fbpx
Таг: СПЦ

таг: СПЦ

Крстев: Руската црква ги турка српските интереси во Северна Македонија

По протерувањето на рускиот архимандрит Васијан Змеев прво од Македонија, а потоа и од Бугарија, познатиот бугарски долгогодишен новинар и аналитичар Николај Крстев вели дека станува збор за очигледен пример за вмешување на Руската Православна Црква во Северна Македонија, во полза на српските интереси, а против поголемото зближување на земјава со Бугарија. Крстев гостуваше во утринскиот блок „Добро утро Европа“...

Говор на омраза и дезинформации поврзани со Европрајд 2022 испливaa на површина во Србија

Во Србија, дезинформациите и говорот на омраза кон ЛГБТК+ заедницата и поддржувачите на човековите права се во значителен пораст, како резултат на Европрајд 2022, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Европрајд е паневропски и меѓународен ЛГБТК+ настан, кој секоја година е во организација на различен европски град. Во 2022 година беше избран Белград, a манифестацијата се...

Руската амбасада по урнекот на Лавров „го одбележа“ признавањето на автокефалноста на МПЦ-ОА од страна на РПЦ

Амбасадата на Руската Федерација во Скопје денеска се приклучи на значителниот број профили на социјалните мрежи и македонски медиуми и извести за вчера донесената одлука на Руската Православна Црква - Московска Патријаршија за признавање на автокефалноста на Македонска Православна Црква - Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА). Со двата твита, руската амбасада, иако навидум суво фактографски се занимава со ова случување битно за...

Црногорската влада и СПЦ потпишаа договор, се отвора можност за веронаука во училиштата

Црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ денеска објави на својот профил на Телеграм дека во Подгорица е потпишан фундаменталниот договор меѓу Црна Гора и Српската православна црква (СПЦ). Утрово во Подгорица пристигнал патријархот на СПЦ Порфириј Периќ, без претходна најава и присуство на новинари. „Потпишан e oсновен договор. Едно важно прашање поставено ad acta. Продолжуваме понатаму, фокусирајќи се на подобар животен стандард...

Мило Ѓукановиќ ја руши владата на Дритан Абазовиќ поради договорот со Српската православна црква

По само три месеци од нејзиното формирање, црногорската влада на премиерот Дритан Абазовиќ е на пат да го изгуби парламентарното мнозинство. Демократската партија на социјалистите (ДПС) на црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ одлучи да ја прекине поддршката на владата на Абазовиќ поради напуштање на европската агенда, објави подгоричкиот весник „Побједа“. ДПС веќе нареднава недела ќе го овласти нивниот пратенички клуб да...

Бугарскиот митрополит Гавриил до Пендаровски: Нема ништо политичко во одлуката за македонската црква

Решението на Светиот синод на Бугарската православна црква (БПЦ) да го признае канонскиот статус на Македонската црква е донесено според предлогот на српската црква, коментира бугарскиот Ловчански митрополит Гавриил, инаку еден од повлијателните во БПЦ, по исказот на македонскиот претседател Стево Пендаровски кој порача дека има координирана државна политика меѓу бугарските власти и БПЦ. „Денеска ја видов одлуката на БПЦ...

Српскиот патријарх Порфириј го додели томосот за автокефалност на МПЦ-ОА

По отслужувањето на заедничката литургија во Соборната црква „Свети Архангел Михаил“ во Белград со македонскиот архиепископ Г.г. Стефан, српскиот патријарх Порфириј денеска го врачи томосот за автокефалност на Македонската Православна Црква - Охридска Архиепископија, јави српската новинска агенција „Бета“. Томосот, кој беше прочитан во црквата, овозможува целосна автокефалност на македонската црква на територијата на земјава, но и во дијаспората. Патријархот Порфириј...

Порфириј соопшти дека СПЦ ја прифаќа и признава автокефалноста на МПЦ-ОА

Српската православна црква (СПЦ) го признава и прифаќа барањето за автокефалност на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА), објави српскиот патријарх Порфириј во својот говор по задничката литургија меѓу МПЦ-ОА и СПЦ во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје. „Сега кога дојдовме овде ви носиме уште една радост. Светиот архијерејски Собор на СПЦ едногласно излезе во пресрет на...

По заедничката богослужба со поглаварот на СПЦ, г.г. Стефан очекува и признавање на автокефалноста на МПЦ-ОА

На Литургијата на помирување, која денеска се одржа во храмот „Свети Сава“ во Белград, архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан рече дека раната која болеше цели 55 години е излекувана и изрази надеж дека деновиве ќе се случи и признавање на автокефалноста на МПЦ-ОА. „Благодариме на Бога што наидовме на братољубие кај неговата светос Порфириј кој само по неколку дена...

Синодот на МПЦ-ОА се заблагодари на Вселенскиот патријарх, соопшти дека се водат разговори со СПЦ

Светиот архијерејски синод (САС), на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА), денешната вонредна седница се заблагодари на Вселенскиот патријарх Вартоломеј за воспоставувањето евхаристиско единство и соопшти дека продолжуваат разговорите со Српската Православна Црква (СПЦ) во врска со решавањето на црковниот спор. Истовремено, Синодот одлучи да се канонизираат двајцата македонски преродбеници: Јоаким Крчовски и Кирил Пејчинович. Посебен акцент во соопштението...

Вселенската Патријаршија ја призна МПЦ-ОА како канонска, последното ниво пред автокефалност

На седница на Светиот Синод на Вселенската патријаршија вчера е донесена одлука свештенството и верниците на Македонската Православна Црква - Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА) да се примат во евхаристиско (литургиско) единство, односно ја признава како црква со своја организација, но која не е автокефална. Прифаќањето на МПЦ-ОА е под името „Охридска“, со Господин господин Стефан како нејзин поглавар, се вели...

Српскиот патријарх Иринеј почина од ковид-19

По повеќе од две седмици боледување од ковид-19, утрово во 7.07 часот во воената ковид болница „Карабурма“ во Белград, починал српскиот патријарх Иринеј, соопшти претпладнево Српската Православна Црква - Пеќка Патријаршија (СПЦ). Засега нема детали за погребот. Од упокоениот српски патријарх прв се прости претседателот на Србија, Александар Вучиќ, уште пред да биде објавено официјалното соопштение на веб-сајтот на СПЦ. „Ми...

Митрополитот Амфилохије: Не треба да не фаќа паника околу посетата на македонската делегација кај Вартоломеј

Белградскиот весник „Време“ објави интервју со Амфилохије, митрополит црногорско-приморски на Српската православна црква (СПЦ). Додека поголем дел од интервјуто  се однесува на тековните состојби со Црна Гора, тоа содржи и изјава во врска со спорот со македонската црква, МПЦ-ОА. ​Во главниот дел на интервјуто, Амфилохије ја обвинува црногорската власт за креирање на проблемот со Законот за слобода на вероисповед и...

СПЦ, сепак, ќе може да се регистрира во Црна Гора под своето име

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу бргу ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борбата против дезинформациите во регионот, односно од Хрватска на север, до...

Црковниот спор меѓу СПЦ и МПЦ „стигна“ до заговор на НАТО за разбивање на православието

Неодамнешната посета на техничкиот премиер Оливер Спасовски и екс-премиерот Зоран Заев на седиштетото на Вселенската патријаршија во Истанбул и разговорите со вселенскиот патријарх Вартоломеј предизвикаа голем интерес во српската јавност. Но, покрај информирањето, може да се сретнат и примери на развивање теории на заговор против СПЦ и воопшто против православието. Еден од помаркатните примери е оној што може да се види во текстот  што би требало...

Црна Гора со инциденти во парламентот го усвои Законот за верските заедници

Црногорскиот парламент изминатава ноќ го усвои Законот за верските заедници. Ноќеска во Подгорица беше тензично, просрпските опозициски партии во парламентот поднесоа амандмани на законот, кои откако им беа одбиени, започнаа кавга со останатите пратеници и почнаа да ја кршат техниката во собраниската сала. Членовите на црногорската влада ја напуштија седницата пред инцидентот, додека полицијата интервенираше и ги отстрани од салата...

Вучиќ ја искритикува Српската православна црква поради Косово

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави денеска дека е засегнат од „лошто мешање“ на Српската православна црква (СПЦ) во политиката за Косово, јавува дописничката на „Мета“ од Белград. По повод соопштението на Соборот на СПЦ, „дека по ниту една цена не смее да се доведе под знак прашање суверинитетот и интегритетот на Србија на Косово“, Вучиќ пред новинарите на српските...

Попов: Србија во Македонија игра во корист на Русија

Директорот на новосадскиот Центар за регионализам, Александар Попов, денеска изјави дека Србија се однесува обратно од здравиот разум и на испраќа порака во добар правец кога е во прашање претстојниот референдум во Македонија, јавува дописничката на „Мета“ од Белград. - На Србија како соседна земја, би требало да и биде во интерес да имаме стабилни односи во регионот, а сигурно...

Иринеј: Вселенскиот патријарх не треба да носи еднострана одлука за МПЦ

Српскиот патријарх Иринеј изјави дека би било грешка ако вселенскиот патријарх донесе еднострана одлука за афтокефалност на „канонски непризнаените цркви во Македонија и Украина, бидејќи на тоа би му се спротивставил целиот православен свет“. -Цариградскиот патријарх е прв меѓу еднаквите, а не прв без еднаквите. Затоа и, не дај Боже, да постои намера на сесветиот патријарх Вартоломеј за некаква еднострана...

Заев во ист коверт ги ставил неговото и писмото на владиците до Вартоломеј

Македонскиот премиер Зоран Заев во ист коверт ги ставил неговата молба до Вселенскиот патријарх Вартоломеј и писмото на владиците од Македонска православна црква - Охридска архиепископија МПЦ-ОА, со кое се бара да се реши долгогодишниот проблем на македонската црква и да се додели автокефалност. Тоа се гледа од неговото писмо, што Владата денеска го препрати до медиумите. Во него Заев...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...