fbpx
Таг: СПУКМ

таг: СПУКМ

ОЈО Скопје почна истрага за тепањето на студентите на ланските студентски избори

Основното јавно обвинителство Скопје по 16 месеци почна постапка за расветлување на упадот на Единицата за брзо распоредување (ЕБР) на МВР во просториите на Студентскиот парламент при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ по минатогодишните студентски избори. Обвинителството постапува по кривичната пријава што тогаш ја поднесе Хелсиншкиот комитет за човекови права против поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), Митко...

„Студентски пленум“ го прогласи референдумот за успешен

По пребројувањето на гласовите, „Студентски пленум“ вечерва го прогласи за успешен првиот референдум на кој студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ се изјаснија какво студентско организирање сакаат. На референдумот, како што соопштија од „Студентски пленум“, кој беше организатор, гласале вкупно 2.767 студенти. Од нив 2.615 студенти гласале „не“ за Студентскиот парламент при Унивезитетот „Св. Кирил и Методиј“ (СПУКМ) да...

„Студентски пленум“: СПУКМ трошел на телефонски сметки, патувања и на забави

Огромни суми од буџетот на Студентскиот парламент се трошеле криминално, неодговорно и несолидарно, обвинија од „Студентски пленум“. Како што велат од пленумот, парите се потрошени за телефонски сметки, забави, авионски билети и за плати на луѓе со истечен мандат или чии функции не постојат според статутот на организацијата. Според финансискиот извештај кој денеска го обелодени пленумот, во 2014-2015 година, СПУКМ располагал...

Комисија ќе ја оценува регуларноста на студентските избори

Да се основа комисија што ќе ги разгледува сите факти и докази за настанатата ситуација поврзана со изборите за студентски лидер, одлучи Ректорската управа на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на денешната вонредна седница. Комисијата ќе треба да побара и правна основа за дел од заклучоците усвоени на денешната седница, како, на пример, за ингеренциите на Ректорската управа во поглед на изборот на студентски...

Почна вонредната седница на Ректорската управа на УКИМ

Во тек е вонредната седница на Ректорската управа на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на која студентите од „Студентски пленум“ и од Студентски парламент ги раскажуваат настаните поврзани со изборот за претседател на СПУКМ. Деканите на факултетите при УКИМ даваат свои предлози како да се реши ситуацијата поврзана со изборот на новиот претседател, а „Студентски пленум“ бара изборите да се...

„Студентски пленум“ уште еднаш побара поништување на изборите на СПУКМ

Студентите од „Студентски пленум“ на вечерашниот протест пред платото на Универзитетот Св. „Кирил и Методиј“ (УКИМ) ги повторија барањата за поништување на изборите за претседател на Студентски парламент при УКИМ (СПУКМ). Поддржани од група професори, побараа изјаснување на Универзитетскиот сенат, Ректорската управа, Ректорот и на проректорите, од кои очекуваат остро да ги осудат вчерашните случувања и да не ги признаат...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Сорос сакаа да го оспорат правото на студентите да изберат свој лидер

„СДСМ и „Сорос“ вчера се обидоа да го оспорат правото на студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ да изберат свој лидер“. Ова е ставот на ВМРО-ДПМНЕ за вчерашните случувања на изборите за нов претседател на Студентскиот парламент на УКИМ, кој денеска го соопшти членот на владејачката партија, Драган Данев. Тој обвини дека СДСМ и „Сорос“ се обиделе своите намери...

„Професорски пленум“ бара да не се признаат изборите на СПУКМ

„Професорски пленум“ најостро го осудува начинот на којшто вчера се одвиваа изборите за нов претседател на Студентскиот парламент при УКИМ (СПУКМ). Членовите на „Професорски пленум“ во нивната реакција велат дека се шокирани од фактот дека гласањето не било прекинато и покрај забележаните неправилности. - Членовите на oдборот за гласање ја злоупотребија својата положба и дозволија продолжување на гласањето, со што реализираа незаконски...

„Студентски пленум“ и „Шарена револуција“ ќе протестираат вечерва пред СПУКМ

Студентите повикуваат на протест, вечерва во 19 чaсот, пред канцеларијата на СПУКМ, кај Студентскиот дом „Кузман Јосифовски Питу“. Поддршка на овој протест ќе даде и „Шарената револуција“, чии поддржувачи, исто така, ќе излезат на протест пред Специјалното јавно обвинителство, кое се наоѓа до СПУКМ. - Ние, студентите од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ кои вчера баравме праведни и слободни избори за...

МОФ бара поништување на изборите за претседател на СПУКМ

Вчерашните криминални избори за претседател на Студентски парламент при УКИМ (СПУКИМ) се нелегални, недемократски и ги погазија правата на студентите и мора веднаш да бидат поништени, се вели во реакцијата на Младински образовен форум (МОФ). Од МОФ бараат целосно поништување на изборите од страна на избирачката комисија на СПУКМ, ректорот во заминување, Велимир Стојковски, и од идниот ректор, Никола Јанкуловски,...

„Студентски пленум“ бара од УКИМ веднаш да реагира на тепањето студенти

„Студентскиот пленум“ бара од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ веднаш да реагира против тепањето студенти, да не ги признае изборите и да побара истрага за вчерашните случувањата на УКИМ при изборите за нов студентски лидер, вели Ивана Туфегчиќ од „Студентскиот пленум“, пренесува „Дојче веле“. - Во спротивно, ќе ја опструираме работата на СПУКМ и нема да ги признаваме одлуките на...

ДС: Ако на студентски избори се случува хаос, што ли ќе има на парламентарните?

Студенти од „Студентскиот пленум“ вчера беа тепани од полицијата и насилно влечени, за да се овозможи да се прогласи лидер на студентите во организација на власта, реагираат од Демократскиот сојуз. Од партијата им честитаат на студентите за храброста во обидот да спречат одржување на криминални и нелегитмини избори за студентски лидер. „Демократскиот сојуз најостро го осудува вклучувањето во кршењето на изборниот...

По тензичната вечер, СПУКМ соопшти дека сепак избрале претседател

Нов претседател на Студентскиот парламент при УКИМ со освоени 3.851 глас е Давор Поповски, објавија утрово од СПУКМ. Оттаму велат дека вкупно гласале 5.264 студенти. Од СПУКМ соопштуваат дека изборниот процес се одвивал фер и демократски, освен, како што велат, скандализирањето на политички мотивираниот „Студентски пленум“, кое најостро го осудија. Припадници на Единицата за брзо распоредување и оклопни возила, пак, синоќа беа...

„Студентски пленум“: СПУКМ со специјалци насилно ги собра кутиите од гласањето

„Студентски пленум“ на својата страница на „Фејсбук“ ги повикува сите студенти и граѓани да одат пред студентскиот дом „Кузман Јосифовски Питу“, затоа што, како што пишуваат, членови на СПУКИМ, заедно со припадници на специјалните полициски сили, насилно ги грабнале гласачките кутии од денешните избори. „Сите пред „Кузман“ студентскиот дом. Пред 20 минути насилно беа украдени четири гласачки кутии и беа донесени...

СПУКМ: „Студентски пленум“ сака насилно да ги спречи изборите за нов студентски лидер

Денешните избори за нов лидер на Студентскиот парламент на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (СПУКМ) се одвиваа на транспарентен и демократски начин, со сите правила и регулативи пропишани во статутот и во правилникот за спроведување избори на СПУКМ, се тврди во соопштението на СПУКМ. Оттаму велат дека изборите почнале во 9 часот на сите 23 факултети, точно навреме, а треба...

„Студентски пленум“ повика на бојкот на изборите на СПУКМ

Од „Студентски пленум“ ги повикаа студентите да не излегуваат на изборите на СПУКМ закажани за 30 јуни затоа што, како што велат, сакаат вистински студентски претставници, а не марионети и нема да дозволат криминални избори за студентски претставници. „Ги повикуваме студентите да не излегуваат на изборите на СПУКМ на 30 јуни. Со бојкотот, сите заедно испраќаме најсилна порака: Нема да...

Студентите порачаа: Партии не примаме, само индекс имаме

Околу илјада студенти се собраа пред платото на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ каде што на Меѓународниот ден на студентите го почнаа маршот под мотото „Заедно против екстерното тестирање на факултетите“, организиран од „Студентски пленум“. Студентите носеа транспаренти испишани со зборовите „Екстероното, Титаник на високото образование“, „Активирај се, реализирај се, студентизирај се“, „Јас сум повеќе од бројче“. - Се преставувам само...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...