fbpx
Таг: спорот за името

таг: спорот за името

По три години, повторно преговори за името

Средбата на преговарачките тимови на Македонија и на Грција за спорот за името ќе се одржи денеска и утре во Брисел.Посредникот на ОН во разговорите за прашањето на името меѓу Македонија и Грција Метју Нимиц, по тригодишна пауза, ќе се сретне со претставниците на двете земји Васко Наумовски и Адамантиос Василакис. Средбата, како што најави канцеларијата на Нимиц, е дел...

Ципрас: Ако Скопје направи отстапки, 2018 година би можела да биде позитивна

Македонската влада треба да сопре со иредентизмот и со реторката за единствени потомци на Македонците, за да се направат суштински чекори и да се најде заемно прифатливо решение, порача грчкиот премиер Алексис Ципрас од Белград, велејќи дека ако се направат неопходните чекори, следната година може да донесе позитивен развој на прашањето за името. Во Белград, по вториот состанок на четворката...

Борисов: Да се обединиме и да помогнеме во решавање на проблемот за името

Прашањето за името меѓу Македонија и Грција мораме да го решиме. Мора да се обединиме и да ѝ помогнеме на Европската комисија да му помогне на Брисел да донесе правилни одлуки, а не да поставува некакви ултиматуми, истакна бугарскиот премиер Бојко Борисов денеска во Белград, по средбата со српскиот претседател Александар Вучиќ и со премиерите на Грција, Алексис Ципрас,...

Заев до Могерини: Продолжуваме силно, ама дома имаме „одредени политички околности“

Премиерот Зоран Заев, придружуван од вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, и од шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, денеска во Брисел се сретнаа со високата претставничка за надворешна политика и за безбедност на Европската Унија, Федерика Могерини. Заев на средбата се заблагодарил за посветеноста на ЕУ за Македонија да се врати на евроатлантскиот пат. - Сега е време да ги...

Коѕиас: Атина и Скопје сфатија дека мора да се работи врз основа на консензус и на компромис

За да се отвори патот на нашиот сосед кон ЕУ и другите организации во кои сака да се приклучи, мора да се најде компромис за спорот за името, вели шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас, во интервју за весникот „Етнос“. - Во случајот со ПЈРМ, нашите соседи веруваа дека можат да продолжат со приклучување кон овие организации без договор со...

На 11 и 12 декември Нимиц ќе се сретне со преговарачите во Брисел

Средбата на преговарачките тимови на Македонија и на Грција за спорот за името ќе се одржи на 11 и 12 декември, соопштија од канцеларијата на посредникот Метју Нимиц. „Средбата е дел од напорите на Обединетите нации да им се помогне на двете страни да најдат заеднички прифатливо решение за прашањето на името“, се вели во соопштението. Преговарачките тимови и претставникот на ОН во...

Заев веќе не е сигурен дека спорот за името може да реши во 2018 година

Премиерот Зоран Заев денеска не сакаше да прецизира дали спорот за името ќе се реши во текот на 2018 година, бидејќи разговорите се на самиот почеток. - Владата уште од првиот момент го подготвува теренот за наоѓање решение преку градење на пријателство со сите наши соседи, вклучувајќи ја и Грција. Постои пријaтелска атмосфера и позитивен момент, но уште нема никакви...

Димитров – Коѕиас: Отворен и конструктивен дијалог ќе придонесе за меѓусебна доверба

Шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров и неговиот грчки колега, Никос Коѕиас на маргините на министерската средба во Брисел разговараа спорот за името и за мерките за доверба. „Се зборуваше за натамошно унапредување на мерките за доверба и унапредување на прекуграничната соработка. На средбата стана збор и за процесот за надминување на единственото отворено прашање, за разликата околу името. Министрите...

Димитров и Коѕиас ќе разговараат за спорот за името во Брисел

Министерот за надворешни работи Никола Димитров и неговиот грчки колега, Никос Коѕиас, денеска ќе имаат билатерална средба во Брисел, на маргините од состанокот министрите за надворешни работи на земјите од Европската Унија. Според најавите, Димитров и Коѕиас ќе разговараат за спорот за името, како и за мерките за градење доверба. Коѕиас, пред заминувањето за Брисел изјави дека Грција сака да го...

Димитров: Нема „ревидирање на историјата“ со Грција, туку само средба на историчари

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска негираше дека со неговиот грчки колега Никос Коѕиас договориле „ревидирање на историјата“. - На средбата во Солун не беше разговарано за ова. На средбата во Њујорк разговаравме за средба на историчари и експерти коишто ќе почнат да разговараат за ова. Тоа е договорено. Можно е министерот Коѕиас да има план ова да го...

Расположението за решавање на спорот за името е на највисоко ниво, оцени Хојт Ји

Безбедностa на Македонија зависи од решавањето на спорот за името и од влезот на земјата во НАТО, оценија денеска во Центарот за меѓународни односи во Вашингтон, јавува „Гласот на Америка“ на македонски јазик. Заменик-помошникот американски државен секретар, Хојт Ји, оцени дека расположението за решавање на спорот за името е досега на највисоко ниво. Тој изрази надеж дека набргу ќе се најде решение. -...

Коѕиас: Прашањето за името треба да биде решено во 2018 година

Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас, за грчкиот весник „Катимерини“, изјави дека владата има намера да го реши спорот за името со Македонија. Тој вели дека националната рана, која е отворена пред 26 години, треба да биде излекувана до 2018 година, пишува „Катимерини“. - Верувам дека прашањето треба да биде решено до првата половина на 2018 година - вели грчкиот...

Шекеринска смета дека и Грција загубила со нерешавањето на спорот за името

Замрзнатиот проблем во врска со името во изминатиот период беше катастрофа за Македонија, но и лош развој на настаните за Грција, рече министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, во емисијата „Топ тема на ваша страна“ на телевизијата „Телма“ вечерва. Иако нагласи дека Грција, всушност, во моментот ништо не губи поради со децении нерешениот спор за името, Шекеринска рече дека земјата во последниве десет...

Коѕиас: Нимиц ќе се сретне со преговарачите од двете земји за три-четири седмици

Посредникот од ОН во преговорите за спорот за името меѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц, ќе се сретне со преговарачите од двете земји за три до четири седмици, најавил во четвртокот грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас, на двочасовниот брифинг со уредниците за надворешна политика во грчките медиуми, известува грчкиот „Њусбомб“. Во поглед на спорот, Коѕиас рекол дека е...

Кумуцакос: Сега имаме многу посигурни и попродуктивни соговорници за спорот за името

Победата на СДСМ во првиот круг од локалните избори е позитивен тек на настаните и можност за подобрување на односите меѓу Скопје и Атина, изјави пратеникот на грчката опозициска партија Нова демократија, Јоргос Кумуцакос, во интервју за грчката новинска агенција АНА-МПА. - Самиот факт што националистот Никола Груевски загуби на локалните избори, е позитивен тек на развојот на настаните. Сега...

Македонија може да биде следната членка на НАТО, оцени Хачисон

Постојаниот амбасадор на САД во НАТО, Кеј Бејли Хачисон, оцени дека Макдонија е земја што може да ги исполни критериумите за да стане следна членка НАТО, но додаде дека мора да се реши проблемот со името, односно да се најде решение што ќе биде прифатливо и за Грција. Хачисон, во интервју за американскиот весник „Вашингтон пост“, рече дека ја поддржува интеграцијата на...

Меѓународната хеленска асоцијација бара „новото име“ да не содржи „Македонија“

Пропагандата на владините тела во Скопје продолжува и понатаму непопустливо, порачува Меѓународната хеленска асоцијација од САД, која од грчкиот државен врв и од политичарите во Грција бара да не се дозволи ново име за „Скопје“ во кое би стоел и зборот„Македонија“. Во писмото потпишано од 154 универзитетски професори, истражувачи, писатели и аналитичари од Грција, САД, Канада и од некои други земји,...

Димитров: Во преговорите со Грција треба да си создадеме пријател

Во преговорите со Грција треба да се настапува позитивно, а не со површен национализам, порача министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денеска во Прилеп. Тој беше во градот под Маркови Кули за да му даде поддршка на кандидатот за градоначалник, Илија Јованоски. Шефот на македонската дипломатија вели дека главната поента во преговорите со Грција во спорот за името е да настапува позитивно...

Коѕиас: Прашањата се решаваат, не треба да се плашиме од компромиси

Разговорите за решавањето на спорот за името не се фокусираат на идентитетот, изјави денеска во Солун шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас, одговарајќи на новинарско прашање дали на брифинг со грчките новинари по средбите во Њујорк изјавил дека се преговара и за идентитетот, и за јазикот и за нацијата. - Го кажав тоа што го мислев. Се надевам дека во...

Димитров нема да реагира кај Коѕиас за налепниците од грчките цариници

Иднината на регионот била тема на билатералната средба на шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, и на неговиот грчки колега, Никос Коѕиас, но и на четиристраната средба што денеска се одржува во Солун, а на која присуствуваат и владини претставници од Бугарија и од Албанија. - Разговаравме за тоа што можеме да направиме за да создадеме една позитивна визија за иднината и...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...