fbpx
Таг: спор за името

таг: спор за името

Грчкиот парламент го ратификуваше Договорот од Преспа

Грчкиот парламент попладнево со 153 пратеници „за“ го ратификуваше Договорот од Преспа потпишан помеѓу Македонија и Грција за крај на спорот со името кој се водеше речиси три децении. Сите 300 пратеници поединечно, со прозивање, се изјаснија за прашањето дали се „за“, „против“ или „воздржано“ за ратификацијата на Договорот од Преспа. Од нив 146 биле против, а еден гласал „воздржано“. Македонија на...

Нимиц: Неприфаќањето на Договорот од Преспа може да има опасни последици

Неприфаќањето и нестапувањето во сила на Договорот од Преспа би можело да има длабоки па дури и опасни последици, оценува специјалниот пратеник на ОН во разговорите меѓу Скопје и Атина за прашањето за името, Метју Нимиц, во интервју за грчката новинска агенција АНА-МПА. -Нов договор и „брзо решение“, ако не успее Преспанскиот, не се можни, а двете страни веројатно ќе...

Со решавањето на името ќе се придвижи и црковното прашање, смета патријархот Неофит

Бугарскиот патријарх Неофит очекува решавањето на прашањето за името на Македонија да го придвижи и македонското црковно прашање. – Сè уште се работи околу името на државата Македонија. Кога ќе се утврдат сите детали, ќе се придвижи сигурно и црковното прашање - изјави за БГНЕС поглаварот на Бугарската православна црква по денешната литургија во соборната црква Св. Недела во Софија. Прашан...

Ципрас: Речиси тридеценискиот спор стигнува до крајот

Во обраќањето на годишниот самит „Конкордија“ во Њујорк грчкиот премиер Алексис Ципрас меѓу другото говореше за иницијативите на Балканот, споменувајќи го и прашањето за името. Грчкиот премиер рече дека спорот по речиси три децении стигнува до крај, а неговата визија е Грција, како водечка сила, да го одведе целиот регион до стабилност, соработка и просперитет. – Презедовме важни иницијативи Балканот...

Каменос: Без разлика на референдумот, последниот збор ќе го има грчкиот народ

Каков и да е исходот од референдумот, последниот збор за Договорот од Преспа ќе го има грчкиот народ или на референдум или на избори, рече коалициониот партнер во грчката влада Панос Каменос, уште еднаш повторувајќи ги неговите позиции, но и откривајќи ги следните негови чекори откако Македонија би ги завршила предвидените обврски. - Мојот прв предлог до премиерот ќе биде...

Што ќе каже Ципрас за спорот со името на саемот во Солун?

Јасна порака и поддршка на Договорт од Преспа ќе искаже Алексис Ципрас следната сабота во неговиот воведен говор на Меѓунардониот саем во Солун. Ципрас, според извори со грчката влада, ќе рече дека ратификацијата на договорот ќе го реши деценискиот спор околу името како и дека иако преговорите биле тешки, во исто врме биле и неопходни. - Ние дејствуваме со чувство на...

Спорот за името се појави и во ноќните клубови на Халкидики

Во еден популарен ноќен клуб во Калитеа (Халкидики) во саботата настапила и грчката пејачка Ана Виси. Позната по интеракцијата со публиката, таа разговарала со еден гостин на првата маса до бината и тој ја поздравил на англиски. Виси го прашала од каде е, на што тој дговорил „од Македонија“. Пејачката, како што пренесува порталот „Селео.гр“, иако се вознемирила, сепак смирено му...

Мицотакис: Договорот ги труе односите меѓу двете земји и двата народа

Договорот наместо да ги подобри, може да ги влоши односите меѓу двете земји и двата народа, изјави претседателот на грчката опозициска Нова демократија, Кирјакос Мицотакис на конференција во Солун. Тој кусо ги претставил економските врски на Македонија и Грција, напомнувајќи дека грчкиот извоз лани достигнал 642 милиони евра, наспроти 556 милиони во 2016, а увозот е стабилен на околу 225...

Ќе заседава ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски на средба и со пратеничката група

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска ќе има состаноци со пратеничката група, а попладневно ќе заседава и Извршниот Комитет на партијата. Се очекува разгледување на договорот кој го постигнаа премиерот Зоран Заев и неговиот грчки колега Алексис Ципрас како решение на долгогодишниот спор за името. Според Мицкоски, таквиот договор е договор за капитулација и пораз за државата. Вчера Мицкоски изјави дека ќе...

Германија смета дека Македонија заслужува признание од цела ЕУ

Германскиот министер за надворешни работи, Хајко Mас на прес-конференцијата со министерот за надворешни работи, Никола Димитров во Берлин рече дека Германија го поддржува договорот постигнат меѓу Македонија и Грција за кој смета дека е решение постигнато со заедничко разбирање кое ќе донесе промена кај граѓаните. Тој рече дека одлуките за ЕУ и НАТО ќе бидат многу важен сигнал и истакна...

Груевски: Ова е полоша верзија од тоа што јавно го отфрливме во 2009 година

Поранешниот премиер и екс лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на својот „Фејсбук“ профил напиша дека тоа што било јавно отфрлено во 2009 година денеска било прифатено во далеку полоша верзија. „Не само за надворешна, туку и за целосна внатрешна употреба, плус промена на уставот, откажување од дијаспората, историјата, АСНОМ, Илинденското востание и идентитетот“, напиша Груевски и сподели две телевизиски исечоци...

ВМРО-ДПМНЕ: Заев ги продаде највисоките национални интереси

Договорот на Зоран Заев за промена на уставното име на Република Македонија претставува капитулација за Македонија, Заев ги продаде највисоките национални интереси, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение до јавноста. „Овој договор е директен удар на темелите на државноста и го поткопува уставниот поредок на Република Македонија. Цела јавност виде како Зоран Заев од опозиција се колне во сопствените деца и...

ОБСЕ: Скопје и Атина постигнаа историски договор

Претседавачот на ОБСЕ, италијанскиот министер за надворешни работи Енцо Моаверо Миланези, и генералниот секретар, Томас Гремингер, го поздравија договорот меѓу Скопје и Атина за решавање на спорот за името. Тие во соопштенијата наведуваат дека договорот е чекор напред кон јакнење на регионалната стабилност. – Им честитам на премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас за нивното лидерство и посветеност на овој процес...

Ципрас: Не можеме да им забраниме да се самоопределуваат како Македонци

Грчкиот премиер Алексис Ципрас во интервју за грчката државна телевизија ЕРТ вчера порача дека со новата спогодба, Грција не може да го забрани правото на жителите на Република Македонија да се самоопределуваат, јави дописничката на МИА од Атина. - Во договорот постои решение за државјанството, бидејќи не можеме да им го забраниме правото на соседите да се самоопределуваат како Македонци....

Влада: Иванов наместо да ја кочи иднината, подобро е да се изолира од полтичката сцена

Владата со жалење констатира дека претседателот Ѓорге Иванов во своето обраќање до јавноста не успеа да се издигне над сопствената немоќ и да ја види перспективата што се отвора пред нашата држава со договорот што овие денови го финализираа и го договорија владите на Република Македонија и на Република Грција, соопштува владината прес служба. „Претседателот Иванов нема чувство на одговорност...

Иванов: Нема да потпишам ваков штетен договор, нема да ме поколебаат закани и уцени

Договорот помеѓу Македонија и Грција не го обединува општеството туку дополнително го поларизира. Ќе се залагам за решение кое нема да го нарушува достоинството на македонскиот народ и граѓаните на Република Македонија, рече претседателот Ѓорѓе Иванов во обраќање до јавноста во кое соопшти дека нема намера да го потпише договорот кој Скопје и Атина го постигнаа. -На Заев и Димитров...

Мицкоски најави внатрепартиски и пошироки консултации за договорот со Грција

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по средбата со премиерот Зоран Заев повтори дека договорот помеѓу Македонија и Грција за него претставува договор за капитулација и најави дека во наредниот период ќе го разгледаат договорот внатрепартиски и ќе се консултираат со партиските органи и комисии за што ќе биде известена и јавноста. -Немаше нови моменти кои можевме со премиерот еден на...

Се надевам дека договорот има широка народна поддршка, рече Лавров

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изрази надеж дека договорот за новото име на Македонија ќе биде во интерес на Атина и на Скопје и дека ќе го подржат граѓаните и на двете држави. - Секогаш нагласувавме дека се залагаме за пронаоѓање договор за тој проблем, без мешање однадвор, без поставување на одредени вештачки услови. Говоревме дека ќе го поддржиме...

Спомениците ќе имаат натписи со појаснувања, химната останува иста, велат од Владата

Државните институции, оние кои се финансираат од државата, ќе мора да се прилагодат и да го следат духот на договорот со Грција, одговори портпаролот на Владата Миле Бошњаковски на прашањето за евентуална промена на имињата на АРМ, МАНУ, МРТ, МНТ. Тој информираше дека средбата на двајцата премиери Зоран Заев и Алексис Ципрас ќе се одржи викендов. За информациите за некои...

Договорот и го отвора патот на Македонија кон НАТО и ЕУ, вели британскиот амбасадор

Британскиот амбасадор во Република Македонија, Чарлс Гарет денеска го поздрави постигнатиот договор меѓу премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас за спорот за името посочувајќи дека тоа ќе го отвори патот Македонија да оди напред во евроатлантските интеграции, кон ЕУ и НАТО. - Тоа не е добро само за Македонија, туку и за регионот - рече Гарет по потпишувањето на Меморандум...
ФИНКИ

ФИНКИ бара Владата да ги ослободи бараките на Техничкиот кампус, во спротивно најавува протести и штрајк

Најбројниот факултет во земјава – Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) бара од Владата решение за просторниот проблем со кој се соочува институцијата. Со повеќе од 5.000...