fbpx
Таг: Специјално јавно обвинителство

таг: Специјално јавно обвинителство

Врховен суд денеска ќе ги разгледува жалбите за притворите од „бомбите“

Иако требаше да почне вчера, седницата на Врховен суд на која треба да се решава за жалбите на одлуките на Апелациски суд Скопје за притвор за обвинетите Горан Грујовски, Тони Јакимовски и Никола Бошковски, ќе биде одржана денеска. Одбраната на обвинетите се жалеше до Врховниот суд на одлуките на Апелцискиот суд со кои беше прифатено барањето за притвори што го...

Бурна политичка недела: Хан во Влада, Заев и Груевски на суд, СЈО со истечен рок

Следната недела, од почеток до крај, ќе биде со набиена агенда од настани, кои се од интерес на јавноста, а нивниот исход ќе покаже како процесите важни за земјава ќе се одвиваат во иднина. Последната недела од јуни, пред официјалниот почеток на летните одмори, ќе биде судбинска за понатамошните „реформски“ активности на Владата и пресудна за понатамошното функционирање на Специјалното...

Стоте дена на Вангеловски: Го ослободи Кочан, а сè друго стави на стенд-бај

Денеска истекуваат првите сто дена откако Јово Вангеловски беше именуван и ја презеде функцијата претседател на Врховниот суд. Овој период главно ќе остане запаметен по одлуката за ослободување од притвор на првоосомничениот во случајот „Труст“ на Специјалното јавно обвинителство, Сеад Кочан, и по неколку почнати, но незавршени иницијативи на Вангеловски, меѓу кои и таа со која треба да се утврди дали...

Лидија Петровска ќе го суди Талески за „Транспортер“

Судскиот процес за случајот „Транспортер“, што го отвори Специјалното јавно обвинителство, а во кој првообвинет е битолскиот градоначалник Владимир Талески, ќе го води судијката Лидија Петровска, соопшти денеска Кривичниот суд во Скопје. Како што информираат оттаму, Советот за оценка на обвинителен акт при Основниот суд Скопје 1 го одобрил обвинението што го поднесе Специјалното јавно обвинителство за случајот „Транспортер“, во...

СЈО бара од Врховниот суд да пресече за замрзнувањето на имотот на ВМРО-ДПМНЕ

Специјалното јавно обвинителство преку барање за заштита на законитоста испратено до Врховниот суд, ја оспори одлуката на Кривичниот суд, кој одби да замрзне дел од имотот на ВМРО-ДПМНЕ, за кој, според СЈО, постојат сомневања дека е стекнат на криминален начин. Неофицијално, станува збор за зградата на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, која е дел од имотот што СЈО бара да биде привермено...

Груевски сè уште не ја примил поканата на СЈО за распитот за „Талир“

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер, Никола Груевски, денеска најверојатно нема да дојде во Специјалното јавно обвинителство, каде треба да даде исказ како првоосомничен во случајот „Талир“, бидејќи, како што дознаваме, сè уште не ја примил поканата за распит. Дел од порталите, пак, пишуваат дека Груевски од денеска, па до крајот на работната недела, односно до петок, заедно со семејството...

Груевски денеска во СЈО, продолжува распитот на осомничените во „Талир“

Денеска околу пладне во Специјалното јавно обвинителство (СЈО) треба да продолжи распитот на високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ, осомничени во случајот „Талир“, меѓу кои е и лидерот на партијата, Никола Груевски. Покрај Груевски, кој е првоосомничен во случајот, од СЈО покани им се испратени и исказ треба да дадат и пратеникот Илија Димовски, Кирил Божиновски и Мартин Протогер, кои се дел...

Судот нема повторно да одлучува за притвор на Кочан, туку само за гаранцијата од 900.000 евра

Кривичниот суд денеска појасни дека нема повторно да одлучува за притвор на бизнисменот Сеад Кочан, кој е првоосомничен во случајот „Труст“, туку само за гаранцијата од 900.000 евра што Апелацискиот суд Скопје ја укина и предметот го врати на повторно одлучување. „Појаснуваме дека неточни се наводите дека првостепениот суд повторно ќе одлучува во однос на предлогот за определување мерка притвор,...

Апелацискиот суд ја прифати жалбата на СЈО и ја укина гаранцијата од 900.000 евра на Кочан

Апелацискиот суд Скопје ја прифатил жалбата на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и ја укинал одлуката на судијата на претходна постапка од Кривичниот суд, со која беше прифатена гаранцијата од околу 900.000 евра на бизнисменот Сеад Кочан за да може да се брани од слобода во случајот „Труст“, соопштија од судот. Одлуката за укинување на гаранцијата, Апелацискиот суд ја донел на...

Шест години по убиството на Нешковски, обидот за прикривање уште актуелен

Денеска е шестгодишнината од протестите против полициската бруталност што избувнаа по убиството на Мартин Нешковски вечерта на 5 јуни 2011 година, за време на прославата на изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ. Специјалното јавно обвинителство на почетокот на минатата година го презеде во своја надлежност случајот за убиството на Нешковски, кој, како што информираат оттаму, сè уште е во предистражна постапка. Инаку, полицаецот Игор...

Кочан побарал дополнителен увид во доказите за случајот „Труст“

Првоосомничениот во случајот „Труст“, бизнисменот Сеад Кочан, денеска, наместо да даде исказ, побарал дополнителен увид во доказите во предметот. Кочан, кој заедно со својот адвокат, Никола Додевски, пристигна во СЈО околу 14 часот, внатре се задржа четириесетина минути, а при излегувањето не сакаше да даде изјва за медиумите. Тој и неговиот адвокат, како што пишува „МКД“, поради обемноста на материјалот,...

Сеад Кочан дојде на распит во СЈО за „Труст“

Првоосомничениот за случајот „Труст“, бизнисменот Сеад Кочан, денеска во 14 часот пристигна во Специјалното јавно обвинителство каде треба да даде исказ. Кочан во СЈО пристигна со својот адвокат Никола Додевски. Инаку, претходно Кочан во СЈО се појави на 26 мај, кога побарал и добил увид во доказите, кои му биле дадени во електронска форма. Ова е прво доаѓање на Кочан...

Што СЈО нема да може да прави од денеска?

Специјалното јавно обвинителство од денеска нема може да поднесува обвиненија за случаите што ги презеде од Основните јавни обвинителства на 4 декември 2015 година, а станува збор за вкупно 34 предмети. Ова произлегува од одредбите во Законот за СЈО со кои рокот за поднесување обвиненија е ограничен на 18 месеци. Имено, членот 22 од Законот за СЈО вели дека „јавниот обвинител кој...

Истекува рокот на СЈО за обвиненија: Ќе реагираат ли Собранието и Уставниот суд

Денеска истекува првиот рок од 18 месеци за поднесување обвиненија од страна на Специјалното јавно обвинителство, односно за предметите што тоа ги презеде од Основното јавно обвинителство на 4 декември 2015 година, со што останува енигма што ќе се случува со овие случаи. На 30 јуни, пак, истекува и рокот за поднесување обвиненија за случаите што произлегуваат од прислушуваните материјали кои...

Вангеловски ја одложи седницата за „Монструм“, ОЈО бара нови докази од СЈО

Петчлениот Кривичен совет на Врховниот суд, со кој претседава Јово Вангеловски, ја одложи јавната седница на која требаше да се разгледуваат жалбите на шестемина осудени во случајот „Монструм“, поради отстуство на адвокатот Насер Рауфи, кој е бранител на дел од осудените. Вангеловски седницата ја презакажа за 9 јуни, во 11 часот, а таа, како што беше предвидено и за денеска,...

СЈО исчезна од изјавите на партиите и на меѓународната заедница

Во еуфоријата што завладеа во земјава по формирањето на новото парламентарно мнозинство, изборот на нов спикер на Собранието и по вчерашното доделување на мандатот за формирање нова влада, од наративот на партиите од мнозинството целосно исчезна Специјалното јавно обвинителство и продолжувањето на неговиот мандат за подигнување обвиненија. Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и нејзиниот тим имаат уште околу еден месец...

Нема притвор за Кочан, судот прифати гаранција од 900.000 евра и одземање на пасошот

Бизнисменот Сеад Кочан, првоосомничен во случајот „Труст“, нема да оди во притвор и ќе се брани од слобода. Судијата на претходна постапка, како што соопштија денеска од Кривичниот суд во Скопје, го прифатил предлогот на неговиот адвокат, Никола Додевски, и донел одлука на Кочан да му биде одредена парична гаранција од 875.298 евра, да му биде одземен пасошот и...

Притворот на Кочан утре повторно на суд по барање на СЈО

Кривичниот суд во Скопје, односно судија на претходна постапка, утре ќе одлучува по барањето на Специјалното јавно обвинителство за притвор на бизнисменот Сеад Кочан, првоосомничен во случајот „Труст“, дознава „Мета“. Од СЈО потврдуваат дека сослушувањето е закажано за утре во 10 часот и на него, како и претходниот пат, ќе присуствуваат обвинител на СЈО и адвокатите на Кочан, кои треба...

Кривичниот совет експресно го врати предметот за Кочан кај судија на претходна постапка

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 експресно ја спроведе пресудата на Врховниот суд и уште денеска донел одлука во врска со притворот на бизнисменот Сеад Кочан, кој Врховниот суд го укина и го врати предметот на повторно одлучување. Како што соопштија попладнево од Основниот суд Скопје 1, Кривичниот совет на првостепениот суд не донел конкретна одлука дали на Кочан...

Кочан во прединфарктна состојба бил примен на Клиниката за кардиологија

Бизнисменот Сеад Кочан, кој два месеци беше во бегство, вчера бил примен на Клиниката за кардиологија во Скопје со влошена здравствена состојба, објавија денеска дел од медиумите. Како што пишува порталот „Призма“, повикувајќи за извори од Клиниката за кардиологија, Кочан бил примен во прединфарктна состојба и денеска му бил вграден стент. Засега нема официјална потврда на информацијата дека Кочан, кој е...