!На 1 февруари 2017 година, завршува промотивниот период на слободно користење, без регистрација и без претплата, на содржините на „Мета“, кое беше воведено за да им овозможиме полесен пристап на корисниците до навремени и проверени вести. За начинот на пристап и за претплата, од 1 февруари 2017 година ќе информираме дополнително. При пренесувањето и преземањето на содржините од „Мета“, задолжително е атрибуирање и линкување.

Контраспин: Трајко Вељаноски со лицемерна дефиниција за тоа што е национален интерес


Скопје, 24 ноември, 2016 - 19:10 (META) 

Точно е, како што вели Вељаноски, дека ќе се избира помеѓу концепт кој обезбедува сигурност и заштита на највисоките национални интереси и концепт кој води кон разградување на државата. Само уште да дефинира точно што се највисоки национални интереси, а што е лицемерие кое се затскрива зад нив, пишува „Вистиномер“.

Контраспин: Трајко Вељаноски, висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ и дел од кандидатските листи на партијата за изборите на 11 декември, со очигледно потценување на фактите, прес-конференцијата ја заврши со недвосмислен спин околу тоа за што ќе се гласало на претстојните избори.

Најпрво, за делот од изјавата дека на 11 декември ќе се гласало за унитарна или за двојазична, федерализирана Македонија. Трајко Вељаноски и врвот на неговата партија немаат ама баш од никаде доволно силни аргументи да го потврдат овој спин, на кој – тоа веќе посериозните аналитичари го оценија – ќе инсистираат до крај на кампањата за овие избори, како, безмалку, единствена карта на која ќе се обидат да ги анулираат другите сериозни теми. Ова е така, затоa што ниту настапите на Заев на кои се повикуваат (околу двојазичноста), ниту пак, политичката програма што ја објави СДСМ, не нудат цврсти аргументи за тврдење од овој тип на Вељаноски, особено, пак, не за федерализација на Македонија.

(Целиот текст од „Вистиномер“ можете да го прочитате и да го преземете ТУКА)


КОНТРАСПИН: Парадирањето на Груевски е непочитување на системот


Скопје, 10 август, 2016 - 12:04 (META) 

Еден ден по катастрофата што му се случи на Скопје и во која загинаа над 20 лица, Никола Груевски, во својство на претседател на ВМРО-ДПМНЕ, на терен во погодените подрачја, направи неколку извртувања на вистината, пишува Вистиномер.

Груевски таму се упати откако заедно со премиерот Емил Димитриев се вратија во земјата прекинувајќи ги одморите – првиот во Турција, вториот во Црна Гора. Во присуство на Димитриев, вицепремиерот Никола Тодоров, министерот за внатрешни работи Митко Чавков, градоначалниците на Скопје и на Гази Баба, директори на агенции и јавни претпријатија, Груевски, како што напиша еден портал, се однесуваше и како врховен командат, премиер и како претседател на држава, но таа оценка е споделена и од други новинари и редакции во текстови со наслов Само одговорноста за последиците од поплавите е одвоена од државата, Наместо одговорност политички маркетинг или Дојдов, видов, наредив и се сликав, а негативно реагираше и пошироката јавност.

(Целиот текст од „Вистиномер“ можете да го прочитате и да го преземете ТУКА)


КОНТРАСПИН: Одлуката на ЕУ е санкција, а прстот е вперен кон ВМРО-ДПМНЕ и кон ДУИ


Скопје, 6 јули, 2016 - 10:09 (META) 

Ако некој отвоено вели дека Владата е без политичка волја, Владата нема подготвеност, нема зрелост, нема политичка посветеност итн., и дека поради тоа се кратат 27 милиони евра, а дека помошта нема да биде продолжена со друг проект, спинување е да се крие дека тоа не биле санкции или казна од ЕУ за Македонија во целост, а уште поголемо извртување на вистината е за таквата одлука да ја обвините опозицијата, пишува „Вистиномер“.

Европската комисија пред три дена ја соопшти одлуката за кратење на 27,1 милиони евра од претпристапните ИПА-фондови за Македонија за 2016 година, што е блиску до 1 отсто од буџетот на РМ за годинава. По одлуката, Владата на Република Македонија и ВМРО-ДПМНЕ се обидоа да ги демантираат оценките во медиумите и на експертите дека станува збор за санкции, извртувајќи ја реалноста дека станувало збор за нормално кратење на средства, но и дека за лошите вести и одлуки, виновна била опозицијата.

(Целиот текст од „Вистиномер“ можете да го прочитате и да го преземете ТУКА)