fbpx
Таг: споменици

таг: споменици

Утре бесплатен влез во музеите и на локалитетите по повод Светскиот ден на спомениците и археолошките локалитети

Светскиот ден на спомениците и археолошките локалитети, 18 Април, утре ќе биде одбележан со бесплатен влез во сите национални установи од областа на заштитата на културното наследство, кои ќе бидат отворени во текот на целиот ден, соопшти Министерството за култура. Граѓаните ќе имаат можност да се запознаат со археолошките локалитети и спомениците низ државата. Отворени ќе бидат вратите на националните установи:...

Поднесено обвинение против Здравев за спомениците од Скопје 2014, Груевски куртули

Против поранешниот претседател на Советот нa oпштина Центар, Владимир Здравев, неговиот брат, нивната мајка и двајца управители на фирми, Јавното обвинителство поднесе обвинение за перење пари, а во врска со леењето на спомениците од проектот „Скопје 2014“. Со ова обвинение, на еден начин „се спаси“ една половина од предметот поврзан со злоупотреби во врска со „Скопје 2014“, со оглед...

Британија и Грција во спор за враќањето на старогрчки споменици

Долгогодишниот конфликт меѓу Грција и Британија околу враќањето на „елгиновите мермери“, кои во 19-от век биле земени од Партенонот од британскиот дипломат Лорд Елгин и однесени во Британскиот музеј во Лондон, повторно предизвика дипломатски тензии, известува Би-би-си. Во последен момент, Британија ја откажа закажаната средба меѓу премиерот Риши Сунак и грчкиот премиер Киријакос Мицотакис. Откажувањето е последица на неделното гостување...

Дневна доза патриотизам за бранителите од 2001 година и од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ

Годинава, исто како и секоја година во август во изминатите над две децении, главните македонски партии на политичката сцена во земјава испукаа неколку комуникациски куршуми при одбележувањето на трагичните настани во месноста Карпалак и Љуботенски Бачила од 8 и 10 август 2001 година. Иако нема сомнеж во искреноста на желбата да се одаде почит, факт е дека за начините...

Контраспин: Како Мицкоски пронајде врска меѓу истрагата за спомениците и идентитетот

Случајот може да се разгледува од неколку аспекти, кривично-правен, политички, односно влијание на политиката врз правосудството, корупциски/антикорупциски, на залудно потрошени/украдени пари (33 – те градинки на СДСМ, иако и тоа е спин само по себе), но никако не може да се разгледува од аспект на случај кој во позадина го загрозувал македонскиот идентитет. Токму таква врска некако успеа да...

Обвинителството бара политичките партии да не ја злоупотребуваат истрагата за „Феникс“

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО-ГОКК) денеска, а по изјавите на дел политичари во врска со предметот „Феникс“, односно леењето на 11 споменици од проектот „Скопје 2014“ во Италија, побара политичките партии да престанат да ја злоупотребуваат во политички цели истражната постапка, како и кое било друго постапување на обвинителството. „Ги потсетуваме сите политички чинители...

Бистата на херојот Ванчо Прке во центарот на Штип осквернавена со кукаст крст [галерија]

Спомен-бистата на народниот херој Ванчо Прке во центарот на Штип е осквернавена со кукаст крст, којшто е исцртан на неговата глава. Екипа на Мета.мк викендов беше во Штип и го забележа вандалскиот чин врз спомен-бистата, која е лоцирана пред зградата на Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип и на помалку од стотина метри од Споменикот на депортираните Евреи...

ФОТО-ВЕСТ: Во Скопје споменици оставени да ги врне пред музеј, во Загреб се заштитени

Споменици од вредното историско минато на земјава се оставени пред Музејот на град Скопје без соодветна заштита од атмосферски влијанија. Наместо спомениците да бидат покриени со стреи, веќе неколку години наназад тие се оставени без заштита од врнежите од дожд и снег. На дел од спомениците видливо е дека има мов како резултат на влагата. Ваквата состојба со историските...

Софиските власти сакаат да го срушат споменикот на советската армија во центарот на градот

Општинскиот совет на Софија гласаше за отстранување на споменикот на советската армија, кој е лоциран во центарот на бугарскиот главен град, јавува mediapool.bg. Високо мнозинство од 41 советник ја поддржаа одлуката за да се побара од државата да го тргне овој реликт од поранешниот комунистички режим. Самиот споменик е во државна сопственост, така што општината не може сама да...

Вистиномер: Проектот „Скопје 2014“ е проект на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски

„Вистиномер“ рецензираше изјава на Наташа Котлар - Трајкова, кандидат за градоначалник на Општина Центар од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Рецензијата на колегите од Вистиномер ја пренесуваме во целост. Кандидатката за градоначалник на Општина Центар од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Наташа Котлар – Трајкова, во интервју за Сител телевизија, на прашањето што ќе прави ако дојде на власт во Центар во однос на...

Некогаш царска, Софија сега живее и „се вози“ во 21. век (репортажа)

Според многумина „главната“ софиска улица „Витоша“, односно како што многу почесто ќе чуете од софијанци „Витошка“, во вечерта на денот кога официјално беше соопштено дека во Бугарија пристигнал особено опасниот „индиски“ сој на корона вирусот не оддаваше впечаток дека се случува нешто невоообичаено, а не пак дека во земјата стасала нова опасна закана. Во четвртокот вечерта „Витошка“, која, ако сакате...

Поставени плочки на спомениците од „Скопје 2014“, се менува и Сонцето од Вергина (галерија)

Утрово во центарот на Скопје осамнаа плочки на спомениците на Александар Велики, Филип Втори и Олимпија, на кои е напишан текст дека овие историски фигури им припаѓаат на античката Хеленска историја и цивилизација и на светското културно и историско наследство. Воедно, привршува отстранувањето на шеснаесеткракото сонце од инфраструктурата, јавните згради и спомениците во Скопје. Ваквиот потег на македонските власти е...

Спомениците ќе имаат натписи со појаснувања, химната останува иста, велат од Владата

Државните институции, оние кои се финансираат од државата, ќе мора да се прилагодат и да го следат духот на договорот со Грција, одговори портпаролот на Владата Миле Бошњаковски на прашањето за евентуална промена на имињата на АРМ, МАНУ, МРТ, МНТ. Тој информираше дека средбата на двајцата премиери Зоран Заев и Алексис Ципрас ќе се одржи викендов. За информациите за некои...

Тевдовски: Најновата еврообврзница е со досега најниска каматна стапка

Парите од еврообврзницата, со која Македoнија на странскиот пазар се задолжи за половина милијарда евра, ќе бидат потрошени за покривање на буџетскиот дефицит, враќање на стари долгови, реализација на капитaлни инвестиции, зголемување на средствата за одбраната и за зголемени плати во образованието и здравството, информираше денеска министерот за финансии, Драган Тевдовски. Според него, историски најниската каматна стапка од 2,75 проценти...

Елаборатите за спомениците од „Скопје 2014“ тргнале, ама уште не стигнале во Владата

Владата тврди дека Министерството за култура сè уште ги нема доставено елаборатите подготвени од работната група за некои од спомениците од проектот „Скопје 2014“, но од Министерството велат дека елаборатите се испратени до сите надлежни институции. Портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски, на денешниот брифинг рече дека до Владата сè уште не се пристигнати елаборатите и дека кога ќе пристигнат, ќе...

Владата ќе одлучува што со „Воинот на коњ“, „Ќосето“ и „Мајка Тереза“

Министерството за култура ги добило од работната група првите елаборати за спомениците на Андон Јанев - Ќосето кај коплексот судови, на „Мајка Тереза“ и за „Воин на коњ“ на плоштад „Македонија“, соопшти министерот за култура, Роберт Алаѓозовски, кој денеска учествуваше на конференцијата за програмата на Европската Унија „Креативна Европа“. Елаборатите, како што изјави Алаѓозовски, ќе бидат проследени до Владата, која...

ВМРО-ДПМНЕ: Сè што СДСМ ќе урне, ќе го обновиме кога ќе се вратиме на власт

ВМРО-ДПМНЕ порача вечерва дека сè што СДСМ „ќе урне и ќе уништи од она што е создадено, веднаш по враќањето на власт ќе биде обновено и вратено таму каде што било и такво како што било“. Опозициската партија се закани и дека ќе се бара одговорност за секој што ќе учествува во разни уривања, уништување или преместувања. Во соопштението партијата порачува дека отстранувањето...

Донаторите на споменикот на Ќосето ќе останат без просториите во Скопје

Владата на денешната 34. седница, меѓу другото, ќе одлучува и за одземање на просториите во Скопје на Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради од Лерин, кое се јавува како донатор на неколку споменици од проектот „Скопје 2014“. „На дневниот ред на Владата ќе се најде и предлог-одлуката за престанок на трајно користење на недвижност на Здружението за духовно...

Непобедени се сите оние кои се бореле за слобода, порача Шекеринска од Прилеп

Непобедени се сите оние кои се бореле за слобода и како резултат на нивната борба пред многу години, денес Македонија е независна и суверена држава, но секоја генерација има своја борба, изјави за медиумите вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, во рамките на денешната свеченост во Прилеп по повод 11 Октомври - Денот на народното востание. Шекеринска ја предводеше...

Врхушката на ВМРО-ДПМНЕ барала амнестија, Заев тврди дека не прифатил

Имаше барања од врхушката на поранешната владејачка партија, но тие барања беа отфрлени, изјави вечерва премиерот Зоран Заев во интервју за националниот сервис МРТВ, одговарајќи на прашањето дали во изминатиот период имало разговори за амнестија на функционери од ВМРО-ДПМНЕ. Тој истакна дека правдата мора да важи за сите, односно дека дури и неговите најблиски соработници и членови на семејството ќе треба...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...