fbpx
Таг: Србија

таг: Србија

Почина првиот заболен од Западнонилска треска во Србија

Пациентот кој бил инфициран од вирусот на Западнонилска треска почина на Клиниката за инфективни и тропски болести во Београд, информираат од Клиничкиот центар во Србија. Пациентот, кој имал 56 години, на лекар дошол доцна, една недела откако го каснал инфициран комарец. Институтот за јавно здравје „Милан Јовановиќ Батут“ вчера соопшти дека е регистриран првиот случај на овој вирус во Србија, кај...

Во Србија регистриран првиот случај на Западнонилска треска

Во Србија е регистриран првиот лабораториски случај на инфекција со вирусот на Западен Нил. Ова денеска беше објавено во извештајот на Институтот за јавно здравје „Др. Милан Јовановиќ Батут“. Станува збор за маж на 56 години, од територијата на Јужнобанатскиот округ и се наоѓа на болничко лекување. Инфекцијата првпат меѓу луѓето во Србија е регистриана кон крајот на јули 2012 годин....

ЕК ги демантира плановите за градење бегалски центри во Србија

Европската комисија ги отфрли шпекулациите за наводни планови за воспоставување центар за бегалци во Србија и истакна дека Брисел само сака да им помогне на земјите од Балканот во совладувањето на бранот мигранти. Портпаролот на Европската комисија, Хајнц Мико, за виенскиот весник „Пресе“ рекол дека не е планирано градење масовни прифатилишта ниту во Србија, ниту во други земји. Сепак, тој укажа дека...

„Глобал војсес“: И српските служби биле заинтересирани за шпионскиот софтвер на „Хакинг тим“!?

Дел од мејловите и од досиејата на контроверзната италијанска софтверска компанија „Хакинг тим“ со седиште во Милано, кои „Викиликс“ ги објави на почетокот на јули оваа година, откриваат дека најмалку една српска безбедносна служба се распрашувала и преговарала за купување софтвер за следење комуникации од компанијата во 2012 година, пишува „Глобал војсес“, повикувајќи се на извештај на српска невладина...

Пронајдено оружје на покрив на воз во Ниш

Полицијата во Ниш пронашла оружје и муниција во бугарски патнички воз што сообраќал на релацијата Софија - Ниш - Белград. Полицијата синоќа ги пронашла пиштолите, револверот и муницијата на покрив на вагон, спакувани во фолија, а се сомнева дека биле наменети за продажба на домашниот пазар, соопшти српското МВР. Пронајдени се 19 гасни пиштоли, гасен револвер и 4.500 куршими калибар девет милиметри.

Оградата на унгарско-српската граница ќе биде завршена до ноември

Унгарија до 30 ноември ќе ја заврши изградбата на оградата долж границата со Србија, соопшти унгарскиот министер за одбрана Чаба Хенде. Градењето на оградата на границата меѓу Унгарија и Србија почна на 13 јули, седум дена откако парламентот го усвои законот. Локалните медиуми ја пренесоа изјавата на унгарскиот министер за внатрешни работи, Шандор Пинтер, кој рече дека оградата е привремено решение,...

Српските цариници заплениле 602.680 непријавени евра

Српските цариници и полицијата на граничниот премиер Батровци при претрес откриле повеќе од 602.680 евра, непријавени финансиски средства. Како што јавуваат српските медиуми, парите биле скриени во специјално изработен бункер под задното седиште на автомобил „ауди А4“, со холандски регистарски ознаки, со кој патувале двајца турски државјани од Холандија за Турција.

Магазин „Туристички свет“: „Охрид – престолнина на културата и на православието“

Во репортажа на шест страници, во авторство на Лилјана Реброња, престижниот српски магазин за современо хотелиерство и туризам „Туристички свет“ го претставува македонскиот туристички центар како една од најубавите туристички дестинации во светот за љубителите на културниот туризам. Одлично илустрираната репортажа за Охрид е објавена под наслов „Охрид: Престолнина на културата и на православието“. - Македонскиот град-музеј Охрид, чија старост се проценува...

ТМРО се противи на спомен-плочата на српската војска во Штип

Партијата ТМРО го смета за „перверзија“ откривањето на спомен-обележјето на паднатите српски борци во Штип. - Српската војска за време на Балканските војни во 1913 година беше окупаторска на македонската земја и секакво спомен-обележје на окупатор за одбележување на неговите злосторства е перверзија. ТМРО бара објаснување од градоначалникот на Општина Штип, по кој повод и зошто се одбележа Брегалничката битка...

Повеќе од 35.000 имигранти побарале азил во Србија

Српскиот министер за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ, денеска соопшти дека во првите шест месеци од годинава 35.712 имигранти, пред сè, од Сирија и од Авганистан, изразиле намера да побараат азил во Србија. Стефановиќ, во обраќањето пред Собранието на Србија, рече дека сè уште нема податоци колку згрижувањето на азилантите ја чини Србија. Според податоците со кои располага министерот, досега се уапсени...

„Денови на македонски туризам“ во Србија

Српските туристички оператори и медиуми ќе присуствуваат на промоција на македонскиот туризам за зголемување на бројот на српски туристи, кои традиционално ја посетуваат земјава. Настанот ќе се случува во Ниш, во организација на Агенцијата за промоција и поддршка на македонскиот туризам. Гостите што ќе присуствуваат на афирмација на почнатата туристичка сезона, ќе имаат можност да дегустираат македонска храна и вино. За нив...

Србија, светски фудбалски шампион за играчи до 20 години

Српската фудбалска репрезентација до 20 години ја освои титулата светски првак откако го победи Бразил со 2:1, на Светското првенство што се одржуваше во Оукланд, Нов Зеланд. Српските фудбалери ја совладаа репрезентацијата на Бразил по продолженијата. Регуларниот дел заврши нерешено (1:1). За српската репрезентација поентираа Мандиќ во 70. минута и Максимовиќ во 118. минута, а единствениот погодок за Бразил го...

Европската комисија е против кревање ѕид во Европа

Европската комисија не го поддржува градењето ограда и ѕидови во Европа, изјави Наташа Бертауд, портпаролката за правосудство и за внатрешни работи по одлуката Унгарија да подигне четириметарска ограда на границата со Србија поради бранот илегални мигранти. - Неодамна се ослободивме од ѕидовите во Европа и не би требало повторно да ги подигнуваме. Членките на ЕУ имаат обврска да го обезбедуваат...

Унгарија ќе подигне четириметарска ограда на границата со Србија

Унгарија ќе изгради четири метри висока ограда на својата граница со Србија за да го спречи бранот илегални имигранти што од Србија се обидуваат да влезат во Унгарија, изјави шефот на дипломатијата, Петер Сијарто. - Имиграцијата е еден од најсериозните проблеми со кои денеска се соочува ЕУ. Земјите од ЕУ бараат решение за овој проблем, но Унгарија не може да си дозволи...

Јахјага: Речникот на Николиќ за Косово е враќање на старата реторика

Кабинетот на претседателката на Косово, Атифете Јахјага, денеска соопшти дека речникот што претседателот на Србија, Томислав Николиќ, го користел на собирот во Будва, претставува враќање на старата позната реторика. Николиќ во Будва, на маргините на Самитот на лидерите на процесот Брод-Бриони, според пишувањата на „Вечерњи новости“, ѝ порачал на Јахјага да „не се замислува“ дека предводи некоја млада држава, затоа што...

Почна меѓународната вежба „Балкански одговор 2015“

Припадници на македонските вооружени сили учествуваат на мултинационалната цивилно-воена вежба „Балкански одговор 2015“, која почна денеска во касарната „Цар Лазар“ и на полигонот Равњак во српскиот град Крушевац. Целта на вежбата, која трае до петок, 29 мај, е тренирање спасување во услови на контаминација настаната поради терористички напад со оружје за масовно уништување. Во вежбите, покрај македонските и припадниците на српското министерство...

Два нови гранични премини меѓу Србија и Косово

Делегациите на Косово и на Србија, во Брисел договорија отворање на два нови гранични премини меѓу двете држави. Покрај ова, било договорено и да се воспостави царина на граничниот премин Мутиводa. Во Приштина е соопштено дека двете страни разговарале и за „елиминација на бирократијата од српската страна“ на административните премини, посебно за време на летото кога се „зголемува фрекфренцијата на...

Дачиќ: Рехабилитацијата на Дража Михајловиќ ја продлабочува поделбата

Шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, соопшти дека одлуката за рехабилитација на Дража Михајловиќ не претставува чекор кон помирување со вистината, туку само ја продлабочува поделбата. - Вишиот суд во Белград, кога ја донел срамната одлука, требало да се потсети дека на истиот ден пред 70 години, на 14 мај 1945 година, англиските војници во Италија и во Австрија заробија...

Србија го рехабилитираше четникот Дража Михајловиќ

Вишиот суд во Белград денеска го рехабилитираше Драгољуб Дража Михајловиќ, лидер на четничкото движење, и му ги врати граѓанските права кои му биле одземени во 1946 година кога му било судено за соработка со нацистите и со окупаторите. Судијата Александар Трешњев рече дека судот го усвоил барањето за рехабилитација и ја поништи пресудата со која Михајловиќ на 15 јули 1946...

Војската на Србија ја зголеми борбената готовност

Војската на Србија го подигна нивото на борбената готовност и спремни сме заедно од другите безбедносни структури на Србија да одговориме на сите предизвици што би го загрозиле суверенитетот и интегритетот на Србија и нејзините граѓани, изјави министерот за одбрана на Србија, Братислав Гашиќ, кој вчера ја посети најјужната српска база Чворе, како и граничниот премин Прешево. Гашиќ нагласи дека тие...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...