fbpx
Таг: спор за името

таг: спор за името

Најдобро е името да произлезе од предлозите на Нимиц, вели Ѕанакопулос

Грчката страна инсистира на тоа дека најдобро решение е избор на едно име од оние што ги достави медијаторот Нимиц во неговите предлози, вели портпаролот на грчката Влада и министер без ресор Димитрос Ѕанакопулос, во интервју за грчкото радио „Реал фм“. Ѕанакопулос го поздравил прифаќањето на ерга омнес, споменувајќи го како позитивна разврска и позитивен чекор од средбата на двајцата...

Мицотакис: Илинденска Македонија е олицетворение на иредентизмот

Илинден и илинденското востание се идентификуваат со македонскиот иредентизам, смета лидерот на грчката опозициска Нова демократија Киријакос Мицотакис при посетата на грчкиот остров Крф и додаде дека неговата партија никогаш нема да го прифати ова име. - Во изминатите денови слушнавме и јас лично бев избрифиран, дека се разговара за име на Скопје, за името „Илинденска Македонија“. Значи, да разјасниме...

Нова демократија не прифаќа решение за името „на рати и со одложено дејство“

Околу можноста за решение на проблемот со името и можноста а постигнување на договор Ципрас – Заев, извори од опозиционата Нова демократија (НД) за грчка „Иефимерида“ велат дека нема да прифатат никакво решение „на рати“,  бидејќи сметаат дека со тоа не би се исполнил условот договорот да биде траен. Лидерот на Нова демократија, Киријакос Мицотакис, денеска е во Софија на...

Коѕиас: Ако прифати ерга омнес, а не го смени Уставот, следната влада ќе го уапси Заев

Ние правилно направивме што го отворивме прашањето за ерга омнес, можевме да раководиме со преговорите, а со тоа да бидеме блиску, за првпат толку блиску, до договор. Но, и да не постои договор, нема ние да бидеме виновни и ова го знае вселената, вели шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас во интервју за емисијата „Историес“ на грчката телевизија „Скај“. Коѕиас...

Димитров и Коѕиас ќе се сретнат утре во Солун

Министерот за надворешни работи Никола Димитров и неговиот грчки колега Никос Коѕиас утре ќе се сретнат во Солун каде што и двајцата ќе учествуваат на квадрилатералниот форум на кој ќе бидат и нивните колеги од Бугарија и од Албанија. По последната средба Димитров – Коѕиас во Виена, медијаторот Метју Нимиц, рече дека двете страни остануваат посветени на решавање на проблемот,...

Во Виена почна средбата на Димитров и Коѕиас со медијаторот Нимиц

Во Виена денеска продолжуваат разговорите за спорот за името меѓу министрите за надворешни работи на Република Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕиас, под покровителство на медијаторот Метју Нимиц. Средбата се одржува во канцелариите на ОН. Засега нема информации до кога ќе трае средбата и дали по средбата ќе има изјави за медиумите. Двете министерства и македонското и грчкото, на...

Ѕанакопулос: Атина направи отстапки, сега на ред е Скопје

Во преговорите, грчката страна направи отстапки, сега е време и поранешната југословенска Република Македонија да ги направи неопходните чекори за постигнување договор, изјави портпаролот на грчката влада и министер без ресор, Димитрис Ѕанакопулос, на редовниот брифинг со новинарите, пред почетокот на средбата во Виена. Запрашан што очекува Грција од денешните преговори меѓу Димитров, Коѕиас и Нимиц, особено по вчерашната изјава...

Заев очекува исчекор од денешните преговори за спорот за името во Виена

Во Виена очекувам можност за исчекор во процесот на преговорите за спорот за името, одговори на новинарско прашање премиерот Зоран Заев, на денешната прес-конференција во владата на која се презентираа мерките од оперативниот план за вработување. Тој додаде дека креативноста на министрите за надворешни работи Никола Димитров и Никос Коѕиас има поддршка од него, од грчкиот премиер Алексис Ципрас како...

Хан: Можно е за две недели да има решение на спорот за името

Европскиот комесар за соседска политика и проширување, Јоханес Хан, изрази оптимизам дека грчкиот спор во врска со името на Македонија би можел да се реши во следните 15 дена. - Јас сум оптимист дека во следните две недели ќе имаме решение. Барем решение кое ќе го отвори патот за почеток на разговорите за пристап со ПЈРМ. Мислам дека сите се...

Шекеринска: Можно е годинава да добиеме покана од НАТО, очекувам поддршка од САД

Фокусирани сме до крајот на јуни да најдеме решение за спорот за името, со цел во јули да се случи пресврт и Македонија да добие покана за членство во НАТО. За нашиот прием во НАТО очекувам безрезервна поддршка од САД, рече вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, на денешната средба со новинарите, по повод нејзината официјална посета на...

Нимиц им пишал на Димитров и Коѕиас во пресрет на нивната средба во Охрид

Медијаторот во решавањето на спорот за името, Метју Нимиц им испратил писмо на шефовите на дипломатиите на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, во кое ја опишува актуелната ситуација во преговорите за името, односно точките за кои има согласување и точките за кои има разлики, онака како што тој ги формулирал за време на разговорите во Виена....

Коѕијас денеска во Охрид на работна вечера со Димитров, а утре и официјална средба

Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас попладнево ќе допатува во Охрид, по што ќе има работна вечера со шефот на македонската дипломатија Никола Димитров. Официјалната средба на двајцата министри за надворешни работи е закажана за утре. Од Министерството за надворешни работи наведуваат дека посетата на министерот Коѕиас е во рамки на континуираниот дијалог меѓу двајцата министри, во контекст на...

Нимиц е оптимист за иднината, според Димитров имало условен напредок

После денешната, речиси осум часовна средба, помеѓу министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димтров и Никос Коѕиас, медијаторот на ОН Метју Нимиц рече дека е оптимист за иднината, објави телевизија „Телма“. -Ова е една од серијата средби со цел да го решиме таканаречениот спор за името. Имавме средби цел ден и тоа беше еден продуктивен состанок, што...

Ципрас од Солун: Промена Уставот е предуслов за целосен договор за името

Грчкиот премиер Алексис Ципрас од Солун го повтори ставот дека „промената на Уставот на соседот е предуслов за трајно решение“. Ципрас ова го кажа на „Регионалната конференција во Централна Македонија“ подвлекувајќи дека „Централна Македонија и особено Солун сакаат да бидат столбот на развојот и може да имаат само корист од решението на спорот кој го имаме со соседот“. Како што јавуваат...

Жбогар: Се интензивираат разговорите за спорот за името

Постои посветеност и дискусиите се интензивираат, што е добро. Со нетрпение ги очекуваме состаноците оваа недела, изјави амбасадорот на Европската Унија Самуел Жбогар при денешниот престој во Прилеп, одговарајќи на прашањето како ги оценува последните разговори и средби меѓу Македонија и Грција за решавање на прашањето за името. – Добро е што дискусиите продолжуваат и дека се интензивираат. Гледаме дека...

Ѕанакопулос: Преговорите продолжуваат во интензивен ритам

Портпаролот на грчката Влада, Димитрис Ѕанакопулос на денешниот брифинг за медиуми оцени дека преговорите за името продолжуваат со интензивен ритам. - Можам јасно да кажам дека во овој момент чекориме по еден доста позитивен пат – изјави Ѕанакопулос, пренесува МИА. Ѕанакопулос исто така рекол дека нацрт спогодбата ја разработува грчкото МНР, а набрзо е планирана посета на шефот на дипломатијата Никос...

Мичел: Учествуваме во процесот за името, но САД не можат да донесат одлука место вас

Моменталните услови за решавање на спорот за името се подобри од било кога, но САД нема да го решат проблемот место вас, истакна помошникот државен секретар за европски прашања на американскиот Стејт Департмент, Вес Мичел, на прес-конфренција по заедничката средба со премиерот Зоран Заев. - САД го поддржуваат патот на Македонија во реформите. За спорот со името сакам да кажам...

Заев: Решение за името е добро и за Македонија, и за Грција и за ЕУ

Македонскиот премиер Зоран Заев денеска во Софија изјави дека очекува спорот за името со Грција наскоро да биде решен и оти тоа би било добро и за Скопје и за Атина и за ЕУ. Заев смета дека сега се најголеми шансите овој долгогодишен проблем конечно да биде затворен, што и би го отворило патот на Македонија кон ЕУ. Сепак, истакна...

Заев: Промената на Уставот не е неопходна оти не би значела конечна гаранција

Премиерот Зоран Заев во интервју за „Фајненшл тајмс“ оценува дека Македонија и Грција се приближуваат кон решение за спорот за името и дека ова прашање би можело да биде затворено пред самитот на НАТО во Брисел во јули годинава. – Јас сум оптимист. Многу е тешко, и свесни сме за тоа. Но, би било добро за двете страни да најдеме...

Заев за „Ројтерс“: Македонија има четири опции за промена на името

Македонија има на располагање четири опции за решавање на спорот за името со Грција, изјави премиерот Зоран Заев за американската новинска агенција „Ројтерс“. Македонија се надева дека спорот ќе се реши навреме за да добие препорака за почеток на преговори со Европската Унија во јуни и потврда на поканата за прием во НАТО во јули годинава, и предлага географска одредница...

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...