fbpx
Таг: Србија

таг: Србија

Србија ги запре автобускиот и железничкиот сообраќај кон Хрватска

Редовните автобуски и железнички линии од Белград за Хрватска утринава се откажани, јавуваат српските медиуми. Од „Српски железници“ соопштија дека возот кој бил најавен за 11.03 часот бил откажан, а вечерва нема да тргне ниту возот во 21.30 часот. Авиосообраќајот меѓу Србија и Хрватска се одвива без прекин, а патниците од Беград кои имаат српски пасоши без проблеми допатувале во Загреб,...

Србите ги блокираа македонските транспортери на хрватска стока

Македонските превозници на хрватско-српската и на унгарско-српската граница се блокирани, откако официјален Белград одлучи да ги блокира сите што превезуваат стока за или од Хрватска или некако се поврзани со соседната држава, со која има затегнати односи поради бегалската криза. Имено, камионџиите кои се враќаат од некои од европските земји и притоа ги користат алтернативните гранични премини за влез во Србија,...

Церар: Споровите околу бегалската рута би можеле да ги влошат односите во регионот

Споровите на државите од рутата низ која минуваат бегалците може да ја заострат ситуацијата на Западен Балкан и во поширокиот регион, изјави денеска словенечкиот премиер Миро Церар, по завршувањето на вонредниот самит на ЕУ. - Балканот не е доволно стабилен за да ја издржи таквата ситуација. Затоа е многу важно особено внимание да се посвети на Балканот и на поширокиот регион,...

Хан се обидува да ги смири Хрватска и Србија

Еврокомесарот за соседска политика и за проширување, Јоханес Хан, се обидува да посредува во спорот меѓу Хрватска и Србија за бегалската криза и порачува дека затворањето на границите не е никакво решение. - Уверен сум дека ќе најдеме решение. Станува збор за пропорционални мерки и за добрососедски односи. Затворањето на границата не е решение – изјави Хан за австрискиот весник...

Отворен преминот Батровци за автомобили и за автобуси

Српскиот граничниот премин Батровци со Хрватска денеска е отворен во 16 часот за патнички возила и за автобуси во двете насоки, но и понатаму е запрен сообраќајот за товарни моторни возила, соопшти Автомото-сојузот на Србија. Српската царинска управа соопшти дека денеска, поради блокада на преминот Батровци, сообраќајот на премините Сремска Рача и Мали Зворник е зголемен за повеќе од 50 отсто. Како...

ЕУ: 17 милиони евра за Западен Балкан за справувањето со бегалската криза

Европската комисија денеска соопшти дека подготвува пакет од дополнителни 17 милиони евра за земјите од Западен Балкан што се соочуваат со голем прилив на бегалци. „Србија и Македонија се соочени со неочекуван прилив на бегалци од надворешниот регион, што ја оптовари нивната инфраструктура. Приоритет е да се избегне ова да прерасне во нешто што е повеќе од краткорочна ситуација“, се наведува...

Хрватска го отвори товарниот терминал кон Србија

Товарниот терминал на хрватскиот граничен премин Бајаково кон Србија е повторно во функција, соопшти денеска Авто-мото сојузот на Србија. Како што се наведува во соопштението, товарниот терминал е отворен во 12.30 часот, по заканите од Србија дека ќе воведе контрамерки доколку Европската комисија до 14 часот не ја вразуми Хрватска да го отвори преминот. Сообраќајот за товарни возила на излезот од...

Србија го активирала механизмот на ЕУ за цивилна заштита

Србија го активирала механизмот на ЕУ за цивилна заштита за да добие материјална поддршка по големиот прилив на бегалци и на баратели на азил, а претставникот на ЕУ за хуманитарна помош и за управување со вонредни ситуации, Христос Стилијанидес, ја повика ЕУ да ја покаже солидарноста кон Србија. Србија, се наведува во соопштението, побарале материјална помош за кревети, средства за хигиена, возила,...

Схинас: Брисел е против подигнување ѕидови и огради

Брисел се противи на подигнувањето ѕидови и огради во Европа, но секоја земја има право да ги заштити своите граници – изјави денеска портпаролот на Европската комисија, Маргаритис Схинас. На новинарско прашање како ќе реагираат сега, кога Србија најави контрамерки поради одлуката на Хрватска да ги затвори границите за товарен сообраќај, Схинас рече дека тоа е прашање „релевантно за сегашната...

Србија се заканува со противмерки ако ЕК не ја вразуми Хрватска

Српскиот премиер Александар Вучиќ денеска изјави дека Србија ќе донесе „одредени мерки“ доколку Европската комисија денеска до 14 часот не преземе нешто во врска со одлуката на Хрватска да ги затвори границите за товарен сообраќај. - Ова скандал од меѓународни размери и Хрватска ги прекрши сите европски договори и директиви – рече Вучиќ, додавајќи дека објаснувањето што го дала Хрватска, спаѓа...

Норвешка ќе донира 7,3 милиони евра на Македонија и на Србија за бегалската криза

Норвешка ќе донира 7,3 милиони евра на Македонија и на Србија за да им помогне да се справат со зголемениот прилив на бегалци, рече норвешкиот министер за надворешни работи, Борге Бранде. Бранде рече дека една половина од парите ќе ѝ бидат дадени на Србија за надградба на системи за прифаќање бегалци во пресрет на зимата, додека останатиот дел од сумата ќе...

Николиќ: Одговорноста за кризата со бегалците е на основачите на ЕУ

Томислав Николиќ, претседателот на Србија, денеска изјави дека одговорноста за решавање на кризата со бегалците лежи главно кај основачите на Европската унија, кои топката на тешката ситуација ѝ ја префрлаат на Србија, што не е ниту морално, ниту природно, а нема да биде ни одржливо бидејќи ситуација излегува од контрола. - Ако некој во Европа сериозно размислува за сигурноста и за безбедноста, но...

Полициите на Македонија, Србија, Австрија и на Унгарија потпишаа меморандум за справување со мигрантската криза

„Како држава сме оставени сами да се справуваме со состојба настаната не по наша вина и од регионален аспект, предизвикана на делот од државната граница со земја-членка на Европската унија“, истакнал министерот за внатрешни работи, Митко Чавков, на денешната министерска средба во Охрид, посветена на мигрантската криза, и додал дека за „успешно долгорочно справување со оваа состојба, неопходно е итно...

Утре средба на министрите за внатрешни на Македонија, Србија и на Австрија за мигрантската криза

Утре, 4 септември, во хотелот „Инекс Горица“ во Охрид, ќе се одржи средба на министрите за внатрешни работи на Македонија, Австрија и на Србија и на претставник на Министерството за внатрешни работи на Унгарија на која ќе се разговара за мигрантската криза. Како што информираат од МВР, на средбата, министрите Митко Чавков, Јохана Микл-Лајтнер и Небојша Стефановиќ и заменичката на државниот...

Хан: Во 2016 Србија ги почнува преговорите со ЕУ

„Србија со премиерот Вучиќ стана фактор на стабилност во целиот регион. Неговиот придонес за помирување, како неодамна со БиХ и со Албанија, треба да биде признаен“, изјави еврокомесарот за проширување Јоханес  Хан. Тој нагласи дека најновиот напредок во дијалогот со Косово треба да ја отстрани последната препрека на патот кон почеток на преговорите со ЕУ. - Искрено се надевам дека на...

Македонија и Србија со заедничка зона за бегалците

Формирање на заедничка зона каде службениот пресонал заеднички ќе ги извршуваат своите обврски за да се намали времето на премин на патници и стока преку железничкиот граничен премин Табановце - Прешево, а истовремено и да се скрати времето на патување преку Коридорот 10. Тоа е новиот договор кој треба да се ратификубва помеѓу владите на Македонија и на Србија за утврдување на граничните...

Србија формира уште еден камп за бегалци кај Прешево

Српскиот министер за одбрана Братислав Гашиќ денеска во Прешево изјави дека поради кризата на грчко-македонската граница во изминатите денови, на полето во прешевското село Миратовац е формиран уште еден голам камп за прифаќање бегалци од Блискио Исток кои од Македонија доаѓаат во Србија. Гашиќ за време на посетата на кампот во селото Миратовац изјави дека во моментов во Прифатниот центар...

Црвен Крст: За 24 часа во Прешево пристигнале меѓу 6.000 и 8.000 мигранти

Во последните 24 ласа во прифатниот центар во Прешево, на југот на Србија пристигнале меѓу 6.000 и 8.000 бегалци од Блискиот Исток, кои во Србија влегле од Македонија, изјави секретарот на Црвениот крст во Прешево, Ахмет Хаљими, додавајќи дека нивната регистрација траела цела ноќ и оти голем број бегалци и понатаму пристигаат од Македонија. Околу 2.000 бегалци во моментов се...

Во Прешево од Македонија пристигнаа 5.000 мигранти

Околу 5.000 мигранти кои вчера влегоа во Македонија, утринава организирано со такси, автобуси и минибусови пристигнале во Србија, јавуваат српските медиуми. Во прифатниот центар во Прешево утринава пристигнале 2.000 мигранти, дознава неофицијално „РТС“. Според извештаите на српските медиуми, во центарот и околу него има голема гужва, но мигрантите мирно чекаат во редици. Мигрантите по добивањето на документите со автобуси заминуваат...

УНХЦР бара да ги отвориме границите и да ги заштитиме бегалците

Високиот комесар за бегалци на Обединетите нации, Антонио Гутерес денеска разговарал со министерот за надворешни работи, Никола Попоски, за ситуацијата со бегалците на македонско-грчката граница и добил уверување дека „границата нема да биде затворена во иднина“. „УНХЦР е особено загрижена за илјадниците ранливи бегалци и мигранти, посебно жени и деца, насобрани на грчката страна на границата во сè полоши услови“,...

Изброени половина од гласовите: Силјановска со двојна предност пред Пендаровски

Водство на претстедателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, покажуваат првичните резултати што ги објави Државната изборна комисија (ДИК). Според извештаите, од обработени 59,61 отсто од гласачките места, таа има...