fbpx
Таг: спор за името

таг: спор за името

Почнува фото-финишот: Ципрас со Меркел во Брисел, Јункер, Хан и Могерини во Скопје

Спорот за името, како што пред две недели најави и македонскиот премиер Зоран Заев, влегува во фото-финиш. Со крајот на ова недела има голема раздвиженост во Скопје, Атина, Брисел, но и во цела Европа, и се очекува да се испорачаат и првите конкретни резултати од преговорите. Според грчките медиуми во рацете на премиерот Алексис Ципрас веќе се наоѓал нацрт договорот кој...

Рот: Не ставајте црвени линии, седнете и решете го спорот за името

Македонија и Грција да не поставуваат црвени линии и да направат се за да го решат спорот за името, порача државниот министер за Европа во германското министерство за надворешни работи, Михаел Рот, на дебата во Фондацијата „Фридрих Еберт“ во Берлин. - Мошне сум задоволен од гестовите во рамки на мерките за градење доверба кон земјата, за која сум особено загрижен,...

Ципрас и Меркел телефонски разговарале за прашањето за името

Грчкиот премиер, Алексис Ципрас и германската канцеларка Ангела Меркел имале телефонски разговор, во кој една од темите било и прашањето за името, соопштиле од кабинетот на Ципрас, пренесува Македонската информативна агенција (МИА). Инаку, телефонскиот разговор меѓу Ципрас и Меркел доаѓа еден ден пред официјалната посета на македонскиот премиер Зоран Заев на Берлин, во рамките на која е предвидена и средба...

Иванов – Радев: Решението за името не треба да биде на штета на трети страни

Претседателот на Бугарија, Румен Радев, кој денеска и утре е во официјална посета на земјава, изјави дека за Софија е исклучително важно името кое што ќе произлезе од преговорите меѓу Македонија и Грција, да не содржи географска одредница која во себе ќе вклучува дел од територијата на Бугарија. - Решението на проблемот за името ќе се случи во директни и...

Могерини и Захариева оптимисти за датумот за преговори и за решение на спорот за името

Високата преставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Федерика Могерини и министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, која е актуелен претседавач со Советот на ЕУ, се оптимисти дека во јуни Македонија и Албанија ќе добијат датум за почетокот на преговорите за членство во Европската Унија. - Она што е многу важно за Стратегијата на ЕК за Западен...

Бугарскиот претседател Радев во официјална посета на Македонија

Претседателот на Бугарија, Румен Радев, од денеска престојува во дводневна официјална посета на Македонија, на покана на македонскиот претседател, Ѓорге Иванов. Радев денеска претпладне ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести на платото пред кабинетот на претседателот Иванов, а потоа двајцата ќе имаа тет-а-тет средба. Радев и Иванов утре ќе имаат средба со претставници на стопанските комори на Македонија...

Третиот митинг за иметo ќе биде „цунами“, предупредуваат грчки здруженија

За прашањето на името повторно се огласија грчките „светски семакедонски здруженија“, Сегрчката федерација на културните здруженија и организаторите на претходните две митинга во Солун и Атина, кои предупредија дека, ако е неопходно, ќе се организирал и трет митинг, кој немало да биде „мирно море од народ, туку цунами“. Во соопштението на нивнатата „фејсбук“ страница тие велат дека на митинзите на...

Заев: Има приближување во три, од седумте точки во преговорите за името

Од првичните седум појдовни позиции во преговарачкиот процес за решавање на спорот за името, приближување во ставовите има во три од нив, изјави премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарски прашања за време на денешната посета на Неготино. Тој рече дека со вчерашната средба на шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕиас, на која присуствуваше...

Захариева: Да ги оставиме Атина и Скопје да ги водат преговорите

Се радувам што има напредок во преговорите меѓу Атина и Скопје, изјави денеска министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева во Софија одговарајќи на новинарско прашање во врска со спорот за името, пренесува бугарската новинска агенција „БТА“. - Тоа е билатерално прашање и да ги оставиме Атина и Скопје да ги водат преговорите со посредство на Обединетите нации (ОН)...

Прванов: Горна или Северна Македонија се во корист на Грција, но на сметка на Бугарија

Преговорите за решавање на спорот за името меѓу Македонија и Грција не треба да бидат на сметка на Бугарија, изјави денеска поранешниот бугарски претседател Георги Прванов, во емисијата „Ова утро“ на „БТВ“. Според Прванов, фактот што дијалогот за името меѓу Грција и Македонија е деблокиран е позитивен, но, додава, оти е загрижен бидејќи „почнуваат да се водат разговори во насока...

Груби: Спорот со името е веќе решен, се договараат деталите

Спорот со името веќе е решен и во претстојните недели останува уште да се допрецизираат деталите вели во изјава за државната агенција МИА пратеникот од ДУИ и Член на националниот совет за евроинтеграци, Артан Груби, по средбата со конгресмените во Вашингтон. -Спорот со името е веќе решен. Во наредните недели треба само да се договорат деталите, за договорот со Грција...

Градоначалниците на Скопје и Атина повикуваат на остварливо решение за името

Kако градоначалници на главните градови на двете земји, ги здружуваме нашите гласови и го поддржуваме процесот (за решавање на спорот за името) што мора да води кон остварливо решение, а не кон ново разочарување, наведуваат градоначалниците на Скопје и на Атина, Петре Шилегов и Јоргос Каминис во заедничка колумна во пресрет на нивната официјална средба закажана за в петок...

Димитров: Искривено решение за името нема да биде решение

Ако има искривено решение за името, тоа нема да биде решение, изјави министерот за надворешни работи, Никола Димитров по 14. состанок на Мешовитиот парламентарен комитет „Република Македонија - Европска Унија“, во Стразбур, на кој шефот на македонската дипломатија имаше свое обраќање. - Зборував за реформите и за добрососедските односи. Кажав дека самиот европски проект е роден со цел да...

Кабинет на Иванов: Претседателот не е информиран за каков било договор меѓу Заев и Ципрас

Претседателот Ѓорге Иванов не е информиран за каков било постигнат договор меѓу македонскиот и грчкиот премиер на нивната средба во Давос, на која се темелат јавните изјави на министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕиас, информираат од кабинетот на Иванов за Македонската информативна агенција (МИА). Оттаму нагласуваат дека на информативната средба во Клубот на пратеници што се одржа на...

Жбогар: Охрабрувачки се преговорите со Грција, се надеваме на успешен крај

Добрососедските односи се еден од принципите на Европската Унија и сите билатерални прашања на земјите мора да се решат пред нивниот влез во Унијата, истакна денеска шефот на Делегацијата на ЕУ во Македонија, Самуел Жбогар по презентирањето на Стратегијата за Западен Балкан на Европската комисија во Стразбур. - Владата повторно започна преговори со Грција. Тоа е охрабрувачки, добро е што...

Јавноста е целосно информирана за средбата на Заев и Ципрас во Давос, велат од Владата

Јавноста беше целосно информирана за билатералната средба меѓу премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас во Давос и за демонстрираната добра волја од двете страни. Соопштението на Владата доаѓа по реакциите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, но и по изјавата на шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас дадена за „Еуроњуз“. „На билатералната средба меѓу премиерите на Македонија и на...

Коѕиас: Скопје јавно да каже која ќе биде придавката во сложеното име

Очекуваме од Скопје, конечно да излезе и јавно да каже која ќе биде придавката во сложеното име и да им го објасни тоа на граѓаните, вели Никос Коѕиас, министерот за надворешни работи на Грција, во интервју за „Eуроњуз“ на грчки јазик. Тој тврди дека Атина веќе го подготвува теренот за Грците да го прифатат сложеното име и коментира дека од...

Билт: „Тешкашите“ од ЕУ треба да се вклучат во решавањето на спорот за името

Во решавањето на спорот за името меѓу Македонија и Грција треба да се вклучат силните членки на Европската Унија, за да се избегне колапс на стратегијата на ЕУ за Балканот, смета ко-претседавачот на Европскиот совет за надворешни работи и поранешен шеф на шведската дипломатија, Карл Билт. „Мислам дека ќе треба силна посветеност на силните земји-членки и на институциите на Европската...

Изјавите на Димитров не помагаат, вели портпаролот на грчката влада

Изјавите на Димитров не помагаат, изјавил портпаролот на грчката влада, Димитрис Ѕанакопулос за грчката државна телевизија „ЕРТ“, коментирајќи ги ставовите што вчера ги изнесе шефот на македонската дипломатија по средбата со медијаторот на Обединетите нации во спорот за името, Метју Нимиц, пренесува МИА. - Изјавите на господинот Димитров, за време на преговорите, не помагаат, бидејќи тој знае многу добро, а...

Ахмети: Евентуален референдум за името може да го комплицира процесот

Евентуалниот референдум во Македонија за ново име на државата што би го договориле Македонија и Грција може да го комплицира процесот, рекол лидерот на ДУИ, Али Ахмети на средбата со европратениците од групата на Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите, Виктор Боштинару, Тања Фајон и Тонино Пицула. Ахмети на средбата истакнал дека компромис за решавање на спорот за името треба...

Промоција на винил компилација „Поп култура“, во чест на Мирко Попов

Вечерва ќе се одржи промоција на винил компилацијата „Поп култура“ во едукативниот културен центар „Лабораториум“, во рамките на платформата „Силата ЕУ Младите“. Изданието содржи песни од млади современи македонски поп...