаат дека оваа промена треба да се однесува само на првиот екстерен испит, односно сите останати испити да си останат во веќе предвидените датуми. Денеска се одржала седница на Генералното собрание на Сојузот, на кое биле усвоени...

Сите средношколци да се возат бесплатно во автобус, бара Средношколскиот сојуз

Сојузот на средношколци денеска достави предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за средното образование до Собранието, со кој бара сите ученици кои се запишани во јавните и приватните средни училишта, да можат да се возат бесплатно во јавниот превоз. „Во државата има 71.000 средношколци. Од нив, 2.000 учат во приватните училишта. Ние бараме бесплатен превоз и за оние ученици...

Дебата за млади „Дигитализација во образованието“ ќе се одржи на 16 март во „Јавна соба“

Наредниот четврток, на 16 март, со почеток од 18 часот, во „Јавна соба“ во Скопје ќе се одржи дебатата за млади „Дигитализација во образованието“, во организација на Фондацијата Метаморфозис. На настанот ќе се зборува за можностите и предизвиците што ги носи дигитализацијата на образованието и за тоа дали и колку образовниот систем во земјава е подготвен за дигитална трансформација. Говорници на...

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...