fbpx
Таг: Србија

таг: Србија

Српската полиција спречи мигранти илегално да преминат во Хрватска

Стотина мигранти од Авганистан и од Пакистан, кои во петокот тргнаа пеш од Белград кон Хрватска, денеска попладне во близина на Шид се обидоа да ја пробијат полициската блокада и илегално да ја преминат границата, но српската полиција ги спречи во тоа. - Мигрантите биле во меѓузоната на двете држави, но полицијата ги вратила назад и сега се на простор од...

Постигнат договор меѓу Белград и Приштина, Косово го добива повикувачкиот број +383

Белград и Приштина постигнаа договор за телекомуникациите со кој Косово ќе добие меѓународен повикувачки број, а Србија ќе го зачува имотот на „Телеком Србија“ на Косово, јави дописникот на „Мета“ од Белград. Според договорот, Србија е должна до 3 декември до Меѓународната унија за телекомуникции (ИТУ) да достави писмо со кое дава согласност на Косово да му се додели меѓународен...

Шешељ: Вучиќ ми е единствена конкуренција за претседател

Лидерот на Српската радикална партија, Воислав Шешељ, потврди дека ќе се кандидира на претседателските избори во 2017 година и додаде дека единствена конкуренција на тие избори би му бил актуелниот премиер Александар Вучиќ. - За мене клучно прашање е дали Вучиќ ќе се кандидира или не. Објективно, ако се кандидира, тоа би било поприлично тесно за мене, но не безнадежно....

Вучиќ и Николиќ: Големата победа на Трамп е надеж за подобри односи САД – Србија

Премиерот на Србија, Александар Вучиќ, му ја честиташе победата на Доналд Трамп на претседателските избори и притоа изрази надеж дека неговата „голема победа“ ќе придонесе за унапредувањето на односите меѓу Србија и САД. Српските аналитичари, пак, не очекуваат битни промени во односите на Вашингтон кон Србија и кон регионот. „Верувам дека на должноста 45. претседател на САД ќе пристапите со посветеност...

Дел од српската опозиција договара заеднички кандидат за претседателски избори

Лидерите на српските опозициски партии денеска во Белград разговараа за заеднички кандидат за претседателките избори закажани за 2017 година. Лидерот на Движење за пресврт, Јанко Веселиновиќ, кој го организираше состанокот, рече дека наредната средба ќе се одржи за дваесетина дена во просториите на Социјалдемократската партија на поранешниот претседател на Србија, Борис Тадиќ. Претседателот на Левица на Србија, Борко Стефановиќ, рече дека на...

Во Србија се одржуваат руски воени вежби, во Црна Гора – НАТО-вежби

Во Србија денеска почна мултинационална воена вежба „Словенско братство 2016“, во која учествуваат 212 припадници на војската на Русија, 56 војници на Белорусија и 450 припадници на војската на Србија. Вежбата ќе трае до 9 ноември, а целта, според српското министерство за одбрана, е унапредување на оперативната способност за решавање задачи и за изведување противтерористички операции во мултинационално опкружување. Ова е...

Вучиќ нареди да не се излегува во јавност со информации за оружјето

По двата случаи со пронајденото оружје и муниција за три дена и по денешната лажна дојава за подметната бомба во белградската населба Белвил, во која се наоѓа и станот на Александар Вучиќ, премиерот на Србија наложи надлежните безбедносни органи да не излегуваат во јавност со информации за тие случувања. Вучиќ, како што пренесоа медиумите, денеска не дојде на работа во...

Во Белград пронајдено оружје и експлозив

Српската полиција вечерва во гаража во Белград пронашла украден автомобил, автомат „хеклер“ и муниција, јавува дописникот на „Мета“ од Белград. Како што соопшти српското МВР, пронајдени се 400 грама експлозив, детонатор, два мобилни телефона за далечинско активирање на експлозивот, како и пиштол. РТС јавува дека оружјето и муницијата, како и украдениот автомобил се пронајдени во рамки на истрагата за оружјето што во...

Стефановиќ: ДНК-траги од најмалку три лица на оружјето најдено кај домот на Вучиќ

Со вештачење на оружјето и на муницијата пронајдени во близи на семејната куќа на српскиот премиер Александар Вучиќ, идентификувани биле парцијални траги од ДНК од најмалку три лица, соопшти денеска министерот на внатрешни работи на Србија, Небојша Стефановиќ. Сепак, изјави Стефановиќ, дел од трагите биле едни преку други и тешко било да се изолира еден примерок на ДНК, кој би...

Иванов – Николиќ: Во регионот има премногу историја, но не треба да живееме во минатото

Македонија и Србија од воспоставувањето на дипломатските односи успеаја да изградат искрени и пријателски односи и заеднички интерес на двете земји е да продолжат да ја унапредуваат соработката, изјави македонскиот претседател, Ѓорге Иванов, по средбата со својот домаќин, претседателот на Србија, Томислав Николиќ. Иванов рече дека „во регионот има премногу историја и многу историски настани и личности кои треба да...

Вучиќ: Во Србија е засилено дејствувањето на странски разузнавачки служби

Премиерот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека во земјата е зголемено дејствувањето на различни странски разузнавачки агенции, но апелираше граѓаните да останат мирни бидејќи безбедносните агенции и разузнавачките тимови на Србија добро си ја вршат работата и секогаш се подготвени да ја заштитат својата земја. Вучиќ во Собранието на Србија, каде тој и неговите министри денеска одговараа на пратенички...

Ѓорге Иванов во тридневна посета на Србија

Претседателот Ѓорге Иванов од утре ќе биде во тридневна посета на Србија и ќе разговара со претседателот на Србија, Томислав Николиќ, и со премиерот, Александар Вучиќ, а ќе учествува и на бизнис-форум на македонски и на српски бизнисмени. Иванов в недела во Панчево ќе присуствува на свечена академија со која се одбележуваат 70 години од доселувањето на Македонци во Војводина, што...

Визуелизација: Што сè имаат српските компании на нашиот медиумски простор

Српската компанија „Адриа медиа груп“ објави дека го откупила контролниот удел во весникот „Слободен печат“. Преку оваа зделка белградската групација стана доминантен сопственик во новата издавачка компанија „Адриа медиа Балкан“, која од денеска го издава весникот „Слободен печат“ кој е критички медиум кон политиките што ги практикува сегашната власт. Со тоа српските компании, кои во огромен процент се застапени во...

Со продажбата на „Слободен печат“ мнозинството македонски медиуми добија српски газди

Српската компанија „Адриа медиа груп“ објави дека го откупила контролниот удел во весникот „Слободен печат“. Преку оваа зделка белградската групација стана доминантен сопственик во новата издавачка компанија „Адриа медиа Балкан“, која од денеска го издава весникот „Слободен печат“ кој е критички медиум кон политиките што ги практикува сегашната власт. Со тоа српските компании, кои во огромен процент се застапени во медиумскиот простор...

Србија ќе испрати хуманитарна помош за Сирија преку руски авиони

Србија ќе испрати хуманитарна помош во храна, опрема и лекови за граѓаните на Алепо во Сирија преку руски авиони. Српскиот премиер Александар Вучиќ денеска во Ниш изјави дека владата на Србија одлучила да испрати хуманитарна помош за жителите на Алепо и дека во тоа нема никаква „политичка приказна“. Тој додаде дека српската влада би испратила хуманитарна помош кому било во светот што би...

Мекалистер: Сите шест држави од Западен Балкан имаат европска перспектива

Земјите-членки на Европската Унија имаат единствен став дека сите шест држави од Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Македонија и Србија) имаат европска перспектива, вели известувачот на Европскиот парламент за Србија, Дејвид Мекалистер. „На сите им е во интерес сите шест држави од регионот, пред сè, Србија, да имаат проевропски курс. Сакаме трајна политичка и економска стабилност...

ФИФА ќе ги казни Косово и Хрватска

ФИФА поведе дисциплински постапки против Косово и Хрватска поради тоа што навивачите на двете репрезентации за време на квалификациските натпревари за Светското фудбалско првенство извикуваа антисрпски пароли. Навивачите на своите јазици скандирале „Убиј го Србинот“ на натпреварот на кој Хрватска победила со 6:0. Натпреварот се одиграл на 6 октомври во албанскиот град Скадар, затоа што фудбалските стадиони на Косово не се...

Вучиќ бара докази за обвиненијата на Црна Гора

Српскиот премиер Александар Вучиќ денеска се огласи по повод апсењето на 20 српски државјани во Црна Гора, под обвинение за тероризам, велејќи дека би сакал да види и да слушне сериозни податоци за тоа дека пензионираниот командант на жандармеријата на Србија, Братислав Дикиќ, планирал терористички акции во Црна Гора. Црногорската полиција и обвинителството викендов уапсија 20 државјани на Србија, осомничени...

Рама најави економска поддршка на Албанците од југот на Србија

Премиерот на Албанија, Еди Рама, денеска во Белград се сретна со албанските политички лидери од југот на Србија и најави поддршка за економскиот развој на Прешево и на Бујановац. По состанокот Рама изјави дека ја поддржува идејата за збратимување на овие општини со општините во Албанија и за заедничко конкурирање за средствата од претпристапните фондови на Европската Унија. Тој рече...

Рама во Белград повторно ја повика Србија да го признае Косово

Премиерот на Албанија, Еди Рама, кој е во посета на Белград, денеска повторно ја повика Србија што поскоро да го признае Косово. Тој истовремено посочи дека силно го поддржува дијалогот меѓу Белград и Приштина. - Косово е прашање за кое во целост не се согласуваме, бидејќи мојот став е дека што поскоро Србија го признае Косово, тоа е подобро за...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...