fbpx
Таг: Србија

таг: Србија

Тадиќ: Пуштете ја Македонија сама да ги решава своите односи

Претседателот на Социјалдемократската партија на Србија, Борис Тадиќ, денеска оцени дека Македонија треба да се остави сама да ги регулира своите односи и дека во овој момент треба „да се спушти топката“ затоа што во спротивно последиците би можеле да бидат катастрофални. - Постојат тензии помеѓу поединечни политичари од Македонија и од Србија – размена на крошеа, боксерски речник. Мислам дека...

Дачиќ: Заев брутално и скандалозно ја навреди власта во Србија

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, денеска остро го критикуваше лидерот на СДСМ, Зоран Заев, поради неговата изјава за српски „Курир“, во која вели дека во Србија владее националистички раководство. - Не знам со што Александар Вучиќ и владата на Србија го заслужија овој брутален и скандалозен напад од претендентот за местото македонски премиер, Зоран Заев. Зар не...

Дачиќ: Србија може да го уапси Мислиу, но тоа не е паметно

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, изјави дека државата би можела да го уапси претседателот на собранието на општина Бујановац, Јонуз Муслиу, поради закани, но дека сепак тоа не е паметно затоа што може да предизвика дополнителна штета. Муслиу, кој е претседател на Националниот совет на Албанците, неодамна изјави дека Прешевската Долина е територија која „бара ослободување“ и...

Протест во Белград по повод годишнината од уривањето во Савамала

Иницијативата „Не го давиме/даваме Белград“ (Не да(је)мо Београд) денеска под мотото „По трагите на фантомите“ организираше протест по повод годишнината од уривањето објекти во белградскиот кварт Савамала. Кон протестот се приклучија и студентите и граѓаните кои од 3 април секојдневно организираат протести „Против диктатурата“, јави дописникот на „Мета“ од Белград. Собирот го поддржаа Воениот синдикат на Србија, Полицискиот синдикат на...

Вучиќ и Николиќ договорија примопредавање на 31 мај

Претседателот во заминување и новоизбраниот претседател на Србија, Томислав Николиќ и Александар Вучиќ, ќе го извршат примопредавањето на должноста на 31 мај, кога Вучиќ ќе ја положи и заклетвата, а инаугурацијата на новиот претседател ќе биде помеѓу 15 и 20 јуни. Ова беше договорено вчера попладне, на состанок помеѓу Николиќ и Вучиќ, кој според пишувањата на српските медиуми, траел повеќе...

Учесниците на протестите „Против диктатурата“ се придружија на Маршот за науката во Белград

Учесниците на протестите „Против диктатурата“, кои неколку седмици се одвиваат во најголемите градови на Србија, вчера се придружија на Маршот за науката во Белград, во рамките на кој масата демонстранти се прошетаа по централните улици на главниот град на Србија до Собранието на Србија. Научниците од Србија се собраа на марш за науката истовремено со свои колеги во повеќе од...

Дачиќ ги повика ЕУ, САД и Британија да реагираат на изјавите за „голема Албанија“

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, денеска изјави дека Европската Унија, САД и Велика Британија ќе бидат директно одговорни за последиците доколку не реагираат на последните изјави на албански политичари за соединување на Албанија, Косово и на три општини од југот на Србија, јавува дописникот на „Мета“ од Белград. Во реакција на изјавата на претседателот на општината Бујановац,...

Вучиќ ја повика ЕУ да реагира на изјавите на Рама и на Тачи

Премиерот на Србија, Александар Вучиќ, денеска апелираше до политичките претставници на Албанците да не излегуваат во јавност со изјави дека е потребно сите Албанци во регионот да формираат единствена држава доколку биде запрен процесот на европските интеграции. „Ние ги молиме, повторувам, ги молиме, бидејќи тоа не придонесува за добри односи во регионот, ниту за создавање атмосфера на соработка и за...

Иницијатива за смена на претседателката на Собранието на Србија

Собранието на Србија денеска ја продолжува седницата што беше прекината на 1 март поради предизборната кампања. На седницата опозициските пратеници ќе пробаат на дневен ред да ја воведат иницијативата за смена на претседателката на парламентот, Маја Гојковиќ. Иницијативата за смена на Гојковиќ ја поднесоа Демократската партија и движењето „Доста беше“, тврдејќи дека таа го деградира највисокото законодавно тело, дека ги крши...

Вучиќ: Државата ќе реагира ако протестите станат насилни

Српскиот премиер Александар Вучиќ изјави дека граѓаните на Србија можат да протестираат додека сакаат и сè додека не ги загрозуваат правата на другите граѓани. Во спротивно, доколку дојде до насилство, државата ќе интервенира. Вучиќ по денешната посетата на дежурните сили во системот на противвоздушна одбрана во на војската на Србија во Јаково, рече дека „државата ќе реагира ако некој посегне...

Бомба фрлена на општинската зграда во Зрењанин

Засега непознато лице утрво околу 5.30 часот фрлило експолозивна направа на оштинската зграда во Зрењанин, јавуваат српските медиуми. Полицијата соопштува дека нема повредени во експлозијата, од која е искршена влезната врата на општината и оти работат на расветлување на сличајот.

Саша Јанковиќ ќе формира политичко движење како одговор на Вучиќ

Саша Јанковиќ, еден од кандидатите на неодамна одржаните претседателски избори во Србија, денеска најави дека во следните денови ќе формира движење во кое ќе влезат партии, организации и поединци што ја поддржаа неговата кандидатура и со кои ќе учествува на следните избори. На конференција за медиумите, Јанковиќ рече дека тоа е „одговор на силата“ што ја применува Александар Вучиќ и...

Вучиќ: Со протестите се спроведува „македонско сценарио“

Студентите кои веќе осум дена, незадоволни од резултатите на претседателските избори во Србија, организираат протести во Белград и во другите градови во земјата, соопштија дека бараат комплетна смена на политичката елита на чело со Александар Вучиќ, фер и слободни избори, како и укинување на диктатурата. Вучиќ, пак, како одговор на нивните барања, вели дека тие спроведуваат „македонско сценарио“. Барањата, за кои како...

Јанковиќ обвини за кражба, Вучиќ повика гласовите да се бројат пред камери

Победникот на претседателските избори во Србија, актуелниот премиер Александар Вучиќ повика Републичката изборна комисија јавно да ги отвори вреќите со гласачките ливчиња од избирачките места за кои неговиот противкандидат Саша Јанковиќ рече дека се „украдени“. Од изборниот штаб на Јанковиќ, поранешен народен правобранител, порачаа дека Александар Вучиќ украл 319.000 гласа за време на изборите на 2 април. Вучиќ освои уште...

Се урна воен авион во Србија, загинаа двата пилоти

Два пилота на Војската на Србија погинаа денеска во уривање на школско-борбен авион Супергалеб Г-4 кај селото Слатина кај Шабац, соопшти српското министерство за одбрана. Погинале потполковникот Ненад Ќулибрк од Командата на Военото воздухопловство и противвоздушна одбрана и капетанот Дејан Пандуровиќ од 252. Школско тренажна авијациска ескадрила од аеродромот Батајница. Авионот се урнал во 10.30 часот при редовна летачка обука. Почната...

Продолжуваат протестите против Вучиќ во Белград, Ниш и во Нови Сад

Неколку илјади претежно млади лица, незадоволни од победата на Александар Вучиќ на претседателските избори во Србија, и денеска излегоа во центарот на Белград, на четвртиот по ред „Протест против диктатурата“, јавува дописникот на „Мета“ од Белград. Учесниците на протестот, кој е организиран преку „Фејсбук“, носеа знамиња на Србија и транспаренти со натписи „О (не)свести се“, „Вучиќ арамијо“, „Долу диктатурата“, „Денеска...

Францускиот суд ја одложи одлуката за екстрадицијата на Харадинај за 27 април

Францускиот суд го одложи донесувањето на одлуката за случајот со Рамуш Харадинај за 27 април, по денешното две и полчасовно рочиште во судот во градот Колмар, јавува балканскиот сервис на „Радио Слободна Европа“. „Дотогаш ќе почекаме уште малку. Ние сме во право и правдата ќе победи. Јас не побегнав од ничиј закон, ниту од косовскиот, ниту од меѓународниот. Српската јурисдикција...

Студентите во Белград ги формулираа барањата на протестите против Вучиќ

Студентите во Белград, кои веќе два дена учествуваат во „протестите против диктатурата“ кои се одвиваат во најголемите градови на Србија, денеска ги поддржаа барањата на колегите од Нови Сад и додадоа уште едно - барање за ревизија на избирачкиот список и овозможување електронско гласање. Студентите, кои своите барања ги објавија на „Фејсбук“, бараат протестите да траат до смената на членовите...

Повеќе илјади лица повторно протестираа во Србија поради победата на Вучиќ

Во Белград, Нови Сад, Ниш и во уште неколку градови денеска, втор ден по ред се одржаа протести, на кои повеќето беа млади го изразија незадоволството од резултатите од претседателските избори на кои убедливо победи актуелниот премиер Александар Вучиќ. На протестот, закажан преку социјалните мрежи, во Белград се собраа повеќе илјади лица, а демонстрациите траеја четири часа. Со свирчиња и...

„Фридом хаус“: Демократијата во Србија на најниско ниво од 2005 година

Степенот на демократскиот развој на Србија падна на најниско ниво од 2005 година, и покрај напредокот во процесот на европските интеграции, се оценува во најновиот извештај за Србија на организацијата „Фридом хаус“. „Во текот на 2016 година, демократијата во Србија дополнително се влоши, продолжувајќи го негативниот тренд од претходните две години. Додека некои подобрувања беа видливи во некои области поврзани...

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...