fbpx
Таг: спорот за името

таг: спорот за името

Тимоние: Не го разбрав законот за јазици, постои простор за подобрување на текстот

Мислам дека не сум единствениот што не успеал да го разбере законот за јазици, бидејќи се работи за многу комплициран текст, барем во однос на неговата содржина, но и на последиците и мислам дека постои простор за подобрување во самиот текст вели францускиот амбасадор Кристијан Тимоние во неделното интервју на „Радио Слободна Европа“. Францускиот амбасадор вели дека сега доаѓа фазата...

Нема план Б за влез во НАТО, името мора да се реши, порача Столтенберг

Мора да бидам искрен со вас и не е добро да ве лажам - нема план Б и нема влез во НАТО сè додека не се реши проблемот со името, порача Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во три наврати, одговарајќи на новинарски прашања дали е можен прием со привремената референца на денешната прес-конференција по средбата со премиерот Зоран...

Исходот ќе зависи од подготвеноста за компромис на двете страни, вели Владата

Владата на Република Македонија по преговорите во Њујорк со посредништво на Метју Нимиц порача дека посветена на решавање на спорот кој  Република Грција го има со уставното име на Република Македонија.  Во соопштението се вели дека се создаваат услови за напредок, но за да дојде до тоа мора да има подготвеност за компромис на двете страни. „Активно се создаваат услови...

За Наумовски предлозите на Нимиц се далеку од достоинствено решение

Македонскиот преговарач во разговорите за името под покровителство на ОН, Васко Наумовски, по последната рунда разговори во Њујорк изјави дека предлозите изнесени од медијаторот Метју Нимиц се „далеку од достоинствено решение“. Според него, рамката за разговорите е дадена во Резолуцијата 817 на Советот за безбедност, а тоа е да се надмине разликата околу името. – Нашата држава има име, тоа е...

Новиот предлог на Нимиц е комбинација на старите идеи

Посредникот на ОН во разговорите за името, Метју Нимиц, денеска во седиштето на ОН, по средбата со македонскиот и грчкиот преговарач, Васко Наумовски и Адамантиос Василакис, најави дека на повидок е решение за спорот за името, со што ќе се стави крај на 27 годишниот спор меѓу Грција и Македонија. – Имам големи надежи дека овој процес се движи во...

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Грција го награди Анѓушев за лицитирањето со ново име?

Мошне симптоматично е што истовремено додека засилено се одвиваат преговори помеѓу Грција и Република Македонија, во услови кога Заев е убеден дека ќе го реши името, вицепремиерот Кочо Анѓушев лицитира со имиња на државата а потоа ја продава неговата фирма на грчкото електростопанство, порача  Христијан Делев на прес-конференција во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. - Целата јавност беше сведок дека Анѓушев од...

Димитров: Го охрабривме Нимиц в среда да излезе со првичен предлог за името

Министерот за надворешни работи Никола Димитров велии дека се уште нема предлог за решавање на спорот со името, но медијаторот Метју Нимиц бил поттикнат од македонската страна да излезе со првична рамка уште следната недела. – Сè уште немаме предлог на масата за решавање на спорот со името. Одлучивме да го охрабриме медијаторот Метју Нимиц да излезе што е можно...

Димитров: Македонија и Грција ќе формираат работни групи за преговори за името

Македонија и Грција се согласија да формираат работни групи предводени од министрите за надворешни работи, кои ќе водат преговори за решавање на 25-годишниот спор за името, изјавил министерот за надворешни работи, Никола Димитров за агенцијата „Ројтерс“. Тој очекува првата средба на новите групи да се одржи во февруари, при што директно ќе се преговара за можни решенија за спорот. - Се...

Бутарис: Прашањето за името е „надувано“ поради глупавоста на политичарите

Мора да имате добри односи со соседите. Прашањето за името е надувано пред се поради глупавоста на политичарите. Луѓето сакаат да си најдат идентитет. Со отстапки од двете страни, но и од опозицијата, подготвени се за компромис. Господинот Заев рече дека ќе го смени името на аеродромот, ќе ги смени таблите на улиците, вели солунскиот градоначалник Јанис Бутарис во...

Иванов: Грција да не ја држи Македонија во заложништво за приемот во НАТО

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов порача оти очекува на претстојниот самит на НАТО конечно Македонија да стане членка на Алијансата, а Грција „да покаже свест за она што се случува во регионот и своите себични интереси да не и бидат основа за да не држи во заложништво“. При денешната посета на војниците во касарната Чојлија, тој рече и...

Несериозно е да се помисли на нови избори во 2018 година, смета Џафери

Несериозно е да се помисли да има нови избори во 2018 година, затоа што Македонија ја чекаат процеси за евроатлантската интеграција и реформи кои треба да се спроведат, изјави денеска претседателот на Собранието, Талат Џафери. Тој изрази надеж дека на седницата на 9 јануари, која ќе биде прва во следната година, ќе присуствуваат и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и потенцираше дека...

Бошњаковски: Ако се постигне договор за името, ќе се организира референдум

Течат преговорите за спорот со името под закрила на Обединетите нации, но во моментов нема видливо решение, но секако кога ќе биде постигнат договор, ќе се организира референдум, рече портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски на новинарско прашање на денешната прес-конференција дали има некаков исчекор во долгиот спор. Прашан дали премиерот Заев ја прифатил поканата на солунскиот градоначалник Јанис Бутарис да...

Потребен е компромис од двете страни и што ќе го издржи тестот на времето, смета Коѕиас

Спорот за името мора да се реши со компромис прифатлив и за двете страни и што ќе го издржи тестот на времето, изјави шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас во интервју за грчката државна телевизија ЕРТ. – Она што ни е потребно е ПЈРМ да покаже култура на консензус и компромис, што значи дека ниту ние, ниту тие ќе добијат...

„Катимерини“: Нимиц сака преговорите да ги подигне на министерско и премиерско ниво

Медијаторот за спорот за името Метју Нимиц е охрабрен од последниот развој на настаните и е убеден дека ќе се постигне решение, пишува грчкиот весник „Катимерини“, додавајќи дека како неформална временска рамка за решавањето на проблемот е самитот на ЕУ во јуни и самитот на НАТО во јули следната година. Весникот коментира дека Нимиц во оваа фаза од преговорите нема...

Жбогар: Среќата е на страната на храбрите, но мора да сме трпеливи и да видиме

Европската унија гледа добра волја на двете страни за решавање на спорот за името меѓу Грција и Македонија, вели евроамбасадорот Самуел Жбогар во интервју за „ТВ 24“ и додава дека подобрената атмосфера ќе го олесни справувањето со ова чувствително прашање. - Ги разбирам емоциите околу ова прашање, како и грижите и фрустрациите околу овој спор. Но, мора да се запрашате,...

Шекеринска: Спремни сме за рационален компромис, ако не ни се загрозува идентитетoт

Напорите за промовирање на либералната политика на Балканот ќе бидат запрени доколку на Македонија не и биде понудена цврста можност за членство во НАТО и ЕУ следната година, предупредуваат лидерите на новоформираната влада во земјата“– пишува „Гардијан“ во текстот под наслов „Македонија вели дека треба да се приклучи кон ЕУ за да го спречи авторитаризмот“. Текстот пренесува цитати...

Оптимисти сме за името, но не сме сигурни во целосната искреност на Грција во спорот

Македонските власти не се целосно сигурни колку Грција е искрено целосно отворена за решавањето на спорот за името, велат дипломатски извори, кои побараа да останат анонимни. Според нив, засега врз ниту една од страните не се врши притисок од надвор, но не се исклучува можноста доколку преговорите напреднат да се зголеми притисокот врз двете страни, па дури и да...

Владата е посветена на наоѓање решение за спорот за името со Грција, порача Заев

Владата на Република Македонија создава услови за градење национален консензус со сите клучни и одлучувачки политички субјекти за да се забрза интеграцијата во НАТО, рече премиерот Зоран Заев, кој се обрати на завршната конференција за проектот „Зајакнување на младинскиот дијалог за промоција на демократските процеси во духот на евроатлантските интеграции“ во организација на Евроатлантскиот совет на Македонија, со поддршка...

Нимиц: Спорот може да се реши следната година, но нема ново магично име

По толку многу години, нема да се појави магично ново име, изјави медијаторот во спорот за името со Грција, Метју Нимиц по средбата во Брисел со преговарачите на Македонија и Грција, Васко Наумовски и Адамантиос Василакис. - Решението ќе биде најдено со политичка волја и добра дипломатија - рече Нимиц, додавајќи дека прашањето за името може да биде решено следната...

Нимиц денеска во Брисел ќе разговара со Наумовски и со Василакис

Посредникот од Обединетите нации за името, Метју Нимиц, денеска во Брисел се среќава со македонскиот и грчкиот преговарач, Васко Наумовски и Адамантиос Василакис, по долга пауза во разговорите за името. Потоа, по 12 часот, се очекуваат официјални изјави. Предвидената заедничка вечера на преговарачот за името, Метју Нимиц со делегациите од Македонија и Грција, што требаше да се случи вчеравечер во...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...