fbpx
Таг: спорот со името

таг: спорот со името

Новини во спорот со името дури по празниците, вели Димитров

Преговорите за спорот за името ќе продолжат по новогодишните и божикните празници, а во меѓувреме не се очекуваат било какви случувања, изјави денеска министерот за надворешни работи Никола Димитров на заедничката прес-конференција со шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто. - Договорена е следната средба да биде по празниците во јануари, така што не би требало да се очекува некакво посебно...

Османи: Нема да има генерален реизбор на судии

Мислам дека е апсолутно погрешна интерпретацијата дека Владата или новото парламентарно мнозинство ќе прави реизбор на судии, но ќе се зголеми улогата на новиот Судски совет во дефинирање на постапките за избори или дисциплинирање на судиите, вели вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи, во неделното интервју на „Радио Слободна Европа“. Вицепремиерот Османи вели дека најприоритетна реформа од планот „3-6-9“ е правосудството, затоа...

Столтенберг: НАТО останува на ставот од Букурешт – да се реши спорот за името

НАТО и остатокот од меѓународната заедница беа шокирани од нападот во Собранието, истакна генералниот секретар на НАТО, Јен Столтенберг, на заедничката прес-конференција со македонскиот премиер, Зоран Заев. Тој истакна дека од април досега е направен голем напредок во Македонија, но дека новата влада треба да работи на подобрување на доброто владеење, владеење на правото, зајакнување на демократските институции, подобрување на...

Коѕиас ќе го покани Димитров на средба во Атина, бара консензус и компромис

Шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас, вчера најави дека по изборот на новата влада ќе го покани во Атина министерот за надворешни работи, Никола Димитров, за да се интензивира соработката меѓу двете земји, но и за да се најде решение за билатералните проблеми. - Неколкупати разговарав со господинот Заев и, како што реков денеска, откако ќе биде изгласана довербата на...

МНР до Коѕиас: Грција не треба да стравува, иредентизмот не е одлика на Македонија

Не постои никаква основа за стравување во Грција од каков било македонски иредентизам, реагираат денеска од македонското Министерство за надворешни работи, по изјавата на шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас, дека во спорот за името се проблематични иредентистичките тенденции што земјава ги покажува со барањето на името Македонија. „Истакнувањето на ваква перцепција е во функција на оттргнување на вниманието од...

Вучиќ: Ципрас немаше забелешки за односите Белград – Скопје

Премиерот на Србија, Александар Вучиќ денеска изјави дека од грчкиот премиер Алексис Ципрас не чул никакви забелешки на сметка на односите меѓу Белград и Скопје. – Ниту тој имаше што било да ни забележи нам, ниту, пак, имаше што да им забележи ним – рече Вучиќ, одговарајќи на новинарско прашање дали имало некакви забелешки од страна на Грција во односот...

Ахмети, Касами и Села усвоија заедничка платформа за учество во новата влада

Претставниците на албанските политички партии во Македонија, ДУИ, Беса и Алијансата за Албанците денеска издадоа изјава со која ја промовираа „Заедничката платформа на албанските парламентарни партии во Македонија“. Платформата се состои од седум главни точки кои се однесуваат на рамноправноста која е предвидена со Охридскиот договор и Уставот, на рамноправен економски и регионален развој, на зајакнување на владеењето на правото, на...

Коѕиас денеска ќе се сретне со Нимиц

Шефот на грчката дипломатијата, Никос Коѕиас, денеска во Њујорк ќе се сретне со посредникот во спорот за името, Метју Нимиц. Средбата Нимиц - Коѕиас ќе биде во рамки на патувањето на грчкиот министер за надворешни работи во Њујорк на состаноци за кипарското прашање, чии преговори се особено интензивирани во овој период. Главната цел на посетата на Коѕиас на Њујорк и на...

„Катимерини“: Неопходна е стабилна влада во Македонија за преговори во спорот за името

Изборните резултати во Македонија, во Грција го отвораат прашањето кој и каков ќе биде новиот соговорник околу преговорите за името. Грчкиот весник „Катимерини“, повикувајќи се на извори од Обединетите нации, пренесува дека посредникот Метју Нимиц е подготвен да ги реактивира преговорите кои се на стенд бај поради внатрешно-политичките проблеми во Македонија и во Грција изминативе две години. „Нимиц сака да што побргу...

Коѕиас и Могерини разговарале за Македонија

Шефот на грчката дипломатијата, Никос Коѕиас, и високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, Федерика Могерини, во Брисел разговараа за последните случувања во Македонија, јавува дописникот на „Мета“ од Атина. Македонија била една од темите на разговор, а двајцата министри се фокусирале и на кипарското прашање за кое се водат интензивни преговори, грчко-албанските односи, како и на...

Ванхауте до ДУИ: Не учествувајте во влада каде што сте целосно замолчени

Белгискиот експерт и поранешен посредник во работните групи за имплементација на Договорот од Пржино, Питер Ванхауте, во своето обраќање по изборите, им честиташе на сите граѓани кои, како што рече, гласале за промена и кои имале храброст да се изборат за вистинска демократија. - Како резултати од овие избори, вашата земја заслужува свеж почеток со нова влада и нови лица....

Ципрас во ОН: Заеднички прифатливо име со географска одредница за сите употреби

Грција останува на ставот за сложено име со географска одредница за сите употреби (ерга омнес) во преговорите за спорот за името со Македонија. Ова го истакна грчкиот премиер Алексис Ципрас во говорот на Генералното собрание на Обединетите нации, додавајќи дека Грција работи во насока на подобрување на односите со Македонија преку мерките за градење доверба и соработка. - Во однос на...

Грција бесна: Бразил го употребил уставното име на Македонија на веб-страницата на ЛОИ

Грчкиот олимписки комитет најави дека ќе преземе мерки поради наводната грешка на официјалната веб-страница за годинешната Олимпијада во Рио де Жанеиро, на која Македонија наместо под референцата Поранешна југословенска република Македонија е заведена под уставното име. Како што јавуваат грчките медиуми, грешката е направена и покрај тоа што Меѓународниот олимписки комитет јасно ставил на знаење дека земјата во Обединетите нации е заведена...

Сенатот изгласа 95 милијарди за Украина и Израел, но и потенцијална забрана за ТикТок

Сенатот на САД, односно горниот дом на Конгресот, изгласа предлог-закон кој вклучува хуманитарна и воена помош за Украина, Израел, Газа и Тајван во вредност од 95 милијарди долари, но...