fbpx
Таг: Спогодбата со Грција

таг: Спогодбата со Грција

Шекеринска: Убедени сме дека до Самитот на НАТО ќе обезбедиме поддршка од сите членки

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска е убедена дека на Самитот на НАТО, што треба да се одржи на 11 и 12 јули во Брисел Македонија ќе ја обезбеди поддршката од сите членки на Алијансата за да ја добие поканата за членство. Според Шекеринска, земјава исполнила големи домашни задачи, што, според неа, се силни аргументи во полза на нашето членство...

Меркел до Заев: Германија силно ќе го поддржи Договорот

Канцеларката на Германија, Ангела Меркел, испратила честитка до македонскиот премиер Зоран Заев за Договорот со Грција за разрешување на спорот за името и порачала дека Германија силно ќе го поддржи, информираше македонската влада. „Оваа спогодба го отвора патот за историски договор, и Вам и на Вашата влада срдечно Ви честитам за овој успех. Сојузна Република Германија со голем интерес ќе...

НСДП: Даваме целосна поддршка на Договорот со Грција

Нова социјалдемократска партија (НСДП) вчера, конституирајќи го својот нов Извршен одбор, дала целосна поддршка на постигнатиот договор помеѓу владите на Македонија и Грција. „По  повеќе години изгубени во изолација, авторитарно владеење, нарушени односи со соседите,  национал-романтичарски манипулации со чувствата на народот, популизам, позади кој се криеја лукративни и коруптивни интереси на политички елити, Македонија дојде до точка на пресвртница. Еден...

Талат Џафери по усвојувањето во Собранието ја „завери“ Спогодбата со Грција

Откако денеска во Собранието, во отсуство на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, беше ратификувана Спогодбата со Грција за разрешување на спорот за името со 69 гласа „за“, без гласови „против“ и воздржани, спикерот Талат Џафери го стави својот потпис на законот за ратификација на Спогодбата, по што тој оди во понатамошна процедура. Според процедурата, законот ќе биде испратен кај претседателот Ѓорѓе Иванов,...

ВМРО-ДПМНЕ ќе бара мислење за Спогодбата со Грција од Венециската комисија

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска најави дека ќе побара толкување за Спогодбата со Грција од Венециската комисија. На прес-конференција во Собранието пратеникот Драган Данев повторно порача дека за неговата партија Спогодбата е штетна и капитулатнска и дека власта сака да го втурне и Собранието во кршење на процедурите за ратификација на оваа Спогодба. - Ако овој договор е толку добар за Република...

Столтенеберг: Македонија може да добие покана за НАТО на самитот на 11 и 12 јули

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг се надева дека ќе може да биде испратена покана за членство на Македонија во Алијансата на самитот што на 11 и 12 јули ќе се одржи во Брисел, откако Скопје и Атина постигнаа договор за спорот за името, јави МИА. – Се надевам дека ќе има напредок со поранешната југословенска Република Македонија бидејќи тие...

Тунтев: Договорот е висок патриотски чин, ВМРО-ДПМНЕ да сврти нова страница

Договорот за разрешување на спорот со Грција што беше потпишан во неделата е висок патриотски чин и носи иднина за државата и за сите граѓани, а ВМРО-ДПМНЕ треба да сврти нова страница и да учествува во неговата ратификација, порача на прес-конференција во Собранието Томислав Тунтев, координатор на пратеничката група на СДСМ и коалицијата. Зборувајќи пред голем број пратеници - негови...

Коѕиас: Поголемиот дел од јавноста ја поддржува Преспанската спогодба

Поголемиот дел од јавноста во Грција ја поддржува Преспанската спогодба, рече денеска грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас за грчката телевизија „Скај“, говорејќи за спогодбата меѓу Македонија и Грција за разрешување на спорот. - Поголемиот дел сметаат дека го разрешивме спорот со Скопје. Има нови анкети. Претходно преовладуваа тие што се сомневаат дека е тоа, но сега е поголем...

Германската влада повика политичките сили во двете земји да ја поддржат спогодбата

Германската Влада ја поздрави спогодбата помеѓу Атина и Скопје и апелира политичките сили од двете земји да ја поддржат. Според портпаролот на германската Влада, Штефан Зајберт, спогодбата дава доза оптимизам, но загриженост предизвикуваат насилствата за време на протестите во Скопје против договорот, пренесува АНА-МПА. За германската Влада, спогодбата е важен чекор напред за двете земји и затоа не треба да...

Обвинителството почнува со расветлување на вчерашните немири пред Собранието

Основното јавно обвинителство - Скопје соопшти дека по работниот состанок со претставници од МВР, кој се одржал утрово, почнува со расветлување на вчерашните немири пред Собранието. Според обвинителството, уапсени биле 26 лица, од кои пет малолетници. Децата по утврдување на идентитетот и возраста, согласно Законот за правда на децата, се пуштени на слобода. Повредени биле десетмина полицајци, од кои еден...

Владата го усвои предлог-законот за ратификација на Спогодбата со Грција

Владата на денешната 74-седница го разгледала и усвоила Предлог - закон за ратификација на Конечната спогодба за решавање на спорот за Грција и за воспоставување на стратешко партнерство помеѓу страните, кој бил предложен од Министерството за надворешни работи. Предлог-законот за ратификација, со европско знаменце на него, како приоритетен, треба да биде доставен до Собранието на Република Македонија. Исто така, според соопштението,...

Ципрас: Атмосферата на ручекот беше многу добра, речиси како на свадба

Климата беше многу добра на ручекот со Заев, речиси како на свадба, бил коментарот на Алексис Ципрас за ручекот на двете владини делегации и на еврокомесарите Федерика Могерини и Јоханес Хан, како и претставничката на Генералниот секретар на ОН, Розмари ди Карло, што вчера се одржа во Отешево, веднаш по потпишувањето на Спогодбата за решавање на спорот меѓу Македонија...

Владата денеска треба да ја испрати Спогодбата во Собранието

По вчерашното потпишување на Спогодбата меѓу Македонија и Грција за решавање на спорот за името во Псарадес (Нивици), на грчкиот брег на Преспанското Езеро, денеска треба да почнат процедурите за негово ратификување. Македонската Влада би требало денеска на седница да да го усвои законот за ратификација на Спогодбата, по што треба да биде испратена во Собранието, каде треба да биде...

Во Преспа потпишана спогодбата со Грција

Шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕиас во селото Псарадес (Нивици) на грчкиот брег на Преспанското Езеро претпладнево ја потпишаа „Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во Резолуциите 817  (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите Нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 г. и за...

Договорот со Грција ќе се потпишува утре, денеска се гласа доверба на владата на Ципрас

Во текот на утрешниот ден, недела, 17 јуни, во регионот на Преспа, на територија на Грција во засега непознат термин, ќе се одржи церемонијата на која, како што соопшти македонската влада, министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров и министерот за надворешни работи на  Грција, Никос Коѕиас ќе го потпишат договорот за  решавање на македонско – грчкиот...

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...