fbpx
Таг: Србија

таг: Србија

Србија пред тешка одлука за сопственоста на телекомот во Косово

Србија до недела треба да се изјасни за тоа дали ќе се согласи со предлогот за примената на договорот за телекомуникациите со Приштина, со које се предвидува Белград да се откаже од сопственоста над имотот на телекомот во Косово. Српскиот премиер Александар Вучиќ денеска изјави дека станува збор за тешка одлука, која може да има големи политички последици. „Многу е тешко...

Србија сè уште не одлучила, но подготвена е да ги затвори границите пред мигрантите

Србија сè уште нема донесено конечна одлука како понатаму ќе се однесува во соочувањето со мигрантската криза, но подготвена е и на затворање на границите за да ги заштити своите интереси, повторија денеска српските власти. Како што јавува дописникот на „Мета“ од Белград, министерот за надворешни работи, Ивица Дачиќ, за РТС рекол дека Србија подготвува мерки што ќе придонесат за заштита на...

Николиќ: Србија ќе мора да ги затвори границите за мигранти

Претседателот на Србија, Томислав Николиќ, денеска изјави дека ако Европската Унија не ги прифати мигрантите, Србија ќе мора да ги затвори границите. - Ние мора да ја затвориме границата за мигранти затоа што тие не сакале да бидат овде и да живеат со нас – рече Николиќ. Тој додаде дека официјален Белград е во постојан контакт со ЕУ и изрази уверување дека Брисел...

Шефот на косовската полиција бил уапсен поради тероризам

Министерството за внатрешни работи на Србија денеска потврди дека полицијата го уапсила директорот на косовската полиција за областа Митровица, Нехат Тачи, а како причина за апсењето се наведуваат обвиненија за тероризам. Нехат Тачи (40) од Урошевац е уапсен на основа на распишана потерница по наредба на Вишиот суд во Ниш, поради кривично дело „тероризам“, информираат од министерството. Во соопштението на министерството...

Уапсен директорот на косовската полиција

Српската полиција го уапсила директорот на косовската полиција за областа Митровица, Нехат Тачи, а причините за апсењето засега не се познати. Портпаролот на косовската полиција, Даут Хоџа, изјави дека Тачи бил уапсен синоќа, нешто по полноќ, на преминот Бела земја кај Бујановац. Според неговите зборови, Тачи преку територијата на Србија патувал кон една западноевропска земја со автомобил. Тој не кажа која е...

Нов протест во Белград за уривањата во Савамала

Во центарот на Белград за вечерва е закажан нов протест поради нелегалното уривање на објекти во населбата Савамала, каде треба да се изгради амбициозниот проект „Белград на вода“, јавува дописникот на „Мета“ од Белград. Повод за протестот е тоа што и по пет месеци не се откриени извршителите ниту, пак, некој сносеше политичка одговорност за уривањето на објектите, за малтретирањето...

Србија размислува за ограда на границата со Македонија и со Бугарија за заштита од мигранти

Српскиот министер за труд, Александар Вулин, вчера изјави дека е време да му предложи на премиерот Александар Вучиќ, по неговото враќање од Париз, подрастични мерки за заштита на границата со Македонија и со Бугарија од прилив на нови мигранти. Тој нагласил дека едно од можните решенија е поставување „бариери или одредени препреки“, а причината што ја наведува е структурата на...

Претседателот на Србија, Томислав Николиќ, во дводневна посета на Македонија и на Грција

Томислав Николиќ, претседателот на Србија, од денеска ќе престојува во дводневна посета на Македонија и на Грција, јавува новинската агенција „Танјуг“. Денеска тој ќе им оддаде почит на српските војници погребани на воените гробишта од Првата светска војна во Солун, Грција, по што ќе оствари средба со Апостолос Цицикостас, гувернер на грчкиот регион на Централна Македонија. Николиќ утре ќе присуствува на...

Унгарија ќе подигне уште една ограда на границата со Србија

Унгарија планира да изгради уште една ограда на својата јужна граница со Србија, за да го спречи влегувањето на мигранти, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан. Тој рече дека новата ограда, која ќе биде изградена покрај веќе постојната, ќе ја зајакне одбраната за да се спречи евентуалниот прилив на стотина илјади лица, доколку се промени турската политика кон мигрантите. - Во...

Советот за безбедност на ОН ги повика Белград и Приштина да го продолжат дијалогот

Советот за безбедност на Обединетите нации денеска ги повика Белград и Приштина да го продолжат дијалогот на политичко ниво, со оценка дека и понатаму постојат бројни предизвици кога е во прашање безбедносната ситуација на Косово. На денешната седница, на која бил претставен извештајот на генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, за работата на УНМИК, амабасадорот на Русија во ОН, Виталиј...

Бајден изрази сочувство за загинатите во НАТО бомбардирањата во Србија

Американскиот потпретседател Џо Бајден денеска во Белград им изрази сочувство на сите семејства на загинатите во НАТО бомбардирањата. - САД и Србија, секако не се согласуваат околу сите прашања, има многу лузни и рани кои постојат уште од 90-те години, но се надевам дека ќе преземеме чекори и тоа ќе го направат други, нови генерации, а целиот регион ќе забележи...

Австриски полицајци на српско-македонската граница

Српскиот министер за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ денеска во Виена соопшти дека со премиерот Александар Вучиќ и канцеларот на Австрија Кристијан Керн договориле дел од австриските војници да бидат распоредени на српско-македонската граница. - Сакаме да ги спречиме илегалните преминувања и да испратиме јасен сигнал дека такви работи нема да дозволиме. Затоа и подлабоко на наша територија ќе продолжиме да...

Собранието на Србија ја изгласа новата влада на Вучиќ

Пратениците во српското Собрание денеска со мнозинство гласови ја избраа новата влада на премиерот Александар Вучиќ, јавуваат медиумите. Како што соопшти претседателката на Собранието, Маја Гојковиќ, на седницата за избор на новата влада вкупно гласале 225 пратеници, од кои 163 гласале „за“, „против“ биле 62, а воздржани немало. Претставниците на опозициските партии не го поддржале изборот на новата влада, наведувајќи дека...

Невремето во Западна Србија предизвика голема штета

Поројниот дожд, проследен со град и грмежи кој синоќа ја погоди западниот дел на Србија предизвика штети на патната инфраструктура и на земјоделските насади. Најпогодени територии од невремето биле општините Чачак, Горњи Милановац, Пожега, Косјериќ, Бајина Башта и делови од Лучане, а според податоците на метеоролозите наврнале и до 60 литри дожд на метар квадратен. Како што јавуваат српските медиуми поради...

Мандатарот на српската влада, Александар Вучиќ читаше експозе цели шест часа

На вчерашното претставување на својата програма во Собранието на Република Србија, мандатарот на српската влада, Александар Вучиќ  читаше скратено експозе од 260 страни во рок од шест часа. Според српските медиуми ова е рекорд на еден говор пред Собрание од сите демократски промени наваму. Своето експозе Вучиќ го почна со презентација на промените кои досега ги донел а потоа се...

Србија ја обвинува Македонија за вонцарински бариери и најавува мерки на реципроцитет

Српскиот министер за трговија, туризам и телекомуникации Расим Љајиќ денеска изјави дека со одлуката на македонската влада за поскапување на фитосанитарните уверенија за увоз на пченица во Македонија, нашата држава вовела вонцаринска бариера кон Србија и најави можност од воведување на мерки на реципроцитет. Љајиќ за агенцијата „Бета“ вели дека одлуката на македонското Министерствот за земјоделство, со која цените за...

Нуланд: САД секогаш ќе бидат тука за Србија

САД разбираат дека Србија има традиционално цврсти врски со Русија и не гледаат контрадикторност во тоа Белград да има добри односи и со Русија и со САД, порача помошникот државен секретар на САД, Викторија Нуланд, која e е во посета на Србија. - Никогаш не би ни помислиле од партнерот и од сојузникот Србија, да бараме да избира страна -...

Руско МНР: Агресивно малцинство подготвува „обоена револуција“ во Македонија

Едно агресивно малцинство платено однадвор, по добро разработена шема подготвува нова „обоена револуција“, овојпат во Македонија, изјави денеска на брифинг за новинарите портпаролката на руското министерство за надворешни работи, Марија Захарова. Захарова оваа забелешка ја дала зборувајќи во контекст на неодамнешните протести во Белград, кои, како што вели, биле директно организирани од различни невладини организации, со финансиска поддршка однадвор. - Генерално,...

Словачки автобус се преврте кај Алексинац, пет лица загинаа

Пет лица загинаа, а 26 се повредени откако словачки автобус утринава се преврти во близина на Алексинац, на автопатот Белград - Ниш. Како што јавуваат српските медиуми, автобусот со 29 патници и со двајца возачи се враќал од Крф, Грција. Спасувачките екипи згрижиле 26 патници, додека петмина патници останале заробени под превртениот автобус.

Српското собрание не избра претседател

Новиот состав на српското Народно собрание не успеа да избере претседател. Седницата на собранието синоќа беше прекината за време на дебатата околу изборот на Маја Гојковиќ за претседател на парламентот. Таа е членка на владејачката Српска напредна партија и ја извршуваше функцијата и во претходниот парламентарен состав.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...