fbpx
Таг: спорот за името

таг: спорот за името

ЕУ не ги негира македонскиот народ, историја и државност

Фактите говорат дека ЕУ на ниеден начин не ги спори, македонскиот јазик, идентитет, државност. Причината поради која Украина и Молдавија ги почнаа преговорите за членство во ЕУ пред Северна Македонија, не се поврзани со тоа што ЕУ ја спори македонската нација, јазик, историја или државност, туку затоа што никој не стави вето на почетокот на преговорите. За разлика од...

Со фотографија стара 15 години, со која се известувало за спорот со името, се билда „руска наклонетост”

Фотографијата од објавата што ја рецензираме во 2007 година е употребена во руските медиуми и тоа во контекст на известувањето за спорот за името кој тогаш го имаа Македонија и Грција. Деловите на картата од објавата коишто се во Грција, а се означени како Западна Македонија, Источна Македонија и Централна Македонија, всушност, го претставуваат начинот на кој Грција ги...

Одложена седницата на бугарската Комисија за надворешни работи што требаше да го разгледa „францускиот предлог“

Пратениците во Комисијата за надворешни работи денеска гласаа за одлагање на комисиската седница на којашто требаше да се разгледа францусиот предлог за кревањето на ветото за Северна Македонија, пишува mediapool.bg. Одлагањето на седницата го предложи Движењето за права и слободи (ДПС), но беше поддржано од ГЕРБ, партијата на екс-премиерот Борисов, кој денеска најави дека ќе го поддржи францускиот предлог за...

Петерле: На патот во ЕУ црни точки ви се судството, медиумските слободи и корупцијата

Словенечкиот европратеник Алојз Петерле во интервју за порталот „Јуропиан Вестерн Балканс“ ја фали храброста на владата да го надмине и деценискиот спор со Грција за името, но потсетува дека патот до ЕУ за Северна Македонија подразбира многу реформи. Како црни точки тој ги означува бавните реформи на правосудството, како и состојбата со медиумските слободи и бробата против корупцијата. Прашан дали...

Могерини и Хан го потврдија приемот на известувањето за новото име на Македонија

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Федерика Могерини, и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан соопштија дека го примиле известувањето од Република Северна Македонија за новото име и упатија честитки и до Скопје и Атина за постигнатиот напредок. „Денеска Европската Унија беше формално известена од Република Северна Македонија за нејзиното ново име, по стапувањето на сила на Преспанскиот договор. Срдечно го поздравуваме...

Кацин: Компромисот на Македонија и Грција во регионот треба внимателно да се проучува

Без разрешување на сите билатерални спорови нема да има понатамошно проширување во Западниот Балкан, во изјава за „Јуропиан Вестерн Балканс“ порачува Јелко Кацин, постојан претставник на Словенија во НАТО и поранешен известувач во Европскиот парламент за Србија и Црна Гора. Одлуката Република Северна Македонија да го смени името е резултат на историски политички договор, нагласува тој. - Тоа е политички компромис...

Ахмети: Надвор од НАТО, Македонија тешко ќе опстои

Референдумот на 30 септември е печат кој му дава вредност на мирот, стабилноста и ќе се затвори едно поглавје која трае веќе 25 години. Ова е референдум за НАТО, изјави претседателот на ДУИ, Али Ахмети во емисијата „Опинион“ на тиранската телевизија „Клан“. Тој вели дека Албанците се во својата земја, во нивната држава и затоа ќе гласаат „за“ Договорот со...

МАНУ ќе прави напори да не се менува нејзиното име

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) ќе се консултира со експерти за да се утврди дали постои можност за поголема флексибилност во однос на прашањето за преименување на оваа институција согласно одредбите од Договорот од Преспа, беше кажано вчера во научната расправа „Спогодбата од Преспа: Меѓународно значење и импликација врз евроатланските интеграции на Република Македонија“ што ја организираше...

Хан: Да не се ризикува иднината на Македонија поради дневно-политички причини

Ги повикувам сите политички лидери да постапуваат конструктивно за да се постигне целта и да не се загрози напредокот поради дневно-политички причини, им порача еврокомесарот за проширување на Европската унија, Јоханес Хан на македонските политичари во интервју за „Еурактив“. Тој вели дека дефинитивно Македонија постигнала најголема напредок во изминатава година, со тоа што ја надминала длабоката политичка криза со демократски...

Коѕиас: Граѓаните на соседната земја имаат право да се нарекуваат Македонци

Не можеме да го смениме универзалното право, соседите да се нарекуваат Македонци, на индивидуално и неофицијално ниво, но ние можеме да ги нарекуваме како сакаме, порача министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕиас во интервју за грчката новинска агенција АНА-МПА и додава дека „вон институционалниот систем и вон јавниот простор, не можеш на луѓето да им наметнеш како...

Грабар-Китаровиќ: Договорот за името е многу добар

Хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ за хрватските медиуми пред Самитот на НАТО изјави дека Договорот на Македонија и Грција е исклучително добар, бидејќи се зачувуваат зборовите Македонци и македонски. Хрватската претседателка се надева дека Договорот ќе биде потврден од македонските граѓани на референдумот. – За нас е посебно важно да се стабилизира југоистокот на Европа, драго ми е што ќе...

Костадинов: Договорот е патриотски чин, Иванов е должен да потпише

Пратеникот од СДСМ и коалицијата, Костадин Костадинов, на прес-конференција во Собранието, откако пратениците вторпат го ратификуваа Договорот со Грција, порача дека станува збор за патриотски чин и договор што го обезбедува и зајакнува македонскиот идентитет, носи членство на Македонија во ЕУ и НАТО и ја обезбедува македонската иднина. Тој рече дека претседателот Ѓорге Иванов е должен да го потпише, бидејќи...

Џафери: Западен Балкан повеќе не е „буре барут“

Денес, благодарение на волјата и зрелоста на сите нас кои живееме во Регионот, меѓутоа и ангажираноста на нашите меѓународни пријатели, Западен Балкан не е веќе симболично кажано „буре барут“, порача претседателот на Собранието, Талат Џафери, на отворањето на семинарот „Рос-Рот“ во Собранието. Потсетувајќи на потпишувањето на договорите со Грција и Бугарија, Џафери се потсети на 75-от семинар „Рос-Рот“ во Скопје,...

„Путиновиот конгресмен“, Рорабакер, божемно го поддржува договорот за името и провоцира

Дејна Рорабакер, републиканскиот конгресмен од Калифорнија, што го нарекуваа „омилениот конгресмен на Путин“ и многу пати се огласуваше во полза на идејата за Голема Албанија, а исто така и предизвика сериозна вознемиреност со неговата изјава дека Македонија „не е држава“ и треба да се подели, го поздрави Договорот меѓу Македонија и Грција. Во обраќањето преку неговата официјална страница, по потпишувањето...

Влада: Македонија доби датум за преговори, препознаени се позитивните промени

Уште еден голем ден за Република Македонија. Уште едно големо признание за нашата земја. Советот на министри за надворешни работи на земјите членки на Европската Унија, на седницата вчера донесе одлука преговорите за членство на Република Македонија да започнат во јуни 2019 година, соопшти Владата. „Европската Унија и лидерите на сите земји членки ја препознаа Република Македонија како земја на...

„Република Северна Македонија“ за Алијанса за Албанците е прифатливо име

Новиот предлог за името на државата „Република Северна Македонија“  преставува позитивен момент во изнаоѓање на трајно решение за името во спорот меѓу двете соседни земји и го отвара патот за ЕУ и НАТО интеграциите, смета Алијанса за Албанците. „Веруваме дека овој предлог е прифатлив за сите, и не го уценува мултиетничкиот карактер на државата, за разлика од претходниот предлог соопштен...

Шекеринска: Убедени сме дека до Самитот на НАТО ќе обезбедиме поддршка од сите членки

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска е убедена дека на Самитот на НАТО, што треба да се одржи на 11 и 12 јули во Брисел Македонија ќе ја обезбеди поддршката од сите членки на Алијансата за да ја добие поканата за членство. Според Шекеринска, земјава исполнила големи домашни задачи, што, според неа, се силни аргументи во полза на нашето членство...

Меркел до Заев: Германија силно ќе го поддржи Договорот

Канцеларката на Германија, Ангела Меркел, испратила честитка до македонскиот премиер Зоран Заев за Договорот со Грција за разрешување на спорот за името и порачала дека Германија силно ќе го поддржи, информираше македонската влада. „Оваа спогодба го отвора патот за историски договор, и Вам и на Вашата влада срдечно Ви честитам за овој успех. Сојузна Република Германија со голем интерес ќе...

Советник на Хан: ЕУ да даде зелено светло на Македонија за преговори

Земјите членки на ЕУ, а пред се „скептиците и кочничарите“ од Франција, Холандија и делумно од Германија, на Самитот на Унијата следната недела, треба да го признаат постигнатиот напредок со потпишувањето на договорот меѓу Скопје и Атина и да дадат зелено светло за почеток на пристапните преговори со Македонија, смета Франц Шаусбергер, специјален советник на еврокомесарот за проширување и...

НСДП: Даваме целосна поддршка на Договорот со Грција

Нова социјалдемократска партија (НСДП) вчера, конституирајќи го својот нов Извршен одбор, дала целосна поддршка на постигнатиот договор помеѓу владите на Македонија и Грција. „По  повеќе години изгубени во изолација, авторитарно владеење, нарушени односи со соседите,  национал-романтичарски манипулации со чувствата на народот, популизам, позади кој се криеја лукративни и коруптивни интереси на политички елити, Македонија дојде до точка на пресвртница. Еден...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...