fbpx
Таг: средношколци

таг: средношколци

Средношколски самит за кариерен развој в понеделник во Скопје Сити Мол

Во понеделник, на 22 април, во „Синеплекс“ во трговскиот центар Скопје Сити Мол ќе се одржи Средношколски самит за кариерен развој. Настанот ќе започне во 17 часот, а е во организација на „Growth Labs Academy“ во соработка со Сојузот на средношколците на Македонија. Организаторите најавуваат дека на настанот ќе бидат опфатени темите за важноста на неформалното образование и континуираното учење,...

Повик за учество на средношколци во „Театарот ги обединува младите“

„Театарот ги обединува младите“ е името на меѓународниот проект, на кој може да се пријават сите заинтересирани средношколци, информираат во „Перипетија продукција“. Оттаму велат дека учесниците ќе имаат можност да истражуваат во текот на 10 театарски работилници со уметници од разни области, како и да бидат дел од кампот кампот во Скопје од 27 до 31 август, заедно со...

Објавен конкурсот за прием во ученички домови

Mинистерството за образование и наука (МОН) денеска објави конкурс за прием на ученици во јавните ученички домови, за учебната 2024/2025 година. На листата се наведени вкупно 18 домови во кои годинава ќе се примаат ученици кои ќе користат сместување и исхрана. „Првенство при прием на ученици во јавните ученички домови ќе имаат ученици запишани во прва, втора, трета и четврта...

Парите за учениците доцнат поради грешки во доставените податоци

Училиштата доставија листи со ученици кои ги исполнуваат условите за финснсиска помош и кои ги доставиле потребните документи. Во тие листи се доставени податоци за родителот/старателот кој е подносител на пријавата, а кои се потребни за исплата на парите. Но, грешките во податоците испратени од училиштата, го спречуваат процесот на исплата во Министерството за финансии. Ова е одговорот од Министерството...

Убиство во германска гимназија, и жртвата и убиецот се ученици

Средношколка во Св. Леон-Рот, недалеку од Хајделберг во Германија, денеска беше убиена, а полицијата го сомничи нејзиниот дечко со кој наводно била во врска, ученик во истото училиште, пренесе ДПА. Полицијата пристигнала во училиштето откако се вклучил алармот. На терен брзо пристигнале бројни полициски возила, спасувачки служби и хеликоптер. Осомничениот 18-годишник побегнал, но брзо бил уапсен, соопшти полицијата. Обидот за реанимација на...

Повикот за финансиска поддршка за учениците истекува денес, студентите имаат рок до утре

До денес (недела, 24 декември) трае рокот за пријавување на јавниот повик за финансиска поддршка за учениците од основните и средните училишта чии семејства имаат вкупни месечни приходи од нето-плата од  до 50.000 денари. Начинот на пријава е опишан во повикот објавен од страна на Министерството за образование и наука (МОН), кое обезбеди и одговори на најчесто поставуваните прашања за...

Објавен јавниот повик за финансиска помош за ученици, веб-страницата на МОН се отвора со потешкотии

Надлежните во Министерството за образование и наука (МОН) вчера го објавија јавниот повик за финансиска поддршка за учениците од основните и средните училишта чии семејства имаат вкупни месечни приходи од нетоплата до 50.000 денари. Поради преоптовареност, веб-страницата на МОН се отвора со потешкотии. Јавниот повик содржи информации за тоа кој има право да аплицира за оваа помош. Како што е наведено...

ОДАС: Одбиени амандманите за средношколците и студентите

Организицијата за дијалог и афирмација на средношколците и студентите (ОДАС) денеска соопшти оти до сите пратенички групи во Собранието поднеле амандмани на Буџетот за 2024 година кои се однесуваат на младите, средношколците и студентите. Нивните предлози, како што велат од ОДАС, на седница на Комисијата за финансирање и буџет во Собранието биле одбиени од страна на претставник на Владата и...

Ученикот Максим Јосевски најдобар говорник на дебатно првенство за почетници

Ученикот Максим Јовески беше прогласен за најдобар говорник на Националното дебатно првенство за почетници во организација на Младинскиот образовен форум (МОФ). Второто место го освои Богдан Бањуков, а третото место ѝ припадна на Софија Антова. Во конкуренција на тимови, победија учениците Борјан Стојковски, Леона Ширкова и Ивона Јуркова. Второто место го освои тимот составен од Јована Јаневска и Ана Антовска. Турнирот...

Владата со деветти пакет антикризни мерки тежок 662 милиони евра

Премиерот Димитар Ковачевски денеска одржа прес-конференција, на која што го презентираше деветтиот пакет антикризни мерки во вредност од 662 милиони евра, кој денеска беше усвоен на владината седница. „Овој пакет содржи 26 мерки за социјална сигурност, насочени кон таргетирана поддршка за ранливите категории на граѓани и компании како и поддршка за надминување на потешкотии во услови на зголемени трошоци на...

Social Day: Младите работеа и за еден ден собраа фонд од 245.000 денари

По трет пат во земјава, Здружението на граѓани „Младите можат“, на 8 ноември одржа „Соушл деј“ („Social Day“), ден кога средношколците стекнуваат искуство за работа и се ангажираат во заедницата за да им овозможат на своите врсници подобра положба во државата. Дел од „Соушл деј“ годинава беа 195 средношколци во градовите Скопје, Битола, Охрид и Радовиш, како и 60 општествено...

Секое трето девојче на 15 години во земјава изјавило дека е осамено

Чести нерасположенија речиси секојдневно, во последните шест месеци, пријавиле дури 57 проценти од девојчињата на 15 години во Македонија, а од психосоматски тегоби повеќе пати неделно (главоболки, вознемиреност, раздразливост, проблеми со спиењето и концентрацијата) пријавиле дека страдаат шест од десет девојчиња на 15 години. Ова се вели во студијата „Однесување поврзано со здравјето кај деца на училишна возраст (ХБСЦ)“, која...

„Кој си игра со вашиот мозок“ – предавање на Метаморфозис пред стотици средношколци од различни држави

Пред стотици средношколци од повеќе различни држави, Фондација Метаморфозис вчера преку предавања за лажни вести и дезинформации зеде учество на филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“. Заменик-уредничката на Мета.мк, Мери Јордановска и Деспина Ковачевска, медиа мониторинг специјалист во Фондацијата Метаморфозис на младите вчера им презентираа голем број примери за начините на кои се шират лажните вести и дезинформации, особено на...

Уставниот суд ќе го преиспитува членот со кој се регулира бесплатниот превоз на средношколците

Постапувајќи по иницијативата на Лука Павиќевиќ од Скопје, Уставниот суд одлучи да се поведе постапка за оценување на уставноста на членот 41-а став 1 во делот „јавно” од Законот за средното образование, кој се однесува на бесплатниот превоз на средношколците, информираат од судот. Во овој член пишува: „За ученикот кој е со статус на редовен ученик во јавно средно училиште...

АСУЦ „Боро Петрушевски“ домаќин на меѓународен симпозиум на средни стручни училишта

Средното училиште на Град Скопје АСУЦ „Боро Петрушевски“ е домаќин на меѓународен симпозиум за средни стручни училишта за логистика и сообраќај, што се одржува 13-та година по ред. Размена на искуства од областа на сообраќајот, транспортот и логистиката меѓу сообраќајните училишта и други институции, унапредувањето на сообраќајната инфраструктура, осовременување на образовниот процес во областа на сообраќајот и логистиката, степенот на...

Објавени конкурсите за стипендии за ученици во Математичко-информатичката гимназија и Спортската академија

Министерството за образование и наука (МОН) вчера ги објави конкурсите за доделување стипендии за ученици во државните средни училишта „Математичко-информатичка гимназија“ (МИГ) и „Спортска академија“ во Скопје. Висината на стипендиите за средношколците од двете училишта изнесува 3.500 денари месечно за девет месеци во текот на учебната година. За да добијат стипендија, учениците во МИГ треба да се редовни ученици во втора,...

Тимови од 10 средни школи ќе спроведат проекти за позитивен придонес кон заедницата

Голем број од средношколците сметаат дека научените информации што ги добиваат на предавањата кои се учат во училница многупати немаат примена надвор од неа. Ова претставува важен фактор во ниската активност на младите во заедницата. Во насока на поттикнување на ангажираноста на младите во заедницата, Здружението Лидери за едукација, активизам и развој, во рамки на проектот „Youth are AllRight“,...

Дезинформации се шират за средношколски прирачник од 2011 година, во Струмица ќе има и собир

Откако утрово на социјалните мрежи почна со молскавична брзина да се споделуваат постови за Работните листови за учениците од средните училишта за Образование за животни вештини, Бирото за развој на образованието (БРО) објави демант. Споделените дезинформации веќе предизвикаа најави за „информативен собир“ во Струмица од извесен Родителски фронт, кој ќе се одржи денеска. „БРО најостро ги демантира дезинформациите во јавноста...

Бесплатни билети за превоз само за учениците од државните училишта, но не и за оние од приватните

Сите ученици во прва година средно образование кои ги исполнуваат условите за бесплатен превоз (ученици во средни училишта чиј основач е град Скопје), ќе ги добијат во матичните училишта билетите за превоз со автобусите на ЈСП, информираат од ЈСП-Скопје. Во соопштението од претпријатието, не е наведено дека билети ќе добијат и учениците од приватните училишта, иако тоа го побараа...

Македонски средношколци ќе учествуваат на светски натпревар во едрење

Од утре до 30 јули македонската репрезентација во едрење ќе учествува на Младинското светското натпреварување во едрење во класата ИЛКА 4 (ILCA 4 Youth World Championship), на возраст од 15 – 17 години во Волос, Грција. Репрезентацијата е составена од Матеј Кавај, Мерт Лушо, Евгенија Ставрева, Софија Ставрева и Илина Гаџовска и тренерите Лушо Фарук и Стефан Ставрев. „Ги одбравме најдобрите...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...