fbpx
Таг: Србија

таг: Србија

(ВИДЕО) Пожар во кинески трговски центар во Белград, го гаснат хеликоптери и 70 пожарникари

Голем пожар утрово избувна во кинескиот трговски центар во Блокот 70 во Белград. Густ чад што излегува од трговскиот центар може да се забележи од повеќе делови на српскиот главен град, а на терен се повеќе од 70 пожарникари. По наредба на српското Министерство за внатрешни работи, пожарот се гаси и со хеликоптери, јавува Н1. Шефот на Одделот за вонредни...

Хакери ги објавија јавно украдените податоци на Електростопанство на Србија

Хакерите кои неодамна го оневозможија онлајн системот на Електростопанство на Србија (ЕПС), а потоа бараа еден вид „откуп“ за да ги вратат податоците, вчера објавиле повеќе од 34 гигабајти кориснички податоци на интернет и овозможиле нивно преземање преку блогот Qilin, на мрежата Onion, објави Бета. Воедно, најавено е дека вториот дел од базата на ЕПС ќе биде објавен в понеделник,...

ЕУ ќе ги услови милијардите евра нова помош за земјите од Западен Балкан

Земјите-членки на ЕУ се подготвени да дадат поддршка за Планот за економски раст за Западен Балкан во висина од над 6 милијарди евра, но бараат од земјите во регионот напредок во владеењето на правото и ускладеност со надворешната политика на ЕУ, јавува Радио-телевизија Србија по консултација со дипломатски извори од Брисел. Покрај напредокот во владеењето на правото и вклучувањето на...

Ќе има ли последици за Србија по прославата на денот на Република Српска?

Прославата на денот на Република Српска и учеството на Србија во одбележувањето на овој неуставен празник за Босна и Херцеговина претставува сериозна провокација не само кон регионот, туку и кон меѓународната заедница која силно се залага за зачувување на босанскиот суверенитет и интегритет, пишува српскиот весник Данас. Весникот ги пренесува реакциите на меѓународната заедница по одбележувањето на денот на Република...

Опозиционерот Никола Сандуловиќ делумно парализиран по нападот од српската тајна служба

Семејството на опозицискиот лидер Никола Сандуловиќ, кој наводно бил претепан од српската тајна служба додека бил во притвор вели дека тој е делумно парализиран од нападот којшто се случил откако се извини за злосторствата извршени од Србите врз етничките Албанци во Косово, пишува Гардијан. Нападот врз опозиционерот Никола Сандуловиќ се случи на 3 јануари, кога тој бил одведен од неговиот...

За Курти, Србија е опасност за регионалната стабилност на Балканот

Косовскиот премиер Албин Курти денеска изјави дека Србија претставува опасност за регионалната стабилност на Балканот, барајќи од српските власти да ги ослободат поранешниот припадник на ОВК Хасан Дакај и уште двајца косовски државјани кои беа уапсени на почетокот од месецов, пренесува Радио-телевизија Косово. Во својот говор, премиерот Курти го спомена апсењето на косовски граѓани од страна на Србија, за кое...

Најстариот неделник во регионот НИН со комплетна промена на редакцијата

Досегашниот главен уредник на српскиот неделник НИН, Милан Ќулибрк се повлече од оваа функција во најстариот политички неделник во регионот, додека членовите на колегиумот и редакцијата на НИН дадоа оставка на новата сопственичка на медиумот Јелена Дракулиќ, пишува српскиот весник Данас. Редакцискиот колегиум во оставка на НИН преку соопштение за јавност вели дека новата сопственичка најавила промена на концепцијата на...

Протестите против изборни измами во Србија ќе продолжат на 16 јануари

Лидерот на српската опозиција Драган Ѓилас денеска во Белград објави дека десетици илјади луѓе од други места надвор од Белград биле впишани во избирачкиот список за да гласаат на белградските избори, пренесува весникот Данас. Тој денеска одржа прес-конференција пред разрушен објект во белградската населба Вождовац, на чија адреса е впишано дека живеат 50-тина лица. Ѓилас изјави дека случајот со објектот...

ЕУ ги поздрави одлуките на Белград и Приштина за признавање на регистарските таблички

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел денеска ги поздрави одлуките на Косово и Србија за официјално меѓусебно признавање на регистарските таблички на моторните возила и за укинувањето на налепниците на табличките, пренесува весникот Данас. Според Борел, одлуката е позитивен чекор во имплементацијата на Договорот за нормализација на односите, како и досегашните обврски преземени од дијалогот...

Ќе добие ли Србија свој Прибе за решавање на политичките тензии по изборите?

Меѓународната заедница ќе биде клучниот фактор што во наредниот период ќе ја определи траекторијата на исходот од политичките тензии меѓу власта и опозицијата по изборите во Србија што се одржаа на 17 декември лани, пишува Н1. Опозициската коалиција „Србија против насилството“ по завршувањето на изборите побара основање на Меѓународна верификациона комисија од страна на Европскиот парламент, која ќе го...

Српскиот генералштаб со предлог до Вучиќ за воведување задолжителен воен рок

Генералштабот на српските вооружени сили му достави предлог на претседателот Александар Вучиќ за повторно воведување на задолжителниот воен рок во Србија во траење од четири месеци, пренесува весникот Данас.  Оваа информација денеска ја соопшти српското Министерство за одбрана, а ваквиот чекор би бил „со цел да се подигне одбранбената способност на српската војска преку подмладување и унапредување на пополнетоста и...

Гардијан: Вучиќ е автократски националист чии политички инстинкти се исковани во ерата на Милошевиќ

Според српскиот претседател Александар Вучиќ, неодамнешните парламентарни избори во земјата биле „најчистите и најправедните“ во нејзината историја. Тие беа, исто така, триумф за неговата погрешно именувана Српска напредна партија (СНС), која освои убедлива победа. Но, Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) имаше поинаков став, пишува британски Гардијан, а пренесува српски Данас. Во соопштението на меѓународниот набљудувачки тим на...

Тепиќ и Милошевиќ го прекинаа штрајкот со глад, пренесени се во болница

Јелена Милошевиќ од Партијата на слободата и правдата го прекина штрајкот со глад откако лекарите во Ниш, врз основа на резултатите од прегледот, заклучиле дека продолжувањето на штрајкот може да доведе до оштетување на органите, пренесува Н1. Таа го започна штрајкот со глад поради изборните измами што се случија за време на изборите на 17 декември во Србија. Милошевиќ од...

Илјадници протестираат со „црвени картони“ пред уставниот суд во Белград

Продолжуваат протестите против резултатите на парламентарните и локалните избори во Белград на кои владејачката СНС прогласи победа, известува Радио Слободна Европа. Овој пат, граѓаните протестираат пред уставниот суд, со симболични „црвени картони“ в раце. Опозициската коалиција „Србија против насилство“ како и ОБСЕ тврдат дека имало нерегуларности на изборите на кои српската партија на власт СНС прогласи победа. Протестите се организирани од...

Опозициската лидерка Мариника Тепиќ 12-ти ден штрајкува со глад

Носителката на парламентарната листа на опозициската коалиција „Србија против насилството“, Мариника Тепиќ веќе 12 дена штрајкува со глад поради изборните измами што се случија за време на изборите одржани на 17 декември во Србија. Тепиќ сè потешко се движи, а ѝ пукаат и вените поради неопходноста постојано да прима инфузија, пишува весникот Данас. Денеска се очекуваат новите анализи на крвта...

Српската опозиција размислува да ги врати освоените мандати на изборите

Претставниците на опозициската коалиција „Србија против насилството“ кои бараат поништување на изборите од 17 декември размислуваат да ги вратат освоените мандати во српскиот парламент и во белградското градско собрание, пишува весникот Данас. Според српските закони, освоените мандати им се доделуваат по автоматизам на кандидатите по одржувањето на изборите, а нивна е одлуката дали ќе ги прифатат или не. Дел од...

Српската опозициска лидерка Мариника Тепиќ десетти ден штрајкува со глад

Српската пратеничка и една од лидерките на опозицијата, Мариника Тепиќ веќе десетти ден штрајкува со глад поради изборните измами што се случија во Србија на 17 декември. Тепиќ во изјава за телевизијата Н1 вели дека нејзината одлука да штрајкува не е насочена кон домашните институции, туку кон меѓународната заедница. И покрај молбите кои стигнуваат од различни земји за да го...

Во Белград в петок целодневни блокади на улиците поради изборните измами

Движењето „Борба“ за во петок најави 24-часовни блокади на сообраќајот во Белград. Активистите најавија дека целодневниот револт поради изборните измами на српската власт ќе започне во 12 часот, од каде во сабота ќе заминат на големиот протест што го организира иницијативата „ПроГлас“, пренесува весникот Данас.  Студентите и активистите и денеска протестираа во Белград, иако од српскиот министер за државна управа...

Не се само од Босна, изборната измама во Белград направена и со гласачи од Црна Гора

Фото: Борче Поповски
Тврдењата на високиот функционер на СНС на Александар Вучиќ дека неговата партија доведувала гласачи од Белград за гласање на локалните избори во Никшиќ и Будва во Црна Гора фактички значи дека српскиот претседател поседува критична маса од најмалку 40.000 двојни гласачи, кои можат да влијаат на резултатите од локалните избори во Црна Гора, но и во Белград, каде опозицијата...

(ВИДЕО) Професор повикува студент на „консултации“, додека студентите се подготвуваат за протест во Белград

Човек што се претставил како професор на Факултетот за технички науки во Нови Сад ѝ пришол на група студенти кои утринава тргнале на протести во Белград и побарал да разговара со студент „на пет минути“. Настанот се случил за време на вклучувањето во живо во програмата на телевизијата Нова С од новосадскиот Универзитетски град, пренесува порталот „Данас“. Човекот што се...

Доналд Туск: Во ризик сме од војна, Европа не е подготвена

Полскиот премиер Доналд Туск изјави оти смета дека постои огромен ризик од војна и оти никој во Европа нема да се чувствува безбедно доколку Русија победи во Украина, пренесува...