fbpx
Таг: специјално обвинителство

таг: специјално обвинителство

Истрага во Бугарија за шпионажа во полза на Русија од страна на контраразузнавачи

Специјалното обвинителство на Бугарија почна истрага за двајца вработени во Државната агенција за национална сигурност - ДАНС (пандан на македонската АНБ) и на еден вработен во министерство што не е точно посочено, но се знае дека не станува збор за Министерството за внатрешни работи, јави бугарски „Медиапул“. Станува збор за сомнежи за нивна вклученост во група што шпионирала во полза...

Ахмети како сведок денеска и утре ќе дава исказ пред Специјалното обвинителство за Косово

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети денеска и утре ќе дава исказ пред истражителите на Специјалното обвинителство за воените злосторства во Косово, како сведок за неговата улога во ОВК. Ахмети е повикан во овој Суд како сведок на обвинението поднесено за воени злосторства покренато против претседателот на Косово, Хашим Тачи и претседателот на ДПК, Кадри Весели. Во врска со сведочењето, Ахмети минатиот...

Нико Китани: Требаше на друг начин да го изнесат Темелко пред правдата, а не со притворање

Веста за вчерашното притворање на Едмонд Темелко, актуелен градоначалник на Пустец, единствената општина на етничките Македонци во Република Албанија, се најде во ударни термини на сите електронски медиуми во Тирана и во внатрешноста на земјата. За тоа денеска нашироко известуваат и печатените медиуми. Нормално, случувањата со најголем интерес ги следат Македонците, додека нивните претставници, од здруженијата и од политичките партии,...

ЕУ: Да не се заплашуваат јавните функционери кои треба да создадат услови за кредибилни избори

Делегацијата на ЕУ при постојаниот Совет на ОБСЕ во Виена ги повика политичките партии во Македонија целосно да го спроведат Договорот од Пржино. „Европската унија потсетува на големата важност што ја придава на целосна имплементација на политички договор од 2 јуни, односно 15 јули („Договорот од Пржино“) меѓу четирите главни политички партии, кој има цел да ја надмине тековната политичка...

Амбасадорите им дадоа поддршка на Катица Јанева и на СЈО

Амбасадорите на ЕУ и евроамбасадорот Аиво Орав денеска во ЕУ-инфоцентарот се сретнаа со специјалната обвинителка Катица Јанева, на која, токму на нејзиниот роденден, ѝ изразиле поддршка за нејзината работа. „Сите амбасадори од Европската унија во Скопје изразуваат силна поддршка за независноста на специјалниот обвинител Јанева и на нејзината работа“, напиша на „Твитер“ евроамбасадорот Аиво Орав. All EU Ambassadors in Skopje expressed...

Јанева и тимот сериозно загрижени по говорот на Груевски, побарале засилено обезбедување

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, и нејзиниот тим обвинители побарале зголемено обезбедување по вчерашното обраќање на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во кое, меѓу другото, остро ја нападна Јанева, информираат за „Мета“ од кабинетот на специјалната обвинителка. „Во однос на јавното обраќање на претстедателот на ВМРО-ДПМНЕ, сакаме да искажеме дека како јавно обвинителство сме сериозно загрижени, поради што ова јавно...

Јанева ги побарала од судот предметите за Мартин Нешковски и за Љубе Бошкоски

Покрај докази од предметот „Пуч“, специјалната обвинителка Катица Јанева од судот ги побарала и предметите за убиството на Мартин Нешковски и за случајот „Изборна кампања“, во кој осуден е Љубе Бошкоски, соопшти денеска Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Од кабинетот на Јанева, укажуваат дека не наишле на соработка од страна на судот, кој не им ги доставил предметите, туку побарал обвинителите...

Рочиштето за „Пуч“ одложено на барање на Јанева

Рочиштето за случајот „Пуч“ денеска повторно беше одложено, овојпат за 2 март 2016 година. Одложувањето го побараа обвинителките од Специјалното обвинителство, Катица Јанева и Ленче Ристовска. Тие побараа повеќе време и можност да направат увид во доказите. Исто така, обвинителките побараа, доколку судот не е во можност да им ги достави доказите, да им обезбеди просторија и пет работни дена временски...

Укинат притворот на Верушевски, судот ниту потврдува ниту демантира

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 денеска донел одлука за укинување на мерката притвор на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Зоран Верушевски, обвинет во случајот „Пуч“, објави денеска „Утрински“. Весникот, кој се повикува на свои извори, пишува дека Верушевски, за кој се очекуваше да му биде одреден куќен притвор, наводно, со одлуката на Кривичниот совет бил...

Судот ги бара од Јанева пасошите на Верушевски и на Лазаревски

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 побарал од специјалната обвинителка Катица Јанева да ги достави пасошите на Зоран Верушевски и на Ѓорги Лазаревски за да може да одлучи по предлозите и мислењето во врска укинувањето или замена на мерката притвор на двајцата обвинети во случајот „Пуч“, соопшти денеска Осовниот суд Скопје 1. „Постапувајќи по предлозите на обвинетите, во кои не е...

ВМРО-ДПМНЕ ѝ спрема народ и протести на Јанева?

Согласноста на специјалната обвинителка, Катица Јанева, со предлогот на одбраната на Зоран Верушевски и на Ѓорги Лазаревски, обвинети во „Пуч“, тие да излезат од притвор, предизвика жестока реакција од владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ и најави дека на Јанева „може да ѝ се случи народ“, односно ГДОМ. Аналитичарот Александар Пандов, кој беше дел од Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ), кое...

Спасовски: Без нов, кристално чист, доверлив избирачки список, не се можни фер избори

„Роковите за прочистување на избирачкиот список се одамна поминати. По сите злоупотреби што ги најдовме и тоа само што чепнавме на површината околу начинот на кој се издавале лични документи од страна на МВР, со кои се гласа, повеќе од јасно е дека постојниот избирачки список е крајно спорен, со сериозни индикации за криминални податоци во него, што ги...

Милошоски: Одлуката на Јанева за притворот на Верушевски е скандалозна и опасна

Она што Зоран Заев го нарача и го нареди, Верушевски да се ослободи од притвор, Катица Јанева го исполни, рече денеска на прес-конференција пратеникот и член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, додавајќи дека „срамна и жална е леснотијата и ароганцијата со која Јанева поданички и додворувачки побрза да му удоволи на Заев“. - Одлуката на Јанева, да не...

Јанева се согласила Верушевски и Лазаревски да излезат од притвор

Специјалното обвинителство не барало замена на притворот на Зоран Верушевски, обвинет во случајот „Пуч“, со куќен притвор, како што објaвија дел од медиумите, туку постапувајќи по барање на судот, дало позитивно мислење на предлогот на одбраната и образложиле зошто сметаат дека постојат услови мерката притвор да биде заменета со гаранција, велат за „Мета“ од кабинетот на специјалната обвинителка Катица...

Јанева напредува во истрагата и покрај отежнатата соработка со субјектите

Соработката со субјектите до кои се обраќа Специјалното обвинителство е отежната, но и покрај ваквата состојба предистражната постапка по предметите за кои е воспоставена надлженост е во тек и има извесен напредок, соопштија денеска од кабинетот на специјалната обвинителка Катица Јанева. „Во изминатиот период, особен интерес беше изразен за нашето постапување по однос на бараните материјали од СДСМ. Повторно укажуваме...

СДСМ утре ќе го бојкотира обраќањето на Иванов во Собранието

Координаторот на пратеничката група на СДСМ во Собранието, Горан Сугарески, денеска на паузата од собраниската седница изјави дека ВМРО-ДПМНЕ повторно го крши Договорот од Пржино со тоа што одби законот за јавнообвинителска служба на специјалното обвинителство да се донесе по скратена постапка. - Со ова само се докажува стравот на Никола Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ и затоа не сакаат овој...

ВМРО-ДПМНЕ е против тоа законот за Јанева да се донесе по скратена постапка

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ гласаа против тоа законот за јавнообвинителска служба на специјалното јавно обвинителство да се донесе по скратена постапка. - Испратив барање до координаторите на пратеничките групи за законот да се донесе по скратена постапка, со оглед на тоа што тој произлегува од Договорот од Пржино, како и со оглед на апелите на Јанева – рече координаторот на СДСМ,...

Јанева: Законот за плати на обвинителите ни ја крши автономноста

Одредбата во предложениот закон за плати на јавните обвинители, која го овластува јавниот обвинител на Република Македонија, по претходна согласност од министерот за финансии, да одлучува за додатоците на јавните обвинители во Специјалното јавно обвинителство, се кршат воспоставените принципи на автономност и на финансиска незвисност на ова oбвинителство, стои во денешното писмено обраќање до јавноста на специјалната обвинителка Катица...

Заев се појави на рочиштето за случајот „Пуч“

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се појави на рочиштето за случајот „Пуч“, откако претходните неколку рочишта беа одложени поради тоа што тој, како еден од обвинетите во случајот, не се појавуваше. На денешното рочиште се очекува да се појави обвинител од специјалното обвинителство, бидејќи тимот на Катица Јанева одлучи дека овој предмет е во нејзина недлежност. На последното, одложено, рочиште, судијката...

Денеска прво рочиште за „Пуч“ откако Јанева го презеде предметот

Денеска во 10.30 часот, во Основниот суд Скопје 1, треба да почне судењето за случајот „Пуч“, откако претходните неколку рочишта беа одложени поради тоа што лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој е еден од обвинетите во случајот, не се појавуваше. На денешното рочиште се очекува да се појави обвинител од специјалното обвинителство, бидејќи тимот на Катица Јанева одлучи дека овој...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...