fbpx
Таг: Сребреница

таг: Сребреница

Парламентот на Австрија усвои резолуција за геноцидот во Сребреница

Парламентот на Австрија едногласно усвои резолуција за геноцидот во Сребреница, оддавајќи им почит на Босанците убиени на 11 јули 1995 година. Со Резолуцијата се бара од австриските власти да продолжат активно да ја поддржуваат комеморацијата на геноцидот во Сребреница заедно со другите членки на Европската унија. Усвојувањето на документот доаѓа по официјалната посета на австриската министерка за правда Алма Задиќ на...

Филмот за геноцидот во Сребреница „Quo vadis, Aida?“ прогласен за европски филм на годината

Филмот на босанската режисерка Јасмила Жбаниќ „Quo vadis, Aida?“ ја доби наградата за филм на годината на доделувањето на Европските филмски награди, манифестација која често се опишува како еквивалент на американските „Оскари“. Жбаниќ ја освои и наградата за најдобра режисерка, додека носителката на главната улога во филмот, српската глумица Јасна Ѓуричиќ, е прогласена за европска актерка на годината за 2021...

Босанскиот сервис „Раскринкавање“ побива лажни твитови на Трамп за нобеловецот Хандке

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу бргу ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борбата против дезинформациите во регионот, односно од Хрватска на север, до...

Радован Караџиќ осуден на доживотен затвор, жалбата му беше неуспешна

Хашкиот суд за воени злосторства во поранешна Југославија денеска на доживотен затвор го осуди поранешниот лидер на босанските Срби, Радован Караџиќ, потврдувајќи ја првостепената пресуда. Караџиќ при изрекувањето на пресудата беше мирен, без каква било експресија на лицето. Тој во 2016 година беше осуден на 40 години затвор, како виновен за геноцид, злосторства против човештвото и за кршење на правилата и...

Големо невреме во БиХ, урнати дрвја и бандери, летале покриви и фасади

Во налетот на силните ветришта што ноќеска ја погодија БиХ, претежно нејзиниот источен дел, нанесени се бројни штети, со многу урнати дрвја и бандери и одлетани покриви и парчиња од фасади. Според Хидрометеоролошкиот завод на Република Српска, во текот на ноќта ветерот во Бања Лука дувал со брзина од 115 километри на час, а претпладнево ослабнал до брзини од 60...

Заев: Злосторството во Сребреница е дамка во колективната совест на човештво

Тоа што се случи во Сребреница пред 22 години е еден од најголемите порази на цивилизациските вредности и лекција што мораме да ја научиме еднаш засекогаш, вели премиерот Зоран Заев. - На овој ден, пред 22 години, откако повеќе од 8.000 луѓе беа убиени, не е доволно да повторуваме „никогаш повеќе“, туку да се соочиме со минатото и да се...

Раководствата на Србија и на Република Српска сложно против Изетбеговиќ

Барањето од Бакир Изетбеговиќ е акт на омраза на муслиманите во Сараево кон Србија и има цел да се укине Република Српска, порача денеска претседателот на Република Српска, Милорад Додик, по средбата во Белград што тој и претседавачот на Претседателството на БИХ, Младен Иваниќ, ја имаа со претседателот и со премиерот на Србија, Томислав Николиќ и Александар Вучиќ. Темата на...

Вучиќ: Зад барањето за ревизија на пресудата за Сребреница не стои добра намера

Премиерот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека зад неодамнешното барање за ревизија на пресудата на Меѓународниот суд за правда во Хаг по тужбата на Босна и Херцеговина против Србија за геноцид, „не стои добра намера“ и најави дека најдоцна до среда за тоа ќе разговара со претставниците на власта и на опозицијата во Република Српска. - Очигледно е дека...

Во Белград почна судењето за Сребреница

Пред одделението за воени злосторства на Високиот суд во Белград, денеска со читање на обвинението почна судењето за осумтемина обвинети за воени злосторства над цивили во селото Кравица во Босна и Херцеговина за случајот „Сребреница“. На судењето присуствуваат сите обвинeти, поранешни припадници на Специјалната бригада МУП на Република Српска. Според обвинението на Обвинителството за воени злосторства, обвинетите се товарат дека...

Алепо не смее да стане нова Сребреница, порача Кери

Американскиот државен секретар, Џон Кери, предупреди дека во Алепо се заробени десетина илјади цивили и оти не смеат да се соочат со масакр како тој што се случи во Сребреница. Кери изрази морален револт поради судбината на сирискиот град, но не понуди нов план за ставање крај на граѓанската војна, барајќи од сирискиот претседател Башар ал Асад да се согласи...

Законот за казнување за негирање геноцид не важи за Сребреница

Собранието на Србија усвои закон за казнување за негирање геноцид, но како што предупреди Фондот за хуманитарно право, тоа нема да важи за негирање на геноцидот во Сребреница и на други злосторства сторени за време на војната во Хрватска и во Босна и Херцеговина. Со измените на кривичниот закон, кои беа усвоени синоќа, се воведува ново кривично дело според кое...

Србија вложува пет милиони евра во Сребреница

Српскиот премиер, Александар Вучиќ, денеска изјави дека Србија ќе вложи пет милиони евра во развојот на Сребреница и оти средствата веќе се на располагање. Тој додаде дека Владата на Србија утринава донела одлука два милиони евра да бидат префрлени на сметката на општина Сребреница, додавајќи дека средствата веќе в понеделник ќе им бидат на располагање на локалните власти. Вучиќ рече...

Вучиќ каменуван во Поточари

Премиерот на Србија, Александар Вучиќ, денеска беше погоден со камен в лице за време на комеморацијата по повод 20 години од масакрот во Сребреница. Инцидентот се случил на влезот од гробиштата, каде денеска треба да бидат погребани посмртните останки на уште 136 жртви. Насобраните граѓани, во бес ја пробиле заштитната ограда и фрлајќи камења, шишиња и чевли, се упатиле кон Вучиќ...

Сребреница: 20 години по масакрот ќе се закопаат остатоци од уште 136 жртви

Неколку илјади лица денеска пристигнаа во Сребреница за да им одадат почест на жртвите во масакрот. Се очекува денеска во Поточари да има повеќе од 50.000 лица. Дваесет годни по геноцидот, ќе бидат закопани остатоците на уште 136 жртви. Меѓу посмртните остатоци има и такви што им припаѓаат на 18 малолетници, помлади од 16 години. Родителите минале низ мачна идентификација,...

Иванов на комеморација во Сребреница

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска ќе присуствува на комеморацијата по повод 20 години од масакрот во Сребреница, Босна и Херцеговина. На комеморацијата во меморијалниот центар во Поточари ќе се обратат претседателот на организацискиот одбор „11 Јули 1995“ и градоначалник на Сребреница, Ќамил Дураковиќ, а во рамки на одбележувањето на годишнината од стравичниот настан ќе биде отворена и изложбта...

Полицијата за утре забрани собири во Белград

Сите седум собири што се пријавени во Белград за утре, кога се одбележува годишнината од страдањата во Сребреница, се забранети. Собирот наречен „7.000“ први го пријавија од групата НВО, а потоа контрамитинг пријавиле и десничарските организации. И Војислав Шешељ ги повика партиските симпатизери да се придружат на групата учесници на митингот „7.000“, но со четнички симболи и знамиња.

Меркел денеска ќе се сретне со претставнички на Здружението „Мајки на Сребреница“

Германската канцеларка Ангела Меркел, денеска ќе претстојува во прва официјална посета на Босна и Херцеговина, каде ќе ја заврши тридневната балканска турнеја. Меркел во Сараево ќе ја пречека претседавачот на Советот на министри на БИХ, Денис Звиздиќ, а потоа канцеларката ќе се сретне и со членовите на Претседателството на БИХ. Предвидено е Меркел во текот на денот да ја посети изложбата...

Русија стави вето на резолуцијата за Сребреница

Русија стави вето на резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации, во која масакрот во Сребреница, за време на војната во Босна и Херцеговина, е окарактеризиран како геноцид, јавува „Би-Би-Си“. Како што пренесува британскиот национален сервис, четворица членови на Советот гласале воздражано, а другите гласале за резолуцијата. Документот за кој денеска расправаше Советот за безбедност на ОН беше предлог на...

Европарламентот без посебна резолуција за Сребреница

Европскиот парламент следната недела ќе ја одбележи 20-годишнината од геноцидот во Сребреница, но нема да донесе посебна резолуција за тоа. Европратеничката Тања Фајон, за „Радио Слободна Европа“ изјави дека претседателот на Европскиот парламент одлучил в понеделник да се донесе декларација, во пресрет на седницата на која ќе се одржи комеморација за жртвите. За време на расправата, претставниците на политичките групи ќе...

Уапсен поранешниот командант на босанската војска, Насер Ориќ

Швајцарската полиција денеска, на аеродромот во Берн, го уапсила поранешниот воен командант на одбраната на Сребреница, Насер Ориќ, врз основа на меѓународната потерница што под сомнеж за извршени воени злосторства, по него ја распиша Србија, пренесуваат српските и босанските медиуми. Неговата адвокатка Васвија Видовиќ го потврдила апсењето на Ориќ, за босанскиот портал „Кликс.ба“(Klix.ba), пренесува ХРТ. Инаку, Ориќ во Швајцарија требало да...

Македонија гласа: Седми претседателски избори со седуммина кандидати

Денеска се одржуваат седмите претседателски избори во Република Северна Македонија, а за функцијата Претседател на РСМ се натпреваруваат седум кандидати. Со право на глас на Претседателските избори 2024 во Избирачкиот...