fbpx
Таг: списание

таг: списание

Списанието „PC Gamer“ со специјален број по повод 30-годишнината

PC Gamer _Image Credits: Future
„PC Gamer“ месецов навршува 30 години откако почна да известува за најновите и подобри видеоигри, но и за новитетите во хардвер - особено графички карти и издадоа специјален број од списанието што може да се купи и електронски и во материјална форма. Некогашните компјутерџии кај нас кои се трудеа да бидат во чекор со светот го имаа ова списание достапно...

Објавен првиот број на списанието „Современост“ за годинава

Списание "Современост' -скриншот од насловната страница
Излезе од печат најновиот број на списанието за литература, култура и уметност „Современост“ за 2023 година. Во првиот број се вклучени 21 статиja на 114 страници - два прилога проза, шест прилози поезија, три приопштувања, пет прилози од рубриката интерпретации, четири рецензии и афоризми. Бројот е отворен со расказот „Јамата“ од Стефан Марковски и „Пригушени осцилации“ од Станка Бајлозова Барламова....

Како вајарот Димо Тодоровски во списанието „Слово“ на „Спона“ стана Димитрије Тодоровиќ?

Се посрбува ли основоположникот на современата македонска скулптура Димо Тодоровски? Во 56-тиот број на списанието „Слово“ од ноември 2022 година, кое се издава од Српскиот културно-информативен центар „Спона“, помеѓу останатите содржини, се објавува и текст со наслов „Уништено дело вајара Димитрија Тодоровића - Димета Тодоровског“. Како што избројавме, од страна на приредувачот на текстот Милош Стојковиќ, барем во девет наврати...

Хитлер бил „личност на годината“ на Тајм, но поради неговото негативно влијание

Тврдењето дека изборот на Хитлер за „Човек на годината“ на „Тајм“ покажува дека историјата се повторува и дека како по учебник се повторуваат настаните, правејќи споредба со прогласувањето на Зеленски за личност на годината,  нема никаква врска со реалноста. Тајм објасни дека критериумите за избор се засноваат на влијанието – добро или лошо – што таа личност го има...

Промоција на 60-то јубилејно издание на списанието за филм „Кинопис“

Во петокот, на 18-ти март во салата на Кинотеката на Северна Македонија започна промотивниот настан по повод одбележување на јубилјеното 60-то издание на списанието за историја, теорија и култура на филмот, „Кинопис“. Петар Волнаровски, еден од промотерите и актуелниот главен и одоговорен уредник на списанието потсети на контиунитетот на списанието како природен наследник на кинотечниот магазин „Кинотечен месечник“ (кој излегувал...

Македонското научно списание што објави за „црната дупка“ во центарот на земјата, веќе не е дел од архивата на Националната библиотека по медицина на САД

Македонското научно списание „Open Access Macedonian Journal of Medical Sciences“ (OAMJMS) веќе не партиципира во бесплатната архива на списанија од биомедицинските и животни науки на Националната библиотека по медицина на Националниот институт за здравство на САД (PubMed Central® - U.S. National Institutes of Health's National Library of Medicine (NIH/NLM)), објавено е на веб-страницата на Националната библиотека по медицина. Во архивата...

Македонска поезија објавена во српското книжевно списание „Брничево“

Во најновиот број на списанието за книжевност „Браничево“ од Пожаревац, Република Србија, се објавени одбрани песни од македонските поети Ристо Ѓ. Јачев, Христо Петрески, Петко Шипинкаровски, Славица Г. Свидерски, Весна Мундишевска-Велјановска, Зоран Пејковски, Маја Стела Босилковска, Тоде Илиевски и Марина Мијаковска. Најновата презентација на македонските поети надвор од Македонија е уште една потврда на активноста и на заложбите на редакцијата...

Поезија на Урошевиќ претставена на Саемот за книга во Солун

Солунските љубители на литературата имаа можност да се запознаат со македонското современо литературно творештво и култура на 13. Меѓународен саем на книгата во Солун, кој се одржува од 12 до 15 мај. На саемот има посебен македонски штанд, на кој се изложени книжевни дела што го претставуваат современото македонско творештво, монографии и научни дела за македонската култура и традиција. Покрај...

Поезија од македонски автори објавена во романско книжевно списание

Одбрани песни од поетите Мишо Китаноски, Петко Шипинкаровски и Димо Димчев објавени се, во печатена и во електронска верзија, во најновиот број, за март и за април, на книжевното списание „Хелис“ во Романија. Преводот на стиховите на романски го направи македонскиот поет Димо Н. Димчев, а списанието го уредува угледниот романски поет Ѓеорѓи Добре. Објавувањето на творештвото на македонските поети книжевното списание „Хелис“...

Охрид на листата најубави градови во поранешна Југославија

Охрид, заедно со градовите Љубљана, Загреб, Белград, Будва, Дубровник и Мостар, е меѓу најубавите градови во републиките на поранешната југословенска федерација. „Градот Охрид се најде на листата на најубави градови во поранешна Југославија. Поради својата природна убавина и историја, Охрид е ставен на листата на светско културно наследство на УНЕСКО. Речиси секој Македонец се обидува да оддели најмалку еден викенд...

Поезија од Стрезовски и од Китаноски објавена во романското списание „Хелис“

Во најновиот број на романското списание „Хелис“ (септември-октомври), печатено и електронско издание, објавен е избор од поетското творештво на македонските поети Јован Стрезовски и Мишо Китаноски. Изборот и препевот го направи македонскиот писател Димо Димчев, а стилизацијата на стиховите е на угледниот романски писател Георге Добре, кој е главен и одговорен уредник на „Хелис“.

Промоцијата на книгата „Дека да“ со голем број пријатели на Игор Исаковски

Постхумната промоција на книгатата поезија  „Дека да“, на Игор Исаковски, помина според очекуваното, во присуство на голем број пријатели, колеги и почитувачи на неговото дело. Промоцијата се случи на денот на неговиот роденден (19 септември), во клубот МКЦ. Песни од последната збирка читаа неговите пријатели Јовица Ивановски, Џабир Дерала, Тихомир Јанчовски, Румена Бужаровска, Ана Мартиновска, Срѓан Јанаќиевиќ, Владимир Мартиновски и други...

Ќулавкова, Ташковски и Димоски застапени во романското списание „ХЕЛИС“

Романското списание „ХЕЛИС“, во најновиот број за јули-август 2015, во специјален прилог на главениот уредник, познатиот романски писател Георге Добре ги објавува насловните страници на ревијата за книжевност „Бранувања“ од Струга и списанието за книжевност, култура и уметност „Раст“ од Битола. Во истиот број, со биографска белешка и избор од поетското творештво претставени се македонските поети Катица Ќулавкова, Братислав Ташковски...

Поезија на македонски автори објавена во Полска

Најновиот број на полското списание за уметност „Нестор“, кое излегува во Краснистав (војводство Лублин) во печатена и во електронска верзија, во првиот број за 2015 година, покрај прилозите од културната историја на Полска, донесува и поезија на 12 автори од шест балкански земји. Македонската поезија е претставена преку одбрани песни од Петко Шипинкаровски и од Тоде Илиевски. Списанието „Нестор“ го уредува...

Поезија од Шипинкаровски и од Пејковски во софиското списание „Литературен свет“

Во најновиот број на електронското списание „Литературен свет“, кое се објавува во Софија, Република Бугарија, објавени се песни на македонските поети Петко Шипинкаровски и Зоран Пејковски. Исто така, дадени се биографски белешки за македонските писатели и за нивните професионални ангажмани на полето на афирмацијата на македонската литература. Петко Шипинкаровски (1946), поет, писател, есеист, литературен критичар, е роден во битолското село Будимирци. Дипломирал...

Мерките што важеа во ковид пандемијата злоупотребени за антикампања на Филипче

Во објавата што ја рецензираме се пропушта контекстот и за глобалната пандемија, која имаше влијание врз целиот свет во поглед на економијата и бизнисот, а и неосновано се обвинува...