!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Спотот на Вучиќ за претседателските избори забранет да се емитува во медиумите


Белград, 17 март, 2017 - 17:32 (META) 

Советот на Регулаторното тело за електронски медиуми (РЕМ) им наложи на српските медиуми во рок од 24 часа да прекинат со емитување на предизборниот спот за престедателскиот кандидат на владејачката коалиција, Александар Вучиќ, во кој се извикува „Вучиќу педеру“, јавува дописничката на „Мета“ од Белград.

Како што е објавено на веб-страницата на РЕМ, спотот е забранет бидејќи го крши Законот за огласување според кој „огласната порака не смее да содржи изјави или визуелно претставување кое може да биде навредливо“.

Имено, РЕМ на веб-страницата наведува дека врз основа на реакциите на дел од невладините организации кои се занимаваат со заштита на правата на ЛГБТИ-лицата, се утврдило дека на крајот на предизборниот спот на претседателскиот кандидат Вучиќ шестпати се слуша викање од стадион „Вучиќу педеру“.


„Јутро“, нов видеозапис на Калиопи


Скопје, 9 октомври, 2015 - 11:14 (META) 

Калиопи има ново музичко изненадување за своите обожаватели. Музичката дива ја објави баладата „Јутро“, како и видеозапис за истата.

„Јутро“ е соработка на Калиопи со нејзиниот поранешен сопруг и долгогодишен бизнис-партнер Ромео Грил, кој ги потпишува текстот, музиката и аранжманот на љубовната балада.

Видеозаписот е снимен во Македонија.


Необична промоција на нов македонски видео запис


Скопје, 24 јуни, 2015 - 12:17 (META) 

По два успешни дуети на младиот и енергичен бизнисмен воедно и пејач Дон, едниот со Роберт Билбилов – „Ти се промени”, другиот со Андреј ДНК – „Круг“, кои доста добро поминаа кај македонската публика, конечно направена е и негова соло песна „Сама си крива”. Текстот е на Дон, а музиката и аранжманот се на Лазар Цветковски. Видеото е во продукција на студио 2C.

Интересното во сето ова е начинот на кој овој пејач реши да го промовира својот видео запис.

Заедно со ДОН Маркетите, креираше интересен предизвик за сите љубители на македонската музика.Тој за неговата прва соло песна „Сама си крива”, ќе донира храна во Црвен Крст на Град Скопје. За секој преглед на неговиот нов видео запис кој е објавен на официјалниот јутјуб канал на 2C продукција ќе биде дониран по 1 денар.

Предизвикот започнува од денес и трае се до крајот на месецот, заклучно со 30.06.2015 година, точно на полноќ.

Спотот е сниман на повеќе локации низ Македонија при што изобилува со прекрасна природна глетка.

Покрај Дон во спотот се појавуваат и статисти кои го преточуваат текстот на песната во сликовита реалност, која воедно е случка од реалниот живот која секојдневно се случува.

Песната „Сама си крива“ веќе е во етерот, а спотот веќе се наоѓа на официјалниот јутјуб канал на 2C продукција.


Бјорк со видеоспот од 360 степени


Рејкјавик, 9 јуни, 2015 - 16:20 (META) 

Исландската поп-дива Бјорк направи видеоспот од 360 степени за нејзината нова песна „Stonemilker“ што може да се погледне на „Јутјуб“ без дополнителна опрема.


Јоце Панов сними нова песна во соработка со трубачот Џамбо Агушев


Скопје, 1 април, 2015 - 13:35 (META) 

Во новата песна на Јоце Панов, која деновиве беше премиерно емитувана во етерот, преовладуваат труби. Според пејачот, соработката со Џамбо Агушев за оваа песна била неминовна бидејќи тој е наш најпознат трубач со интернационална кариера.

Новата песна „Брига ме“ е направена на српски јазик, а наскоро се очекува да добие и македонска верзија. Двете верзии ќе добијат и видеозаписи.

На новиот албум на Јоце, на кој ќе се најде и оваа песна, ќе доминираат балканските инструменти и мелодиски линии. Целиот албум ќе има боемска нота, а песните ќе можат да се изведуваат во секакви пригоди.

https://www.youtube.com/watch?v=1NKz2kvKCDM


Видеозапис на „ДНК“ за новата песна „Најмила”


Скопје, 26 март, 2015 - 13:35 (META) 

По промоцијата на „Најмила“, која веќе неколку недели е во медиумскиот етер и е вистински хит, стигнува и видеозаписот за најновата песна на „ДНК“.

Главните улоги во видеоспотот се на Андреј, Панчо и на Катарина Ивановска. Интересно, во него се појавуваат не една, туку две Катарини! Видеозаписот се снимаше во „Брик бар“, апартман во Скопје и на Водно, а на него се потпиша „Томато продукција“.


„Тајфата“ ја промовира новата песна „Галичка“


Скопје, 17 март, 2015 - 15:18 (META) 

„Тајфата“ ја промовира новата песна „Галичка“, која е авторско дело на Венко Серафимовски (музика и текст) и на Дејан Ѓеорѓиевски-Ѕене (аранжман).

Песната е работена во студиото на Ѕене, а за истата веќе се снима и видеоспот, кој е во режија на Венко Серафимов. Спотот ќе биде промовиран на прес-конференција по поводот објавувањето на првиот албум на „Тајфата“.

Албумот треба да се појави до април, а деновиве членовите на „Тајфата“ интензивно работат.

Овојпат за фотографиите и за обвивката на албумот ќе биде задолжен Чедо Поповски. Сè на сè, „Тајфата“, барем според најавите, е во сериозен проект, за кој членовите се надеваат дека вистински ќе ја допре публиката и заслужено ќе добие свое место на музичкиот пазар.

„Тајфата“ минатата година ја промовираше својата прва песна „Еден пат за еден живот“, а веќе го подготвува и својот прв албум, иако петти по ред за Коки.

– Сите со нетрпение го очекуваме објавувањето на албумот и се надеваме дека публиката ќе ја препознае нашата искрена работа. Исклучително напорно работиме и особено сме горди на фактот што сами си го финансираме овој проект, но, сепак, немаше да успееме без луѓето што помогнаа да се реализира сево ова, па затоа искрена благодарност до сите нив – рече Коки.


Промовиран видеоспотот за евровизиската „Лисја есенски“


Скопје, 16 март, 2015 - 18:23 (META) 

Денеска официјално беше промовиран видеоспотот за песната „Autumn leaves“ (Лисја есенски), со која Даниел Кајмакоски ќе настапува на „Евровизија“ оваа година во Виена, Австрија.

На англиската верзија на песната, музиката и текстот ги изработи Швеѓанецот Јоаким Персон, а аранжманот и продукцијата ги подготви Роберт Билбилов.

– Искрено верувам во Роберт Билбилов, тој е вистински генијалец и креативен човек. Среќен сум што соработувам со него и мислам дека сега песната доби и емотивност, но со една многу подлабока и посуштинска нишка, со мојата вистинска приказна – рече Кајмакоски.

Даниел на 19 мај ќе настапи на првата полуфинална вечер на „Евровизија“, а големото финале е закажано за 23 мај.

 


Боб Дилан преку оглас бара актери за видеоспот


Лос Анџелес, 13 јануари, 2015 - 11:28 (META) 

Јавен повик за избор на актери и статисти во видеоспотот за песна од неговиот следен албумот „Shadows in the night“, објави американски кантавтор Боб Дилан. Инаку, овој албум ќе содржи песни на Френк Синатра.

Режисер на видеоспотот ќе биде Неш Еџертон, а снимањето би требало да почне наскоро во Лос Анџелес.

На огласот се бара „жени на возраст од 40 години и повозрасни, со вишок киолграми“, а пожелно е „да размислуваат безвременски во стилот на Лана Тарнер или Ава Гарднер“.

За машките учесници во видеоспотот се бараат мажи „од 45 и повеќе години, со огромен стас“, како и келнер повозрасен од 30 години.

 


Песната на Андријана Јаневска и на Мијата, „Еден ден“, доби видеозапис


Скопје, 8 јануари, 2015 - 13:44 (META) 

Песната „Еден ден“, од Андријана Јаневска и од Мијата, доби и видеоспот. Записот го подготви екипата од „Томато продукција“. Песната, пак, е авторско дело на Мијата, која ги потпишува музиката и текстот. Аражманот го направи Јаневска, придружните вокали ги отпеа Николина Јаневска, а аудиопродуцент е Драган Гиновски-Гино.