fbpx
Таг: спорот за името

таг: спорот за името

Столтенеберг: Македонија може да добие покана за НАТО на самитот на 11 и 12 јули

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг се надева дека ќе може да биде испратена покана за членство на Македонија во Алијансата на самитот што на 11 и 12 јули ќе се одржи во Брисел, откако Скопје и Атина постигнаа договор за спорот за името, јави МИА. – Се надевам дека ќе има напредок со поранешната југословенска Република Македонија бидејќи тие...

Германската влада повика политичките сили во двете земји да ја поддржат спогодбата

Германската Влада ја поздрави спогодбата помеѓу Атина и Скопје и апелира политичките сили од двете земји да ја поддржат. Според портпаролот на германската Влада, Штефан Зајберт, спогодбата дава доза оптимизам, но загриженост предизвикуваат насилствата за време на протестите во Скопје против договорот, пренесува АНА-МПА. За германската Влада, спогодбата е важен чекор напред за двете земји и затоа не треба да...

Договорот со Грција ќе се потпишува утре, денеска се гласа доверба на владата на Ципрас

Во текот на утрешниот ден, недела, 17 јуни, во регионот на Преспа, на територија на Грција во засега непознат термин, ќе се одржи церемонијата на која, како што соопшти македонската влада, министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров и министерот за надворешни работи на  Грција, Никос Коѕиас ќе го потпишат договорот за  решавање на македонско – грчкиот...

Борисов: Ќе беше предавство со фанфари и почести да го пречекам Иванов

Ќе беше предавство доколку по она за што прочитав вчера, по средбата од 120 секунди меѓу премиерот Заев, министерот за надворешни работи и претседателот Иванов, него денеска да го пречекам со фанфари и почести. Затоа проценив дека денеска не е моментот, рече во Софија бугарскиот премиер Бојко Борисов одговарајќи на новинарски прашања за одбивањето да се сретне со македонскиот...

Борисов и Захариева ги откажаа средбите со Иванов

Бугарскиот премиер Бојко Борисов одбил да се сретне со македонскиот претседател Ѓорге Иванов во закажаниот термин утре претпладне, а средбата ја откажала и бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи Екатерина Захариева, со образложение дека бугарската влада не сака да биде вмешана во внатрешнополитичките дебати во Скопје, јави бугарската агенција „Фокус Њус“. Потегот следи откако вчера претпладне Иванов по само...

Дипломатски клуб – Скопје: Спогодбата е потврда на стратешките определби на Македонија

Дипломатски клуб - Скопје ја поздрави, како што вели, спогодбата, постигната помеѓу македонскиот и грчкиот премиер Зоран Заев и Алексис Ципрас за решавање на спорот за името, нарекувајќи ја „настан без преседан во историјата на македонската дипоматија“. „Самиот чин на потпишувањето и ратификацијата на оваа Спогодба сметаме дека ќе биде во рамките и потврда на реализацијата  на стратешките определби на...

Мицкоски побара средби со Иванов и Заев и оставка од Димитров

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на прес-конференција денеска повторувајќи голем дел од пораките од вчерашната прес-конференција во врска со постигнатиот договор на македонскиот и грчкиот премиер, Зоран Заев и Алексис Ципрас, побара да се сретне со претседателот Ѓорге Иванов за да дискутираат за ситуацијата, а побара и средба со Заев на која ќе му биде презентиран пишаниот документ за...

Рама: Двајца прогресивни лидери испишаа историја, Балканот сега е подобро место

Двајца прогресивни лидери на соседните земји денеска испишаа историја и им покажаа на ЕУ и на светот како волјата и подготвеноста да се надмине минатото може да пронајде простор за иднината кога изгледа дека таков простор нема, напиша албанскиот премиер Еди Рама вчера на својот Твитер-профил, честитајќи им на македонскиот и на грчкиот премиер Зоран Заев и Алексис Ципрас за...

Реформаторите на ВМРО-ДПМНЕ: Со договорот Македонија и Македонците клекнати на колена

Со објавениот финален документ од преговорите за името, Република Македонија и Македонците се клекнати на колена, порача Демократската фракција на ВМРО-ДПМНЕ, реагирајќи на вчерашната објава од премиерот Зоран Заев дека е постигнат договор со Грција за спорот за името. Фракционерите од најголемата опозициска партија вели дека Зоран Заев нема мандат, легалитет ниту легитимитет во име на целата нација да договара...

Германскиот министер за надворешни работи: Скопје и Атина напишаа историја

Германскиот министер за надворешни работи, Хејко Мас им честиташе на владите на Македонија и Грција за постигнувањето договор за решавање на спорот за името и рече дека решителноста и визијата на двајцата премиери и на двајцата министри за надворешни работи донеле успех. - Скопје и Атина денеска напишаа историја. 25 години спорот за името на Поранешната југословенска Република Македонија стоеше...

Стејт Департмент: Историскиот договор ќе донесе придобивки за двете земји

Стејт Департментот денеска им честиташе на премиерите на Грција и на Македонија за договорот за разрешување на спорот за името, порачувајќи дека искажале визија и храброст. „САД им честитаат на премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев и го поздравуваат историскиот договор за решавање на спорот за името. Оваа разрешница ќе донесе придобивки за двете земји и ќе ја засили регионалната...

Република Северна Македонија со македонски јазик и идентитет, велат грчките медиуми

Грчките медиуми, веќе објавуваат точки од наводниот договор за името што го постигнале македонскиот и грчкиот премиер, Зоран Заев и Алексис Ципрас. Како што тврдат медиумите, договорено е името Република Северна Македонија (на англиски Republic of North Macedonia) за севкупна употреба. Употребата на придавките македонски пред државјанството и јазикот се задржува и гарантира. Посебна комисија ќе го договора користењето на трговските заштитни марки...

Коѕиас: Дојдено е време за големо „да“ или големо „не“

Мислам дека доаѓа моментот да го кажеш големото „да“ или големото „не“ и ги разбираш тешкотиите што се наоѓаат пред тебе, вели министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕиас, во интервју за грчката државна телевизија ЕРТ во однос на последните случувања во преговорите меѓу Македонија и Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Тој се надева дека пробој во...

Стејт Департментот ги поддржува лидерите на Македонија и Грција во обидот за решение

САД и натаму ги поддржуваат актуелните преговори под водство на Обединетите нации за проблемот околу името на Македонија, соопштија од Стејт департментот за Гласот на Америка на македонски јазик, нагласувајќи ја поддршката за решение на овој долгогодишен спор. „Се надеваме дека лидерите на Македонија и Грција ќе најдат заедничко прифатливо решение за проблемот со името, што ќе биде во интерес...

Иванов: Целиот процес на преговори со Грција се како личен договор на двајцата премиери

Непридржувајќи се кон законските одредби за склучување на меѓународни договори на законските одредби, целиот процес на преговори со Грција наликува на личен договор на двајцата премиери, порачал претседателот Ѓорге Иванов на денешната средба со шефот на македонската дипломатија Никола Димитров. Димитров на средбата усно го информирал шефот на државата за последните случувања поврзани со разговорите за прашањето за разликата околу...

Протести во 13 градови во Грција за „грчкиот карактер на Македонија“

Во 13 градови од северниот дел на Грција в среда, 6 јуни, во 19.30 часот, ќе се одржат 13 паралелни протести за „грчкиот карактер на Македонија“, јави МИА. Пела, Кавала, Драма, Серес, Кукуш, Поликастро, Воден, Лерин, Костур, Птолемаида, Катерини, Лагадас и туристичкото место Неа Мудања на Халкидики, се местата каде организаторите, „Комитетот за борба за грчкиот карактер на Македонија“, ги...

Кумуцакос: Каменос со изјавата ги поткопува обидите на владата

Со изјавата дека нема да има решение во разговорите за името, Панос Каменос ги поткопува преговорите што се во тек, смета одговорниот за надворешна политика во грчката опозициска партија Нова демократија, Јоргос Кумуцакос. - Ако ова е изјавата на Каменос, тогаш владата има голем проблем, бидејќи додека преговорите се во тек и додека Коѕиас се наоѓа во Вашингтон и Њујорк...

Коѕиас: Да прифатиме еден од предлозите на Нимиц

Грција ја поддржува потребата да се прифати име од предлозите на Нимиц, вели шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас во изјава за грчките дописници од САД, по средбата со американскиот државен секретар Мајк Помпео, пренесува МИА. Со оваа изјава и Коѕиас индиректно го отфрли името „Република Илинденска Македонија“, исто како што Грција отфрли и еден од петте предлози на медијаторот...

Кривична пријава од Левица за Заев „затоа што прифатил промена на уставното име“

Во Основно јавно обвинителство Скопје денеска партијата Левица поднесе кривична пријава против премиерот Зоран Заев, кого го обвинува за нарушување на уставниот поредок на државата „затоа што прифатил промена на уставното име“. Како што рече Димитар Апасиев, со изјавите во четвртокот, 17 мај, со кои прифаќа решение ерга омнес со Грција, Заев како премиер ги загрозил преговарачките позиции на Македонија...

Лидерска средба за името утре во 13 часот

Премиерот Зоран Заев денеска во Струга најави дека во утре во 13 часот Клубот на пратеници во Скопје ќе се одржи лидерска средба на која тој ќе информира за преговорите за спорот за името и неговата средба со грчкиот премиер Алексис Ципрас во Софија. На средбата, како што рече, очекува да се изгради консензус за ова прашање. Заев појасни дека министерот...

За еден ден, две жени од Скопје нападнати од своите партнери

Два случаја во кои жени од Скопје се нападнати од своите партнери се регистрирани во полицискиот билтен во текот на вчерашниот ден. Околу 18 часот и 30 минути вчера, во...