fbpx
Таг: спомен плоча

таг: спомен плоча

Светица која им помагаше на сиромашните и немоќните: 110 години од раѓањето на Мајка Тереза

Во срцето на денешно Скопје, во куќата на тогашната улица „Поп Кочина“ број 14 што се наоѓала до денешниот ресторан „Пелистер“ на плоштадот „Македонија“, на 26 август 1910 година била родена Гонџа Агнес Бојаџиу. Потекнувала од угледно католичко семејство од албанска националност, чии вредни родители секогаш го почитувале правилото да се помогне на секој на кој му е потребна...

Бугарите од Скопје го фатија во лага „Телеграф“ дека е скршена спомен-плочата на Мара Бунева

Целосно лажна вест дека наводно повторно била скршена спомен-плочата на Мара Бунева, објавена во бугарскиот весник „Телеграф“ разоткри Лазар Младенов, претседателот на Управниот одбор на Бугарски културен клуб Скопје. Тој на својот Фејсбук-профил објави фотографија од вест објавена вчера на 8-та страница од бугарскиот весник „Телеграф“ која освен што носи наслов „Пак ја скршија плочата на Мара Бунева“, почнува со...

Спомен-плоча во чест на научникот Михајло Пупин во Охрид

На камбанаријата покрај црквата „Св. Богородица Перивлепта“ во Охрид, денеска, на посебна свеченост, во рамките на одбележувањето на патрониот празник на градот, Св. Климент Охридски - Чудотворец, ќе биде откриена спомен-плоча во чест на донаторот на црковното ѕвоно, научникот со светска слава од почетокот на минатиот век - Михајло Пупин. Плочата е донација на невладиното здружение „Лајонс клуб Лихнидос“ од...

Оланд откри спомен-плоча за настрадан во ланските атентати во Париз

Францускиот претседател Франсоа Оланд денеска, на правата годишнина од терористичките нападите во Париз, откри спомен-плоча посветена на Мануел Дијаз, човекот кој загина во бомбашкиот напад на терористите на стадионот „Франција“, во париското предградие Сен Дени. Дијаз загина на стадионот при првиот напад, за време на фудбалскиот натпревар меѓу Франција и Германија. Во координираните напади на 13 ноември 2015 година, беа убиени...

Неделковски за бугарска ТВ: Бугарите се како кучиња, сакаат да обележуваат територии

„Мојата цел беше да се ослободиме од нешто што е незаконско и криминално. Јас не направив ништо нелегално. Спомен-плочата нема право да биде таму“, вели Миленко Неделковски во интервју за бугарската „Нова ТВ“, по повод кршењето на обележјето на бугарските војници на Кајмакчалан. - Вандализам е да се оди на туѓа територија. Бугари илегално влегле на наша територија - рече...

Бугарски европратеник: Груевски со антибугарски акции собира изборни поени

Лидерот на македонската владејачка партија се обидува со подгревање на антибугарскиот сентимент да ги освои претстојните избори во земјата, изјави бугарскиот европратеник Андреј Ковачев, коментирајќи ги тензиите меѓу двете земји кои настанаа по поставувањето и по кршењето на бугарската спомен-плоча на македонскиот врв Кајмакчалан, посветена на паднатите бугарски војници во Првата светска војна. Според Ковачев, Груевски се обидува да ги...

Бугарскиот историчар Димитров ќе го тужи Неделковски за кршење на споменикот

Бугарскиот историчар и директор на Националниот историски музеј, Божидар Димитров, се закани дека ќе го даде на суд македонскиот новинар Миленко Неделковски поради кршење на бугарската спомен-плоча што бугарска делегација без дозвола ја постави на македонскиот врв Кајмакчалан. - Ова е уште еден чин на вандализам. Ќе го дадам на суд овој македонски новинар. Морам да го направи тоа. Инаку ќе...

Борисов: Тие што ги кршат бугарските споменици ќе имаат несакани последици

Македонскиот премиер Емил Димитриев вчера во Виена го уверил бугарскиот колега, Бојко Борисов, дека македонските власти ќе реагираат на сквернавењето на спомен-плочата на бугарските херои на Кајмакчалан, кое го изврши новинарот Миленко Неделковски, тврди бугарската информативна веб-страница „Новините“. - Не сакам да коментирам – изјавил Борисов за новинарите по самитот во Виена. Сепак, Борисов предупредил дека „штом тие ги кршат бугарските споменици со...

МНР: Бугарија да ги почитува меѓународните процедури за поставување спомен-обележја

Чествувањето на жртви од воените конфликти во нашиот регион е дел од културата на помирување и, пред сè, претставува хуман гест, соопштија од Министерството за надворешни работи на Република Македонија и додаваат дека плочата на Кајмакчалан е незаконски поставена. „Очекуваме од нашите пријатели од Република Бугарија да ги почитуваат меѓународно прифатените процедури за поставување спомен-обележја. Воедно, очекуваме институциите да ги...

Бугарите распалија по Неделковски и по Македонија: Тоа се глувци, скриени во мракот

Бугарскиот пратеник Росен Петров побара бугарското Министерство за надворешни работи да го повика македонскиот амбасадор во Софија откако Миленко Неделковски со токмак ја искрши спомен-плочата што бугарските власти без дозвола ја поставија на македонскиот планински врв Кајмакчалан, посветена на паднатите бугарски борци во Првата светска војна. - Што ќе преземе нашиот западен сосед по безобразниот вандалски чин на уништување на бугарската...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...