fbpx
Таг: Србија

таг: Србија

Македонија се поврзува директно со енергетскиот систем на Србија

Утре, 17 ноември, ќе биде ставен во функција новиот далновод, поставен на 168 челични решеткасти столбови, на траса долга 70 километри од Штип до македонско-српската граница, кај Куманово. Со овој систем на МЕПСО, македонскиот енергетски систем директно се спојува со енергетскиот систем на Србија. Со изградбата на овој далновод, македонскиот електропреносен систем добива петта врска со четири соседни електропреносни системи. Веќе има...

Владата на Косово останува посветена на спроведување на сите договори

Косовската влада останува посветена на спроведување на сите постигнати договори меѓу Косово и Србија, во посредништво на ЕУ. Коментирајќи ја одлуката на уставниот суд за привремена суспензија на спогодбата за заедница на општините со српско мнозинство, владата преку соопштение изјави дека тоа е нормална процедура. „Привремената мерка на уставниот суд е нормална постапка и со неа се суспендира спроведувањето на спогодбата...

ЕК: Балканот напредува кон ЕУ, но претстојат уште многу реформи

Балканските земји направиле чекор во реформите кон членство во ЕУ, но мора да се спроведат уште мноштво реформи, е суштината на годишните извештаи на Европската комисија за напредокот на овие земји. Во врска со БИХ, спроведувањето на реформите од агендата, која е условена во јули, претставува услов за разгледување на нејзината пријава за членство во ЕУ, се наведува во извештајот...

Киднапирани српски државјани во Либија

Службеничка на српската амбасада во Либија и нејзиниот возач биле киднапирани попладнево во градот Сабрат. На колоната возила, во која бил и амбасадорот, било пукано, при што ранет е еден либиски државјанин, а амбасадорот не е повреден. Киднапираните државјани на Србија биле во другиот автомобил. Во соопштението на министерството за надворешни работи на Србија се наведува дека двајца службеници на Амбасадата на...

Министерот Попоски на работна посета во Србија

Министерот за надворешни работи на Македонија, Никола Попоски, денеска оствари работна посета на Република Србија, на која се сретна со српскиот министер за надворешни работи и потпретседател на владата, Ивица Дачиќ, и со српскиот премиер, Александар Вучиќ. На средбите биле потврдени определбите на двете земји за понатамошен развој на билатералните односи во сите области од заеднички интерес, како и намерата...

Српската полиција уапси осомничен за терористички напади во Македонија

Министерот за внатрешни работи на Србија, Небојша Стефановиќ, денеска соопшти дека во четири одделни полициски акции, уапсени се двајцата најголеми водачи на нарко-банди во Србија, пресечен е најголемиот синџир за шверцување оружје на територијата на Србија и на Франција, а дека е уапсен и осомничениот Б.Б. за терористички напади во Македонија. Стефановиќ на прес-конференција изјави дека, на граничниот премин Брњак, врз основа...

Вучиќ: Не им забележуваме на Македонија и на Црна Гора, но ќе им го паметиме

Српскиот премиер Александар Вучиќ денеска изјави дека не е среќен поради поддршката на Македонија и на Цена Гора на препораката за Косово за членство во УНЕСКО, но оти не им забележува бидејќи државите водат своја политика. Сепак, додава дека „тоа ќе го паметат“. - Мојата порака до граѓаните на Србија е: Главата горе, без разлика колку е тешко. Ние ништо изгубивме на...

Милановиќ: Нема да подигнеме ѕид на границата со Србија

Хрватскиот премиер Зоран Милановиќ денеска повтори дека Хрватска нема да подигне ѕид на границата со Србија и порача дека ситуација со бегалците е под контрола. - Низ Хрватска, Словенија и, до пред некој ден, низ славната Унгарија само се минуваше – рече Милановиќ во Ријека и додаде дека треба да се слушаат што говорат земјите кои можат да им бидат...

Бегалците заглавени на границите поради дневните квоти на Австрија и на Словенија

Одлуката на Австрија и на Словенија дневно да примаат ограничен број бегалци, предизвика метеж и напнатост на хрватско-српската граница, каде илјадници мигранти со часови чекаат да го продолжат патот кон западноевропските земји, јавуваат светските агенции. Во Србија во моментот се наоѓаат повеќе од 10.000 бегалци, кои поради ограничувањата не можат да го продолжат патот кон запад, соопшти денеска Агенцијата за бегалци на...

Словенија дневно ќе прима по 2.500 бегалци, Хрватска бара двојно повеќе

Словенија ќе дозволи во земјата дневно да влегуваат само 2.500 мигранти, што е двојно помалку од бројот што го бара Хрватска, јавуваат медиумите. Словенечкиот државен секретар за внатрешни работи, Боштјан Шефиц, денеска изјави дека Словенија не може да го прифати барањето на Хрватска за прием на 5.000 мигранти бидејќи дневниот лимит на Австрија бил 1.500 лица, пренесува „Би-Би-Си“. Голем број мигранти,...

Српска министерка поднесе пријава поради лажен профил на „Фејсбук“

Српската министерка за градежништво, сообраќај и за инфраструктура, Зорана Михајловиќ, поднеле пријава против непознато лице кое на социјалната мрежа „Фејсбук“ отворило нејзин лажен профил. Лажниот профил е отворен на 14 октомври под име „Зорана избори 2016“ и со него, како што се наведува во соопштението од српското МВР, се нанесува професионална и лична штета на потпретседателката на Владата, а корисниците...

ЕК одобри 17 милиони евра помош за Македонија и за Србија за справување со бегалците

ЕК денеска одобри 17 милиони евра за Србија и за Македонија за справување со напливот бегалци, соопшти денеска портпаролот на Европската комисија, Маргаритис Схинас. Помошта е дел од планот на ЕУ за справување со сириската криза и за помагање на земјите што се надвор од ЕУ, а се дел од транзитната рута на бегалците. - Сегашната бегалска криза претставува предизвик од глобални размери....

Дачиќ: Отвoрањето на границата е голем успех за Србија

Укинувањето на едностраната и противправна одлука на хрватската Влада за блокада на границата со Србија претставува голем успех на политиката на Владата на Србија, на чело со премиерот Александар Вучиќ, порача шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ. Според него, тоа е и голем пораз на неодговорната политика на хрватската Влада и премиерот Зоран Милановиќ. Српската Влада вечерва ќе одржи вонредна седница,...

Хан: Хрватска да ја деблокира границата

Еврокомесарот за соседска политика и за проширување, Јоханес Хан, денеска од Белград апелираше хрватската влада да ја смени одлуката за блокада на границата, затоа што тоа е од заемен интерес за сите луѓе на Западен Балкан. Хан, како што јавува РТС, на прес-конференцијата по разговорите со српскиот премиер Александар Вучиќ, оцени дека мерките на хрватската влада не се пропорционални, односно се...

Курц им порача на Хрватска и на Србија да ги тргнат емоциите на страна

Министерот за надворешни работи на Австрија, Себастијан Курц, денеска ги повика Хрватска и Србија да ги остават на страна своите емоции и повторно да воспостават слободен протек на стока и на луѓе. Тој истакнал дека затворањето на границите не придонесува за решавање на проблемот. - Ги повикувам Хрватска и Србија да ги стават емоциите на страна и повторно да воспостават слободен...

Хан: Србија не е сама, таа е европска земја

Еврокомесарот за соседска политика и за проширување, Јоханес Хан, порача дека Србија не е сама, дека е европска земја и оти со бегалската криза треба да се соочат заедно. Хан ѝ се заблагодари на српската влада за сè што направила за бегалците, откако со премиерот Александар Вучиќ ги посети Прифатниот центар за бегалци во Шид. - Видов што сè е направено...

Пусиќ: Да се намали тензијата меѓу Србија и Хрватска

Шефицата на хрватската дипломатија, Весна Пусиќ, денеска во Њујорк изјави дека Хрватска и Србија треба да ги намалат тензиите што настанаа поради бегалскиот бран и предизвикаа блокади на границите. - Тензијата меѓу Хрватска и Србија е сосема непотребна и сметам дека е неопходно таа веднаш да се намали, но и да се почне со решавање на проблемите во партнерство со државите...

Царинска управа на Србија: Во Хрватска патувајте преку околните земји

Царинската управа на Србија упати апел до патниците од Србија, поради затворањето на хрватските гранични премини, да патуваат преку некоја од околните земји. Според нивните информации, возилата со српски регистарски таблички не се пропуштаат на хрватските гранични премини. Апелираат, патниците кои имаат српски пасош, или да одат пеш или да се превезат во возила со странски регистарски таблички. На тој начин,...

Милановиќ: Србија во договор со Унгарија ги испраќа бегалците само кон Хрватска

Србија во договор со Будимпешта, организирано испраќа бегалци само на границата со Хрватска, која не може да прими толкав број и затоа е воведена блокада на границата, изјави денеска хрватскиот премиер Зоран Милановиќ. - Србија дозволува бегалците неорганизирано да талкаат по земјата, но само додека не се собираат на северот, а потоа организирано ги испраќа на хрватската граница. Тоа се...

Вучиќ: Србија нема да одговори на мерките на Хрватска

Премиерот на Србија, Александар Вучиќ, истакна дека Србија нема да одговори на новите мерки на хрватската влада, не затоа што не ја разбира ваквата нивна одлука, туку зашто смета дека одамна поминало времето кога некој влегувал во автобус, прегледувал патници и ги вадел од возилото затоа што имале некој пасош. - На економските мерки може да се одговори со мерки, на лудилото никако....

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...